Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не дека немам што да кажам, имам многу работи, но најверојатно за поголемиот дел не можам да ги најдам вистинските зборови.

    Делумно изгубив и желба да пишувам на форумов, а некои си дебилни постови од два-три збора не ми се пишуваат само за да набилдам мислење плус.

    Најверојатно ова не е од оние постови како на некои членови кои што изобилуваат со квалитет, кои што те тераат да се подзамислиш и воедно да се откажеш од постирање на некој твој скромен пост во споредба со нивниот, но имам едноставно потреба да се искажам некаде, зошто деновиве дури и премногу се затворив во себе.

    Евентот на кој што присуствував пред некој ден, поточно кажано луѓето кои што ги видов таму, ме навратија некој месец назад. Јас ионака слаба, мислејќи дека штотуку завршив и победив во борбата со спомените, останав со пресечени колена и забрзано чукање на срцето. Изгледа погрешив по не знам кој пат. Изгледа, спомените ме победија мене.
    Некогаш, некогаш само сакам да кренам бело знаменце и да викнам на цел глас “Доста е!!“. Примирје, некаков компромис, ми треба продолжение на животов.

    Подадената рака за да го спроведам истото, упорно и упорно ја одбивам и да, затоа никој не ми е крив. Сакам да летнам, но не и да се ослободам од срањето кое што ме влече надолу. Сепак, најтрагичното од се` е што сум самата свесна за се ова, го размислувам секој ден пред спиење, откако ќе се разбудам, кога седам сама на тераса и ги гледам ѕвездите, размислувам за минатото наместо да уживам во сегашноста и да ја дочекувам со среќа иднината.
    Најубаво ми е кога сум опкружена со луѓе, макар водела и некои безвезни муабети. Тие ме спасуваат..

    Лошо ми е, но продолжувам со глумата. И силна сум и ќе истраам. Кога тогаш мора да помине и ова и ќе биде само уште еден спомен..
    Лош, но поучен. :)
     
    На XMaN, L-enna, Scar.Tissue и 3 други им се допаѓа ова.
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Дали надвор е 32 или 40 степени не ме занима! И така денес нема да се мрднам од кревет, ќе лежам, јадам и буљам во тв со вентилаторот свртен накај мене.
    Се чувствувам непокретна кога ќе добијам, го мразам светот и сите што се среќни. Денов имаше толку поненцијал, колку што сум јас малер. А тоа значи многу. И наместо да уживав во некоја од опциите што ми ги нудеа, јас останав дома со влошка меѓу нозе.
    Fuck life. :|
     
    На la-chicka, TheCandy880, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека бев на гости во друг град и таму запознав дечко од Франција..преубав е и добар и фин..Се мувавме и сакам да ви кажам дека никогаш со никој не сум си толку убаво поминала.Толку убаво се чувствував кога бев со него,исполнето,среќно.Дечкото е од Франција,таму е роден,а има куќа тука на баба му..и тука е цел месец.Сега е во авион моментално.Си оди за Франција,а јас си дојдов дома и цело време мислам на него :| неможаааааммммммм :@

    Преубаво ми беше,.Тоа сакав да ви кажам ! :inlove: :inlove:
     
  4. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, од септември почнувам да учам редовно, а не кампањски.
    (Секоја година си го кажувам ова, ама џабе. Ај ваљда ќе ми се потрефи среќата годинава.)
     
  5. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    ... дека разговор со некоја другарка,со која заедно сте пораснале,сте плачеле кога ќе сте изваделе 4 а не 5,кога сте ги мереле цицките колкави ви се и уоптше сте и се смееле на некоја у 5 одд. има цицки,а вие немате,со која се гледате низ годините назад што се сте поминале,почнува да ве боли глава од сите глупости,која беше прва која дозна за првото лапање,првиот секс,беше тука за вас за првата разделба,заедно седите и тупите некоја работа до максимум или само седите така - разговор со таква особа секогаш ми годи многу добро.

    Убаво е да имаш такви другарки. Убаво е што ја имам неа.


