Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. sugar

    sugar Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 април 2011
    Пораки:
    135
    Допаѓања:
    67
    Сакам да кажам...

    Немам ништо посебно за кажување,освен дека летово ми помина додека да трепнам.Најубаво лето до сега,дефинитивно.Не жалам за ништо што направив летово и не жалам што ќе заврши.

    Сепак,самата помисла на тоа дека денес е 30 Август и дека за 2 дена сме во школо ме тера на плачење.Се осеќам како прваче,но и покрај тоа едвај чекам да дојде 1 Септември.

    Треба малку промена. :)
     
  2. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Го напиша негде ‘лекот‘ само не знам дали во темава или во некоја соодветна за коса :?:
     
    На Look му/ѝ се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    На луѓето им здосадува детството па брзаат да пораснат, а потоа повторно сакаат да бидат деца...
    Го губат здравјето за да заработат пари, а потоа парите ги трошат за да го вратат здравјето...
    Нервозно мислејќи за иднината ја забораваат сегашноста, па така не живеат ни во сегашноста ни во иднината...
    Живеат како никогаш да нема да умрат, а умираат како никогаш да не живееле...
    Затоа не брзајте... Искористете го секој миг и оставете работите сами да течат.. Затоа што сè се случува со причина порано или подоцна..
    ;(
     
  4. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сакам да кажам...

    ...Материјали, конци, ножици, игли, машина, еден куп работи кои чекаат да дојде нивниот ред под вештата игла на машината...Ах, се вратив години наназад, кога секој втор ден беше така растурено во празната соба, која не ја користевме за друго...Како вчера да беше, а не пред можеби 10 години, кога љубопитно ја набљудував мајка ми како шие...Додека другите деца учеа да играат криенка, јас учев да кројам и шијам. Тоа ми беше позабавно...
    СДК постанав сентиментална кога ми навреа спомените :/
     
    На marama и rossonerka им се допаѓа ова.
  5. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    614
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Време е. Нека започнат обрските. Сега посакувам целосно да се посветам на нив, а кога ќе дојде време ќе сакам да ги одбегнувам. Она што јас го имам замислено... Повлечено, разумно, непредвидливо. Заврши летото. Завршија „авантурите“. Нова надеж, нови мисли, нова иднина, нов живот. ;) :angel:
     
  6. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.751
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Среќен празник на сите што денес слават и се најубаво :)
     
  7. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Правите што ќе правите,ама никако не дозволувајте за време на неработен ден,даљинското да падне во рацете на посилниот пол.Цело сабајле гледав прво како се произведува кокаин во џунгла на Нешенл Џеографик,па после како може салото од липосукција да се искористи за правење екстра ларџ бубс,а оно жолто,па се тресе како недовриен згрутчен пудинг, а сега веќе рециклираме стари бродови......
    А, еве го,трепна и се јави:
    Што ќе ручаме денеска?-ЧОРБА МАКЕДОНЧЕ!!! Свежа компирача, во најголемото тенџере што сум го имала,направив за цела маала,па сега сркаааааааајјјј!!!
    На лепотанов до мене, морам да му проверам билирубини, ќе закачи жолтица од толку спиење!
    А мене ме фаќа некоја сафра, посебно кога сум вака узалудна како денес, не знам да се опуштам и да уживам во еден ден без обврски,ќерка ми е на гости кај бака-сервис и сигурно веќе им го реновира станот!
    Па и телефонот го нема да пуфне, барем да ме опцуеше некој :swear: :swear: :swear:
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  8. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк ништо не е толку мртво, како мртвата љубов.
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. RodenaSoGreska

    RodenaSoGreska Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2010
    Пораки:
    82
    Допаѓања:
    49
    Сакам да кажам...

    Сдк дека едвај цекам да дојде утре и да си го фанам патот и дека немозам да се снајдам во стварите зошто во моментот се спремам...
     
  10. Look

    Look Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јуни 2011
    Пораки:
    1.034
    Допаѓања:
    884
    Сакам да кажам...


    Го напишав. :!: Пролистај неколку страни наназад. :)
     
  11. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК сите се спремаат за испитот на први, исто и јас!
    Еве пола ден тоа правам, со голема посветеност. :!:
    Едиствена разлика е тоа што сите вртат книги, скрипти и решаваат вежби, а јас го превртувам плакарот и си правам комбинации што да носам. :lol:
    Па, ме мрзи да ја вртам книгата. Се си знам!
    како па да не :^)
    Стварно не знам што да облечам. А и мајка ми, одамна ја нема да ме завлече на некој шопинг. Обично таа е иницијаторот. Чудно. Ќе мора сама да се снаоѓам.
    Имајте убав ден! ;)
    Јас веќе имам.. ко за промена, денес решив да бидам среќна. :)
     
  12. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да кажам...

    СДК 1

    Најпрво Срекен празник на сите што го слават празников...

    СДК 2

    Баш денеска ми се погоди денов..од сабајле со расправии.. молчев што молчев,ама сега сум како ]:) ма не грешка :devil: црвена сум..мајка ми збори ја на секој збор капаче :devil: ]:) шубо било..

