Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не, не , не треба да се пазиш што и кому ќе кажеш, туку тоа да кажеш во соодветната тема. ;) :)
    СДК според мене е релаксирачка тема, мене ми е пријатна за читање и ме релаксира.
    Веќе имавме недоразбирања со тие лајкови и сега ова ни е како дежа ву :(

    ели25, не можам да ти пратам ЛП :!: за да ти одговорам на прашањето.
     
  2. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Кокодак кокодак...... :talk:
    СРЦКИ СТЕ МИ, СИТЕ ВЕ САКАМ!

    Нешто ми светна во главава, абе што убаво си се лигавиме тука на форумчево, си изливаме секакви емоции, па дури и машкиве (еве не пишувам примероци од спротивен пол за да не се чувствуваат како лабараториски глувчиња :lol: како што рече Елементал) почнаа да си ги отвараат душичките....замислете на машки форум тоа да го направат, па одма ќе бидат етикетирани како мекуши или педери....или можеби не сум во право а?! :?:

    Да го прашам другаров Х-мен, кај има машки форум??? сакам да го читнам ^_^
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк, дека баш ми е жал што вакви прекраснотии :rofl: нема во реалниот живот, само во виртуалниот свет ќе ги најдеш :) Mногу љубов бе, многу симпатии, да не ве заболи само глава малце :D
    а и показалец прст :D
     
    На crazylady, Neytiri, Tinker-Bell и 7 други им се допаѓа ова.
  4. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Сакам да кажам...

    ццц не јас не сум баксуз, и ова што ми се случува не е случајност, јас сум економист :D
    единствените 2 испита што треба да ги полагам ми ги ставиле во ист ден , да не трошам пари два пати да одам до факултетот, срцки се :rock: :rock: :rock:
     
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Ме остави без збор :x
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89 и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  6. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК треба да си купам гоооолеми (читај:А4 формат) и мали, убави, прекрасни, цаканки тетраткииииииииииии за наредната и последна учебна година во средноооооооооо :wasntme: :emo:
    Лета времево еј!
     
  7. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Види вака и јас мразам да реплицирам и да се дообјаснувам, но јас нема да бидам јас ако не пишам особено не кога сум повикана.
    Прво јас не ти се обратив тебе, туку пишував дека постојано се јавуваат некакви си конфликти, не само од тебе туку и од други формџики, кои ме мрзи сега да ги барам па да ги именувам. Не дека се плашам да именувам некој, туку вие само буцкате и цело време она „читај меѓу редови“. Па добро бе, кажи си слободно чие мислење ти пречи, кажи се дека те нервира таа и таа зошто цело време и става лајкови на таа и таа. Нема никој да те истепа, кога веќе си се решила да пишеш, барем пиши до крај.

    Стварно ви е детско таквото однесување, „јас немам ништо против никој, само ми смета тоа“, е како може да ти смета а да немаш против ништо против неа-не сфаќам навистина.
    Глумите сите искрени, а уствари немате храброст да именувате конкретно никој, тоа уствари не е искреност тоа е подбуцкување само.
    И пред некој ден се збореше исто за лајковите, и сите почнаа како „едни две формџики секо утро пишуваат постови во СДК, и им стискаат многу лајкови без разлика дали е добро мислењето или не, само затоа што тие се омилени формџики“ и тогаш како сега сите молчеа и никој не сакаше да ги именува дека уствари мислат на Пирамид и Жапче. Сите се улизуват, се прават азни-мазни и на она старинското „Викам ти ќерко, сети се снао“. Па така и сега, ако едноставно тебе ти сметаат нечии мислења имаш едно кругче на маусот се вика „скрол“ употреби го, скролни го тоа мислење и оп завршена работа.

    И во право си за слободата на говор, можеш што сакаш да пишуваш, само јас реков да си најдете друго катче за да го кажете тоа, оди во „Испукај се“, во „Критики и забелешки за сајтот“ само немој да ја полните темава со тензии и нервози секој втор-трет ден.

    Е многу мразам кога ќе се изнервирам вака на нет :devil: .
     
    На mims-89, LivingGlam и marama им се допаѓа ова.
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Абе Најубава знаеш веќе на кои мисли Ели. Еве ќе се додадам и јас во нејзината омразена лајкнувана група.
    Повеќето од нас сме зачленети кога на форумов немаше лајк и тоа не ни беше важно, мислам дека и исто се пишуваше како и сега.
     
  9. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека на овој докторсито папасиото ќеридо мио никогаш нема да му мине модата... бар не кај мене :wasntme:
     

    Прикачени фајлови:

    На mims-89, Lov3, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам да кажам...

