Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    САКАМ да кажам нешто
    ама не знам дали добро утро... или добра ноќ...
     
  2. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК убаво ми е оти спијам по цел ден. Можеби не е здраво, но што ќе правам на жештината? Вака барем жешкото го преспивам.
    Одам да си легнам сега после изгледаната доза Саут Парк за денес :)

    Имајте убав ден :)
     
  3. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк идам на базееен! :*
    Кој е за - ајде! ;)
     
    На BeYourself му/ѝ се допаѓа ова.
  4. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК
    Станав во 08ч. Верувајте, првпат толку рано ова лето. Абе, не за друго, ами вчера во 01ч. си легнав. Сега тато, мама и бато излегоа, отидоа кај некои луѓе и после ќе оделе да берат капини, па мене сон не ме фаќа сега.

    Вие како сте? Верувам, сите уште спиете, или не...? :?:

    Ех, колку му се радувам на утрово, од кога не сум помирисала чист воздух. :D Заборавив што беше тоа ’утро’.
    Сега уште да му дадам храна на кучево и ќе се развежбам низ дома, и бестоа сум скроз сама.

    Имајте убав ден. :*
     
  5. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Сакам да кажам...

    ...епа така, јас ко шлакната седам рано на компјутер, бидејќи решив да станам порано денес.
    Кого лажам... се утепав чешајќи бидејќи комарцине, лом ме направија...

    Како и да е... едвај чекам да го видам, ретардирано е ова моево до коска, ама се будам со помислата за него.

    Фраери... пф. Нема шанси да го смениш, фраер е еквивалентно на женкар. Ако тој нејќе да се смени, не можеш ти да го направиш со сила. Не си правете бајрам на мозокот. :D Не се менуваат поради вас, туку поради самите себеси.

    И ја дочитав книгата што ми ја даде. Јеес! Вероника не умре! А Едуард е совршен. И јас плачев. Да, плачев, што не еднаш се случило при читање книга. Тоа ти е болна работа...

    Е сега, сакав да кажам, оваааааааааааај... па ништо посебно, досадно ми е, имајте убав ден. 8)
     
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...дремам така сабајлечки во полузатемнета соба со спуштени ролетни, слушалки на главата, чинија бисквити и млеко пред мене и 7-ма сезона од...знаете де, досаден станав. Ми прелета мисла, нешто што скоро откако знам за себе, слушам девојки како го повторуваат, како да се фалат, глумат некаков Ф-22 Раптор во свет на пропелери (мнозинството ќе треба да го Гугл-не за да го разбере). Сите велат нешто во стил што може женско да ти направи, цел живот има да памтиш, или што може женско да ти направи, машко никогаш не може.. Потоа ми текна на серијалот Македонски приказни и Господ да чува од женска бења.

    Е сега да излеземе од цела таа шема на генерации неписмени машки со 11 збора во речникот и мозок што не оди подалеку од телевизија и фаќање тестиси кога ќе помине 17 годишна ученичка....и да се "осмелиме" да поставиме прашање што јас сум го поставил безброј пати и сум добил...0 одговори.

    Што е тоа што женско може да ти го направи (а машко не може) што е толку незаборавно (во лоша смисла), ќе те спушти, уништи животот, ќе те оштети емотивно, демек ќе ти го дотера паметот? Или кој е филмот тука, во кој ме буткаат со години наназад да го прифатам како нешто што едноставно Е, и не мора ти ЕлеМентал да буричкаш низ деталите на овој "утврден" факт. Па и кога сум прашувал, ме погледнувале онака зачудувачки, збунето, со ококорени очи, абе шо му е на овој?

