Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.191
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ама брзо лета времево :o: |( колку повеќе мислам, толку побрзо лета :D а и овој пмс се проблемас ми прави, само јадам, се живо, добро само не месо :!: тоа никако не доаѓа у предвид, оф се ми смета, а и косава ко самовила сум :wasntme: ем има, ем паѓа, финта, се митарам :wasntme: :rofl:

    Убаво е кога човек е на раат и не му се меша никој во животот, рај 8) :D само никогаш нема да разберам што е толку интересно некој да се меша во туѓ живот, сосем доволен ми е мојот живот, за да се занимавам со него, отколку да се мешам во туѓ :fubar: туку арно ми кажа еден човек, кога нема его, нема проблеми, а кога го има егото, проблеми еден куп, во право беше.Само џабе е кога тоа човек го знае и ништо не прави за да смени нешто.
     
  2. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сакам да кажам...

    СДК дека во ова време,во ова топло време мене крајниците ми се воспалија. :@
    Ме болат,ми отекоа...Уфффф :@

    Кого ќе снајде вакво нешто ако не мене! |(
     
  3. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    можеби крајниците ти се воспалени од алергија. И јас си имав таков проблем на времето |(
     
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека еден човек и една жена еден за друг знаат што им треба, а место нив, ветрот зборува.
     
    На Go-Girl, zhap4e, x.Daisy.x и 3 други им се допаѓа ова.
  5. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    Сдк дека грлото ми е катастрофа, аман ми е од него, наместо да си уживам сега, оно ме вознемирува, едвај голтам и уште нешто Сдк дека сега ќе го гледам Круел Интеншс 1 :D
     
  6. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...

    Леле конечноооо...
    Утре ја правам и таа моја фотосесија која ја посакувам цела година!!!
    Башка и косата нешто ептен убаво виткана ми се погоди.
    Абе каа ќе му тргне на човек,му тргнало! :D
    И сеа сум малце возбуден ама се надевам дека ќе биде супер. :$


    Може и ќе ставам 2-3 слики со скриено лице,во случај некој да го интересира. :D
     
    На BeYourself, Monna.Monna, sweetyears и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  7. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Сакам да кажам...

    СДК дека ќе си ја прегризам ногата од нападите на глад :rofl: :rofl: :rofl:
    Шо да правам ко сум во „таква“ состојба ! :$ :$
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  8. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...

    Welcome to the club, hun!

    Eне ја пицата мене ме довикува од рерната.
    Јоксиииииииииии,Јоксииииииии eat meeeee! :devil:

    Гнаса! :angel:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Сакам да кажам...

    Ти Јоксииии си машко??????
    Ако си ќе пукнам од смеење :rofl:
     
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК се придужувам кон грлоболачките :(
     
  11. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...


    Сум бре,сум! Ама не сум сам... :D

    Ајде пукни сеа,чим ти е мерак. :rofl:
     
  12. babyketi

    babyketi Популарен член

    Се зачлени на:
    29 ноември 2009
    Пораки:
    1.302
    Допаѓања:
    678
    Сакам да кажам...

    Пошто си машко Јокси , ќе ти кажам дека за овие „моиве“ напади na глад неможиме да бидеме во исти „клуб“ ама НИКОГАШ , освен ако не планираш да бидеш Арнолд Шварценегер во филмот „ Џуниор“ :rofl:

    Меѓутоа драго ми е што сочувствуваш со мене-RESPECT! :rock:
     
  13. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Седиси ане ти на ком,а утре за тебе комшијата ќе ти стани.
    Значи воопшто бре не ми се спие а утре треба рано да станвам :devil:


    И линн стварно не си фер девојко зошто ги избриша видеата -.-'
     
    На Linn1 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Е ај оваа не може да се тагне уште 500 пати |( . Ќе и ставиме сите лајк само нека престане да се тагнува. Аман од ваквите :devil:
     
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ја баш затоа не им ставам лајк. ;)
     
