Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вчера плачев за моите дома, оти вредат....
    А вечерва стискам душа да не заплачам за себе.... штом сум слаба - не вредам!!!!
     
  2. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.652
    Сакам да кажам...

    Срцето ми се полни кога сум на добра свирка. Адреналин одма се качува. Па и кога гитаристот е секси...

    Е кога почна да ја пее оваа песна... мислев дека ќе се струполам на земја. (јас бев најзапалена таму)

    http://www.youtube.com/watch?v=QCQTr8ZYdhg

    Ама луѓе текстот е врв :up:

    And did they get you to trade
    Your heros for ghosts?
    Hot ashes for trees?
    Hot air for a cool breeze?
    Cold comfort for change?
    And did you exchange
    A walk on part in the war
    For a lead role in a cage?


    Cold comfort for change? - колку само кажува оваа реченица. Се! Омилена ми е. Може некој цел роман да напише, а да не биде добар како овој стих. Дали само јас вака се соживувам со текстовите не знам, ама оваа ми има драгоцено значење.
    Знаете ли дека постојат луѓе кои со целото битие им се предадени на промените. Промени што не водат никаде, ама баш никаде. Сакам да се променам! А по кој пат? Правец ве молам, заеби што нема знаци. Сврзи пет-шеснаесетилјади жички и одма ќе го најдеш вистинскиот пат до промената. Ама без залажување и крајниот рзочарувачки резултат ;)
     
    На Ann.94, zhap4e и Wild.Child им се допаѓа ова.
  3. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Ова не е мрчаторски пост. :!:
    Отворам на фејсбук и гледам секој постира песна со извадок од истата горе или пишува некој цитат кој е навистина преубав. И? Зарем на тоа се сведе се, да објавиш некоја песна со цел тој/таа да ја види, да го прочита текстот на истата и евентуално да врати. Каде е моменталната реакција, онаа која иди секундарно од душа? Каде е eye contact-от?
    Искрено посакувам луѓево да беа похрабри, сето тоа што го мислат 2 саати дома, пребришуваат, редактираат, преместуваат да можат да го кажат директно во лице.
    И што е најлошо мислам дека посакувам невозможно. Како што иди времево се помалку и помалку се цени контакт каков што јас посакувам.

    Другарка ми потроши 5 часа составувајќи порака во инбокс која содржеше 5 реченици, доби исто толку за возврат. А сигурна сум да правеа муабет во живо, се ќе беше поинаку.
    Секогаш се е поинаку во живо.
    Скајпот, фејсбукот, твитерот, МСНто, Гугл+ не можат да го заменат допирот и гушкањето.
    А со нив луѓето стануваат се подалечни. Независно дали се на 1 километар, 100 или 1000.
     
    На Breezy, Strumfeta93, crazylady и 8 други им се допаѓа ова.
  4. ludacaa

    ludacaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2010
    Пораки:
    749
    Допаѓања:
    181
    Сакам да кажам...

    сдк ке ми препукнат нозевееееее ;(
     
  5. Faline

    Faline Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    682
    Допаѓања:
    549
    Сакам да кажам...

    Денес одам на одмор,сакам да се променам,ова е мислам вистинско вреем да го направам тоа,да донесам некои одлуки со ладна глава,знам дека вчера се изглупирав толку многу,барем да ми вредеше :doh:
    Нов ден-нова нафака :!: Решена сум за тоа! I''ll Back! :hai:
     
  6. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.485
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добро утро!

    Убаво е утрово. Се истуширав, сега да се средам и ке излезам на кафе со мачорот и после продолжувам на "работа".

    Ви посакувам убав ден на сите.

    :*
     
  7. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    После еден месец одмарање донесов многу мнооогу одлуки што сакам да направавам, а пред се сакам да му дадам шанса на мојот Белград после 3 години да ми се пикни под кожа, и да :!: сакам да се заљубам.. аххх :inlove:

    Епа ај добро утро :wasntme: :)
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека станав ТЕТКА на еден мал ангел!!!!! Пресреќна сум.


    [​IMG]
     
    На kate21, Theodora, bittersweet и 25 други им се допаѓа ова.
  9. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Чекај злато, запри сè, премногу брзаш Мислам дека уште е рано да се врзам Сите бајки среќен крај немаат знаеш А кратко занесот трае, знаеш ли колку боли романтичен стих Има време за нежност и страст Господ знае што чува за нас Чувствата твои не се мои Не ти давам да ме освоиш Младоста лета во сите правци Не сака златни катанци :* :* :*
     
  10. stilas7

    stilas7 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2010
    Пораки:
    1.050
    Допаѓања:
    694
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    чесетито тето внучето. :*
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  11. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Си дојдов синоќа дома, си легнав да спијам само во долна облека и спиев преубаво. :D
    Сите беа заспани, а знаев и дека сабајлево рано ќе излезат нема да ме будат, т.е нема да ми влезат во соба ... и така, синоќа само ги соблеков алиштата и треснав врз моево креветче.
    Си станав од сабајле знаејќи дека сум скроз сама дома, и се шуткав повторно полугола, пиев кафе, и јадев исто така. Сега се облеков да не си дојде некој порано од предвиденото :D
    Ама до сега уживав, сега се осеќам заробена иако сум по пижами. :$
    Туку се раздолжив а сакав само да кажам дека ги сфатив машките што спијат само по боксерици.
    Секогаш му мрчев и на брат ми и на дечко ми, е вие вака вие така ... а чувството е толкууу убаво, лесно, смирувачко ... :D Зошто не сум машко па да можам секој ден вака ?? а? а? а?