    Епа исчуканиов позади тастатурава удри клоца на религијата и суеверијата иако цел живот имам само еден истомисленик, против цело негово опкружување кое го гледа како наказа. Така да таа една реченица измислена од жени и поддржана од мажи што попрво би ставиле сопругите и девојките да им го управуваат животот, се додека можат да се посветат на основните животински потреби, нема да помине кај мене. (А цело време жените фураат филм као тие се главни во врската/бракот а всушност си имаат работа со изузетно ограничени суштества)

    Темава е долга и широка, а јас еве само да го извадам ова мини цунами од мисли, онака утрински. Сега полесно ќе ја гледам серијата. Епа ова СДК
     
    На zhap4e, innablood, crazylady и 4 други им се допаѓа ова.
  7. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.818
    Допаѓања:
    25.478
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Спуштени ми се ролетниве и затемнета ми е собава, па имам чувство дека надвор е облачно,пријатно,најубаво.
    Сакам есен.
    [​IMG]
     
    На TeddyGrey, la-chicka, tigerlady и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Сакам да кажам...

    Dobro utro Feminki,jas summ na plaza uzivam :) bidete mi pozdraveni se gledame za 3-4 dena.:*
     
    На esperanca и BeYourself им се допаѓа ова.
  9. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    17.503
    Допаѓања:
    114.993
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Источниот Брег на Америка ја зафати зејотрес, Белата куќа евакуирана. Туф туф туф ама се преплашија. Па тоа на CNN се јавуваат од местото на настанот. Еден се јавува од Вирџинија и така со една благо уплашена фаца, ( се мислам дали беше типов на Прозак како и 90% од америве), вика : Ова навистина беше страшно, а јас имам живеено во Лос Аннџелес каде што редовно има земјотреси. Добро бе амери едни. Мислевте дека само вие ќе правите цунами во Индиски океан?? Ајт сега да си змете taste of your own medicine. Напнаа боже господе со еден земјотрес, па тоа заговори за терориристички напад. Леле леле леле.
    До кога ќе трујат со 11 септемри мајку му стара. Глупи амери , поглупи амин!!!

    А што е најстрашно да дојде странец и да го види раскопаново Скопје ќе си рече ауууууу на CNN не кажаа дека имало земјотрес во Скопје.

    Инаку како сте ми вие, добри??
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    :music:
    There's somethin' wrong with the world today I don't know what it is...
    something's wrong with our eyes !


    Чинам, хуманитарците станаа побројни и помоќни дури од политичарите. Можеби и се измешаа со нив.
    Помодарство, во најчиста форма!
    На цена е... и тоа сочна, посочна и од најсочната прасковина на зелено пазарче продадена до сега.
    А и такви станаа работите де. Ко на зелено пазарче.
    Купи-продај-препродај... да има и ресто за в твој џеб.
    Есапот да им го удриш, излегува дека... во многу скоро време, сите бедотии што хараа по светов ќе станат само приказни за на Хистори Чанел.
    Ама тоа пустото.
    А и кој ти сака да реши проблем. Подобро е да си збориме за сиромаштијата... Африка и сите уууу! па слики праќај, ставај дечиња, што е можно поисушени, погрозни слики, да те болат очи кога ги гледаш.... емоции! Удри на емотивноста.
    Па да си отвариме безброј сметки за лапање паричиња, па да си почнеме со мењање клипчињата и сличињата за да ги лајкнуваме, пошто секој лајк чини доларче, евро, што годе...
    И се е подобро, него ли мудрите глави да се стават во погон за решенија „едно за сите потоа“.
    Ама нема доручеци, ручеци, вечери во ресторани, на име хуманост.
    Нема возење мечки, лавови и тигри на презиме хуманост... и за бензинот и за бензинот да ставиш цртка.
    Нема нити поправање и на казанчињата дома, на моминсково презиме на хуманоста... како што нема да има ни пенкалца, боички и тетратчиња за од први септември... и тоа стави го на рабуш - хуманост ќе плати!
    Се повеќе си ги сакам политичарите.
     
    На LivingGlam, bittersweet, Special.Someone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека како него ниту еден друг нема исто да сакам :^)
     
    На senjorita-v му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    СДК дека сакам есен :)
     
    На yawn му/ѝ се допаѓа ова.
  13. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    Сакам вакви постови што инспирираат :).