  16. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Па и ја не и ставам ама имаше една група таква на фб затоа и така пишав :D .
    Како не ќе и ставам. Она за тоа живее мислам. Фб, фб и фб. Е аман. Има живот и надвор од фб |(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Се е добро кога добро ќе се заврши.
    Се е добро кога денот и покрај се среќно ви завршува.
    Се е добро кога мајка ви седи 40 минути и ве чека да и кажете што ве мачи, а вас ве мачи стравот дека ќе ги разочарате затоа што нема да положите математика ... а тоа е глупост, зашто со ништо не можете да ги разочарате, а и да ги разочарате пак се тука за нас.
    Се е добро кога татко ви ќе ви ги види потечените очи и само ќе ве гушне без да каже ни збор.
    Се е добро кога брат ви ќе ви рече .. не знаев дека си толкава будала. А позади таа реченица се кријат многу работи.
    Се е добро кога тој ќе ве гушне и се шетате како деца фатени за рака, полурасплакани полунасмеани. И нема да пропушти кога на крај ќе ве испрати до улица да почне да се смее и да ви рече свинче не сум јас крив што ти имаш еден куп за учење и си на нервна база. :D и двајцата се смеете зашто во толку несовршен свет вие сте совршени. И вечерта совршено завршува ...
     
    На beached, zhap4e, ludoto19 и 4 други им се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк убава вечер...

    Доволно кажав ;)

    Се и сешто има околу мене,само љубов не гледам :!: не зборам за родителска,другарска,пријателска туку онаа,ОНАА љубов ...знаете за која мислам,е таква нема .


    :bow:


    P.S. Ми се пие пиво и ми се грицка чипс. :(
     
    На crazylady, Lepaaa и SuperGirl2010 им се допаѓа ова.
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    СДК дека некои луѓе грешно ги крстиле. Требало да се викаат Имам-пари и Не-знам-што-да-им-правам. Какви се тие обични, смртнички имиња. За таква сина крв, ма нема потреба од презиме бре, како принцот на Енгланд нема презиме, се знае, еден е принц. Така и овие треба бе, да се знае и чуе кои се. |(

    Принцези и принцови на зрно грашок, мали и големи татини и мамини мази. Ојј, фалете се со тоа што вие сте направиле, а не со тоа што направиле вашите родители. Не е лошо малку некој да се поврати назад во реалноста, чисто информативно, да погледне околу себе. Да види до кај е со самиот себе, дали се пронашол или уште е изгубена душа, триста метри над небото. Оти па, забораваат дека колку е некој повисоко, толку повеќе го боли кога ќе падне.

    Ај па и ја, наместо да си легнам, филозофии тресам. Гладна, јадна и страдна, барам дечко со спротивни особини. :!:
     
