Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    hello јас си дојдов преубаво си поминав иако на крајот кога се втури еден дожд тоа си врнеше а јас си се капев уфф смао колку беше убавоо
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Сакам да кажам...

    Cдк дека сум болно ненаспана,станав зависник од кафе и спиење,а на одмор сум ]:) :lol:
     
  3. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Сакам да кажам...

    Сè за жените во 10 изреки

    1. Сигмунд Фројд - “Големото прашање кое никогаш не е одговорено и на кое не можев да одговорам и покрај 30 години истражување на женската душа е: Што сакаат жените?“

    2. Алберт Ајнштајн - “Кога маж седи со убава девојка 1 час, времето му минува како минута. Но, нека седне на жешка печка 5 минути ќе му изгледаат како цел час. Тоа се вика релативност.“

    3. Лени Брус - “Мажите се како кучиња, секогаш се враќаат. Жените се како мачки. Викнете и еднаш на мачката и веќе ја нема.“

    4. Оскар Вајлд - “Лицето на мажот е негова автобиографија. Лицето на жената е нејзина измислена приказна.“

    5. Оскар Вајлд - “ Жените сакаат да одолеат на удварањето на мажите, но и да го стопираат нивното откажување.“

    6. Чарлс Буковски - “Немојте да чекате добра жена, таква не постои“.

    7. Сигмунд Фројд - “Жените би требало да го омекнат, но не и да го ослабат мажот“.

    8. Бернард Корнвел - “Нема да жалите за маж кој умрел, но ќе жалите за жена која сте ја пропуштиле“.

    9. Вилијам Шекспир - “Жените зборуваат 2 јазици од кои едниот е вербален“.

    10. Фридрих Ниче - “Ах, жени. Тие ги прават врвовите повисоки, а падовите почести“.
     
