Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    Не е мое напатеново маче, го има за вдомување, ставен е на фејсбук. Срце бе, види го, само да го ручкаш.

    Момчето ваљда ќе го опорават, доста е малечок, не знам дали е неодамна роден или собран од улица каде што храната ја има на претек...упс, мислам едвај се наоѓа. Во секој случај, ѕверкасто животнче е. :) :)
     
  2. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    Баш е душичка, се надевам ќе се најде некој да го земе :)
     
  3. The.Crab

    The.Crab Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 февруари 2011
    Пораки:
    629
    Допаѓања:
    370
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ги читам коментариве на Дузи и Старбакс, и во двата скоро да се пронајдов. Едниот на мојата голема среќа што температуриве се снижија, другиот на тоа дека од септември (или почетокот на октомври... не знам точно :?: ) тргнувам на факултет.

    Вчера баш му кажував на дечко ми колку само сакам да разлади времево и конечно да се облечам потопличко и да се чувствувам добро во сопствената кожа. Друго, сите ме прашуваат како се чувствувам сега како идна студентка и дали сум среќна, а јас не знам што да одговорам. Едноставно ништо конкретно немам размислувано за истата идеја и почетокот да се привикнувам кон неа. Знам само дека како и секој нов почеток ќе ми биде тешко, ама ќе се прилагодиме (не сме ни први, ниту пак последни :D ).

    Длабоко во себе се надевам дека следниов период од мојот живот ќе биде еден од најубавите. Тоа што помина, помина. Сега, пак сериозно да седнам да учам. Нема веќе ескивирање :lol: . Малку олабавување и отишол коњот во реката. Феминки, кажете дека не е баш така де, чисто како за утеха. :rofl: Ракче, со позитивни мисли и се' ќе биде во ред (тоа ќе му дојде како мое мото и сопствена утеха :) ). Дај ми Боже сила пак книга в рака да земам! :lol:

    Има време! Ајде сега пак на одмарање. Дека многу се изморив, не за друго. :lol: :P
     
  4. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да кажам...

    СДК..ове ке бидит многу долг пост :^) можеби требеше во темата Испукајте се ама сепак тука е пишам...

    Апел до сите феминки кои имаат намера да распалуваат огнови

    ..Видов во неколку теми ептен жестоко беше..дај приберете се малку ова е за тие што ми паднаа во очи најмногу а верувам дека им паднале и на останатите феминки кои не распалуваат огнови по темиве...и да напоменам секој има право на свое мислење..ама да наметуваш вина како што беше Лазањаата во неколку мислења од темана Силување мислам :fubar: никоја жена не го посакува тоа НИКОЈА..а ти паметна се најде да кажуваш што и како било недал господ да осетиш на своја кожа ова на никоја не и го посакувам..друга што ми падна во очи е Зандра во темата Анален секс,девојко како што напишав и таму никој не ти стаи пиштол на главата..за да те трти отпозади,нејкиш немораш..а ти имаш бааги забегано со офф топици таму..по поделба на населението село/град стигна..мислам дека се покажа кој е од село кој е од град...Мила Моја УРБАНА ДАМО
    и да ке ве замолам малку да си ги воздржите страстите..На некоие луѓе тука им треба совет,помош и поддршка... Да бевме сега некаде на отворено ке летаа шамари,клоци,бокови,некоја ке дојдеше со шибер,со палка,пендрек,шипка..Не ке можеше никој да не разделит..Затоа Лазањата и Урбанава Дама(Зандра) ке ги замолам да не се палет олку зарем не гледате дека си лепите етикети на самобендисани,самонеуки девојки/жени што и да сте..Ако немате прметено нервирате и други членови на форумов,затоа смирете се а не грачете тука по форумов безмислени работи колку да се брои мислењето :@
    И да ако приметам уште некоја распалена феминка како овие горенаведениве со безмислени постови кои служат за навредување и понижување и незнам ти што ке ги напишам ако воочам дека се во криво како горенапишаните Госпоѓи/ци

    Сепак требеше во темата Испукајте се да го напишам постов
     
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    Апел и до тебе да не се возбудуваш толку затоа што ова е ЖЕНСКИ форум кај што не постои начин тема да помине без караница. И да не го напишеше постов ќе не спасеше сите од барем 2-3 :D Calm down :bow:
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.912
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Taa e! Многу ми е жал ;(
     
  7. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да кажам...

    Да зна ама ептен се изнервирав..Само тие две во очи ми падднаа до пред некое време мирни дискусии се водеа..барем помирни од овие сега..Во тие две теми ем неиспробано (во едната недал господ ни да пробаш) другата ако не е страшна :lol: ем уште кажуваат ..
     
  8. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека едвај чекам да ми дојде роденден. :angel: Моите не беа дома, и си се развеселив со сестра ми.
    http://www.youtube.com/watch?v=w7SgldCErE8
     
  9. Nika666

    Nika666 Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    321
    Допаѓања:
    217
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=ClBrW2f6EpY


    Ја могу све на свету, на земљи и у лету, ја имам ахилову пету, JA ХОЋУ БАШ ТЕБЕ ТЕБЕ БАШ, ТЕ ОЧИ КАО СРНЕ ВЕЛИКЕ И ЦРНЕ ДА МИ ДАШ!!!!!!!!!!!! :inlove:
    Ете тоа сакав да кажам (и да му кажам) :wasntme:
    Просто не ми се верува како само еден поглед и една насмевка е доволна да ми го заниша цел свет и да ми го сврти за 90 степени (не се уште 180 :lol: ) јас не бев јас пред 3 дена... тоа некоја друга Ника беше дефинитивно, Ника Ника не би го направила тоа никогаш никогаш ама пусто срце кога ке залупа како лудо аххх...

