Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Сакам да кажам...

    Поздрав :rofl:

    [​IMG]
     
    На Go-Girl, Plavusa.17 и Em4e711 им се допаѓа ова.
  2. Em4e711

    Em4e711 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 август 2010
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    386
    Сакам да кажам...


    Ауууууууууууууууууу хахаххаххахахаха
    Е готово, добив желба за вежбање...
    Боже божееее кој ќе го гледа..

    Фала на поздравот : ))
     
  3. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...



    Аааа па вика дека и посекси се чувствува ааааах бе :puke: :puke: :puke: :puke: :puke: :puke:
     
  4. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК ќе јадам шпагети болоњезе.
    Муахахахахаха!
    Но, пред тоа ќе излезам со комшикава до маркет. Таман да ми се зголеми апетитот :lol:
     
  5. Doris-Sk

    Doris-Sk Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    33
    Сакам да кажам...

    Сдк дека форумов е одличен :clap:
     
    На Gordana10 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.604
    Сакам да кажам...

    ... форумот Фемина Феминчевска.
    Feels like high school all over again.

    :)
    :D
     
    На zhap4e, Monna.Monna, Magnolija и 6 други им се допаѓа ова.
  7. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...


    Имаш популарни деца, гзолижачи што сакаат по секоја цена да ги дружат популарните и дежурни мрчатори, тоа сме ние и сме лошите и љубоморните :D

    СДК, песнава одамна ја немав слушано...

    http://www.youtube.com/watch?v=1N3sIOja ... ture=share

    Ме потсеќа, на средно :D
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мачоров ми доаѓа на гости вечер да гледаме хорорче заедно и поради тоа си ја чистев собава до сеа..ќе помисли некој чистам само кога ми доаѓаат гости ( :angel: ).

    Сега се спремам полека, ќе излезам на кратко да се видам со другарка ми, па затоа ајде да не се задржувам.

    Поздрав! :*
     
  9. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Сакам да кажам...

    СДК после неколку саати неактивна, се вратив во светот на Фемина аген
    Im feeling like nobody else :geek:
     
  10. ozbilnazena

    ozbilnazena Популарен член

    Се зачлени на:
    6 февруари 2010
    Пораки:
    1.154
    Допаѓања:
    13.169
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Некогаш е како ѕидот на плачот...
    Некогаш е како место за исповед...
    Да кажеш смешна случка, настан , да слушнеш виц (да се насмееш и да се насмеат)...
    Те тера да замислиш поставиш слика за тие што ги читаш а не ги познаваш...
    Да упатиш поздрави и честитки :)
    Да прочиташ мислења и да дадеш свое мислење за одредена тема...
    Најмногу за дружење, , мислења, ставови ... ајде доста е ...
    За форумот Фемина ете Феминичевска :D така кажа Трендафилка :)
    Feels like high school all over again. :) а јас сум на час бе :D
     
    На Miss-Independent, Gordana10, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  11. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Ми се спие ми се плаче. :( Да заспијам не можам, а очите тоолку ме болат што личам на кинез.Кафе не помага во никој случај. Важно цело сабајле го поминав во шопинг и конечно си најдов нешто ново. :) :)
     
  12. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.853
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК оти мене Ф.Ф. ме запозна со купишта луди жени :D ^^^да се надоврзам, а друго сакав да кажам :wasntme:

    СДК останав стара мома... |( пак на онаа тема околу мажачки, женачки, само овојпат ќе си ја треснам главата од бандера, пошто нели мајкиве олку многу си ги разгалуваат ќерките, си ги оставаат да живеат модерно и современо, со тангата в газ и цицките на екран, па после цмиздрат оти на 14 години се мажат, и трчаат по нив со стапот в раце и со гневот насобран од нивниот животен неуспех, си ги земаат назад, ги оставаат со етикета подмажени, умираат, ги мава срце, мозокот им се распарчува, и се жалат по комшии колку „таа“ ништо не разбира |(
    Пууу, јазк! Досадна ама нервозна тема! Кај им е умот алооооо? Полицијава почна да биде матична служба за малолетни бракови „неуспели“ а мене ми се :puke: на муабетот „ Што чекаш мори ти? Ајде, доста тие е, мајкати не че те гле цел живот?!!! “ Ајт марш, да бев на 20 и јас ќе сонував за венчаница и бебе, ама сега си се мислам оти нееее, не женам јас никој, уште не заслужил јас да го скрасам :!:
    Кокошки селски трачарски :P (Смајлево се плази на кокошкиве)
     
    На crazylady, Juicy и Offspring им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.664
    Сакам да кажам...