    На Strumfeta93, Jojoba, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам, знаете понекогаш знаете дека ќе дојде момент да бидете повредени, но не знаете колку ќе боли. Мислите ќе издржам ќе издржам ќе издржам, можам јас, а не си викате чекај па можеби и не можам да издржам. И сфаќате колку сте издржливи во најтешките моменти. А понекогаш толку боли, што почнуваат да те болат и делови од телото кои не си ни знаел дека постојат.
    Мислиш среќен си. Да, убаво е кога си изморен а воедно и среќен. Среќен од умор. Не го може тоа секој.
    Но кога најмалку ќе се надевате бум, нешто ја руши среќата ...
    И? Каде е Ронда бирн, или Џозеф Марфи да ми кажат зошто така? Немав ни една црна мисла, немав ни еден потаен страв ... одев со полна пареа напред сигурна дека ќе успеам ...
    И на крај доаѓаме нели до слепа улица.
    И нема ни напред ни назад, кај во слепа па и во еднонасочна сте влегле.
    И сте биле шофер, демек ...
    Ништо посебно не ми се деси, можеби од мал тон обврски збрлавев ...
    Бев среќна. И сега сум среќна. Лежам на креветов само во горна пижама и неизмерно сум среќна затоа што постојам. А чекам повик. Јас лично мразам да чекам и мразам да висам на закачалка. Биди човек и кажи си, да или не, џа или бу... како во мојот речник многу ретко постои изреката ќе видиме ...
    Не сакам да си играм со луѓето. И што значи тоа ќе се договориме? Јас тоа кога ќе го употребам всушност значи дека избегнувам веднаш да кажам дали сакам или не, па може во некој поарен ден да се деси да кажам да ... ама јас. Можеби па и лошо ги перцепирам нештата ... Можеби стварно некои мислат ќе видиме попосле не можам сега ...
    И гордост, инает, тврдоглавост, што е со тие особини ... ги поседувам во големи размери ама ужасно ме нервираат. И не, зошто бе јас прва, зошто не тој? зошто? јас вчера прва се јавив, и слични глупости ... и види, ете ти кавга. А тераш инает во животот со оној кој најмногу го сакаш.
    И за што плачеш после? затоа што понекогаш си факинг ретард и не можеш ни сама со себе а не па со некој друг да се разбереш.
    Е така, си имаме такви денови. Мислам јас си имам за другите не знам. Кога не можам да се сфатам, и не знам што сакам ... еве и сега .. кафе ми се пие, ми се спие, јагоди ми се јадат, лубеница ми се јаде, сладолед ми се јаде, тост ми се јаде, ми се шета а воедно и ме мрзи, сакам да го видам и не сакам да го видам ...
    А само една реченица, мала и едноставна би решила многу работи.
    Еден повик.
    Ама чудно е како на луѓето им е најтешко да ги изговорат наједноставните работи. Полесен е потешкиот пат ... а ја би да одам по кратенки. Не сум човек што сака да одолговекува. Кога нешто сакам го сакам сега, одма веднаш, или најбрзо што може. Кога имам проблем или кавга, решавам веднаш ... и во нахголемата нервоза ако сакам знам да се исконтролирам и разумно да зборувам ...
    Тешко е да се најде човек, дечко, другарка, било какво створење во животот со кој си пасувате во секој поглед.
    Претежно се надополнуваат луѓето, но потполно да си одговараат јок.
    Затоа не е џабе речено, секој има мани.
    А тоа ќе го сфатите во оној момент кога најдобриот другар ќе се смени, или поточно ќе го покаже вистинското лице ... и не го препознавате, а се освестувате дека се карате, и додека трепнете братот и сестрата, најдобрите другари, неразделните, веќе ги нема ... и боли ... кој пробал знае ...
    Па нервозата од таа ситуација ќе ја сноси друг. А извини, претежно го кажувам кога е потребно и кога сум згрешила, ама денес го голтнав ... зашто на сета мака, тој не се обиде да ме разбере и не се обиде, дека некогаш е потребна само една мочана силна прегратка. Ама има време, нека спласне малку па го барам, кога веќе го изгубив најдобриот пријател, нема да ја изгубам и љубовта. Плус ми треба прегратка, и еден добар се*с.
    Луѓето, се најглупи створења, само тие можат два пати да се сопнат на едно исто камче.
     
    На x.Daisy.x, Neytiri, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Решив да научам да готвам! Па може малце уметност во кујната, нели?
    Всушност, сите во фамилијата знаат да готват вкусно јадење. Јадењето на мама е вкусно, затоа што таа секогаш се придружува кон правилата, на тато затоа што тој не ги почитува правилата и на дедо пошо ја готви храната, мирно и претпазливо како да спрема некоја магична напивка. Само јадењата на баба се бљак. Жената и кога готви за сите, си готви само за неа самата- без зачини.
    Почнав денес. Направив едноставна вечера, ама многу вкусна. Шпагети со сос од печурки, кашкавал, мајонез и мн буковец. Тамн како што сум си гурман, ќе си ја галам душичката.
    Потоа пак се фрлив на книгата. Абе многу ми е погодена. И раскажување и мисли и се. Ае да споделам нешто со вас: Знаев дека по природа не сум меланхолична, туку дека таква ме прават околностите. Мојата баба ме предупреди дека меланхолијата не е нешто што ги привлекува потенцијалните младоженци. (...) Сепак, помислив, ако некој се ожени со мене заради лажната друштвеност, зарем нема уште повеќе да го одбијам кога ќе открие дека сум наклонета кон меланхолија. Сигурно дека постојат мажи кои бараат повеќе од плитките вештини?

