Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека одвај чекам да дојде 9 и да си ја видам другарка ми :D :D :D :* :*
     
  2. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    ...знаевте ли дека Сигмунд Фројд (Sigmund Freud) валда вака се изговара, во животот на човекот секој пример го споредувал со сексот.
    Е како?
    Пример прашувам некој што најмногу го привлекува?
    -Ми одговара со сакам да читам книги.
    -Фројд на ова би додал: сакаш да читаш книги, за да се дообразуваш повеќе, за да запознаеш повеќе личности на кои ќе им се допадне твојот вокабулар и начинот на изразување за на крај да имаш секс со нив.
    Малку чудно ми беше ова, но има смисла.
     
    На zhap4e, crazylady, Doozy и 2 други им се допаѓа ова.
  3. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.505
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Присуствував т.е. гледав вадење на заб.. два и тоа. :inlove:

    Овие два дена се чувствувам ко да пораснав за цели две години.
     
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Ништо од пицата и пивото :worried: Ги порачав за дома чекајќи го либето,ете и втора смена продужи на работа..Шеф бе,нема лабаво :lol: Уствари знаев и дека вака ќе биде :worried: ..Прво му се изнавикав,ко божем он е крив,ама после се смирив...Зошто секогаш избрзувам,и секогаш се каам за тоа....А на него лесно му е? Божем он сака да виси цел ден на работа...Аххх МаЦАААААА,увек така правам,а сега треба да имам и повеќе разбирање,па тој ќе ми биде маж 8) Срам да ми е,срамммммм :@
    Сепак се надевам дека ќе се извлечам со вечерата и десертот после неа :P :angel:
     
  5. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    некаде е Сигмунд, некаде е Зигмунд...who knows :)
    ама јако овоа ;)
     
  6. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    Немам зборови. Не знам како да ...

    Градот ни умре заедно со тие прекрасни две суштества кои Господ,сепак реши да ги земе горе кај Него.
    На никој не му е до смеење. Ова е голем шок,голема трагедија за нас сите. Ова се нема случено.

    Како ќе продолжат тие родители сега..? Сестрата на едниот пред три,четири дена наполни 18. Тие се нечии деца,браќа,братучеди,другари...

    Да,јас верувам во Господ.


    Но Господе,каде беше синоќа?! Ох... :x

    Почивајте во мир и двајцата. :bow:
     
    На Ann.94 и maca99 им се допаѓа ова.
  7. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Сакам да кажам...

    ...дека Фројд бил шлакнат човек.
    А сметам дека е битен сексот, поради него сме овде.

    Сакам да кажам, си мислев прееска дека нашиве тела се создадени да ни пружат задоволство...
    А душите, па ваљда среќа.

    Go for It! :D

    А да и апсолутно омразени книги ми се оние во кои ти даваат упатство како да си го живееш животот.
    А рецепта, ќе ве молам?

    Денов го окапав дома, асоцијално расположена со некое глупо апатично расположение.
    Го изрибав вецето и сватив дека ако не успеам во медицината ќе се занимавам со гранка на уметноста наречена рибача четка.

    Алелуја!
     
    На Strumfeta93, crazylady, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  8. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    715
    Сакам да кажам...

    И конечно...Одам на одмор...
    Сабајле во 4 тргам...
    Ќе одам во Пефкохори и се надевам дека убаво ќе се одморам (исклучувам телефони, не гледам ТВ, не читам весници, не се логирам на нет...) Едноставно сакам мир и хармонична атмосфера...
    Се враќам на 5-ти септември...

    Ве гушкам сите и ве поздравувам - на некои ќе им фалам, некои конечно ќе се отарасаат од мене :D ...

    :hug: :hug: :hug:
     
    На BoaVista, Offspring и crazylady им се допаѓа ова.
  9. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Денес размислувам за разделбите - љубовни, професионални или пријателски. Ги има 2 вида чесни и кукавички. Кај првите треба стоички да се соочиш со личноста и да разграничите што ви било заедничко било да се тоа чувства или интереси, како сте се доживувале меѓусебно во текот на цело време поминато заедно, што довело до разочарување и потреба да го прекинете она што сте го изградиле.Треба способност да ја видиш сопствената улога во оваа неусогласеност во право светло и тоа под оние моќни заслепувачки рефлектори, но и улогата на другата страна да ја видиш низ призмата на вистината. И треба и извесна храброст за вакво соочување и отварање на сите карти.

    Но, повеќето бираат кукавички разделби - направи што поголема сцена, што поголем број навредливи и понижувачки моменти вметни па и физика пресметка како кари во чорбата па да не сакате потоа да вкрстите ни поглед при случајна средба на улица. Или па немо бегство. Друг чин на кукавичлук, остави ја другата страна со милион прашалници и веројатни сценарија да рачуна со помош на формули со не знам колку непознати ти изигрувај Коперфилд создај илузија на исчезнување пуф. И не, не прифаќам дека гордоста е изговор, нити па дека е исправно да излезеш со испрани раце и совест на овој начин, зошто така само го валкаш споменот на она што било убаво со недоречености и рамнодушноста се претвора во гнев. Јас сум чуден сој, кај повеќето луѓе гневот спласнува со текот на времето, кај мене нараснува ко некој да уфрлил скришум од мене неколку коцки квасец во тестото на сомневањето.

    Разделбите сигурно дека не се убави сами по себе, само фактот што поголемиот дел луѓе играат кукавички ги прави неподносливи и неиздржливо поразочарувачки дури и од причините кои довеле до нив. Ете и достоинствените разделби се вид кој изумира.
     
    На kate21, LivingGlam, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сакам да кажам...

