Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека сакам да си поплачам и да си кажам дека не сакам во средно! :(
    Не сакам уште 300 нови души во генерација од кои едвај знам двајца, не сакам нов класен или нова класна, не сакам да се одделам од старото друштво, ниту пак сакам куп нови професори и професорки кои ќе ми ги вадат нервите секој час.

    Сакам само да имам четири години и да си играм во песокот во двор. Звучи најсмешно и најдетски, ама ми се плаче од што се плашам. Страв ми е да го отворам календаров... Летово летна пребрзо, на почетокот бев прехрабра, а сега сфаќам дека можеби не сум толку силна за да преминам преку се`. Страв ми е да не ги разочарам моите, страв ми е да не се разочарам себеси.

    Нека е и најдобар период во живот, мед и млеко нека тече, основно златно, те сакам назад. ;( ;( ;(

    Се прогласувам себеси за најголемиот идиот кој се лупаче во гради пред уписи, а сега јадно кука што направи огромна грешка.

    Страв ми е.
     
    На Strumfeta93, minne-mouse, sonce777 и 4 други им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Романтични доцни часови.
    Украдени бакнежи.
    Смеа, радост, спомени.
    Поклонче, мало, презначајно, ем во омилената боја.
    По еден добар диетален хамбургер, две милки и огромен сок, како врв на целата романтика. :D
    Мотор, околу тебе смрзнувачка, а во срцето ти е претопло, само затоа што си во негови прегратки.
    Никогаш доста од убавини. Никогаш доста од него. Никогаш доста од љубов.
    Животот дава а ти грабај додека можеш.
    Љубовта не трае три години. После третата почнува она најубавото ...
    Ви тврдам, заверувам, потпишувам ... што сакате.
    Ова беше добра ноќ.
    Цветам како кокиче кое навестува пролет, само што јас навестувам местење на коцките во мојот живот :f:
     
    На HoneyBun, la-chicka, Strumfeta93 и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Исто и јас. ;( Кога бев осмо, со душа чекав да завршам, неможев да ги поднесам децата, сите до едно. Секој ден се враќав од дома изнервирана. Сакав да си отидам од школо, и никогаш да не се вратам. :shake: Мислам дека ќе пукнев. Ама неколку дена одкако бевме на прославата што сме завршиле осмо. Многу ми беше криво. Ептен. После тоа, сакав да се вратам во основно, размислувањата ми беа сменети 300 степени. Сама бев дома, си ја пуштив песнава http://www.youtube.com/watch?v=WlxjIgBZOUE И почнав да рикам како мало дете. Во школо си бев нај нај нај опуштена, се смеевме секој ден на голем одмор, се зафркававме со наставниците. Си правевме ремиксови на фолк-песним и некои стари песни..При крајот на осмо највеќе се зближивме, со сите до еден. Зафрканции, киксови, летаа на сите страни. На час, зборевме 100 на саат, се смеевме. А во средно, нема да бидам ни 5% јас, како што бев во основно. Затоа што сум ептен срамежлива личност, и ми треба многу време за да се опуштам за да бидам таква каква што сум.
    Зборувам како некоја што којзнае што завршила, ама баш така се осеќам!
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  4. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Уште однапред ве предупредувам дека текстот што ќе следува може да ве вознемири поради самото ваше пронаоѓање во него. Се извинувам однапред поради последиците.
    Секој текст би требало да започнува со вовед, но не овојпат. Едноставно ќе ја кажам идеата и нејзината ненадминлива важност.
    Слабите и недостојните за својот живот , е неопходно што е можно побрзо да бидат истребени од ова БЕДНО општество што е настанато поради самите нив. Оние кои што веруваат дека нивните проблеми се најголеми се всушност најслабите, без срам би рекла најпрво да се егзекутираат. Оние кои што свесно си го расфрлаат животот по наркотиците,тие се вторите слабаци, кои како за последен избор да се чувствуваат убаво - се откажале. Оние со празни и плитки погледи кон светот, оние без никаков ентузијазам и идеи, тие кои што всушност се живи мртовци ! Сите тие, сите тие ! НЕ - ПО -ТРЕ - БНИ !
    Уште од дамнешни времиња имало обиди за чиста крв. Драстично замрело сето тоа во последно време, сите смрдат на чиста ЏГАН !!!!!!
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    751
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ми се приспа добра ноќ на сите :*
     
  6. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Боже, само јас можам да бидам ваков баксуз и да ми цркне звучникот!

    И како ќе глеам утре филм? :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear: :swear:


    Се изнервирав значи, многу!



    хахаха, NOT!

    Го удрив и проработе.
    Он мене. :devil:
     
    На Monna.Monna, Hipica и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. devilbaby

    devilbaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    54
    Допаѓања:
    9
    Сакам да кажам...

