Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК бев кај другарка и учевме, се смеевме , трачаревме. И се случиле многу работи за кои не знаев, по моја вина. Сепак драго ми е што ја имам.
    Со момаков договоривме утре состанок, нема да мрчам пред време.
    А да, не ми се верува дека некои луѓе немаат толку работа па се замараат со мојот живот. Болни!
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Сакам да кажам...

    СДК го запознав принцот од соништата. Прекрасна личност. Цела вечер го гледав и гледав, за на крај да заиграме танц. Имав договор дека во 12 треба да бидам дома. Часот беше неколку минути до 12. Испаничив. Почнав да трчам ко луда. Си ја загубив и чевличката. Знам дека е на сигурно. Мојот принц ја зема. Беше тоа прекрасна ноќ. Волшебна. Баш ко од приказните. Во овој случај бев Пепелашка. Кој би посакал ова да заврши?
    За на крај да сфатам дека се' е премногу добро за да биде вистина.
    Соништа. Секогаш мамат по некоја насмевка.
     
    На TheCandy880, Strumfeta93 и marama им се допаѓа ова.
  3. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека некои луѓе едноставно не прифаќаат НЕ како одговор. И смачено ми е од истите. И ми доаѓа да им ги украдам сите бои од нивниот свет, да им биде се‘ црно-бело за полесно да сфатат дека мојот одговор е НЕ!
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК ме изедоа комарчиштава и мушичкиштава :D .
    Мушичкиве или што и да се касаат повеќе од комарциве :devil: .
    Сега ќе го ставам Raid-от па ќе видат :swear:
     
  5. afroditaa

    afroditaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јануари 2011
    Пораки:
    356
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    сдк парче направив во форумски игри ај се вратив во градинак за вас незнам .........а и забавно ти било ај добра ви ноќ
     
  6. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк дека низ маалото ечи песната
    Mало виски, мало кока-кола :lol: :rofl: :rofl:
    Kој се весељачи на ваква песна бре ало? :rofl: ццц :rofl:
    што е најсмешно чика фазлија има близу 4 милиони прегледи :D

    http://www.youtube.com/watch?v=KDSjzw_BOfc

    да ви го доловам моменатот :)
     
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=3ee-u7CyHEg

    Што е тоа во луѓето тажно, што живеат во животи туѓи. :|
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.
  8. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.104
    Сакам да кажам...

    Сдк дека некои личности се толку опасни, а на поглед наивни, мирисаат на чисто и свежо цвеќе а се толку Труња вишна( песната од Цеца) абе ајде, колку би сакала да измачам некое такво смрдено цветче
     
  9. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    СДК дека не се каам за минатото.
    Jа живеам сегашноста.
    И не се замарам со иднината! ;)
    Ете така :P
     
  10. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк зошто некои луѓе забележиуваме дека ни фалат откако ќе се оддалечат од нас,или од градот,од нашата близина?

    Така и јас не бев мислела на С. долго време а во последнава недела некако мисливе ми се накај него,како му е таму,дали е добар,како се снаога(иако знам дека се снашол) и се прашувам кога ќе се врати во Штип. :?:
    Да му пишам и да му кажам дека со душа чекам да го видам :?: и да се изназборуваме онака од душа,т.е. тој да зборува а јас доволно е само да го слушам и да му ја држам дланката,или си викам подобро да не му пишувам немој да се предомислам до тогаш...Пусти хороскопски знак постојано се двооумам :swear: близнациии :swear:

    Ми текнува на моментите кога се договаравме да изл. на старото место во 21 часот а и тој и јас не сакаме да касниме...тој доаѓаше во десет за 9 бидејки знае дека јас ќе дојдам порано во петт за девет,ми текнува еднаш дојдов порано пред него па цела вечер ме прашуваше дали сум го чекала многу,дали сум лута...А тогаш ми леташе само едно нешто во глава не бре мило со среќа те чекав само 2 мин. .....
    Убави спомени,ми се навратија и наместо да ме растажат што поминале јас се радувам што поминаа со С. има најпрекрасно име му го немам тоа кажано но во наредна прилика ќе му кажам :!: :) ..И викендов ако идам за Берово неговото најомилено место за уживање и релаксација ќе знам дека бил таму газел по тој пат но ќе го чувствувам празно тоа место бидејки знам дека нема да е во Берово кај роднините на мајка му.
    Зошто бре Кенди така изигра една шанса кога знаеше а и сега знаеш дека беше прекрасна?

    Некои личности едноставно никогаш нема да излезат од нашите животи,никогаш бидејќи секогаш ќе ги имаме во нашите спомени.

    Некои работи додека се случуваат не можеме да воочеме колку се всушност предобри и дека кога веќе ќе се минато дека ќе ни будат убави спомени.

    Зарем треба да ги пропуштаме моментите кои ни ги нуди секојдневието ? Не
    Бидејќи можеби тие моменти во иднина ќе ни бидат омилените спомени.