    Мозоков мислам ми е желе. Не можам да се сконцентрирам на ништо, блеам ко теле во шарена врата и се глупирам. Си ги изгубив слушалките вчера во парк, изпив огромна количина на вино и си останав трезна. Јас сум скап пијаница.

    Дојдов до револуционерното откритие дека сладоледот се топи, и што е најважно кога ке ти се стопи на маса истата ќе се лепи. Според Фројд, целиот карактер се развива уште додека сме се мали. На пример ако таткото не е активен во животот на ќерката на возразт од 5-7 години, голема е веројатноста таа да има проблеми при воспоставување контакт и врски со машкиот пол понатаму. Апсолутно се согласувам! И реплицирам Фала ти татенце!!

    Среда треба да биде среќен ден за Близнаците. Денес јасно и гласно тврдам I don't think so!!!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Сакам да кажам...

    Да не стискам на сите поединечно „Ми се допаѓа“, им благодарам на сите феминки кои ми го честитаа роденденот. :*

    СДК дека и не беше лоша вечерта. Интересно било да бидеш во друштво на поднапиени луѓе. :lol: Не сум спиена цела вечер, па ќе си ја преседам вечерва домче, најверојатно спиејќи. 8)
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    на повеќе теми е така.....јас кај што сметам секако ќе продолжам да ставам лајкови без разлика кој го ставил постот ама буквално има форумдзики кои со титулата со која се здобиле уште собираат лајкови без ралика дали во постот има само едно (сдк пијам кафе )и на тој пост ќе добијат лајк ,не сакам никој лично да свати затоа што квалитетното врти сучи ќе си добие вака или онак алајк ама понекогаш овие наши лајкови не врајќаат во времето кога одевем во градинки
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.965
    Допаѓања:
    123.559
    Сакам да кажам...

    Незнаев дека има анализатори на личност.Никој не ти дава за право да кажуваш каква сум и што сум,дали сум искрена или не.Нити тебе Марама да фантазираш на кого мислам јас,може имаш моќ да влегуваш во нечиј мозок.Несакам да ми наметнувате луѓе кои не сум ги спомнала.
    Дел од постот беше во спојлер и неморало да го читате.Не ми е работата за испукување па немам намера таму да пишувам.Со моето мислење се согласија многу а некои со вашето.Јас напишав мислење а вие ја поттикнавте дискусијата.Немаше потреба да ми враќате воопшто.Нити буцкам нити ништо како што нарековте.Немаш право да ме нарекуваш така,од само еден мој пост. :hai:
     
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК Девојки и дечки, не заборавајте дека форумов е виртуелно поле, значи ВИРТУЕЛНО. Како такво, секој може да го толкува како сака, како место за отварање на душата, фалење, жалење, испукување, па и лајкување =)...
    Но што и да правите, не заборавајте дека во се’ треба да се има мерка, и дека покрај Вас како член(ка), на форумов има уште 10 000 Ваши (не)истомисленици, и нормално е дека на некого ќе му паднете во очи, било да се тоа oд (за таа личност) позитивни или негативни причини. =)
    Односите кои се градат тука помеѓу одредени членови и реакциите при конкретни ситуации се воедно и одлична пракса за ситуации кои ни се случуваат и во реалното секојдневие. Затоа, уживајте во форумов поради тоа што е, и не се обидувајте да „наметнуваште“ Ваши правила на игра - почитувајте ги веќе поставените. =)
     
    На mims-89, crazylady, innablood и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.581
    Допаѓања:
    201.799
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Одамна не сум кажала ништо... не дека немав што да кажам, ама да не бидам досадна :)

    Секој ден како стрела поминува, лета времево... како вчера да беше кога првпат в раце го зедов малото ангелче кое за ништо не знаеше, а денес ене го, веќе си кажува нешто, се труди и мене да ме просветли, ама мама како да заглупавела, или не го научила добро бебешкиот јазик :talk: :D

    Ме нема често на форумов, ама гледам кога можам од време на време да навратам... ми се допаѓа што е толку активен, жив, полн со мислења и нови теми, просто зуе како улиште, или ај поарно да кажам, како цветна ливада полна со пеперутки. Мило ми е што има толку нови членови кои се се' повеќе и повеќе активни. Секако, не сакам да ги потценам членовите со подолг стаж, без нив овој форум немаше да биде она што е :)

    Ама, има и работи што не ми се допаѓаат, но нема сега да зборувам за нив. Девојки, уживајте во виртуелната дружба и не си ги заморувајте убавите главчиња со ситници! ;)
     
    На Theodora, crazylady, zhap4e и 12 други им се допаѓа ова.
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    Ова форумот како да успорува во последно време, или можеби јас учествувам во мал број теми? И тоа може да е...Во секој случај интересна тема ми е Сакам да кажам. И мене ме освежува кога ќе дојдам тука, особено ако сум пропуштил 3-4 страни. Доаѓаш и очекуваш се да има. Од добри проводи, среќни моменти, мрчарење, раскажување на денови до солзи и пцовки за бивши/моментални :D. Како да појадуваш на Шведски стол. Едноставно знаеш дека нешто ќе ти се свиѓа, а што нема да ти падне во очи, златен скрол, идемо даље.