    Инаку добар ти е текстот ако го гледаме онака низ призма на секојдневниот живот, те сакам ме сакаш, не те сакам не ме сакаш и чао пријатно.

    И мажи и жени знаат до дно да се заљубат па после со години да не си дојдат на себе.

    Сепак речениците што ги напиша ги сфаќам многу пофилозофски и подлабоко знаејќи го стилот на делување на едните и на другите, мажите идат многу подиректно кон целта додека жените знаат да фатат такви кривини што додека сфатиш дека идеш во провалија и сакаш да кочиш гледаш дека и кочниците ти ги пресекла :D. Не секоја е за тоа способна ама некои се :D.

    Никој не смее да се потцени а женчињава наши никако, кога сакаат нешто им работат мозоците 300% на саат и како што ми кажале неколку девојки кога женска нешто сака спремна е да направи СЕ за да дојде до целта, има и мажи такви ама мислам ние сме многу помалку трпеливи и побргу губиме интерес.

    За крај еве една наша изворна народна песна и посебно обрни внимание на последниот стих и секако не е случајно што и Пилева и Сузана Спасовска во препевите го изоставија :lol:


    Назад, назад, Калино моме,
    немој да одиш по мене,
    кај нас си има висока гора,
    не ќе можеш да ја поминеш.

    Ќе се сторам јас сокол пиле
    и пак кај тебе ќе дојдам
    Гора ќе прелетам кај тебе ќе дојдам
    вечно твоја ќе бидам.

    Назад, назад, Калино моме,
    немој да одиш по мене,
    кај нас си има длабока река,
    не ќе можеш да ја поминеш.

    Ќе се сторам јас мрена риба
    и пак кај тебе ќе дојдам.
    Река ќе препливам кај тебе ќе дојдам,
    вечно твоја ќе бидам.

    Назад, назад, Калино моме,
    немој да одиш по мене,
    кај нас си имам убава жена
    и две мали дечиња.

    Ќе се сторам јас црна чума
    и пак кај тебе ќе дојдам.
    Жена ќе ти сотрам, дечиња ќе чувам,
    вечно твоја ќе бидам.


    Така да во право си генерално ама треба пазење да не ти се падне некоја Калина во животот па маме да ти ебе :D.
     
    На mia9184, unique123, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  14. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    АЛОХАААА!!!! :sun:

    ...Амиии јас невести се прибрав од одмор, абе прво вас ви посакувам добар ден алооо :D

    Инаку не беше лошо да не ме мислите, диета веќе не држам ( ко да е нешто па за неверување демек :D ), Либенце ми е арен, деновиве ме третира ко кинеска кралица, почнав да го мислам да не е неарен нешто, да не го боли мешето....шо знам шо му стана толку салтанати да ми прави :lol:

    И дај да се дружиме бе почесто :!:

    Амиииииии, мене роденден ми е иначе, ни помалку ни повеќе 25 лета, не се фалам децо туку ви наговестувам...кој колку може, мене ми фали ташна нова ( со некое плико внатре) :$
     
    На Miss-Independent, TeddyGrey, Monna.Monna и 10 други им се допаѓа ова.
  15. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    скд нема полошо нешто кога мораш од сон да станеш во 8 за да одеш на заболекар,уште полошо е кога имаш закажено во 9 а заболекарот почнува да ти работи на заб во 10...на сетоа тоа полошо е кога после сат време ти се јаде пие вода пуши цигар и пие кафе (а знаеш дека несмеш толку брзо) и на сето тоа една добра ствар-иако сум странски државјанин забите ми ги прават со на верениокот здраственото осигуруване (значи не плакам скапо а екстра ми ги средија забите) :) него знаете дека на моб во потсетник напишав дека на 1.09.11 во 17ч сум пак на забар? :tmi:
     
  16. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.965
    Допаѓања:
    123.560
    Сакам да кажам...

