Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Животот е поубав кога барем на ден можеш да добиеш поинакво секојдневие.
    Добро, јас добив две поинакви секојдневија, а тоа уствари и не се секојдневија пошто не се случуваат секој ден. Нејсе, и јас некогаш не можам да се разберам...
    Заминав на една вечер за да си ја одморам главата од тропањето на мајсторите и за да си го бодрам Иво на Охрид Фест, а сосема случајно завршив уште една вечер во туѓ дом.
    Еден телефонски повик може да промени се...и моменталната локација. ;)
    Едно одење на плажа, после скоро месец дена, ме однесе уште една вечер надвор од моите два дома...
    И супер поминав!!Не знам како некој не може да преспива во туѓи куќи, ама мене тоа не ми го ремети сонот. Доволно е да има кревет и перница, а прекривка на овие горештини и во соба кај што може јајца да се испржат во воздух од топлина баш и не треба. Нејсе, јас ја имав и прекривката, ама баш и не ми требаше. И да не ме совладаше сонот можеби воопшто немаше да заспијам. Па не знам како се спие во таа соба со затворен прозор и исклучена клима... :^)
    Било како било, помина, јас се наспав (бидејки откако ќе заспијам може и под сач да ме ставите и да не осетам :lol: ), наполнав батерии и создадов малку живци за да ги дотрпам мајсторите и еве сега скокнав до Фемина за да си се искажам... :D
    Знам дека сум досадна и напорна, ама таква сум, а вие и сите други баш таква и ме сакате 8)
    И проклет нека е овој систем кој што го зачувува корисничкото име на компјутерот. :@
    Среќа во несреќа е тоа што компјутерот го користеле многу, па не мора да значи дека јас сум таа која се логирала на форумов под тој и тој ник. :rofl:
    Така е тоа кога не те трпи срце да не поднапишеш и попрочиташ нешто овде... :D
    I will always love my friends, my family and my феминки!! :*
     
  2. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Лимарска работилница „Тишина“ ми мести олук на куќава...
    Немате претставам колку не спиев во тишина... во глава ми бушат и лупаат!!!
    Тишина, како не!
     
  3. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
  4. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.960
    Допаѓања:
    123.548
    Сакам да кажам...

    Цел ден сум растревожена и неможам да работам...ми се тресат рацете и ми се темни пред очи.
    Го сонував мојот ангел.Сонот ми го тумачат лош,зашто се сонував невеста а тој се појавил да ме бакне во чело ;( Сите се чуделе од каде тој,па не е жив,а јас на сите гордо изјавив дека татко ми е жив,умрел друг човек...Потоа се видоа со мајка ми и се муабетеа.Ми даде пари да направам фризура,шминка,невестинска,пошто мајка ми му кажала дека нема доволно за свадба.....Потоа го снема ;(
    Аххххххххххххххххххххххххххх
     
  5. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.071
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И јас само што го прочитав, морници ме полазеа... :(
     
  6. Linn1

    Linn1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2011
    Пораки:
    1.221
    Допаѓања:
    1.936
    Сакам да кажам...

    Цела ноќ ја поминав со очи широко затворени,
    магли ми се, темни ми се,
    ма не се тие за утринските часови створени.

    Мака и пот.
    Пот солена по мојот грб тече,
    а сонот никако до мене да стигне..
    полека, се тегне, се влече..

    Си велам:
    Заљубена- не сум.
    Ниту гладна.
    Ниту ми се мочка.
    Ниту мислев нешто во ноќта ладна..

    Ниту на пат не требаше да одам.

    Ми чукна сонот на сребрените ми очни капаци,
    но како повикан, Оџата од ридот се јави
    почна да вика, да се дави.
    ( простете, навистина немам намера никого да навредам, гледате и самите дека е хумористична песнава :) )

    Сонцето почнало да излегува штотуку,
    Петлите куку-куку,
    Чавките крака-крака,
    гранките рака до рака,
    за сон заборавив јас во белите мугри
    за мир, за слобод..не.


