Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Кој е некој, било кој за мене да ми суди како јас го водам животот? Тој да не ме родил па да ме поседува?? Па и мајка ми не ми суди што уствари стварно ме родила ... ни татко ми што можеби цела ноќ ме правел. А не па некои си ојлевци дојлевци криви дрини исправаат за мене ...
    Или која сум јас па на некој да му судам?
    Никоја ...

    Јас си носам мои одлуки, како што сметам и мислам дека е правилно. Со последиците, успесите и неуспесите од моите постапки како и комликациите од истите се сносам јас. Лично ЈАС, и никој друг... Кога некој не го засега, што има да ми кажува дали јас имам или немам памет што ризикувам? Имам бе, и за извоз имам, ај сега чао.
    Ич не ми е гајле како некој си го води животот. Негов живот, и неговите одлуки нема што јас да ги преиспитувам и да осудувам ако не ме засегаат мене и ако воопшто личноста не побарала совет. Ако побарала радо би да си кажам мое мислење, во спротивно нема што да си ја мешам стојна кај туѓи стојковци.
    Многу е подобро отколку да се борам со смотани стереотипи.

    За секој некој што не е во ред, си има институции, стручни лица, нека се обратат кај што сакаат.

    Мене ако ми е мерак, сега гола ќе се соблечам и ќе шетам низ мало. Мене ако ми е мерак, ќе се фрлам во Вардар, ако ми е мерак ќе шетам боса по главна и ќе лежам на сред улица. Ако не те држи газот да правиш нешто, јас не те терам со сила. Јас не се плашам да одам на ризик ... Зарем е потребно цел живот да се помине на онаа безбедната страна? И не зборувам за ризици од типот дрогирање, пијанчење ненормално, токсикологии и слични работи ... Зборам за ризици во љубовта, факултетот, друштвото, општо животот. Па и едно возење со погрешен автобус од јсп ако сака нека е.

    Не сакам да сум несигурна, не сакам луѓе што ми влеваат несигурност и страв, не сакам луѓе што се нестабилни и од пред време прогнозираат дека се ќе биде црни црнила во иднината. Не сакам луѓе што три дена пред испит се тресат како светот да ќе заврши ако не се положи, и не сакам кога некој цело време зборува како навиен само за неговите искуства и проблеми и не ни стиска кочница да те праша а ти добар ли си? да не имаш некој проблем?
    Не. И да имам не кажувам. Па нека си мислат дека немам и дека сум без памет цело време. Мене знаете мед имелко ми тече деноноќно, и златници какам секој ден. Ама не, памет немам ... јок. Ама убаво ми е и така.
    Ебате глупите.

    Изреволтирана, исфрустрирана, максимално потресена, ќе си легнам. Тоа е вери мач паметна идеа.
    На крај краева земјава секакви суштества држи. И јас против тоа не можам.
    Доволно е што јас знам каде стојам и што си имам зацртано за себе.
    Туѓи мислења, ноуп, не ми требаат додека не побарам чувајте си ги за себе ... поготово ако се злонамерни и подли како и особите од кои излегуваат, а не добронамерни ...

    Ајт, останете ми со здравје, и со памет, или без ... кој како зависи. :bandit:
     
    На bittersweet, Strumfeta93, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК по такви патишта одат само оние кои веруваат. И се‘ е полесно кога не си сам.
    Препуштете се на ветрот, не плашете се од промени.

    Ваков ден... тоа е она што го сакав.
     
    На blond му/ѝ се допаѓа ова.
  3. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    На диета ќе бев,ахаа да мн убава диета сега си јадев пицаа,па сега дома крекери еве гнетам а колку се трудев,за рамно стомаче да ми го видите сега топка ми е,ама од утре ее од утре нема поќеезбогувајсе со сее и така ќе биде кога ќе речам :devil:
     
  4. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Кој вика дека денешните деца само на компјутер седат?
    -Епа не сте во право!