    Наздравувам со какао и имајте пријатна вечер :*
     
    На Strumfeta93, SuperGirl2010, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК... Ете, повторно сум јас крива. Знаете зошто? Затоа што за мене повторно тие кажуваат што да правам. Ја тупат! После мене ќе ми се жалат: „ Многу пари потрошивме, згрешивме што не направивме како што велеше ти... “ Да, тоа ќе го речат! И знаете што? Јас моето ќе им го кажам. Не е само дека така сакам, туку така и ми одговарат, и е најекономично. А знам и дека тие пак ќе си одат по своето. Само едно нешто не ми е јасно. Кога ќе ме остават еднаш да кажам што е попаметно и што треба да се направи? Кога ќе сфатат дека јас сум веќе возрасна и дека треба јас да донесувам одлуки, а не тие? Ќе заминам, тоа го знам. Но, дали ќе се вратам е тоа не знам! Ќе ги натерам да ја научат оваа лекција, а ќе ја научат, само можеби тогаш ќе е касно. :fubar:
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Алал да му е на лепотанот мој, нозе ме заболеа од шетање. Му се чудам на силата која ја има во неговите 4 нозе... Повеќе ме уморува тој од вежбањето...
    Свака ти част, сонценце. Те љубам....
     
  8. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Каде да бегам? Морам да избегам!
    Пак ќе треба да носам се на мој грб, а повеќе неможам.

    Менувам се, нов живот, ќе почнам од почеток.
    Се оставам зад мене, и повеќе не ме интересира никој од минатото. Многу ми се поважни луѓето кои се присутни во мојов живот сега.

    Денес сфатив дека неможам на мир еден шопинг да истерам у гтц, и неможам кафето да си го испијам онака ко што сакам јас лезетски 2 саати, без да дојде некој и да ми спомне работи што ме вадат од кожа. И пак прашањето, каде да избегам?

    Всушност незнам ни од што бегам, сама од себе неможам да избегам, а тоа е токму она што го сакам.

    Од љубов не се бега :^) хммммм...
    Не љубам никого веќе.
    Чиста како солза сакам да исчезнам на место кое не го знам, луѓе кои не ги познавам, за да се запознаам самата. Не, несакам да звучам ко Коељо, ама очајно ми треба да се изгубам од се!
     
    На FortuneTeller.xD, Strumfeta93, lovely91 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Сакам да кажам...

    се вратив. :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    Видов ѕвезда која паѓа :*: Се надевам дека ке ми се исполни желбата
     
    На la-chicka, GarpovaV и Doozy им се допаѓа ова.
  11. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам да кажам...

    крај или почеток на вечерта, се уште не сум решила, со чај од карамела со млеко и сладолед од ванила. Чај се во едно по примерот на нескафе.

    Поклонче од совршеното патешествие, засипнат глас во средината на август. Ако не се бунам, многумина велат дека е секси.

    Чуден е периодот на адаптација. Се ми е чудно. И јас сум чудна. Немам видено свои луѓе одамна, ама ептен ме мрзи. Доволно ми е да зјапам во таван или слики и да се смешкам сама со себе.

    Реалноста повикува. По некој проблем, по некоја заборавена порака или кафе. Загрижени луѓе со тмурни погледи. Им праќам прегратки. Многу. Една наутро и една навечер, како што правевме со мојата Унгарка. Реалност, кој може воопшто и да ја дефинира....

    Вечер се нурнувам во нов свет, една нова реалност. Јас, Толстој и Ана Каренина. И една мачка која ми лежи на нозе и преде како луда. Мераци за спарна скопска вечер.
     
    На crazylady и LivingGlam им се допаѓа ова.
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...ова не е фалење и измислици. Ова е едноставно факт и една мала исповед. Од секогаш сум имал некоја...не знам како да ја наречам...енергија? харизма? нешто во мене што ги опушта луѓето и станува скоро смешно веќе како едноставно без да ги прашам доаѓаат и ми се исповедуваат. (Ова опишува real life, не е во врска со феминките) Јас како некој што вечито не е задоволен со себе, сака да не си ги признае сопствените успеси и демек може и подобро, може и подобро, се убедувам дека тоа не е нешто во мене, туку дека луѓето едноставно сакаат да бидат ислушани, па ми се исповедуваат. Но си знам дека е и до мене, да не се лажеме.