    :)
     
    На bittersweet, baguf4e, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Добро е секоја девојка да си има домаќинска жичка. :f:
    Лошо е што после триста експерименти и специјалитети не знае човек од каде да почне да ја чисти кујната пошто добар готвач додека готви се заборава и прави хаос. Како на пример јас.
    А нели, ако мајка ви ја најде во ужасот во кој сте ја довеле китченот, па ... да речеме, ќе ве нема на овој свет. :D
    Изморена, жалосно ги измив од мене 322039 мириси кои се мешаа и брашното од лицето и косата, и еве дојдов да си се самопофалам.
    Сакам да готвам и готвам и готвам, сакам да се фрцкам со кецела, сакам да мешам, да правам, да експериментирам, сакам едно да мешам а друго да трчам да го извадам од шпорет, сакам хаос во кујна а пак се да е совршено вкусно, сакам убаво да ја сервирам масата, ги сакам среќните фацијални изрази на луѓето кои кога ќе го пробаат јадењето викаат ммм колку вкусно. Ме исполнува, ми го полни срцето и ми ја полни душата.
    Поготово кога тие линости се брат ми и дечко ми, кои се доживотни мрчатори. Моите како и да е, само ако нешто ептен е за нигде ќе прокоментираат инаку претежно се преморени па јадат се што ќе им принесам ...
    Сега брат ми чим ме испофали, сигурно и дебелкото ќе се согласеше со него, ама штета не е тука ...
    Тие двајца си сакаат совршенство.
    А јас си сакам да им угодувам. За се и сешто ...
    Море ... патот до љубовта е преку стомакот ...
    Благо, кисело, солено, месено, печено, непечено ... само да е јадење. Њами.
    Ви викам јас, во Италија ќе имам ресторан. И така обожавам тестенини, би можела да се давам во нив деноноќно ...

    Кој е за макарони со сос или пире со гулаш а покрај тоа и совршенството од црвено винце сангрија -повеЉајте. За десерт совршени УЛТРАчоколадни мафинс. Па директ во кревет, зашто ако не ви се слоши после се ова, не сте човек. :D

    Си се испофалив, ама што да правам, не сум јас крива што сум совршена. :D :bow:

    Плус доказ за моето совршенство е тоа дека само ден и пол го спремав статистика испитот, а задачите денес ги направив тата-мата. :sun:

    Ах. :f:
     
    На Speechless, minne-mouse и zhap4e им се допаѓа ова.
  7. Ruza.Ruzica

    Ruza.Ruzica Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    199
    Допаѓања:
    24
    Сакам да кажам...

    Ехх.. го знаете оној посраниот момент кога имате добиено и таман поминат 4 мачни денови со влошка меѓу нозете и си помислите јесс барем овој пат болката на јајниците ќе ме замине и бууум :o ете го..
    И така јас нешто безврска си доручкував колку да се јаде...си испив апченце(да се живи и здрави ај сеа да не рекламирам кои ќе треба да ме плаќаат :lol: ) се потсмирив и решив да ги фатам Очајните домаќинки на интернет со цел да ме дигнат малце.
    Знаете и јас да почувствувам нешто барем за туѓи, фиктивни животи.Кога веќе мојот е целиот месст ап!
    Ни дечко се нема ни за шмек се нема.Ма и не ми треба да ви кажам..ај па одвај со бившиот сум на рамно сеа со друг да мачам маки..па не иде.
    И така јас си речив да си терам сама како си знам и умеам.Со понекоја другарка абе мераци. :) Се додека не дојде ноќта и не ми зафали тој али јбг...
    Ај уште школото да започне и ќе немам време ни за форум ни за ништо :lol: А добро е тоа нели?Или сепак не... :doh:
     
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.499
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Повеќе ги сакав старите тастатури, тие сиво-белите.
    Посимпатичен беше звукот додека притискаш..
     
  9. s1a1n1d1r1a1

    s1a1n1d1r1a1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    1.685
    Допаѓања:
    14.360
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека е прежешко и пребучно и неможам да слушнам ни шо мислам.... Го имав најубото лето во животот ама сега стварно мислам дека е време да заврши...Едноставно неможам поќе се ме иритира и сите се среќни околу мене а јас сум во една таква депресија шо незнам поќе шо да напрам... И веќе ова менструацијата у три п**** м******* нека фати !!! Аман нека почни редовно да ми иди АМАН !! ШО е ова три недели касни и нормално јас сум во 150 депресии неможам да си живеам рајат !!! Ексик :@
     
  10. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    На bittersweet, crazylady, Dgirlll и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Сакам да кажам...

    Ги читав постовите од испукајте се. Така добро се опишани ситуацииите што во рок од нецели 5-6 минути ме обзеде некоја чудна напнатост, просто да се чуди човек.