    Излеговме надвор, ко по обичај, и гледаме како играат фудбал, на шала не викнаа да играме, само ние женски, сме се заиграле со 20 машки фудбал. Седнавме да се одмориме, па не поканија на граница. Да, да граница, памтите што е тоа? Ајде, се собрале сите, додека се поделат се испокараа, ние се изнасмеавме.
    Мислеа јас женско, дека ќе се срамам, дека немам кондиција, јас повеќе од нив трчав. И секад кога играме вака, мора јас едниствено женско да сум со 10 машки. Среќа сите ги знаев. :D Неможат со мене бе. Јез да јас по другар трчав, зашто ќе се загубев, ама сепак.. Сум се испотила ко за цела година. Се изнатрчав, се изнасмеав, многу убава вечер.
    Сум се изненадила, и многу мислења сменив денес.
    Знаете, секогаш првиот впечаток е погрешен. Јас не ги знаев вакви. Позитивна промена, или пак лош прв впечаток.
    Мило ми е што се изнаиграв, мило ми е што се изнасмеав, мило ми е што ги сменив погледите на другите, зашто првиот впечаток беше лош.

    Е така, не се лажете дека изумреле овие игри, зашто сепак има едно „феминче“ што и ден денес ги игра.

    Со радост.


    И да, сега само се надевам.. :)
     
    На GarpovaV и teddybear им се допаѓа ова.
  5. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК обожавам да ги гледам ѕвездите и месечината навечер.....
    хмм каква ли мистериозност се крие во нив... :^)
     

    Прикачени фајлови:

    • moonlight.jpg
      moonlight.jpg
      Големина на фајлот:
      15,1 KB
      Прегледи:
      156
    На mims-89, Gordana10 и pumpkin им се допаѓа ова.
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Петок било ден за излегување :^)
    Секој ден е ден за излегување,па што...
    Седнав да читам- не ми се чита,седнав да гледам филм-не ми се прави ниту тоа,седнав на фб-и таму штамаа....по тапа ден-вечер има?

    Сакам пиењее!!!
    Ми се пиееее,под итно ми треба пиење...има едно бело винце не чепнато си стои да го пијам сама не иде :|
    Има пивце-да го пијам сама не бива :|

    Да седам сама-не бива.

    Ај да ти се мочам во петокот досаден,ни јас не знам шо ми се праве |( :fubar:


    Вие шо правете ?
     
  7. katrin96

    katrin96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 мај 2011
    Пораки:
    39
    Допаѓања:
    9
  8. Leeloo

    Leeloo Популарен член

    Се зачлени на:
    11 декември 2010
    Пораки:
    645
    Допаѓања:
    290
    Сакам да кажам...

    Смачено ми е веке, ова мора да смени!
     
    На LaDyDoLl му/ѝ се допаѓа ова.
  9. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.474
    Допаѓања:
    34.852
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    хахахахха каков петок за излегување кога седиме дома. Се приклучувам во друштвото на ,, дома седење и безделничење,, зошто цел ден сум во лежача положба уфффффф го мразам овој петок ајде нека помине.....
     
  10. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Го силував.
    Буквално му ги искинав боксерките.
    Сигурна сум,доколку постои и најмала веројатност женско да може да силува машко,дека ова беше тоа.
    I'm guilty.Arrest me if you want,but I would do it again.
    And again.
    :mm:
     
    На Strumfeta93, mims-89, Lepaaa и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Сакам да кажам...

    :wasntme:

    Сакам да кажам дека денеска сум ненормално ненормална. Сума сумарум на цел ден, една паметна реченица не склопив. :wasntme: Ако, морам да имам глупи денови. :lol: ama top43 mi e bwe, ne znaete wie 8)
     
  12. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Жени, како живеете на овие пеколни температури во Скопје????
    Тоа можда е за во СДП, али ајде, везе нема... :D
    Ми се запна тато во турската болница да одиме и отидовме на преглед. Се фино лепо таму и јас како јас нормално дека пред се мислам на лепотанот мој и не сакав да се вратиме со празни раце за него. Па се запнав кај Мелита во Бруно да одиме.
    Сум чула јас некогаш дека тоа било во Аеродром и се упативме таму...
    Прашај ваму, те пратиле таму, прашај таму те пуштаат онаму... И така талкајки околу Бисер конечно најдовме каде е (уствари била). А знаете што има во дуќанот?? Не, пет шоп, туку кладилница. :o Е попот магаре ми се виде стварно. Ја затвориле продавницата (малку ми е неверно, ама ќе испитам)...
    Ексик си реков... Топло, пот од мене тече како 40минути на орбитрек да сум вежбала, нозете ме болат како цееееееееел саат со лепотанот да сум трчала... А требаше да се враќаме кај колата!!! :!:
    Е ѕ пм си викам, кај барав и јас да идам без претходно да се јавам и да се расрашам!!!
    Ама тоа е, пуста љубов моја кучешка, пуста останала, се сневидела!!
    Душата ми излезе по тропските горештини во Скопје!!
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  13. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...обично таква телевизиска дијареа не ми го фаќа вниманието, но случајно налетав на епизода од ПРЕЉУБНИЦИ, тоа каде што демек ги фаќаат како вараат...КОЛКУ Е ФЕЈК, МЕ Е МОГУЧЕ :D :D :D
     