    Сдк чувството кога ќе облечеш фармерки од пред 6 години и ти стојат подобро од било кога...О хепи деј!После трчаш до вагата и те огрева зрак сонце,а си кркнал два кроасани вчера,си јадел и други глупости претходните две недели...абе да е ваков животов цело време! :D
    Абе више кога тргнав,да се дофалам...прв пат у живот запознав двајца втори братучеди и освен што констатирав дека сме голема фамилија во кои доминираат мушки деца,туку и дека сите се убави! Ви местам некој,а?!А?! :D
     
    На sweetyears, zhap4e, Gioia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Да не испадне дека секој ден нешто мрчкам, денес ќе ви кажам нешто убаво, ќе споделам со вас една убава вест.
    Така сум воспитана да не се жалам, и да е тешко да не се жалам.
    Самите барем знаете дека ретко пишувам за домашни проблеми, треба ептен да ми прекипе и да снемам сила па да си кажам што ми лежи на душата.
    А еве денес ќе ви кажам дека добри две години ова семејство преживуваше благодарение на мајка ми. на таа жена херој, на тој ангел кој рмба од утро до мрак.
    Не е дека татко ми не сакаше, ама никој не сака да вработи полуинвалид, плус скоро 50годишен. Се обиде на неколку места, ама не би да ви кажам на кој начин го исфрлија ...
    Па никогаш не се откажа, бараше и бараше по огласи, праќавме св до кај што ќе стигнеме ...
    Не се жалеше никој од семејството. Имаше кавги, расправии, триста проблеми кои искрснуваа, ама што е побитно од нашата хармонија и меѓусебна љубов и разбирање? Ништо .. ни една пара не вреди повеќе од сложното семејство.И да немаме ништо, пак ќе бидеме заедно, тоа е она што секогаш им го викам, а додека се имаме ние, што друго ни треба?
    Јас можев некогаш да излезам со 100 денари, некогаш со 400. Зависи од моментална состојба. Можев некогаш јас да не излезам а брат ми да излезе, некогаш обратно. Па пак совршено функциониравме. Можеби немавме премногу материјални работи но имавме се. и сеуште имаме. се што сме посакале со брат ми сме добиле. Можеби не во моментот, но сме добиле. Би сакала некогаш моите деца да ме гледаат со очите со кои јас ги гледам моите родители. Со толку почит и восхит, со толку неизмерна љубов, со толку гордост што ги имам и што се прекрасни и совршени.
    Дојде ден кога татко ми може да изоди 100 метри без да клекне 4 пати од болки.
    И дојде ден кога татко ми е повторно вработен човек. А со тоа се решаваат многу работи.
    Вработен на работно место кое е сосем убаво, и би требало да потрае. Мене ми останува да се надевам дека ќе трае... А колку убаво само звучи тоа ... Вработен човек. И толку го сакам, доаѓа прееска дома и ми вика ќерко си дојдов од работа, толку среќен како дете на кое сте му купиле нова играчка која ја очекувал долго време ... и мене ми се наполни срцето што го гледам таков, т.е такви, сите некако возбудени и среќни ...
    Да, еве дојде тој среќен ден кога кога ваљда сонцето ќе ја огрее и оваа проклета куќа што би рекла баба ми. Само овој пат нека потрае ... Едно е сигурно, надежта за тоа, никогаш нема да дозволам да згасне, и колку и да паѓа, секогаш ќе го туркам напред па макар и со сила, тој е татко ми, мажот на мојот живот ... еден и единствен кој никогаш нема да ме разочара.
     
    На MissAnn, Mishela, Bozica1980 и 35 други им се допаѓа ова.
  15. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Сакам да кажам...