    Не знам како но од секогаш ми било лесно да ја стекнам довербата на луѓето. Знаејќи дека таа се губи неверојатно лесно, секогаш и се трудам да ја сочувам и да не ја злоупотребувам. Most of the times не сум злобен...денес имаше исклучок :) .

    Онака низ муабет, еден другар (чии познавања од филмската индустрија се скоро чиста нула) ми спомна дека бил заинтересиран да посетува курсеви за боречки вештини, или поконкретно за самоодбрана на улица. Јас го знам дека не е таков карактер, односно дека е релативно мек и не само што не би издржал нешто такво, туку и нема да има гз да се зачлени во таква програма. Сепак, во духот на долгогодишното другарство се решив да му помогнам. Му реков дека ќе му го дадам бројот на Стивен Сегал! Ама само јас си знам како не експлодирав од смеа во тој момент. Што би рекол Крал Леонида, I kept my Spartan reservе, изгледа.

    Излезе дека френдот не слушнал за човек за кој дури и мајка ми слушнала, и кога почна да си прашува дополнителни прашања, јас почнав да врискам во себееее!!!

    Тој: А каде има основано школа тој?
    Јас: Има во Скопје и неколку помали места низ Србија (меѓу кои го набројувам и неговото) но центар му е Белград.

    Тој: А добар е? Има искуство? Се знаеш со него лично?
    Јас: Супер е бе, со години го тера бизнисот, еве го имам на speed dial, само штто немам телефон сега со мене, дома ми е

    Тој: Епа одлично ај вечер ќе ми го дадеш

    И така драги феминки и ... мушкарци...тој очекува да го добие бројот на Стивен Сегал вечер кога ќе излеземе + најверојатно да му раскажам за тоа од каде го знам, како ме тренирал итн итн....

    За вечер има 2 опции:

    1. Ќе умрам од смеа
    2. Тој ќе ме прочита и ќе ме убие

    Чао :)
     
    На mysterious, crazylady, HoneyBun и 7 други им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    СДК Еве јавно признавам дека сум глупава.
    [​IMG]
     
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Едно мое комшивче ултра мало и слатко, користи еден страшен израз кој јас сега ќе го искористам за да се олеснам малку.

    Ај пи*ка материн се. :D

    Трагикомично, ама полесно е од како ќе си опцуе човек. Ако тоа ме прави лоша девојка нека. Голем товар си симнав од срцето. 8)
     
    На Miss-Independent, crazylady, la-chicka и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК истовремено толку блиску, а толку далеку,кога нешто проклето сакаш да го имаш, а неможеш поради одредени причини :worried: случајност или не, незнам...само лошо е кога на човек ќе му стане сеедно...
     
    На crazylady, Go-Girl и zhap4e им се допаѓа ова.
  16. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.383
    Сакам да кажам...

    Сдк денес со моето семејство бевме блиску до 82398753045 сообраќајни несреќи. :|
    Абе како сите будали на градов да излегле со кола. И после јас да си земам возачка дозвола?
    Никад! :!:
     
  17. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека вечерва организиравме седенка само ние девојките од друштвото наше(после цела година договарање) и беше вауу! 8)
     
  18. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Сдк мразам кога ми се дерат.

    ...Навистина мразам кога ми се дерат!

    дали спомнав дека мразам кога ми се дерат? :?:

    Не? ЕПА НАВИСТИНА МРАЗАМ КОГА МИ СЕ ДЕРАТ! :)
     
    На Strumfeta93, teddybear и Squirrel им се допаѓа ова.
  19. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    Не се нормални кај мене дома сите до еден!!
    Да не знаете некоја нова болница за луѓе со тешко пореметена психа?! (Башка од Бардовци,таму не ги примаат)
     
  20. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.447
    Допаѓања:
    91.780
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Негорци?

    СДК се е пореметено мајке ми :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.