Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    ... дека прв пат седам на форумов,плачам ко да ми умрел некој и се двоумам која буква да ја фатам прво,оти не знам од каде да почнам.
    Кога ќе размислам,да,ми умре некој. Умре таа радосната во мене.
    Зошто се луѓето толку себични? Зошто им е толку тешко да поделат радост со другите?
    Толку бев радосна минатата недела што напишав математика,а си идам дома,трагедијава во градот сите ги обземала и да се радуваш е невкусно. Ок,признавам. И јас бев растревожена.
    Ами вчера.. Кога се видов положена,толку сакав да викнам,да се издерам на цел глас,а не викнав. Зошто бев сама. И бев без кредит. И само со татко ми се слушнав.
    Братучетка ми каде што седев деновиве во Скопје,поминува низ малку тежок период,па ајде останав да не биде сама.

    И што видов јас од таа радост за испитот? ПА ЌЕ ВИ СЕ КАЧАМ НА СИТЕ НА ГЛАВАТА ДЕКА СУМ ГО ПОЛОЖИЛА,И ЌЕ СИ МИСЛАМ ДЕКА СУМ СЕМОЌНА,ОТИ СЕ УБИВ ОД РЕШАВАЊЕ,ЦЕЛО ЛЕТО НЕ ВИДОВ Б ОД ОДМОР ЗАРАДИ ТОЈ ГЛУП ИСПИТ И ВАЉДА И ЈАС ИМАМ ПРАВО ЕДНАШ ГОДИШНО ДА СИ БИДАМ МАЛКУ СЕБИЧНА!

    У пичку матер. Да ти се плукнам во животот.

    И сакам да кажам дека не одам вечер никаде. Вечер ќе си славам со мојата перница,во мојот кревет и ќе се убијам од плачење.

    А она што посебно сакам да кажам е дека излезе дека од форумов и од сите вас тука подобри пријатели и немам. И се надевам дека на сите вас што ви се допадна моето мислење вчера за тоа дека сум положила,дека барем вие сте се израдувале за мене. :bow:

    Оти ако не,дури тогаш ќе бидам многу осамена.
     
    На mims-89, la-chicka, palavoto.devojce и 17 други им се допаѓа ова.
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК

    One of the worst things that can happen is loving someone who will never stop disappointing you.
     
    На Theodora, HoneyBun, mims-89 и 7 други им се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Ќе си се цитирам самата себе си, додека се туширав ми текна на следново:

    Шо мајка им требало да го крстат Мост на желбите, и да стават табла Допри го својот знак, замисли желба и фрли паричка... Месец и пол го акав патот од тука за да отидам до Канео на работа и секогаш гледав мали дечиња како нуркаат и нуркаат во плиткото за да ги соберат сите парички, сите златници, сите алтани - за нив - цело богатство! Мостот ќе беше атракција и без тоа име... ви велам, корисен е, а и имат преубав поглед, предходно неискусен од охриѓаните и туристите..
    Туку, шо мајка бараат хороскопски знаци на тој мост? Во град со 365 цркви, познат и по името мал Ерусалим, јас навистина не знам од каде оваа запаЊачка идеја!
    Но има луѓе, фрлаат алтани - тие се‘ пробале за да им се исполни желбата, ама не успеало, па ајде и овде да си ја испробаме среќата.. можеби бикот ќе ги истера сите лоши работи, лавот ќе зарика и непријателот ќе замолче.. стрелецот ќе те погоди со аморова стрела - и сите ќе си живееме среќно! јеј!

    Поздрав феминчиња мои!
     
    На bittersweet, Offspring, Go-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    ^ Брајт, западњачката идеја дојде од луѓе неприпадници на христијанската религија, не? :)
     
  5. mamma-mia

    mamma-mia Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    2.268
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Еххх, што сакам да си ги соберам парталите вака и да му ја киднам некаде далеку, далеку.. Ок, па сега и не мора да е толку далеку, може и Охрид не сум прибирлива јас :angel: Цело лето не мрднав од овој град, цело лето луѓее!! Не се жалам далеку од тоа, ова лето ми беше најубавото до сега, но и јас сакам мала пауза. И јас сакам маалку одмор.
    [​IMG]
    За вечер сите планови пропаднаа.. Требаше да одиме друштвото на Сарс и на Дубиоза Колектив, али ништо од тоа. На Фолтин не отидов, на ова не.. Пуста судбина. :doh: За да излегувам вечер не ми паѓа ни на крај памет.. Имам една врста на алергија. Малечки меурчиња над устата. И сите низ град ме гледаат како да сум краставо куче. Луѓе златни дали можеби сте слушнале за зборот А-Л-Е-Р-Г-И-Ј-А?!? Веројатно не, ако судам според вашите погледи. Ви признавам, се чуствував како најголем фрик на цела планета. Али тоа е тоа, мојот град и луѓето во него. |(
    Еве сега се јави тетка ми и прашува: Што ти не си излезена?! Чудно некако за тебе..
    Е да. Сите навикнаа да ме гледаат по град петок навечер. Ете денес правам исклучоци. Али не и утре. Кирил Џајковски не ми бега!! :)
    Ајде мои феминки, бидете ми поздравени и имајте убава вечер. :*
     