    јас сакам да кажам дека се чувствувам тупо и глупо, со бившиот на крај неможам да излезам, ми се спие ми е досадно и то :D
     
  8. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    Сада не немогу да заспим ооооо :^)
    а за 4 саати треба да бидам на тренинг, ахааа (сигурно ќе бидам)

    Но добро кога неможам да заспијам ке си го искористам слободното време за чистење и шлапкање на лицето со креми и една мерачка цигара :D

    :makeup: :smoke:
     
    На devilbaby му/ѝ се допаѓа ова.
  9. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Сдк лаптопот е нешто сј*бан па очи извадив на ова телефонов.
    Незнаев дека сум до толку зависна од мојот виртуелен живот, мислев ќе се преорјентирам на реалниот или подобро на книгите ама џабе...читкам рекреативно...

    Ме боли левиот крајник, многу ме боли кој знае што ли ми е овојпат, или можеби знам дека ми е од она цигариштана... Размислував на таа тема и решив штом заврши сесијава ги оставам цигарите, неможам сега веднаш ме чека еден стресен период кога кафето и цигарите ме одржуваат во живот...

    Убав е овој е свет, убаво е да шеташ и да запознаваш нови луѓе, да воспоставуваш нови пријателства, ама сепак само дебил како мене може да се нервира за она "Што би било кога би било..." :envy:

    Останете ми во добро здравје и добро расположение, периодов поретко ќе ви пишувам, морам да се насочам кон проширување на моите знаења од областа на политичките науки :?: .
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Го повикувам сиот научен и медицински свет итно да најдат лек за новата смртна болест која и пакоси на човечката раса.
    Особено се загрозени девојките и тоа на возраст од 15 - 22 години. Во случај на генетски задоцнето развиен интелектуален материјал, оваа болест може да ги погоди и постарите девојки па и жени.
    Во случај на шупливост, болеста ги напаѓа сите возрасти.

    Име сеуште нема, но јас ќе ја наречам засега Раскинавсодечкомиќесиприумрамќесеубијамнеможамдаживеамбезнего.

    Се надевам дека ќе и измислат пократко име, ова тешко се памти, потешко се изговара и од оториноларинголог :)

    Вие арни инаку? Јас ептен, само со сериозен дефицит на сон, ама хеј, ќе дојдат времиња ;)

    Givenchy, бела блуза и тиркизни обетки - always a win win combination 8)

    Бидете ми сончеви!
     
    На lolyta777, la-chicka, bittersweet и 9 други им се допаѓа ова.
  11. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.517
    Допаѓања:
    115.078
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се придружувам кон Пирамитка и ќе се надоврзам со еден апел " Девојки и девојчици од тинејџерска возраст, ве молам тргнете се малку од facebook, MSN и земете книга, читнете историја па можеби и ќе ви се разчистат некои работи во вашите убави главички".

    Животот нема реприза за да го поминете недоучени.

    Ај од мене толку за сега, и ве поздравувам со песничкава

    http://www.youtube.com/watch?v=j-fWDrZSiZs&ob=av2e
     
    На lolyta777, kate21, bittersweet и 6 други им се допаѓа ова.
  12. Avril.09

    Avril.09 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    737
    Допаѓања:
    892
    Сакам да кажам...

    СДК дека ова утро е совршено несовршено!
    Зошто?

    Си легнав во 5. Се разбира бидејќи се допишував. Но, ме фати несоница, па бидејќи немав што да правам почнав да размислувам. Многу другари/ки, роднини ја изгубиле мојата доверба. Па првата одлука што ја донесов беше
    нема да кажам НЕ ВЕРУВАЈ НА НИКОГО :lol:

    туку, реши ги недоразбирањата, отворено зборувај за проблемот, прашај ЗОШТО!

    Потоа, решив да си го поминам не само ова утро, туку уште мноооогу утра СРЕЌНО. Правејќи нешта кои мене ме исполнуваат и ме прават среќна, а потоа и другите.
    Чекав да заминат моите на работа.
    Не правев маникир и педикир за да се чувствувам среќна :lol:
    туку почнав да чистам, да си средувам по соба... Не ми сметаше викањето на дедо ми по баба да побрза, не ми сметаше злонамерниот коментар на сестра ми, не ми сметаше тоа што открив дека го правам најмутавото какао на свет, не ми сметаа ни разните бубачки кои не ме оставаа на мира кога излегов на тераса. Сакав ова да го напишам надвор, ама не ми сметаше да си влезам бидејќи се испразни лап топот.

    Одлучив да не постои негативност во мојата глава. Се разбира, нема да делам flower power наоколу, но значајно ќе го намалам таквото размислување.

    Ха! Па што ако незнам да играм одбојка? Гајле ми е и за лига и за се'! Ќе идам да се истрчам убаво, да се стегнам, па што биде нека биде!! Упорноста никогаш не ме напуштала, нема ни сега.