    Вредната пчеличка Маја,
    не е Маја, но ми е мајка,
    лупа тропа по полиците,
    лудо ги бара ножиците,
    Брзо ги поместув столиците..
    да знае што мака мачам со несониците(?) :D

    Легнав до неа, ме погали милата..
    По грпчето нежно, по главата..
    ЕХ ШТО ТИ Е МАЈКА.

    Б-комплекс се напив, ме покри, од мугрите ме скри..
    ми рече: "Спиј чедо, спиј :wasntme: (не) "

    Заспав и по четири часа глупав сон
    на фемина ви пишувам
    и знам дека песнава е турлитава
    ама толку инспирација од сабајле ми мава. :D
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК

    Дали тоа некој сака да ми го краде Сунѓерот Боб?! :wasntme: :rofl: :D
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам да кажам...

    Ништо не разубавува ден како Фолтин. Везилка мислам 150 милиони пати ја преслушав и можам уште. До вечноста и назад.

    Расположена сум за се. За гледање стари југословенски и македонски филмови (никаде не можам да го најдам Мирно лето, ако знае некој....... :?: ), за пишување драма, за пеење, инспирирана од една од најактивните теми за секс за една ноќ.....абре за сВе. Посебно меракот им го имам удрено на дедовци што играат табла. Ептен ми се игра табла со некој дедо ама каде да го најдам. Овие од маало изгледа се на одмор, а и на другите сигурно им е топло. Ништо, се чека есен.

    Турско кафе ми гори јазик, ама не е тоа битно. Битно ќе си гледам после. Не знам како. Ама ќе бидне. Бар една желба да се замисли во петок кога температурата се искачува и до 50 степен. Никогаш не мислев ќе го кажам ова ама ми фали типот од метео на А1.

    Ете толку.
     
    На marama, mims-89, Lepaaa и 4 други им се допаѓа ова.
  9. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Значи заради вакви ''ситнурии'' се мразам што сум женско, пцујам све диво и живо, а највеќе тој хромозомот Y, што не се прибрал кај мене, или како и да беше онаа филозофијата со биологијата.
    Мразам депилација, ама онака најмразечко-мразење, оф. :devil:
    Кога ја тегнам лентата, слободно можам да запеам нешто во стилот на - парахоооооооодооооот мииии пристигна, мајче ле, што си ме родила волку влакнеста :sweat:
    Ама затоа пак повратен ефект е рам папапам, рам папапам hair down! :devil:
    Не знам која будала сум била, ама ги раскинувам сите досегашни средби со бричот - подобро ми е вака, кога пеам без да сакам. :x
    Им се изнаситив кога ги гледав вакви залепени со коренчињата нагоре - горете во депонија, ебаве. :swear:
    Ај, останете ми поздравени, јас ќе си попеам уште малце и легнувам да спијам - цела ноќ не спиев, од инает. 8)
     
  10. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...

    На скала од 1-10 колку е лицемерно и некултурно на некој да му пружиш рака а тој да гледа во телефон и да не се поздрави со него а те гледа дека си таму?
    12?
    И јас исто мислев.
    Стварно не требаше да го сменам однесуваљето во седмо...
    Кога си добар сите те газат! |(
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.554
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам, никогаш повеќе нема да се заебам и да си ја скратам косата во боб. Вака долга и лепршава, ми дава многу повеќе простор за фантазерски подвизи и маневри, па слободно дур го шетам песот со слушалки во уши од кои ечи „Bad to the bone" можам да си дозволам малку повеќе да замешам со колковите, дека нели сум во спот.

    Плус расипана до коске. Ама на фин, розевкаст начин.
     
    На marama, Strumfeta93, mims-89 и 3 други им се допаѓа ова.
  12. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК
    [​IMG]
    Ќе си починам доколку во наредните четири години треба да го делам истиот воздух со куп фанови на Бибер, Слаткар, Селена, Мајли и остали гомненици со кои се трујат моиве врсници. :puke:

    Нека звучи најлигушки, најгрозно, најглупаво, ама едноставно НЕ-СА-КАМ!
     