    Туку што сакав друго да кажам :^)
    ...
    А, да. Убаво ми е бе :)
    Си станав рано-рано, а рекле стари кој рано рани, два пара чевли граби, :rock: или така нешто :D
    Како и да е, си шеткав, го игнорирав жешкото. Направив добар пазар, па потоа си бев со либето да се разладам малце со цевитана :)
    Ме уби патот до дома, одвај стоев, ама битно 3-4 пати се фрцкав пред огледало со новите работи :rofl:
    Сега, finally, се спружив на кревет, кафенце, благо, весник, фемина... Мераци.
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    Скопје... Секој знае се за секој. И сите уживаме во тоа, еве и јас понекогаш признавам. Ама до толку бе да сме заостанати, ќе излезеш со другар и знаат сите веќе дека го вараш дечко ти :D А знаат и која си ти и кој е типот со тебе, знаат дека 4 години учевте заедно, дека секоја недела идете на оговарачко кафе.
    Ама пусто да се збори нешто, да не се исуши устата. Луѓе со суви грла, а влажни погледи.. Ех Скопје, Скопје.. те сакам какво и да си, па дури и сите во тебе ги сакам :* Ма нека.. Луѓе се нек си прозборат. :)
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК се повампирив! Седам до 6 наутро, а спијам до 4 преку ден.

    Вечер пее Владо :inlove: на базент, конечно, едвај чекам. Сега ќе пуштам Саут Парк затоа што тоа е единствен начин за времето побрзо да помине. :)

    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
    :rock:
     
    На ludoto19 и Shopaholic77 им се допаѓа ова.
  14. sonce777

    sonce777 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2010
    Пораки:
    461
    Допаѓања:
    262
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк тажна сум се ми е наопаку вечер нема да одам на свадба немам пари мака ми е.Си ветив самата на себе нема да се задолжувам повеке а нема и од кај да ги вратам наредната плата ке ми ја блокират па нема ни да земам.Имам друштва ме викат сите ама јас никаде не заминав овој викенд нема се пари,проклети да бидат.Напната сум и од уште иљада работи.Се е решливо ама еве нервозно ми е се.Имам некој внатрешен немир се тиштам,јадам во себе гневна сум и исполнета со бес.Се истажив.
    ;( ;( ;(
     
  15. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Така да си знајте и мажите се жртви на насилство не само жените :D
     
  16. Shopaholic77

    Shopaholic77 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2011
    Пораки:
    181
    Допаѓања:
    109
    Сакам да кажам...

    Само сакав да кажам
    --> [​IMG] <--
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...кога во тек на разговор, без да иницираш нешто во тој правец, девојка ти каже дека немаш шанси кај неа и ништо нема да се случи меѓу вас...знај дека нешто ќе се случи меѓу вас ;)
     
    На x.Daisy.x му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк тројца во глава колку да се има на нешто да се мисли бе :^)
    Поарно да не мислам на ништо.
    Едниот далеку,другиот шуплив,третиот ароганција на ниво ...готово распишувам оглас за симпатија :lol:
    Нејкам љубов,нејкам губење памет сакам нешто кратко а слатко што би рекле :$ малку треперење пред запознавање,малку скриени погледи,малку треперење на гласот,рацете,малку насмевки,малку играње некое :* :* и неколку :hug: :hug: и јас среќна и задоволна и тој-некој среќен и задоволен.Не барам многу нели :^)
    Неее!!! епа,што се чека ??? ?А?А?А?А?

    АХХХ досадоо уште на што не ме тераш !
    Мислам на глупости.
    Правам глупости.
    Јадам како луда.
    Пијам кафиња како да е крај на светот.

    И зборам :talk: како навиена...како на грбот да имам од клуч како на оние старите играчки и како некој постојано да ме навива и јас си зборам,зборам,зборам....а никој не ме слуша.



    Алоооо нели е време некој да ми скроти мисливе ? :punch:
     
    На crazylady, Nightwalker и minne-mouse им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк кој ми помогне да најдам цветен корсет ама не памучен, го носам на пица :D Mисс и Oфица се на еден чекор во пицеријата :rofl: :rofl: :rofl: :D
    сдк 2, имам за учење мене не ми чуе бре :lol: Aма ќе си положам, знам знам јас, јас се си знам, ама ништо не си знам :lol:
     
    На Miss-Independent и Offspring им се допаѓа ова.
  20. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДККК дека времето ичч не врвиии ,уште два сати и на веридбаа :)
    ќе ги видам мојте стрини ,тетки, вујни шо ги немам видeно 100 години,

    Сдкк 2 , ќе ми недостигаш премногу, мораш денес пак да заминиш?? :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.