Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...се повеќе му завидувам колку е неговиот живот едноставен. Мјау и ќе добие за јадење, врне надвор, мјау и ќе го пуштиш внатре, мјау и ќе си фати згодна мачорка и никогаш не му се комплицираат врските...и спиење. Кратка листа на активности а сепак среќен.
     

    Прикачени фајлови:

    На la-chicka, k.i.m, Theodora и 17 други им се допаѓа ова.
  2. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Сакам да кажам...

    ...дека незнам кај одам. Обично не се случува вака, си зацртувам планови во главата и си ги остварувам.
    Незнам дали требаше да бидам пријатно изненадена еднаш (додуша не само еднаш) кога ми кажаа дека не делувам како обично дете/девојче на мои години.
    Сега, или сум премногу мрчаторски настроена и се правам паметњакович или сум крајно несериозна и зелена.

    Ја би ипак, првото.
    За доброто на сите, као демек.

    Факт е дека I don't care what you think, unless it's about me, ко што си кажа Курт Кобејн, ама нели, после си се рокна и се утепа, или тоа го направи Кортни. Како и да е...

    Мачкава од постот на Елементал личи на мене, така лежерно оптегната чекам да ми дојде некоја нова фикс идеја да си го дигнам животот на нозе. Мајку му стара, ми фали серотонин во крвта! Проклети хормони.

    А да, сакав да кажам, неспособните се толку способни, што можат да ги онеспособат способните.
    И само јас приметувам дека зборовиве немаат никакво значење?
    Па ти ако си бил способен да размилуваш, немало да дозволиш некој така да влијае врз тебе.

    Али, fu.k It.
    Ајде, да не тапацирам, нико није савршан филозофии...
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  3. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Сакам да кажам...

    Премногу зборувам..Премногу си дозволувам...Премногу сакам и мразам!
    Ми треба личност да ме научи на граница.Да ми стави црта на моето широко отворено небо,каде можам лесно да ги скршам крилјата и да паднам.Или веќе паднав и пак правам обид да летам?!
    Машки карактер сум,не е на арно.Како ќе се поставиш спрема луѓето,така ќе те третираат.
    Не се за ништо виновни тие.Во секој трач има пола вистина,дури и малку повеќе.
    Бев дама,бев почитувана до болка..А сега,пак чекорам по истите улици но не со истата фатална насмевка и гордо исправена глава.
    Сакам да учам на грешките..Сакам,но не можам.Ме прават само уште поголем идиот.
    Во што се претворив,која сум јас,како станав ваква?
    Желбата за повеќе....

    П.С ...На некои феминки им се дивам.Тоа се оние кои останаа целосно во тајност,без ниедна нивна објавена слика,ни од нокт,ни од око.Оние кои се присутни само со збор.И обожавам да правам нивни слики во главата :) ..Мене не ми се восхитувајте на храброста,само будалите ја имаат во голема количина. :)
     
    На EleMental и TeddyGrey им се допаѓа ова.
  4. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк денес ми е фемина роденден!
    Прв роденден на фемина :party: :party: :party:

    За една година запознав прекрасни девојки,со некои се зближив и сум среќна што ги имам покрај мене макар само виртуелно,секојдневно се читкаме овде и не сакајки си влегуваме една на друга во животите и искуствата.Има прекрасни личности овде ! :*
    А кога станува збор пак за неколкуте момци што ги има по форумот ехееее мислам дека нема потреба да зборувам,единствени се и треба да ги чуваме,пазиме :P :)

    Останете свои какви што сте насмеани,среќни,тажни,депресивни,храбри,тврдоглави,нарциси,bitches :tmi: ,пријатни,зборливи за да се дружиме и понатаму.
    А јас да ве почастам па повелете послужете се не срамете се :lol:

    Ве сака вашата Кенди !!!

    За секој по нешто :*

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Speechless, la-chicka, Miss-Independent и 21 други им се допаѓа ова.
  5. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    БИК (20. IV – 20. V)

    Сабота, 20 Август 2011
    Денес е одличен ден за да излезете на прошетка во природа, по можност покрај вода. Ако не можете да си го дозволите тоа, наполнете ја кадата, запалете неколку ароматизирани свеќи и уживајте во топла бања.
    Релаксацијата што ќе ја почувствувате и мирот што ќе го добиете нема да може да ги замените со ништо друго.


    Значи се е точно баш денес бев во природа покрај вода ц ц ц
     
  6. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=WKwfqzTL ... re=related

    Едни сини, сини очи, небаре Вардар! 8) :rofl: :rofl:

    Каков умор, какви сензации ми приредува животов, еј.
    Ахаха. Продолжувам!