  6. sweetgirl92

    sweetgirl92 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    459
    Допаѓања:
    1.896
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум стварно разочарана од животов многу викаат млада си животот е пред тебе а каква да бидам кога никогаш неможам да го имам и да го правам она што стварно го сакам. Прво ќе го ставам тоа што поради финансиската состојба неможам да го студирам она што стварно го саакам... Ајдее се помирив и со ова дека не сме сите исто и дека неможе да имаме секогаш се дека некои имаат повеќе а некои помалце.
    Но заштоо и овие спомени ме убиваатт зашто? Случајно отварам во папката со зачувани пораки и знаетее на што наидов на пораки од пред две години пораки од мојата љубов очите ми се наполнија со солзи ми идеше да почнам да врискам но пробав се воздржав несакав моите да го заприметат тоа и искочив на балкон седнав на стол и ајде демек да се смирам гледам во небо и кога ги забележав ѕвездите повторно се сетив на него како заедно си лежевме гушнати и ги гледавме ѕвездите чекавме да падне некоја и да си замислеме желба засекогаш да останеме заедно :( . Стварно животов не е фер немам ништо во него што би ме насмеало ни друштво ни љубов а ни пак да се надевам на некаква иднина преку глава ми е од се........... ;(
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Не ги познавам, ама се‘ прават за да им се допадне на странциве. Јас така ја согледав работава, а тие можда абер немет. Да бидеш автентичен, да бидеш уникат! Тоа е важно! Излитени, веќе видени идеи - не благодарам!
     
  8. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    Официјално се прогласувам за најголем баксуз во љубовта!!!!!!
    Секогаш ама баш секогаш мора да ми се свиѓа некој што живее минимум 200 километри од мене... Па аман веќе, аман!! :x
    Немам зборови, какво прекрасно чуство имав последниве 3 саати и знам дека нема да биде ништо повеќе од тоа-никогаш...

    И ете утре нов град, нови проблеми, али сепак истата јас истиот баксуз... Дође ми да вриснем!!! :headbang:
    :x
     
  9. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    ке го смувам па што сака нека биде :D
     
    На Go-Girl му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Пф што пуштив МТВ што се запустив. Јooooooj. Ова нашиве фестивали се чудам зашто уште се одржуваат и онака се во минус и одвај имаат спонзори.
    Слушајки ги неколкуве песни можам да кажам дека Пинк тоа Гранд шоу ово оно Ѕвезде Гранда и бугарскиве певаљки имаат подобра музика.
    A кои се побугу пејачиве?
    Овој па Хико, леле готово нагон на повраќање. Уште па пред некоја недела кога видов дека некој Христијан е во први 10 поп песни од осамостојувањето на Македонија, пишав на гугл да видам кој е тој Христијан. Што да видам :o . Ја не ни знаев дека имал песна. А со кој памет беше гласан, со кој??? Сега гледам 32ро место. Али кога може Џастин Бибер да освојува награди за најдобар машки вокал зш не би и Хико. Се повеќе наликуваме на шоуа од америкиве, не уништија филмовиве. Сеедно што не уништија одам да пуштам некој филм и да го искличам телевизоров или барем mute да ставам.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Сакам да кажам...

    - :o лелее сега и ја пуштив да видам и зажалив сценава изгледа како од минатиот век уште цвеќињана во фолија им фалат на работ од бината..лелее брукии :worried:
     
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Сакам да кажам...

    СДК многу проста нација сме, цел живот кукаме немаме пари, а дискотеки, кафичи, ресторани и останати угостителски објекти полни скоро секоја вечер. Кукаме како немаме за леб, секој ден домати и пиперки јадеме, а тоа вино, виски, коњак, сок, ручеци, пици ... се плаќаат строго во кеш.
    Плачеме над својата судбина, како мислиш светот оди кон проспаст, а уствари секој си живурка како што му одговара. Ако немам пари ќе седам дома, а нема секој викенд да одам на ручек/вечера/пијачка...