    Лајк лајк лајк!
    Овој мој пост е за величенствениот LIKE :)
    Ах тој ФБ,што ви направииии....па и синоќе кога искочив во град ,другарка ми ми вели Аууу,ели имаш лајк за фустанот :rock: Ајде на фб собирајте лајкови,молете се,колнете,кубете коси,барем ве знаеме ама овде не ве знаеме,анонимни сте и пак желбата да бидете први во лајковите ,а :wasntme:
    Ете конкретно за темата Модни критики ќе кажам -ќе објави некое девојче првпат,со малку мислења,ама лајкови јок.Ќе објави некоја со просеччччно подпросечно фустанче,шорц или незнам што,буквално нема ништо убаво искомбинирано, ама лајковите фучат иако онаа другата е 100пати поубаво облечена...ама оваа има милион мислења итн.....Зашо бе така?Ко да се удварате за лајк.Не наведувам никој,ама зашто да има делби и на анонимен форум.Ко да ќе ве искара некој ако стиснете лајк на некоја што е со 100мислења,да речеме.И тоа не само за таа тема,ја издвоив зашто се изнервирав анализирајќи ја вчера таа тема,каде се ставаат лајкови без веза..ма ајде :puke: И работата не е лајк по секоја цена,тоа е што се злоупотребува.
     
    На baby-star, maca99, IndieGirl и 28 други им се допаѓа ова.
  17. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Сакам да кажам...

    Прво.. JCetkin - :rofl: you sound interesting :rofl:

    Второ... и суштинско..Во окото сум пират. Иако одминува некако. Се шетам дене ноќе со наочари - ко да кај и да е ќе застанам со биста поред Мерлинка во Чикаго.
    И прибидејќи мудот ми е речиси никаков, облеков црвен фустан и штикли денес со бронзен аксесорис. Па кад је бал нек је маскенбал!

    Кармава нешто ме клоца кад сам пала, па утрово поспана ја утнав кривината, сите семафори беа црвени, аптеката не работеше и во блиската трафика немаа Ред Бул. ?!?!?!

    Сигурно ми се враќа за некоја од смачканите бубачки на шофершајбна. :^)
     
    На JCetkin му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    766
    Сакам да кажам...

    Напорно е летово, напорно е бе!
    Жешко. Осамено. Деновите не се разликуваат еден од друг.
    Денес одам за Охрид. Колку е поубав во овој период, нема гужви, мирно е.
    Одам да поживеам, да се изолирам, да се одалечам од грдово Скопје, да заборавам на некои работи.
    Ќе си се банкам, ќе се сончам. Лелеава коса, (не толку)совршено телце... ама сепак греам.

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna и esperanca им се допаѓа ова.
  19. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Сакам да кажам...

    СДК ... да додадам, да, постои пристрасност на форумов помеѓу феминките ...впрочем и како во реалниот живот. Вака кога се повлеков од форумчево, гледам објективно и се замислувам ... да, пристрасност, наклонетост, улизување, оние издигнати на пиедестал и еден збор да пишат пак се таму некаде горе ... премногу лажни слики и прилики има, а за лајковите е јасно. За ова што го пиша Ели, во право си!
     
    На Tinker-Bell, Strumfeta93, Rozich и 9 други им се допаѓа ова.
  20. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Сакам да кажам...

    Сдк дека денес е мојот ден, денес е мојот Роденден :x
    Денес наполнив 18 години, а се сеќавам како вчера да бев дете кое си играше во песокот со децата од маало. :o
    Времето лета, а мене ми останува да уживам во полнолетството, кое се надевам ќе биде исполнето со многу успеси.
    Нека ни е Среќен Роденденот на сите кои славиме денес :)

    А вие девојки повелете на торта :)
     

    Прикачени фајлови:

    • torta.jvn.jpg
      torta.jvn.jpg
      Големина на фајлот:
      9,9 KB
      Прегледи:
      431
    • Cake.jpg
      Cake.jpg
      Големина на фајлот:
      47,8 KB
      Прегледи:
      431
    На Breezy, Miss-Independent, Monna.Monna и 14 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.