    И шо ви е филмот на сите што се затупеле за лајкови бре? Едно е да се ствараат кланови и чопори и некој да биде напаѓан, навредуван, омаловажуван...ама сега најдовте причина за кавга и за лајковите? Членовите се запознаваат и ствараат пријателства надвор од форумот, па нели е нормално по некоја логика тоа пријателство да се пренесе и онлајн? Како може да се осудуваат нечии критериуми за ставање лајк, читам и не ми се верува што читам.

    И уште ова...ај не се фолирајте (ова не прозивам никој конкретно, не се возбудувајте) со тоа дека ама баш воопшто не ви е гајле дали некој ќе стави лајк. Тоа лајкот во одредена мера е мерило за тоа колку е твоето мислење ценето онлајн, друг параметар за тоа и немаме. Колку луѓе и те почитуваат и прифаќаат. Ќе ми каже некој дека сеедно му/и е дали ќе има 5000 поста и 40 лајка и ќе биде практично дух на форум во кој учествува и инвестира време & труд? Сите сакаме да бидеме прифатени и ценети во средината во која функционираме. Да не ја тупам со основна социологија, толку од мене...
     
    На sesilija, crazylady, Doozy и 3 други им се допаѓа ова.
  18. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сакам да кажам...

    Јеееј, дефинитивно одам за Струга!

    Костим за капење, вино, поезија и ѓомлезе. Боемџилак, до даска ќе биде...
    На гости ми е дојдена внука ми, мал џамбаз, има 3ипол годинки, мислам дека ќе ме продаде со се` алишта. Ја лакирав сега во сите бои и ми преташе со ноџињата, каков палавец ем мудрец е таа! Душа најмила. И читам поезија од Јован Јовановиќ Змај и ми ги имитира движењата, прашува се` и сешто и јаде мекици со мрсните рачиња. До сега зјапавме цртани, ја оставив да чкртка по боенки. Ја прашувам - што сакаш да бидеш кога ќе пораснеш? Ми вика докторка! Јас, таква: ааа, да лечиш луѓее... А она: Не, нее, ќе раѓам НОВИ бебиња! :)
    Деца, жива радост!

    Среќна сум така некако... Фино ми е.
    Како кога после долг и уморен ден, се тушираш и тонеш во кревет.
    Уште работниов ден да ми биде порелаксиран, мф мф.
    Се надевам и верувам.
    Мачорот ме буди во сонце, златен е тој...
    :*
     
    На Miss-Independent, crazylady, lolyta777 и 12 други им се допаѓа ова.
  19. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    Еј, еј, де, де...
    Не се нервирај и навредувај, ај врати се на мојот претходен пост, пишував во множина а не ти персирав, не си само ти од тие, ги има многу.
    Не сакам да навлегувам во подлабоки дискусии, и затоа ќе оставам да остане само на ова.
    Муабетот ми беше друго но нема врска, нема да продолжам да се дообјаснувам кога и онака ти го гледаш и читаш само тоа што сакаш :hai: .
     
  20. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.324
    Сакам да кажам...

    Лајк ваму, лајк таму, лајк онде, лајк овде.
    Некако желбата за пишување ми ја снемува, само ве читам и ве лајкнувам :D
    Пак се‘ се врти околу лајковиве, овај.. не ми беше тоа моабетот.

    Си се релаксирам со музика од типот на Апокалиптика :inlove: ,
    со го милувам мачево во скутот, а тоа можете да замислите како мрзеливо се протега и бара постојано да биде мазено.

    Носталгична сум.
    Да, кон последново лето.
    Ке пупштам солзи жими сВе :| . Не сакам да заврши, нејќум бре школска година, + ке бидам прваче во High School.
    Оу Мај Гааааааааад.
    Тоа уште повеќе ме плаши. Ме плаши помислата да еден куп учење, ново друштво, па како ке се прилагодам во новото друштво?
    Ох, толку многу прашања ме мачат, се поблиску сум до одговорот, а тоа повеќе ме плаши.
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.