    На la-chicka, Hipica, zhap4e и 4 други им се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека сестра ми е преубава. Иако цел ден ме гњавеше што да носи, вечерва кога излезе се гордеев со неа. Плус ми дозволи да ја ставам на блог :wasntme:
    Друго што сакав да кажам е дека не сфаќам зошто кога некој упорно навалува дека сака да биде со тебе, ти кажува колку многу те сака, после се прави недопирлив? Дечко не дека ме интересираш ама за другар фин ќе беше. Не сакам такви игри. Без разлика дали ќе имаше нешто меѓу нас, после толку разговири ти мене топло- ладно? Ма сега ѕвони не ти кревам!
    Сакам и некој нов момак во животов, кој со својата појаве ќе ми ги растрепери коленициве, ќе останам со подотворена уста и едвај ќе чекам да ни се сретнат погледите, не па разговор да почне. Многу сакам? НЕ!
     
    На Strumfeta93, Go-Girl, TheCandy880 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сакам да кажам...

    Талогот на ноќва го собирам
    во овој филџан чај
    со вкус на цимет и јаболко
    заблажен со чоколадо

    ..и така од никаде
    наеднаш ме преплави сонот
    па.. се мислам
    дали да го изгаснам светлово
    и да се закотвам во свилената постела
    на мојот скар кауч? :wasntme:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
  17. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Сакам да кажам...


    ПО ФЕЈК НЕМОЖЕ ДА БИДЕ!

    Коа ќе им кажат, се потсмевнуваат, а башка како глумат да не збориме. :x
    "Ама ја нисам желео, она ме напала." :clap: ( А он бик од 170 кила |( )
     
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    "Ја хочу да идем у Америкууу" ама и денсот на креветот беше ѕверски (читај аматерски)

    Он топик:

    Текстов го обожавам

    Зарем човекот не е неверојатно суштество? Тој убива милиони диви животни за да ги заштити своите домашни животни и нивната храна. После убива милијарди домашни животни и ги јаде. Како резултат, милиони луѓе умираат од фатални болести како срцев удар, заболување на бубрези и рак. После тоа, човекот мачи и убива милиони животни во лабораториите обидувајќи се да најде лек за тие болести. Во исто време, на друго место милиони луѓе умираат од неадекватна исхрана и глад бидејќи храната што може да ги спаси е користена за згојување на домашните животни. Во меѓувреме, некои луѓе се смеат иронично на апсурдноста на човекот, кој убива толку лесно и насилно, и еднаш годишно праќа картички со молитви за "Мир на Земјата."

    Напишано од Дејвид Коутс (Фармата на МекДоналд)
     
  19. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.263
    Допаѓања:
    157.653
    Сакам да кажам...