    И да сакам да кажам дека ја извадив фиксната конечно и забите ми се како бисерчиња, само што мобилнава ме нервира ужасно многу, неможам да зборам и само кашлам како ли ке заспијам вечер?? :?:

    а срцево ми чука како лудо... и школото ми почнува за 2 дена и некако едваи чекам да си ги видам другарките и другарите...

    иииии премногу работи изнакажав сега, се ми е узбркано, ама битно среќна сум и задоволна ии на 17 небо :lol:
     
  10. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    :worried: :worried: Не знам што е работава, пред две недели и толку дали, девојчето во Индија што се удави, пред два месеци тоа што го згази кола... Греота :worried:
     
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.603
    Сакам да кажам...

    ... на почетокот (не секако на почетокот на времето, туку во моето сеќавање) ги имавме шапот и лигавката. Ви текнува нели, преминувате граници и чичковците граничари ви викаат - ама мора со автомобилот да поминете низ означениот простор, да ви се дезинфицираат гумите.
    :^)
    А во таа баричка веројатно имаше милијарда други знајни и незнајни бактерии, потенцијален извор на зараза, ама поштено - ќе си платиш и поштено - нема да навлечеш шап и лигавка.

    Птичји грип. Светот во паника, ние исто, сакајќи да сме дел од светот. Вакцина на почетокот немаше, ама паметните чичковци од француската фармацевтска компанија видоа место за профит, па ја измислија. Ако недај Боже дојдеше зорт, поштено купи си ја вакцината и поштено - нема да навлечеш птичји грип.

    На 11 јуни 2009 беше прогласена пандемија на свински грип. Ги баниравме вкусните прасенца, остана само уште најупотребената кратенка H1N1 да си ја врежеме на газот, за да не ја заборавиме.
    Како и секогаш - има лек. Поштено си купуваш тамифлу и медицинска маска од 15 ден од Зегин и поштено - нема да навлечеш свински грип.

    Денешно време.
    Во пресрет на апокалиптичната 2012 откако паметам за себе, луѓето се најраздразливи, себични, неспособни за емпатија, полни стереотипи и предрасуди. Згора на се', нивните актерски способности се развија до толкаво совршенство, што буквално можат да му го земат лебот од устата на тазе дипломец од ФДУ.
    Чаре?

    Има баричка, вакцина, апчуле против оваа епидемија?
     
    На GeorGinnA, kate21, julie77 и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    еееее хипи јас и ти да не се закареме на крај за цврцул
    хаха
    се шалам
    баш е сладок срка е :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
  13. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    7.113
    Допаѓања:
    107.126
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Само да се надоврзам на постот на Трендафиљон и да потенцирам една многу битна информација, која верувам не ви е позната, а е од суштинско значење.
    Имено, и да има баричка против таа болест... секако, не е мојата бара, барата на тате мој.
    Затоа, не доаѓајте да барате спас кај нас.
    Пренаселени сме :!: !!!
    Со луѓе, никако да се разбереш |(
    :D :rofl: :wasntme:
     
    На kate21, XMaN, Doozy и 5 други им се допаѓа ова.
  14. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ми се плаче бе.
    Ееее види работа. :D
    Кога викам јас чудна сум, никој не верува. :emo:
     
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Сабајлево ме разбуди внука ми, онака нежно, мило, грижливо: Тета, ајде стани! А јас пак целата заспана само ја гушнав и бакнав, па ја зедов перницата и ќебето и се префрлив во друга соба.. сатот беше 9 и пол - немаше шанси да се освестам! :wasntme:

    Попладнето плажирав. И таму едно дремење му удрив, сонцето и водата ме занесе... :sun:

    Пак си шетав чаршија со мама и тато и внука ми во количка. :) Ги сакам заедничките прошетки. Искрено, една другарка немам видено да се шета со родителите... што, да не е срамота или имаме поважни работи? Баш си поминав фино! Ја учевме внуката нови зборови (научи да вика помош, сонце, срце, апетит! :lol: ) Коментиравме за градот, за времето... И јас и тато пак и пак си заклучивме: Колку е чуден животот!

    Сега - филм!

    Добра ви ноќ :*
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК ептен ми е лошо и се чувствувам...не знам, малку се сите негативни чувства што би ги пишала во моментов... Повеќе не сакам да пишувам, запрепастена сум негативно и разочарана од блиски личности. :o :tmi: :fubar:

    Би се стаила пак на моите ролери и би се вратила по кејот со другарка ми, убаво ми беше, камо цела ноќ да возев...
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Какви времиња дошле на човек да му е страв да живее :x
    зашто вакви времиња,зашто вакви луше, зашто ваков преколно крпен живот? со што некои луѓе го залужија?
    Ми се плаче од се, за све !! ... :(
     
    На maca99 и Plavusa.17 им се допаѓа ова.
  18. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    Сакам да кажам...

    СДК и животов не е тоа што беше!
     
    На Trendafilka, thelittle17 и maca99 им се допаѓа ова.
  19. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.953
    Допаѓања:
    123.541
    Сакам да кажам...

    Гледам,читам -се поразочарани луѓето.Секој од секого разочаран.Насекаде љубомора,завист.Интересот ги смени луѓето. Неможам и јас и јас сум разочарана од се....ама не се надевам.Не се надевам дека ќе дојде подобро утре.Луѓето нема да се сменат,не.Ми се чини -можеби,ама на полошо.
    И,најстрашно е што никој не се труди да смени ништо..........
     
    На Chocoholic и julie77 им се допаѓа ова.
  20. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сакам да кажам...

    СДК дека дознав еден `лек` за сјајна коса и испукани врвови. :D

    Утре ќе го применам. :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.