Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ќе полудам. Доцна си легнувам, рано станувам. Не можам никако да спијам убаво.
    Постојано помислувам како ќе ми биде без мама и тато, како ќе се снајдам во Скопје, а како на факултет?

    Порано сакав да сум голема, а сега сакам да имам едно добри 5 годинки и да сум безгрижна. :)

    Ме примија на факултет. На 26 ќе се знае кој се во државна, а кој во приватна квота. Јас секако сум во државна...но таа стипендијата ми бега за едно 2, 3 места. Не битно.. :) И со нејзе и без нејзе.

    И дечко ми ќе дојде во Ск да студира и ќе си бидеме заедно...а ако сме живи, здрави, весели и заедно може за 2 години да се крунисамо со заедничко живеење, а потоа брак. Такви ни се плановите...Но :!: како рекле ..дека никогаш не испаѓа според планот. :)
     
    На cuciTo му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Летово ми летна! буквално додека да се завртам..животов е стварно краток кога ќе размислам..уживајте го! ;)
     
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Добро направеното е подобро од добро кажаното. :!: -Рекол некој...
    А мене ми е преку глава да гледам да ги правам работите како треба,со некој ред,да биде добро за сите.Да си бил човек де.Кога ли ќе научам и јас само да тапкам по рамо и да се смешкам? :doh:
     
  4. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Раце горе креваат ако им кажеш како..а јас одамна не сум заинтересирана да му покажам некому било што.
    Демек ќе се мрднев од место, ќе почнев пак да љубам..ама не, заеби.
    Нема..не заслужува. После се што имав со него, не..
    И неможам да се жалам..премногу ми е убаво.
    Незнам што да напишам попрво, од толку многу..
    Дали дека инструкторот е :l: или па дека ги обожавам сите пијани,а богами и трезни ноќи..
    Сите денови, кога на плажа владеат насмевки и спокојство..
    Дека ги обожавам другарките и него..иако знае да ме извади од патики.
    Хммм, посебно ми е мил деновиве..кога знае дека згрешил и се лижи.
    И да, мерак ми е што малите едвај не чекаат, сите заедно.
    А нај нај нај мерак ми е шо летово е при крај. Да бидам искрена, ми се стужна.
    Сакам да ми е ладно и црвени образи.
    Како за крај нејќам да се замарам со луѓето и муабетот дека на крај ќе те заебат.
    Знам и гајле ми е. Не им се замарам..
    И би кажала уште еден куп убави работи, ама не..не сега.
    Ќе се фрлам сега на..музика. И нема да размислувам, сигурно.
    http://www.youtube.com/watch?v=7l74d1fmZbw
    Bless
     
    На TeddyGrey му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ми ги сменија овие проѕирниве. И ми ги ставиле на криво, многу се дегенски. :@ Башка мене ми се црни, и се познава. ]:)
     

    Прикачени фајлови:

    • hgh.jpg
      hgh.jpg
      Големина на фајлот:
      40,7 KB
      Прегледи:
      175
  6. srculka

    srculka Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2010
    Пораки:
    582
    Допаѓања:
    170
    Сакам да кажам...

    Песнава ми буди страшни емоции. Ме намовнува. Го буди патриотското во мене. ;( Вечна ви слава. Вие секогаш ќе бидете наши херои.
    Бевте татковци на мои другари......Не сте и никогаш нема да бидете заборавени. ;(

    http://www.youtube.com/watch?v=kOrgacHz ... _embedded#!
     
  7. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    утринава станав рано-со кокошките :D и така цела поспана почанв да се подготвувавам за денешните обврски( а згора на се сум и ненаспана, дали половина од нокта спиев) имам проблеми со несоница,веке некое време и бев :drunk: , и по толку трчање навака-натака станав ваква :$ , и уште сум таква.
    веке не мозам ниту да мрднам, толку од мене за денес :) ама сепак весела и располозена како што сум си во последно време, па еднаш се зивее :D , и му се радувам на зивотот како и на младоста секако :)
     
  8. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Добар ден феминкииии :D ..од рани зори сум станата..конечно си ги свршив работите со лична карта :) ..како и да ее имам прекрасна фамилијаа..без вас не знам шо би праела..едноставно ве сакам најмногу! :inlove:

    Дедо и Баба среќен роденден,се најјубо! :*
     
  9. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Здравје Боже, за некој месец ќе дојдат на свет две ангелчиња :angel: :angel:
    Утрово по улица поминуваа малите комшичиња и ми текна дека и другарка ми ќе има две такви мали ѕверчиња.....и ќе ме викаат ТЕТО :D Леле колку возрасно звучи тоа :sweat:

    Да се навратам на овие маливе комшичиња, беснееа нешто по улица и мајка им викаше по нив....ама тоа имињата бе..... :tmi: Лина, Лео, Лука, Линда.....и уште незнам какви модернистички имиња, мене искрено ми звучеше како по кучиња да вика :lol: Зошто ги осакатуваат децата со такви имиња?!
    Јас кога и ако некогаш имам деца, ќе им ставам нормални имиња верувам.....и нема да ги терам да јадат премногу па да се здебелат и кога ќе пораснат да си имаат комплекси :!:
     
    На Tajnaotrovna, rossonerka и joelle им се допаѓа ова.
  10. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    Alcohol doesn't change who you are. It just reveals it.
     
    На SuperGirl2010, 2468, Loritaa и 7 други им се допаѓа ова.
  11. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Доаѓа есеееееен.... моето омилено годишно време... видов едно пожолтено дрво, јес да од сонце беше пожолтено ама ме потсети на минатата, предминатата и предпредминатата и предпред....минатата есен.
    Прекрасни топли бои, топлина во душата си имам... Да, есен. Многу луѓе ми се чудат кога ќе кажам омилено годишно време дека ми е есен- како може пролет да не сакаш?
    Така фино, есен сакам!
    Го сакам шушкањето на лисјата под нозете.
    Ги сакам боите на природата во есен.
    Заљубена сум во есен...
    И среќна сум....
    И среќна сум и сега што доаѓа есента....
     
    На beached, Spell, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Mracna

    Mracna Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    255
    Допаѓања:
    127
    На crazylady, Lepaaa и Go-Girl им се допаѓа ова.
  13. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има уште точно 1 месец до есен. :rofl: Ама и јас сакам есен, многу е топло више, не се издржува. ]:) Сакам да љупам пиперки за ајвар. х)
     
    На JoxyTheFreak му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Знам, знам само кукам ама немам што да облечам :worried: Се изнервирав за џабе ама не сакам да одам со било што. Да, сакам црно да носам, сакам и сакам. Не разбираат луѓево дека црн фустан е елеганција. Не дека јас ќе се зацрнам цела имам штикли во други бои :devil:
    Сум изгубила вкус за облекување, сум носела глупости. Кратко не - криви нозе, долго не - мала сум била, тесно не - задникот ми бил огромен. Епа ако не да не доаѓам и да не излегувам од дома.
    Па уште оној мојон ми запнал ама сонце убава си, па убави ти се нозете што се нервираш? Па оди со фармерки :@ Да, да и јас тоа мислев.
    Ај да си сварам 4то кафе за денес може подобро ќе ми биде.
     
  15. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Сакам да ви каЖам што не сретнав досега на фб,а денес го сретнав :D Фамилија која ја знам,ми понудила пријателство значи цела фамилија-да не се мачат со поединечни профили си направили еден заеднички-пр.Фамилија Сеневи-да не го откривам правото презиме :lol: на профајл пикчр-целата фамилија-татко,мајка,и двете ќерки едната 30,другата 30 и нешто,btw и двете немажени.
    :x
     
  16. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека јас несакам есен! :shake:
    Несакам ни толку топло време, ама па несакам ни дожд! :shake:

    Ја сакам есента заради тоа што можам да се облечам баш во мој стил, во тие кафеави, окер бои ама па тој дождот никако не го поднесувам !!
    Сакам да не одам на предавање, зошто надвор има сонце, кое не повикува во бифето да седниме и да пиеме кафе со колегите без да се мислиме леле дали надвор ќе има маси, па врнеше цел ден и сл!
    Чадорите не ми се воопшто омилени и попрво би се намокрила цела отколку во едната рака да носам чадор, во другата чантата, па недај боже телефонот да зазвони-како ли ќе се снајдам сега! Ионака тешко се снаоѓам да го пронајдам длабоко во чантата без чадор, не па уште чадор да носам! :|