    Сдк сонувам ист сон два дена по ред...чувството потоа е неописливо,ама и алармантно (не,не додавајте сексуална конотација,первезни жени!).Ликот не го гледам,ама чувството кое го предизвикува знам за која личност се работи,ама како и во реалноста,секогаш бега кога треба да биде сериозно...
    Живот ли е,што ли е?!Функционира на смешни начини. Ме плаши фактот што тамам ќе помислам дека луѓето се менуваат и созреваат,доживувам крах на моите очекувања и оптимизам кои резултираат со тотална разочараност,иако се трудам очајно да го видам единствениот мртов пиксел (по случајност) на црниот екран,таков шарен,насмеан до иритирање.Мртов,а весел,разбија монотонија,а тебе те нервира!Глеј иронија!
    Толку се почувствував разочарано од една личност што во целост ми пропаднаа сите очекувања,заложби и интереси.До името на некои луѓе можеш само да ставиш знак еднакво и сељак.Да се разбереме,сељак не е само човек со златни ланац, турбофолкер, залижан фриз,лоша ципела,кошуља,туку и многу повеќе од тоа...многу повеќе,дури и кога слуша перфектно добра музика и ко,а гледаш потенцијал.Не дека некој задолжително треба да се однесува по некој модел,туку барем да биде посуптилен. Порано барем се трудеше и ќе опростиш због лошег...ама сега од небулоза во небулоза и се плетка со свилени пајажинки кои впрочем се плуканици,ама сепак делуваат влошебно и шаренко на одблесокот на августовсково сонце. Да не бидам патетична...не дека животот ми зависеше или целата среќа ја ставив на хазард,иако ја имам таа тендеција да бидам тежок коцкар со желба за забава и промени,ама барем приближно да ми биде пресметан ризикот,тука верував безрезервно,иако не губев ништо,а можев да добијам многу малку.Нејсе,поентата е доловена,јас сум разочарана,а недостатоците од минатото,недостатоците потоа кои ти не си бил доволно посветен на себе си за да ги закрпиш и продолжиш коштаат една армија,коштаат нерви и верување дека ти ќе станеш човек.А човек не се станува со давање ситниш на циганчето кое проси, лупање у гради дека име не даваме,одење на протест за погинатото дете затоа што народ ќе види и дека така треба да биде,туку кога вистински така се (со)чувствуваш,а тука има многу изгубени ликови, со расеани погледи од причина што се трудат да уловат уште 1000 други,а впрочем никој никого не гледа затоа што е зафатен со тоа да види кој него го гледа...и така се во круг.
    Одбивав оваа личноста да ја гледам како дел од толпата,туку ко револуционер на мојата генерација,можеби не многу знаен,ами по размислувањата и воопшто за себе... и на крајот една цртка за да направам сублимат,се работи за празна личност која талка и немирот и игра во очите.Повредува свесно,а уште посвесно кажува дека не е виновна за истото,не гледајќи ја иронијата во сето тоа.

    Ако го тргнам ова на страна,но и со ова затоа што на крајот,јас сум среќна зошто на време ми згасна лажниот сјај,а при тоа да си го задржам достоинството и да препуштам на останатите мермерни и сјајни површини мирно да ја примаат особата,а при тоа дозволувајќи да им ваја виуги онака како што неа и одговараат...значи избегав од муабетот,на крајот од денот јас сум среќна од многу причини.
    Најнепосебната,а најдрага е што сакам едни очи и само на две места се чувствувам сосема безбедно и без ниту еден услов - сакано. Во пријатната негова прегратка и неговото ненормално големо трпение,а од друга страна таква тактичност,просто ко мало дете да залажува и си го вози,па иако по малку наивна излегувам,резултатот е да се чувствувам прекрасно и посебно.Пикник во градски парк со сите можни циганчиња кои се џиткаа ласта во езерцето.Ма каки аквапарк бе?! Каки лејзи ривр?! (до душа си замислив,можете да замислите на тоа место да има аква парк со тоооолку долга лејзи ривр,а?!) А другото место е,дома. Родители кои имале од секогаш слух за она што имам да го кажам,да се пожалам,да ги посмеам и фала к*рцу да не станам емоционално празна и саката личност ко погоре споменатата. Родители,почесто гушкајте си ги децата.Пари не кошта,а пари штеди (која економија лежи во ова,вака гледано долгорочно уф,уф,уф)
    Нетрпеливо го чекам мирисот на утрешниот ден и опуштеноста на мојот дом и моите прекрасни гости за подоцна речам едно сајонара до убавините на некои места.
    А дека сме поврзани на некои лоши начини со некои погрешни луѓе и се нарекуваме сродни души и без да мора да бидеме целосно исти или пак сме исти,но ги гледаме работите кај нив кои се најлоши и ги мразиме од дното на душата,а всушност се и наши карактеристики...кој знае да изведе нзс?!
    Мојата оценка се задржа на високо место без да задржувам крај себе личности кои црпат енергија и ми ја истоштуваат душата наместо квалитетно да ме искористат за обострано задоволство. Немаат право да се лутат.
    Сега му правам живели на денов и си ја душкам ноќта,која толку многу мириса на лето и чинам до прва следи најдоброто,а не заоѓа.
    Денешнинава постана таква да постои и категорија ко на пример љубовен луксуз.
    На крајот,ако не ве користат квалитетно,не дозволувајте да ве користат уопште,туку искористете се сами најдобро што можете.
    [​IMG]
    Масичка со перфектен поглед и жешко кафе,дури и кога има 41 степен целзиусов.
     
    На LivingGlam и mims-89 им се допаѓа ова.
  20. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    СДК добра ноќ на сите јас одам да нанкам ;)
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.