    Друго не сакам ни да зборам, ме нервира нашата македонска глупавост, ме нервира македонштината, ме нервира што полесно им е да седат дома и да кукаат како немаат пари, одколку да го дигнат нивниот прецент задник и да побараат работа.
     
    На bittersweet, Doozy, LadyNN и 4 други им се допаѓа ова.
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.815
    Допаѓања:
    25.453
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Само што дојдов од надвор. Не можев повеќе, изгледа ми е паднат притисоков и премногу ми се спие.
    Убаво ми беше со мачорот, си шеткавме, се гушкавме, ама ми се спие ај што да правам.
    Изедов две:
    [​IMG]
    и ми се слоши на крај, ама уживав.

    И сакам да кажам дека денеска бев ептен трогната кога ми кажаа дека сум им недостигала. За прв пат во животов се чувствував дека припаѓам некаде, а кога добив повратна емоција од нив, ми се плачеше од среќа..

    Добра ноќ на сите, јас легнувам кај и да е..
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сакам да кажам...

    СДК дека излегувам :)...Се читкаме покасно :P:*
     
  15. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Убав помин, Реина! :D :party:

    Не се извинувам за оф-топик бидејќи не е, тоа сакав да кажам. :lol:
     
    На La.Reina.Del.Sur му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека моментално слушам К-15...СУЗАНА ТУРУНЏИЕВА е, со некоја безвезе песна. Многу е скапана бе.. НЕ Е МОГУЧЕ! :envy:
     
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.959
    Допаѓања:
    123.543
    Сакам да кажам...

    Сакам на пуст остров!
    Сакам.......Неможам веќе луѓето да ги гледам,како лажно ми се смешкаат и ми глумат.И ич нема да ми фалат ,ма никој.Само тој што ми треба и конечно и јас да уживам.
    Не те оставаат да си среќен :fubar: А помош,помош-што беше тоа.Малку да се помогне е човечки,да се подаде само рака.А секој себично ја крие.
    И сите велат-кога он мене така,отсега и јас така....така од еден на друг се пренесува,и ете сите станаа такви :worried:
    Има една изрека-Повеќе го сакам непријателот кој во очи ми ја кажува вистината,отколку пријателот кој ме лаже.Превистинито.
    И,не за џабе-пријателите ги создава СРЕЌАТА а ги проверува НЕСРЕЌАТА.За ова сум жив сведок,за жал....
     
  18. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам бе! И ќе кажам.
    Ме поттикна овој пост поради ситуацијата што ја забележав вчера на страната на факултетот на кој се запишав. Гледам квоти за националности, оп личност што ја знам лично! Оп, во државна квота си влегла машала! Значи не можам да ги сфатам луѓево. Ти си ром. Цел живот тоа го криеш во себе, иако е очигледно по изгледот, генералиите и слично. ЗОШТО СЕ СРАМИТЕ ОД ТОА ШТО СЕ? Дојде време да се запишете на факултет и оп, тогаш нема срам нели? 200 евра се во прашање, така? Јас знам дека живееме во општество полно со предрасуди кон другите националности кои живеат кај нас, освен македонската, знам дека сте изложени на исмевања и понижувања, ама до кога ќе се побивате самите себе, до кога?
    Сакате некој да ве цени? Сакате некој да не ве омаловажува поради тоа што сте? Време е да се помирите со реалноста, иако е сурова. Некој е роден како македонец, некој како ром, некој како албанец и крај. Гордеете со тоа што се, и не се правете тоа што не сте.
    Тоа отсекогаш ме иритирало. НЕ СЕ ПРАВЕТЕ ТОА ШТО НЕ СТЕ ВО НИЕДЕН СЕГМЕНТ ОД ВАШИОТ ЖИВОТ!
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.461
    Сакам да кажам...

    Tитаник на А2, ако сака некој да го гледа, сега скоро почна. :)
     
  20. Elina

    Elina Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    164
    Допаѓања:
    65
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам требаше да учам ама не,јас неможев да се сконцентрирам од фудбалот.Не дека гледав кој игра ама белите беа подобри од сините.Не ги сакам сините играчи,ме потсетуваат на англиските смрдлиња,на него :worried:
    НОоооо за среќа во следниот момент се заљубив :D озбилно ви кажувам девојчици :D конечно и јас го дочекав мојот принц и тоа на црн мотор :!: :rofl:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.