    Баш забавно си го поминувам викендов, а е само петок!
    Денес после ноќна, си купив најгрицкав ѓеврек на свет, си заспав во автобус, попладнето отидов со женкиве мои на велешко, пливав и манијачев тетоважи по туѓи грбови, си го видов Аднан, се изнасмеав до сто и назад, и еве, сега дома штракотам, си варам чајче - проверено помага да не се препотам, и ќе одам на Јас и Ти, да си го возљубам драгиов ми град.

    Ојденка ме бараше, исто и Иван, се вратил од одмор, ми купил сувенир и сака да ме види. Со Ленка 23 минути на телефон, како вечноста да си ја прераскажавме. Ја љубам, не сакам да се нервира. Во моментов, сум апсолутен мекнеач. Ништо не ми се јаде, ни пие. Си комбинирам гардероба, си го местам точакот. Со К, се најдовме на пола пат. Смеење ко идиоти. Колку што е спор и одмерен вака, толку не е, онака. Кратко, слатко и издржано. Терминот - "интересна" во неговиот речник е повеќе одошто јас можам да си замислам. Гик мој! Ете, така. Весел петок. Утре, на кастинг за филм, попладнето зелка салата кај Бобе на балкон, ракииче и спомени од оккејашките збиранки. Малку комплекси, малку трач, малку островски споделувања, од Корчула до Брач!
    Што ми е супер, супер периодов...

    Љубов бе, нешто циркулира. Се движиме. Параглајдер што никогаш никаде не заостанува. Плови и се спушта, се крева... Смеење, многу.
    Гушкам. :angel:
     
    На Strumfeta93, mims-89 и Bright им се допаѓа ова.
  11. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК некогаш некои песни така совршено се вкопуваат во нашата приказна, како за нас специјално да се пишувани.
    Нека се вика, нека :) Ќе го довикувам :)
     
    На Lepaaa, Hopeful, Bright и 2 други им се допаѓа ова.
  12. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК го јадам останатото гравче од ручек....
    Тоа е вистинска петочна вечер :)
     
  13. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.036
    Допаѓања:
    2.269
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=n8FM8nyy_Fk ??
    ^можам да кажам дека дефинитивно ја чувствувам, посебно меѓу мене и munchmallow-то. има некоја хемија меѓу нас без сомнение. ехх згрешив што купив само едно паковање :( али ајде си знам за др. пат
     
  14. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Ах.. каков ден! Фамилијарен!
    А сега вечерва ќе ја потрошам со другата фамилија (персоналска).. одиме во кафана :lol:

    Добра ви вечер на сите! ;)
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    Ама ај ти, после ќе ни кажуваш импресии во темата Прдење :D

    Он топик. Денес се заразив со Нирвана, колку повеќе ги слушам толку повеќе ме потсетуваат на основно :)
    И да, итс соу боринг, едвај чекам есен да дојде барем ладничко да ми биде и да си се шеткарам со плетени меки блузи :inlove:
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  16. magi.megi

    magi.megi Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 август 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    7
    Сакам да кажам...

    Ха ха хахахах типично за Фројд :) туку знаете за Едиповиот комплекс? Според Фројд тоа е збир на љубовни и непријателски чувства кое секое дете ги има за своите родители(сексуалната наклонетост кон родителот од спротивен пол и омраза кон родителот од истиот пол кој детето го доживева како свој соперник).
    Кај машките во соништата се јавувало желба сексуално да ја добие мајката,по што му се спротиставува таткото како негов посилен ривал. Бљак
     
  17. Buttterfly

    Buttterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    782
    Сакам да кажам...

    Неколку пати пробувам да го започнам овој пост, а не можам.

    Значи, овој пост нема почеток.
    Ова е само пост полн со емоции.

    Мојот сон не беше како на другите деца.
    Мојот сон не беше ништо комплицирано со многу детали.
    Еден сон. Обичен детски сон.

    Три години. Пред три години дознав дека мојот сон може да стане реалност.
    Почнав да вежбам со желба еден ден да бидам дел од успешна заедница.
    И, да - успеав.

    А, сега - делумно е крај. Го отфрлам делумно - значи - сега е крај. За мене.

    Три години дружба и слога. Желба да бидеме најдобри.
    Не беше само тоа наша желба, туку и твоја - зашто ти си оној кој не состави, ти си оној кој не водеше, кој делеше совети и веруваше во нас.
    Не се забораваат сите тие исцрпувачки часови на кои не бодреше, на кои ни зборуваше за иднината.

    Првата турнеја. Потоа втората. И третата..
    Сите заедно - горди што го претставуваме нашето национално богатство и нашата мала земја.
    Гордо го држиме црвено - жолтото знаме.

    Самата помисла дека сето тоа е готово не се опишува.

    Ти одиш во подобар живот, ти се бориш за твојата иднина.

    Ние? Ние моментално сме како пијани муви - се клатиме со очи полни солзи.
    Ти ни ги даваш последните совети, ние ги ставаме рацете на очите. Божем солзите ќе престанат.
    Ти ни кажуваш дека си горд што си бил дел од нас, ние веќе не го криеме липањето.

    ''Кој плаче - нема да добие слатко.'' - велиш со очи црвени како жар.

    Ти го исполни мојот сон - не ми е гајле за тоа клето слатко.

    Ти благодарам. :bow: :bow: :bow:
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  18. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.224
    Допаѓања:
    56.911
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Пуштајте МТВ1. :rofl:
     
  19. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Сакам да кажам...

    Ајд тргнав јас за накај чаршија .. се гледаме утре :*
     
  20. KrystalTears

    KrystalTears Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    29
    Сакам да кажам...

    Си се нашминкав со новите сенки за очи. :)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.