    Сакам да се смеам само! Тоа и ќе го направам! Ќе шетам,ќе откривам! Ќе си одам на манастир в недела со дечкото и ќе си поминам најубаво. О да. Добро слушнавте :lol: .
    Али тоа е. Кога јас ќе бидам со дечко на свеж воздух, други врснички ќе дремат на фб и ќе кукаат зошто никој не ги погледнува или евентуално сака. |(

    Уф, многу исфилозофирав. Но, не сум јас крива што пишува:
    Кафе муабети
    Кажете се' што ви лежи на душа. :lol:

    Ќе бидам добро. Го знам тоа.

    А кога ќе помислиш - Се' започна од една несоница... :?:
     
    На Evellyn, Elennaa и Hopeful им се допаѓа ова.
  13. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ми се спие ми се плаче |-) цел живот дремам...а и мрзевата ќе ме убие :x

    знам дека има многу вакви како мене, што го јадат дома лебот за џабе :D
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...вечерва слабо спиев. Излегувам на терасата и наеднаш се што ми се врти низ дворот на 4 нозе трча кон мене, лае, мјаука, завива, рика...Стојте малку, boys and girls, цела вечер си игравте, трчавте низ маало и поради вашата врева не можев око да склопам а сега онака дипломатски се умилкувате а? а? Гладни, жедни...срцки, како да ви замерам за било што. И без патики и папучи ме оставивте, ама пак сте мои пуфлиња.

    Баба ми ја гледам од продавница се вратила и дреме под сенката на црешата како некој турски бег. Да бидам искрен, не ми е најомиленото створење во животот. Оговара и постојано си го пика тоа носот кај шо не и место.

    Разговор од пред некоја година:

    Таа: син на баба, кај ти е женската, одамна ја немам видено.
    Јас: Ај сеа остај тоа е моја работа, шо има па тука да ја носам ти да ја гледаш и коментираш.
    Таа: Аааа значи толку биднало од вас. Сте раскинале.
    Јас: Не сме раскинале, само нема што со тебе да зборам на темава
    Таа: Не се секирај бабино, ќе си фатиш друга.

    Со кој живеам бе?!?!?!? :@ :@

    Значи да продолжам од сабајлево кога ме виде со животинките. Ми дава некој генијален коментар во нејзин стил, ми вели внук на баба, ти си требал да учиш за ајван доктор. Еејјј си викам мора да знам што професија ќе беше, мислам јас доктор?
    Ми вели, абе оној што се грижи за кучиња, мачки, што им дава инекции...те гледам како детенце си околу нив, би бил одличен ајван доктор.

    Јас само ц-цкам, кимам со главата....ветеринар женска, ветеринар се вика...
     
    На lolyta777, marama, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...



    Ти добар си бил мојата Пупииии кога ќе го донесеш дома дечкото ( а тој во странство заминат пред месец)... јас баба немам дечко и ми вика еее како не си немала, само лажеш А СОБРО БЕ ДУРИ БЕШЕ МОЈ КАКО ВАКА НЕ МЕ ПРАША ТОГАШ АААААААААААА :@ :@ :@ :@
     
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека баба ми е жив напор |( |( |( ме тера теписи да поставуваме во собата зошто бргу зимата ќе дојдела аллоооо жено август е ;( ;(
     
  17. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се будам сабајле и навидум обично утро кога ми се јавува татко ми и ми вика: И заминала асистентката на .... на одмор, па ми рече да одиш на една недела да и помагаш.
    :rock:

    Затоа отидов сега да си го пеглам мантилот и да изигравам забарче.

    :*
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  18. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    и двајцата имате баби и ги критикувате, а јас што немам ниту една баба ;( :sweat:
    инаку овој проклет раствор ФОРТРАНС ГО МРАЗАМ :devil: :@
    (мајка ми ме разбуди уште изутрина да го испијам :tmi: )
    вчера на повракање ме тераше, а денес да не мозам да се оддалечам ни малку од тоалетот :envy:
    ( а што веке втор ден револуција ми се случува во стомакот тоа е друга приказна), и несмеам да јадам, а се ме мами да си каснам нешто а несмеам :sweat: :@
     
  19. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Оваа наша библиотека е КРШ! :@ Добро бе по колку книги купуваат? По една? Ма,ајде. Сто пати одам, сто пати ми велат дека е дадена книгата. Си спремав дома список на книги и ни една немаше.
    Ем чланарината ја покачија,ем пак книги нема. Глупости.
     
    На GarpovaV и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  20. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Од штип беше ти нели ?
    Не ни прашувај за книги сама си влези и услужи си се,нашава штипска тетка што работи таму само една книга има прочитано Рамноденица и постојано само таа ја препорачува а за други книги појма нема,џабе работи таму.

    да не бидам офф-топик

    Сдк деновиве не знам каде ми е главата каде желудникот,каде нозете некако се живо и диво ми е збркано.
    И :!: очајно имам потреба да скокнам до Скопје да ги милите ми личности таму и да здивнам од досадниот Штип...но.....кој ме прашува мене што сакам :?:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.