    Друго, мислам дека синоќа некоја феминка ме препозна. Знаете кога имате на себе нешто што сте го постирале во модни критики, па некоја девојка ве загледува од глава до пети со сомничави троа подзатворени очи за посилен ефект, и после со другарка и свесно пред вас шушуру бушуру си шепкаат, и на вас ви светка сијаличката. Ако сум во право и некоја од вас ме препозна, да ви кажам најискрено -некултурни сте. :!:

    И сакам да кажам папагалов ми е на диета. Еден цел ден му немам дадено јадење. Го истура фраерот бе. Ќе јаде што ќе јаде, а тој само јаде исто како и неговиот спственик и другото го истура т.е буквално го џитка тоа пластичното. :D Сега додека не ја сфати вредноста на просото и витамините низ него како и дополнителните минерали што му ги турам, ќе живее само на вода. Се шалам, сега ќе му дотурам храна, ама морав да се олеснам зашто вчера цел ден совест ме мачеше дека гладно го оставив. :tmi:

    А и да, вчера, поправо синоќа во неколку наврати останав буквално ваква :o , ама тоа е, животот оди натаму, немам време да стојам и да им се чудам на луѓето ... :D
    Секој со своето акалче :D
     
    На Miss-Independent, Neytiri, Strumfeta93 и 4 други им се допаѓа ова.
  12. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    СДК дека сабајле мајка ми е изнервира :@ таа не сака кучиња а се договоривме со татко ми дека ке ми земе од кај баба ми женско пекинезерче :inlove: а јас многу сакам кутре да ми се мота околу ја незнам шо и е на женава :^)
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК се вратив во Скопје конечно. Бев на планина. Што се не ми се случи |( .

    Дента по пристигнувањето, се будам сабајле (ептен сабајле) и што да видам - црвено на гаќичките :inlove:.
    Потоа пладнето паднав во река, да, паднав, за првпат во мојот живот да паднам во река, и тоа сосе улошка и алишта, згора на тоа мајка ми ме сликаше со дигиталниот апарат, ме сликаше ви кажувам и се згази од смеење заедно со вујна ми и сестра ми! :@ Тогаш настапи моментот кога посакав да си подзаплачам :$ нема везе. Се сушев седната на шаторското позади грмушки, зошто од другата страна на реката имаше двајца стари рибари. Проклетство. А па по мостот над реката целовреме ко за белја поминуваа возила :o :envy: И така се исушив без никој да ме види.
    Истата вечер, ама истата вечер бре луѓе качувајќи се по скалите на горниот спрат носејќи тањири и останати порцелански предмети од минатиот век, си ја треснав главата на тоа оградата над скалите каде кога доаѓаш до таму треба малце да си ја поднаведнеш, па спокојно да продолжиш да се качуваш, но јас товарена не го сторив тоа, ха. Уште ме боли главава од тоа :worried: :swear:.
    Тој ден беше кобен за мене, цел ден се нервирав и ништо не ми беше право. Барем јадев питулица.

    Веќе следниот едвај чекав да си дојдам дома. Па веќе имав седено таму 7 дена, и сега пак уште 2 и пол? Неееееееееееееее! Целовреме гледав на саат. Алал да му е на вујче што си ме зеде со нив и не само мене. Го вративме неговиот прв братучед дома (вујче помалиот) и си нарачав јуфки тетка ми да ми напраи и ми напраи, преубави мхх со кравја маст. Од кога немав јадено! Уште ми стои вкусот во устава. Потоа бев кај вујко ми. Да, се средив таму и ја преспав ноќта. Баш си коментиравме колку е тука потопло, поспарно, погужва, и по-се-така, ама пак поубаво е, мене ми е добро. Колку е таму попријатно, посвежо, помирно, почисто, но подосадно и помонотоно.
    Таму има солунска клима, стварно ми пријаше, ама да можев да ја донесам таа клима овде - ќе ја донесев, а ако веќе не можам, а не можам ќе си уклучам сега клима и + вентилатор ќе си донесам кај мене во соба. 8)
    Битно си дојдов дома после преноќувањето кај вујко ми, си навив алармче сабајле во 10 станав се преоблеков и си тргнав, блиску живееме, 10 минути максимум има пешачење. На село во 10 саат беше толку свежо дури и ладничко, а тука во 10 саат ми дојде гола да се соблечам. Ех, тоа е. Никако не си. Битно убаво е да се тргнеш малце од гужвата, да си одиш на планина и да одмориш, но не повеќе од 3 дена. :!:
     