    На Strumfeta93, Monna.Monna, julie77 и 6 други им се допаѓа ова.
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК:
    Си слушав музика, и на момент ми текна, ај да си ја пуштам оваа: http://www.youtube.com/watch?v=GWoo1w2W-4I. Сигурно се сеќавате на оваа песна. Мене ме потсетува на еден период од детството. :wasntme: Знате нели, кога ќе застанете пред некоја кола, изгледате малецки, и дебели. Е! Дека пред мојата зграда, улицата не е пролазна многу, многу, туку има клупи и коли.. И ние бевме 3 другарки, ќе застаневме пред некоја кола, и ќе ја вежбаме сценографијата на песнава. И тоа баш овој делов: kiss me and turn me slow, up and down here we go! Напред назад, и претање со рацете. И тоа ни беше како поздрав уствари.. Арно ама, имавме еден комшија од мојот влез, што баш во тој момент излегол на прозор и не видел. :tmi: И секогаш кога ќе не видеше, посебно мене, онака како што вика Дин: Ин д диско (тивко) со специфичен глас, ми викаше а јас бегав како улава. Кое реметење само ми маваше.. Порано и плачев, еднаш бевме со мајка ми надвор, и го видов него. И ја лажев мајка ми дека ме боли заб само да си одам дома.. Неколку недели не искачав надвор. И викав на мајка ми: Мамо, беее. :sweat: Ај кажи му така да не ми вика.
    А незнам уствари што беше толку страшно :!:
    И незнам до кое одделение ме зафркаваше. А на нас таа песна ни беше ИН. Кога ќе дојдат братучетките/братучедите да спијат кај нас, ние до даска ќе го пуштиме видеото невечер во 12 сааат, и ќе играме. А од сабајлето комшиите не прашуваа: Што беше толкава журка? :tmi: Сега ми текна и на играњето на на песнава http://www.youtube.com/watch?v=yytjYh-v4PE. Се сеќавам на песнава кога ја игравме со братучетките и сестра ми. Ама на сценографијата ги елиминиравме женските. Едната братучетка беше Масевски, сестра ми беше тој со долгата коса. А јас со др. братучетка секогаш се каравме кој да биде Тоше. Едната мораше да излезе. Под маици бутавме чаршави, и после влечевме.. Па, после кога излегоа двд-јата, имав едно це-де, со песни од Елена Ристевска, и тексот на нив. Ќе се качевме на гаражи, и ќе пееме, па комисија, која има по пискав глас. А една комшивка кога завршивме со пеење ни рече: Што убаво, додека го чистев ве-це-то ми пеевте, си имав занимација. Х)
    Само пеевме песни, сценографија.. на песните:
    Боди-билдер сум, намачкан со балзам, депилиран сум, светам како џам. За да ти се присвиџам.
    Или оваа:
    Во прак, во парк, одиме во парк, таму птички пеат иако е мрак. Во парк во парк, трака-трака-трак јури смело вовче, иако е мрак. Во парк, во парк, се шетаме во парк, иако е мрак во ПАРК!
    Секогаш имаше некој што мора да излезе, секогаш имаше вишок деца. Ама сега е наопачки, се иселија околу 10тина деца, мање-више. Добро, некои од овие беа браќа-сестри. И сега има само помали деца.
    Што ме будат секое рано сабајле.|(
    Ама тоа е. Се сеќавам кога игравме штркот бара боја, цигари, имаше една, со децата (јајцата), мајката (кокошката) и вештерката. Секое дете си има своја боја. И после доаѓа вештерката, и вика: Имате ли жолта боја? Немаме, имате ли проѕирна боја? Имаме.. И се така додека не ги откире сите јајца. Се собираме во круг, и пееме: 1 часот помина, вештерката ја нема, 2 часот помина, вештерката ја нема.. и тако даље и тако даље, додека не дојде вештерката да не брка. И тој што ќе го фати, тој е вештерката наредниот пат. Знам игравме ати мати, колико је сати? 5 чадорчиња, 3 зајчиња.. Игравме една игра незнам како се вика.. Сликите се готови за пола саат, и сите стојат така здрвени.. Имаше една игра: Прво правиме компанија месо-боранија, славејчето пее, Тито да живее…… и се делевме на машки и женски. :^) Па прво машките идат кај женските, бараат за пар, а ние ако не сакаме или се маваме по г*, или им пуштаме јазик, а ако сакаме, тогаш му правиме срце со раката. И после идат женските кај машките, истото го прават. И кој ќе остане непар, поминува низ еден како тунел, ваков: па го закачаме, има ножички, боксови, скокоткање.. триста чуда. Никогаш не ни било досадно. А сега имаме компјутери, интернет, мобилни, плеј-стејшни.. се, се и пак ни е досадно. Лани летоска, беше таму негде приквечер, и ние наместо да одиме надвор. Игравме жмурка преку мсн. :fubar: Броевме.. 5, 10, 15… И „демек се криевме“ се прашувавме: Во ве-це си? Под шоља? Или во кујна? Во фрижидер. Преку камера игравме брза географија. Се преку овој интернет. Пред неколку месеци, бевме во населба, и се собравме повеќе деца. И некој даде предлог.. Сакате да играме жмурка? И повеќето се испонашаа.. Не бе, не што ти е. Демек големи биле, оф мори мајко. -.-
    Ај доста го отупував, досадна сум знам, ама јбг сакав така да си олеснам.
     
    На Monna.Monna и MonnaSi им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.