    чуството е одлично пред една недела така си најдов фармерки во плакарот,стоеле таму цели 3 год. сега си ги носам цела недела и си велам па кај ми биле мене очите до сега преубаво ми стојат :D Патем за второто што има на располагање?? :lol: :rofl: :rofl:
     
  16. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    СДК цело време мислев дека сум себична и дека премногу барам... А всушност сум барала само правда! Ама јебига Калимеро нема правда.

    Исто сдк дека гордоста е страшна работа, рулет на кој можеш да ги искоцкаш сите вредности во животот, пријатели, семејство, љубов, па дури и сопственото здравје.

    Се скарав со најдобрата другарка, не ме бара таа, не ја барам јас. Зошто, како и кој е во право? Прашањето е дали вреди таа гордост да се раскине пријателството градено со години? Не вреди. И повторно ниедна од нас не попушта. Зашто ако попушти излегува поразена страна. А тоа е секако нели поважно од меѓучовечките односи, да не ти падне круната, зошто не дај боже ќе те научат па утре ќе те газат.

    Не ми е тешко да ја наведна главата и да прозборам прва, ама тоа мое попуштање стана рутина и секојдневие. Како да се извинам, а немам никаква вина? Само за да ги смирам страстите и да не ја нарушам хармонијата? Не, нека има страсти. И нека има еднаш праведност. Мора да се сменат некои работи. Криво ми е, и тешко ми е да изгубам таква личност, била со мене во добро и лошо, направила и сум направила мал милион работи за нејзе, а сега се паѓа во вода.

    Ама овој пат ќе бидам праведна, не себична, време е да помислам и на мене.
     
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...Чао вегетеријанство!! Не можам да кажам дека ми беше некое големо задоволство. Можеби еве психолошки и од морална гледна точка, но физичкото во мене не си помина евтино, да бидеме искрени. Никогаш во живот толку често не ми паѓал имунитетот, а обидувајќи се да станам на некој начин подобар човек, целосно занемарив дека со мојата хиперактивност, и физички и психички, ќе ми треба солиден погон.

    Секако ќе имаме повеќе мир дома кога моите нема да ми коментираат, мрчат и да ме гледаат како сум станал пасивен и се борам со афти.

    Не, ова не значи дека ќе се бутам плескавици, стекови, копани, паштети од пилиња и шо ти знам таму...ама би сакал да и посакам welcome back на нејзиното Височество, рибата.
     
    На Phyramide и zhap4e им се допаѓа ова.
  18. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.452
    Допаѓања:
    22.942
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК имав прекрасно попладне, исполнето со многу кафе, смеа и весело друштво. Многу се радувам кога после некое време, пак ќе се собереме старото друштво на кафе муабет. Плус, се подновив со парфем и лак за нокти. И најважно, утре одам на гости кај дечко ми! А по пат друштво ќе ми прави другарка ми М. До Велес само, ама ако, и тоа е доста :)
     
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Сакам да кажам...

    СД им К на почитуваните модераторки на оваа категорија посебно. Мое право и избор е што ќе постирам, што ќе пишам, кој линк ќе ставам ... Впрочем оваа тема СДК е и за тоа, да има различни постови. Да биде шаренолика. Да може се да се прочита.

    А вие немате право се што ќе ви дојде под рака од ќејф да го тргнете (читај избришете). Се дур нема навредлива или неписмена содржина.

    Во стилот на некои форумџики ... за крај, Фала Чао Пријатно.
     
    На Lepaaa и happygirl им се допаѓа ова.
  20. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК зашто секогаш луѓето кога ќе слушнат дека некој е на смртна постела тогаш се сеќаваат на него и веднаш сакаат да го посетат,го оплакуваат како да им е најдобар пријател,глумат се прават лицемери..Зашто? зар треба нешто лошо да се случи за да ни текне дека некои луѓе се вредни да ги спомнеме или да им пишеме одвреме на време..ете на другарот му се случи сообраќајна несреќа,во шок соба е,во шок сме сите! Но зошто на пола луѓе сега им текна да доаѓаат по болници,каде беа кога му беше најтешко,кога изгуби родител,кога ја изгуби првата љубов? Касно сфаќаме што имаме крај себе..жално е!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.