    На simon4etooo, GarpovaV, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  13. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да кажам...

    СДК другарка ми ни го напраи утрово најнајнајубавооо..Ја сакаааам :l:

    Бакнежи до тебе срцкеее :* :* :* :* :* :* :* :* :*
     
  14. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк врел воздух јас седната на тераса два саата се лакирам,пијам кафе и читам книга се во едно :)

    Убав ми е денот иако гледам се мачи времево како да сака да врне и да се олесни небото а јас претходните денови доволно се олеснував со солзи сега сакам да си останам вака насмеана и задоволна.

    А и ја мразам онаа тетката од вип кога ќе каже "Немате доволно кредит..." епа пукни !
    И нешто друго сакав да кажам,како некои луѓе очекуваат да ги почитувам кога тие не ме почитуваат :^)
    Денес и е роденден на И. четири години бевме секојдневно заедно во исти клупи четири години ја канев на роденден ниту еднаш не дојде секоја година со изговори,денес треба да одам кај неа но се мислам сеуште дали е заслужила да отидам и да го одбележеме денот :?: или доволно е и смс пораката што и ја пратив.Заслужува ли нешто повеќе :?:


    Ај уживкајте во денот а јас ке продолжам со лакирањето и пеењето по дома,книгата ќе почека до после . :)
     
    На crazylady и Lepaaa им се допаѓа ова.
  15. yawn

    yawn Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    697
    Допаѓања:
    700
    Сакам да кажам...

    Среќата не е нешто што треба да се чека цел живот.
    Ако одлучиш,можеш да бидеш најсреќен уште веднаш!
    Сакајте ги тие што ве сакаат,радувајте се на тоа што го имате,зачувајте го.
    И среќата ќе дојде сама на вашата врата :)
     
  16. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мила ко на шала извади заб додека јадевме. Сега устана само промаја ја мава...леле детево ми остана без заби, а споро и растат.
    Одиме да купиме ташна, мајко моја прво одделение. Не ми се верува.. си викам мое е бе детево или ја нешто сум се збунила?! Пред скоро 6 години ова гомце кое сега се расправа со мене, излезе од стомакон.
    Божееее времево. Не знам, збунета сум. И мајка сум и не знам што уште, ама ми иде да си мавнам авто-шамар за да се освестам. Леле кај сум? Ја сакам. Ух ја сакам.. за школо ја спремам, уште малку па и дечковци ќе ми носи дома.. ухууууу..

    Денес плус 2.5 години сингл мама. Ма убо ми е, се може без мажи и те како..
     
    На Lilit, Wild.Child, Neytiri и 23 други им се допаѓа ова.
  17. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Значи интернетот ми е за никаде,1000 сати чекам да напишам нов одговор,а за песна да пушта да не збораме,добре така е досадно па уште ова ми фалеше :swear: :lol:
     
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.056
    Сакам да кажам...

    :x Е ова се трагични судбини ... :(
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    Цела фамилија сотрена, ужасно :(.

    И кога ќе помислиш колку се нервираат луѓе за некои банални работи :(.
     
  20. Lepaaa

    Lepaaa Популарен член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2011
    Пораки:
    2.069
    Допаѓања:
    8.098
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ко ќе пробаш да заштедиш некој денар...баш тогаш ги трошиш сите пари! :lol:

    ...така јас вчера се занајдов со повеќе пари во џебот и сега ајде морам да заштедам, греота е сите пари да ги потрошам! :D
    Реков не викам такси, ќе појдам до таму со автобус!
    Се спремив, излегов, чекам...чекам... автобус нигде! :tmi:
    Ајде рикверц дома! ...што да правам,што да чинам-друг пат кога имам помалце пари не ни чекам автобус, сега незнам што ми стана, инает ме фати! :lol:
    Викнав такси и си дадов ни помалце ни повеќе туку 250 денари!
    Друг пат, нема ни да се обидам да заштетам...ете така! :!:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.