    Многу зборувам вечерва,што е многу многу е :lol: но од душа..
     
    На happygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  11. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам...

    Сдк дека се напнав цел ден со КАРЕВ КАРЕВ КАРЕВ КАРЕВ КАРЕВ....КАРЕВ..
    и така со тапа деца ми се глеа дека сум во клас... :( (али да не зборам пред време..)
    ако сака некој од 3те француски класа слика нека ми каже ги имам сликнато :)
     
  12. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Jaccc. :$ Мислам дека дознав кој клас сум, ама да не ми се открие ептен идентитетот. Ќе може да стаиш слика, таму кај што ќе го најдеш името Елена? :$ (од француските класови)

    СДК2 на А2 го има Сашко Коцев, интересно е. :rofl:
     
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    СДК дека нема, нема, не ќе се роди, поубаво девојче од Македонче :wasntme: :wasntme: :wasntme:
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Леле луѓе ме имало на интернер :$ :$ (од аеробик не сликаа ама немавме појма за што ти види за што било лелееее)хахахха :rofl: :rofl: :rofl: :rofl: :tmi:
     
  15. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ги знам правилата на форумов. Не сум тука од вчера и не отворив со десет мислења тема ХЕЛППППППППП!!! Тоа што сум го напишала во Љубовни проблеми и совети беше неизбежно.
    А тоа што немаме само злоупотребување на директорски позиции во државава,туку и на форумов,е факт. И можеби и после ова ќе бидам избришана,но не сум се расправала на форумов,освен со некоја девојка зачленета пред пет минути што ми соли памет тука,не сум се правела Паметнаковиќ и сакав и јас да се искажам,да не испадне дека сум многу фина. ;)
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.116
    Допаѓања:
    67.108
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ајде и јас да кажам нешто искрено и од душа, бидејќи поинаку и не можам. И зборувам од свое име, свое лично и персонално мислење. Мистериозна, велиш дека ги знаеш правилата на форумов, а сепак испраќаш оф топик. И знаеш дека ќе биде избришан, ама ете мораш да го испратиш. И потоа пишуваш тука мислење, индиректно. Барем обрати се директно или прати лична порака. Одговорно тврдам дека ниедна лична порака до мене не останала неодговорена. За било што. За каков и да било проблем сум се обидела да одговорам и да помогнам.
    Злоупотреба на позиција. Што мислиш, дека мене егото ми се наполни кога го избришав твоето мислење за како преку слика и кажуваш на членката да го употреби мозокот? Дека ми е сатисфакција да избришам мислење и си викам на еве ти, трпи си? Не, сакам да отворам и да видам дека се во најдобар ред. Неправедно ќе беше да го оставев твојот оф топик поради тоа што ти си постара членка. А некој може да ти соли памет само доколку ти го дозволиш тоа.
    По толку поминато време на форумов, толку вложен труд, мислам дека и јас имам право да си кажам што ми лежи на срцето во дотичнава тема.
    Ајт поздрав :)
     
    На mysterious му/ѝ се допаѓа ова.
  17. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакам да кажам...

    Јас сум грешник!!!!
    УБИЕЦ!!!!

    Како Хитлер!!! Ни сама не знам колку ноќни пеперутки убив овие две вечери во вцто. Жал ми е, жални ми се, ама не сум јас крива. Влегуваат преку прозорчето кое секогаш е малку отворено и веднаш се лепат за мијалникот, е тука, јас не можам да има помогнам :( ама жал ми е, да ги гледам како се обидуваат да се тргнат додека јас ја пуштам чешмата и ги испраќам во неповрат.

    Лоша сум, лоша
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК Станав шопинг манијак. Во рок од 3 дена, купив више од 10 парчиња облека... И САКАМ УШТЕ...
    Сите ми се чудат, дури и ја сама си се чудам... :o
    Порано беше, да не можеш да ме натераш да пробам нешто...
    Им се радувам на кесичките, им се радувам на етикетите... Што ми е? :?:
    Мајка ми е среќна што конечно почнав да се интересирам, ама не верувам дека новчаникот и е толку среќен... Сигурно мисли дека ми е само фаза, па затоа троши на мене... а и најверојатно ми е фаза! Попусти чуда прават! :D
    Друго што СДК е дека ми се искача. Скопје какво - такво, моментално ми е преубаво за искачање, за лудување. Се осеќам живо! :rock:
    И да, ми се потпивнува некое винце во добро друштво, чисто колку да не умрам ко Е.Вајнхаус од нагло прекинување со алкохолот после напорново лето... :drunk: :D :D :D
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    носталгична сум ;(
     
  20. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    Епа ајде лејдис енд џентлмен, на ваша жалост или радост ке ве напуштам во теков на нареднава недела. Утре заминувам за Битола (јуху!)
    Поздрав до сите вас, особено до секси чиките со кои траат припремите за пижама парти кај домаќинката Ким ;)

    Се читкамее, поздрав :D
     
    На k.i.m му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.