    Туку, знаеш што? Манијачки и мазохистички сум кул. Онака, пропаѓам у мекотијата на нештата. Па што. Доста беа адреналински шокови, па после тоа неможност за опоравак. (каков збор?)
    Мајка ми мати кајгана, јас матам нечии очи. Заспав ко теле вчера, и сонував како се мувам со тројца во иста вечер.
    Бештија сонувачка. :rofl:
    Ништо не ми фали, ќе си пораснам! Контакт со очи - добар, добар.
    Важно е да не е тажно!
    Идам да си пишувам семинарски сега и да држам дистанци.
    Алелуја.
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Кисела вода рулз!
    Не мислев на онаа населбана, туку на минерална вода :D на топлово ми е поубава од било што друго, ама не таа со вкус на лимон туку обична и јас да си ставам 1 тркалце свеж лимон.....па си пијам голтка по голтка и си ја чувам во уста додека ме пецкаат меурчињата од сода :D :D :D

    Вчера цел ден бев ваква :talk: ма се изназборев и што треба, а богами и што нетреба :$
    Денес пак ќе зборам, односно прстите ќе зборат место мене, овде на фемина :rofl:

    Ми претстои цеееел ден безделничење :wasntme:
    Поздрав од Гоу од земјата дембелија :hai:
     
    На zhap4e и EleMental им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.769
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК забележав многу работи ви пречат од сабајле. Мене не ми пречат многу, само една. Мразам кога во осум часот наутро некоја комшика ќе ја разбуди мајка ми за да дојде на кафе. Во пакет со ова мразење одат и сите довикувачки муабети со комшиите кои поминуваат по улица. Нели ова не би ми пречело прозорецот од собата да не ми е на улица и накај двор. Плус сеуште не можам да ги сфатам луѓето кои пред 12 часот си одат на кафе, па кога станувате, појадувате? Не сакам никој пред 12 часот освен оние кои имаат неодложна работа, на кои што треба да им се помогне, оние кои патуваат од далеку па мораат да стигнат во осум, девет или пак ако некој случајно сака да ме разбуди со интересно изненадување :wasntme:
     
  9. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    сдк крај на август а 50 степени е :^)
    Се чуствувам како да се наоѓам во пеколот, добро барем ние Македонците нема да имаме проблем таму ако не друго.
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И јас се препознав тука, додуша беше 11 саат, ама ете.. Мајка ми не беше дома, до продавница била. И дојде една комшивка, 20 пати ѕвонеше, и тоа долго, ме разбуди. Не отворив, ама ѕвонеше додека не дојде мајка ми од продавница. ]:)
     
  11. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ооо колку мразам вакви, посебно кога ѕвонат додека не прегори ѕвончето :fubar:
    Абе алооо јас не сум глува!-ааа им кажувам јас, ако не се издушам неможам ке пукнам :@
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...со многу малку труд и инвестиција од неколку шишиња вода можеме да им помогнеме на нашите улични пријателчиња да ги преживеат горештиниве. Да не дозволиме да страдаат за нешто што сите ние го земаме здраво за готово и го трошиме И залудно секој ден. Вода.

    [​IMG]
     
    На Theodora, Strumfeta93, LivingGlam и 3 други им се допаѓа ова.
  13. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.100
    Сакам да кажам...

    Машките членови на фемина се како лоши чичковци кои им кажуваат на малите дечиња дека не постои Дедо Мраз. Кога тогаш тие ќе ја дознаат вистината за Дедо Мраз, но да им кажеш во време кога најмногу веруваат во него-е тоа боли! :) ;)
     
    На Speechless, SuperGirl2010, lolyta777 и 4 други им се допаѓа ова.
  14. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да и кажам не Еленнааа:
    заради потписот твој, се осеќам виновна за смртта на максимум по две банани годишно :D
    И бананите да ти биле живо биќе! :(
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  15. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да кажам...

    СДК
    Досадно..горештина..не не е горештина туку ПЕКОЛНА ГОРЕШТИНА ..како ке се држи..ке си попукаам
     
    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    СДК пробајте да се разбудите со насмевка да видите какво е чувството цел ден потоа.
    Тоа одсекогаш го практикувам, не памтам да сум се разбудила со лошо расположение, нов ден е, како може да ме следи некоја негативност од претходниот ден... :^) епа неможе!
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    СДК да не се жалете што е топло,оти зимоска ќе го барате сонцето :!: Топло,па топло,а зимоска -ладно та ладно....Така е увек,ако е црно сакаме бело,никако да се задоволи величеството-човек :|
     
  18. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
  19. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    Се е добро, кога добро ќе заврши. :hai:

    Уште еден месец и чао Велес.
     
    На Strumfeta93 и Offspring им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.594
    Допаѓања:
    43.141
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку ми е ќеф кога секоја сабота се сместам у фотељата и пуштам Пријатели и ги гледам сите епизоди од цела недела по ред.Ме расположуваат секогаш, ама баш секогаш им успева.
    Колку само ме нервира шо надвор е така задушно и спарно.Сега сакам да дојде есен.Ногу сакам кога се шеткам, а надвор е „кога лисјата паѓаат“ и јас ги газам така со мерак, ми крцкат под нозите и имам таква фаца на лицето како некој лудак шо се смешка, ама стварно ми е интересно мајке ми..Е го сакам тој период од годината...уствари јас ги сакам сите периоди од годината само кога се задржуваат повеќе од што треба почнувам да ги мразам.
    И обично не пишувам често во темава ама сега имам работи да кажам, онака бош муабет...неврзан, колку да не убива тишината.
     
    На beached и Magnolija им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.