    СДК 3

    Дај нека не врнит дур појдам на козметичар..и кај другарка ми..па после град нека паднит ако сакат :lol:

    СДК 4

    Решив да се променам..
    на поџаволесто створење ]:) :devil: хихих
     
  13. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    Сакам да сум тука
    И сакам да си честитам што научив како да ставам слики преку УРЛ јее
     
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Сдк дека толку многу надежи дека се ке успее она што замислив пропаднаа за миг.Јас немам повеке сили да се борам и да одам напред.Изморена сум од сите пречки а немам никаква подршка.Сакам само да заспијам и да се разбудам после 100 години.Или да сопре времето и да се разбудам кога некој ке се сети дека јас постојам и дека сум мегу живиот свет овде на земјата.
    Толку многу главоболки,солзи,падови,секавања и болни спомени.Зошто ми се пари?кога не ме праваат срекна?Еве земете си ги или дајте ги на гладните деца во Африка,или за социјални потреби.Мене не ми требаат.Мене ми требате вие да сте покрај мене,тој,некој кој ке ме прегрне силно :doh: А не знам што ке ја правам љубовта која ја имам во душава.Ке посвојам сираче и се ке му дадам,она што го немало и тоа што го немам јас.Барем нема да го следам примерот од другите мислејки само на пари и како да те повредат за да те гледат срамнет на земјата со насмевка од шестица до шестица.
     
    На unique123 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.765
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Лекот е фризер и ножици. За два дена ќе имам и јас сјајна коса :D

    Ме разбуди мирисот на џем. Мајка ми уште рано, рано го ставила, па уште да била фина лепче да замесила мх, мх... Ама нема лепче.
    Ми се јави Тој да ми каже дека треба да добијам :D е фала ти календару :rofl: Ми рече нервозна си ем напалена, абе ајде по телефон чувствуваш? Ќе дошол на 5 дена,а јас уште сега пресметувам колку од тие да го избегнам. Ми должел подарок, не , не ми должиш подарок, ми должиш многу денови и ноќи кои требало да ги поминеш покрај мене, ми должиш многу прошетки, многу седенки ама не можеш да ми се оддолжиш.
    Имам испити еден куп, учено ич. Планови еден куп, а остврувања ни пола. Многу работи ми се вртат низ ум, а ниту една не останува долго.
     
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк наместо шишки имам веѓишта под итно ми треба средување на грамушкиве над очите мрза сум сама да се чупам а нема кој :|

    А утре идам на сликање епа јбг ќе си дувам во нив да идат нагоре за време на сликањето |( кога сум мрза да се чупам.

    Денес кафенце,муабетче и некако гајле немам за збриката што ќе биде утре со уплакањето за фак. а до душа ниту не знам што како треба си викам ај утре ќе отидам таму и ќе видам,некако денес сум турни ме да тргнам...
    Мрзливо полнолетно детиште сум!

    Некој да не е расположен да чупа веѓиштааа ? :?:
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Најдов една муи линда занимација и морам да кажам дека многу смирува. :wasntme:
    Забавно ќе ми биде, не знам зошто мене никогаш не ми е досадно, дури ни кога е тишина и кога молчам, и кога можам да си го слушнам дишењево не ми е досадно, ЕДИНСТВЕНО најголемата досада и нервоза ја осеќам кога сум во исчекување на нешто или чекам ред за некаде, е тогаш сафрата ме фаќа и се досадувам поштено за цело време што не ми било досадно.
    Досадно ви е?
    Ако не ви е супер, ако ви е пак супер
    ама штом читате овде сигурно НЕ ВИ Е
    Ај Чаос од мене.
     
  18. IndieGirl

    IndieGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    846
    Допаѓања:
    707
    Сакам да кажам...

    Ола! :hai:
    Каква дремка ме фати прееска се остаив од 11 ипол до 4 саат на кауч во дневна се изнаспав затоа сега ни кафе не ме освестува :drunk:
    Конечно го скратив ова сеново што го имав на глава, со месеци не бев шишана па косата стварно ми беше ко сено. :^)
    Некако многу сум возбудена за во четврток, прваче дека :$ Едвај чекам да видам со кој се ќе учам 4 години, кој ќе ми предава, сее бре. Сама ми е страв за учењето, мсилам дека не можам да учам ме мрзи-.-
    Летово ми летна не ог ни осетив а не ни напраив нешто во него (освен што се жалев колку ми е досадно и топло) и знам дека за една недела ќа си го барам пак назад какво такво.
    Каква мрза ме фатила деновиве само дремам , се ме мрзи ако треба ќе цркнам за јадење ама не станувам да си направам нешто. :!:
    Доста го дробев одам да се освестам малце. |-) :)
     
    На Tanny му/ѝ се допаѓа ова.
  19. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Понекогаш кога ќе го најдеме тоа што ни треба, но не сме сигурни во својот избор, чекаме да дојде нешто подобро. И тогаш кога ќе сфатиме дека нема подобро т.е не можеме да најдеме, се враќаме кај она првото што сме го нашле. И што се случува тогаш? Оп, го нема! Некој ни го зел. И се враќаме пак од нула, или земаме нешто помалку вредно.
    Немој да чекате, и да барате нешто совршено. Некогаш се наоѓа и подобро, ама во најголем број од случаевите се останува со прстот в уста. Јас останав со прстот в уста.
     
    На julie77 и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК и кога сите бродови ќе ви потонат, прогласете ги за подморници и продолжете понатаму ;)

    ИИИ Јас лично, да се трудев мааалце повеќе, сега ќе го имав она што ми фали
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.