    Не поднесувам променливо време, зошто тогаш и моето расположение е променливо! :tmi:
    Несакам да учам, па сакам, па среќна сум, па депресивна-со еден збор како времето надвор, таква сум и јас!
    А до пред некое време тука сите кукавме за летото, за плажата, за коктелите, за журките до сабајле, ама нема да сме ние луѓе ако сме задоволни од се’ тоа што го имаме-значи мора нешто да ни недостига!
    Кога врне дожд, не ни одговара во никој случај... па лето е-ајде нека излезе сонцето веќе еднаш.
    Кога е топло, сите се потиме и бараме есен, есен, есен под итно и поројни дождови !! :lol:

    Како и да е, се надевам дека во понеделник, за мојот роденден нема да има дожд! :D
    Ова времето секогаш е против мене, па не памтам еден роденден поминат со сончево време!!

    Тоа што најмалку го сакаме-секогаш ни се случува...на ваков или таков начин! :lol:
    А секако и тоа што најмногу го посакува се случува...на ваков или таков начин! ;) :lol:

    Имајте убав ден! :*
     
    На TheCandy880, Loritaa и crazylady им се допаѓа ова.
  17. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Сакам да кажам...

    Хаус се си знае :lol:
     
    На Loritaa, EleMental и Lepaaa им се допаѓа ова.
  18. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    Некои работи најдобро да не ги пуштиш во етер затоа што ќе ги расипеш а секоја тајна која е кажана на повеќе од една личност веќе не е тајна, не толку ради неа туку ради етерот :).

    Затоа ќе зборам во ребуси да кажам а ништо да не кажам.

    Нешто што ми беше кажано пред 10 години кое јас упорно го чекав и мислев дека веќе се има случено дури деновиве ми блесна го глава дека тек ќе се случи. Една идеја која ја планирам веќе цела година почна да добива на динамика. Но зар е можно да било некаде во космосот закодирано што ќе преземам после 10 години. Изгледа :).

    Има ли судбина, има, ете имам и доказ а дали сум ја сменил или одложил не знам, веќе не е ни битно :).

    И уште една работа ми прави ќеиф дека најпосле ќе се посветам на тоа што го сакам и што ми лежи, нешто во што знам дека сум многу добар но од оваа или онаа причина многу ретко го правев. А ми викаа пријатели повремено, тоа е за тебе, тука лежи твојот успех :).

    Сеуште не знам дали ќе запишам постдипломски оваа година ама знам дека треба и знам дека мора инаку некој од горе пак ќе ме мавне по глава и ќе си добијам казна дека не го користам тоа што ми е дадено како поклон од универзумот.

    Ама не се занесувам дека ќе биде лесно и дека ќе биде веќе утре но знам дека веќе не се работи за години туку за месеци а јас се навикнав да чекам, ништо не се уште неколку месеци. Знам само дека ќе се случи на овој или оној начин.

    И ќе оставам нешто вредно и за идните генерации затоа што колку и да живеам во сегашноста мора да се мисли и на иднината :) .

    И на крај за сите музи во мојот живот, вие сте моите сонца и цвеќиња и моја вечна испирација :* .
     
    На simoncelicius, crazylady, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  19. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    :hai:
    Здраво ...
    Со пмс скоро дубоко навлезен, нагризувајќи ми ја психата, изолирајќи се од сите ... читајќи, и паузирајќи ...
    сфаќам ...
    Чудни се патиштата на животот ...
    Тоа сакав да ви кажам ...
    Денес право, право, право ... па оп, опасна кривина. Евентуално угорница.
    Да запреш не смееш ... а јас сум навлегла моментално во провалија. Под итно морам да превземам нешто.
    Епа тоа е живот.
    Збор од 5 букви, толку сложен и комлициран ... а воедно и ужасно едноставен.
    Ама со право е кажано, кој како си ја наредил.
    :whew:
    И да ви кажам жешко е, пеколно. Не дека не знаете ама да си кажам. Нека доаѓа есен, зима, сеедно што само летово нека фаќа магла
    Толико за денес.
    :toivo:
     
    На Loritaa му/ѝ се допаѓа ова.
  20. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...имам ново оружје против суеверни луѓе, денес го собрав од улица. Ајде пештерци да ве просветлам!! :devil: :devil:
     

    Прикачени фајлови:

    • Ace155.jpg
      Ace155.jpg
      Големина на фајлот:
      174,5 KB
      Прегледи:
      113
    На IndieGirl, TheCandy880, Lov3 и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.