    На MacaLove, Elennaa и Jojoba им се допаѓа ова.
  14. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Еве. Сакав да сум и бев. Белите дробови полни со чист воздух. Умот полн со нови мисли. Срцето полно со нови надежи. Се одморив и се уморив. Се изнагледав убавини. Се сликав со козата. Исти смее. :wasntme: Пеперутчиња, цвечиња, пиљчиња на секој чекор. Зурли, тапани и вино. Две ноќи поминати под дејство на алкохол. Играње, славење, пиење, зезање... Фалеа некои личности ама се преживеа и без нив. Преку ден јасно сонце, навечер сјајна месечина и ѕвезди што ми ја полнеја душата. Не видов змиулче. |( Видов скорпија. Не вервите? Јас ја кажвам вистината. Биењето на камбаната, секојденвното утринско будење од луѓето кои наседнале на терасата, па си муабетат, прошетките ... Рај. За очи, уши и срце. Мое место, мои луѓе. Ќе се видиме повторно. Наредната година. :angel:
     
  15. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Сакам да кажам...

    СДК ... дали и форумов ќе го направите ФБ?! :^) Никого не интересира каде, со кого сте биле и после цел реферат до ситници да опишувате што се ви се случувало тој ден, таа недела итн.
    Мислам, јас не сакам да читам такви постови. :shake:

    Е па морав и јас да промрчам ... да кажам и дека форумов ми губи секаква смисла во последно ...
     
    На Strumfeta93, velesanka, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Сакам да кажам...


    Морав да те цитирам, каде ја најдовте кравја маст? Тоа јадете?
     
  17. ElenI777

    ElenI777 Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 март 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    125
    Сакам да кажам...

    СДК дека не можам веќе да ги поднесам овие последни денови од досадниов август!!!
     
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    Тоа баш и не е кравја маст, туку најслично на кравја маст, се продава во Тедико ја има во кутивче малецко за со било кој вид тестенини и не дозволува да се кашкаат туку да се бројат и многу поубав вкус им дава како со маслац нешто слично, маргарин или како и да е. Само по себе не се јаде тоа :!:
     
  19. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум нааааајјјјсрекнааа сто конечно сум дома,ееееј никогас така не сум посакувала и не сум се радувала како сега,феминки мозеби треба ова да го написам во најлосиот состанок но ке бидам кратка значи се надминав самата себе па ја сум ти најголемиот магнет за дегени и се извинувам ама кретени..
    Се прасувам еве на форумот има и посилен пол ,зосто?зосто бе упорно сакаат да импресионираат и не се свесни кои мајмуни прават од себе,па бидете нормални немора да се остави најдобриот впечаток а со тоа да ги засрамувате другите околу себе |(
    Седнав на кафе со дечко кој веке одамна ми се додворува виртуелно |( ех кој го измисли интернетот, се бесе добро кога на сред бел ден кога сите си пијат кафенце си прават муабет фраерот го погоди една песна така во срце го мавна и почна да игра! :tmi: абе пее се мава како некој мајмун изведува кореографии а прв пат у зивот ме гледа еееј на кафе сме отидени абе у земја пропаднав и сто е најзално на мој терен бевме кај сто сите мене ме познаваат не него :$ пукнав лугје,ама врвот бесе кога му зборев за тоа колку ги сакам зивотните и како ми умрело кучето е тука веке станав и си отидов кога типот така внесен во муабетот ми вика Батерфлај многу ми е зал за твоето куче и ја многу ги сакам и немозам а да не плачам кога видам куче скитник без топол дом :fubar: мислам хелооооо во македонија си ги има насекаде сто ти треба оваа глума сега леле кога му капна солза ;( хииииииииииииииииии готово пукнав си станав културно му казав дека ми е мило (читај се каам сто ги отворив утрово очите) но морам да заминам а тој усте ме прасува, како во градинка,сакас ли да ми бидес девојка многу си убава ееј не сум видел поубава ти мора да ми бидес за озбилно :fubar: ...абе фраер си начукал 30 години не си способен едно кафе да се напиес во јавност лелеее сто згресив толку за вакви чудни типови мене да ми се закачат... и еве сега со олеснување си велам home sweet home :|
    А тој? сега мозеби плаче за кучињата скитници туууу бре какви лугје има
     
  20. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Сакам да кажам...

    Извини Џули,морав да прокоментирам и јас.Оваа ни е единствената слободна тема кај што можеме да пишуваме што сакаме,да си кажуваме искуства и импресии,да пренесуваме емоции,да се дружиме и да се запознаеме подобро!

    Додека некои знаат тоа да го кажат на поетски начин свака им част,другите ќе си пренесуваат онака како што го доживеале денот :)

    И јас понекогаш овде сакам да шарнам како сум си го поминала денот .На фејсбук ова би било смешно!

    Подобро нека не има,отколку да е празно.И гледајте си за себе,не бидете конфликтни ;)
     
    На maca99, Monna.Monna, x.Daisy.x и 8 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.