Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Дека најверојатно веќе ништо од мене нема да прочитате, ова што ќе го напишам ќе биде последно.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    OMG јас денес морам уште нешто да кажам...
    Како само драстично ми се смена расположението штом чув познат, мелодичен глас... :D
    Нема веќе ни трага од утринскиот мамурлук кога има на кого да кажеш дека ти е смачено, кога има кој да те поддржи, а притоа да знаеш дека нема да раскажи на друштвото... Кога некој ќе ти рече „па зошто не дојде, сакам секогаш кога ќе си слободна да дојдеш...“ Навистина нема ништо поубаво од тоа кога имаш на кого да сметаш секогаш. А кога велам секогаш мислам секогаш-секогаш!!
    И така, додека овие мисли ми се вртеа низ глава и безволно го лизгав прстот врз маусот на лаптопот нешто ме штрекна од што потскокнав и заикав. Хух, мразам кога лепотанот мој лае без потреба!! Па душава ми ја вади кога јас мислам дека спие, а тој само АВ АВ...како да сака да каже „не спијам, дадичке!“
     
  3. Smilly

    Smilly Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јули 2010
    Пораки:
    2.373
    Допаѓања:
    3.244
    Сакам да кажам...

    ..+1...прекрасно поминато лето
    Не залудно потрошени летните денови :angel:
    Јеп,I'm home!

    Еј,ама ми фалеше меченцето :hug: Милото тоа.Убаво е кога си го имам пак околу мене.До лани без него никако не одев на пат :wasntme:
    Ајде го оставив оваа година на раат да подиши без мене некое време.
    Не му е лесно и на него.

    Чисто информативно вредеше да се пржам како рак на суво,сега имам совршено бронзен тен.
    (ќе го видите во модни критики) :wasntme:

    31.08-да си го искористам денот максимално,се знае од утре што следува :sweat:
    И покрај тоа што го мразам утрешниот звук на алармот,потајно и ми се појавува слатка насмевка.
    Не е лош први септември,сепак таму некаде се луѓе кои ми значат,личности со кои средното школо и не е толку лошо место :geek:

    Знаете како Смајли го користи последниот ден од Август..
    ги собирам впечатоците од една прекрасна поминете година.
    Спомени на кои вреди да се сетиш,слатко да се насмевнеш и да посакаш да ги доживеш повторно.

    И како за крај на ова скоро совршено лето посакав две желби.Дали ќе се исполната ќе видиме.
    Чудно е тоа колку може да ти недостига форумот :f:
    Ви праќам :* енд :hug:
    Smilly

    - :sun:
     
    На crazylady, teddybear, HeartlySmile и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека
    ТИ не си ТИ ако го немаш гледано "A tres metros sobre el cielo". Аман луѓе напнавте со филмов цел Фејсбук е преплавен.
    Btw. ЈАС не сум ЈАС :D Го немам уште гледано филмов :rofl:
     
    На VikiToO и L-enna им се допаѓа ова.
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Сеуште сум корална. Сеуште не ми се враќа во реалноста. Сеуште сум црна. Сеуште сум релаксирана. Сеуште растрчана. Сеуште смирена.

    Сеуште пијам ладно нес и ич не ми мрда 167то шатирано влакно на главава.

    Пиво и Кирил - мојт бе, з’ш да не мојт? :)

    Зелените старки се мои, а јас ќе рипам во нив со ладно Старопрамен во десната а малборо лајт во левата. Единственото пиво заради кое заборавам дека сум всушност скопски локалпатриот.

    Живели и напукајте се со позитива, нешто ми чади форумов ко после прегорено млеко :)
     
    На mims-89, Dafnee и LivingGlam им се допаѓа ова.
  6. Lilly8

    Lilly8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 март 2011
    Пораки:
    306
    Допаѓања:
    288
    Сакам да кажам...

    СДК дека се ме тера да мислам дека нема да помине убаво првиот ден во средно.Дека нема да бидам во класот што сакам.Дека ќе учам со деца што скоро и не ги познавам.Пробувам да ги извадам неубавите мисли од глава и да мислам дека се ќе биде добро,ама не можам :(
     
  7. fashionista

    fashionista Истакнат член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    153
    Сакам да кажам...

    сдк дека сега ке пробам да ја раскренам собава, само што не почнале змии да ми шетаат.
    незнам дали ми е драго или ми е жал зошто заврши распустов. стварно незнам!
     
  8. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам да кажам...

    Се расплакав затоа што не знам да си гледам на кафе и затоа што изгубив табла.

    имам да кажам многу малку: мразам оооо презирам ПМС

    пс. патем убедена сум дека има земјотрес кој го осеќам само јас
     
  9. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    ... Растопено колаче во тазе послужен чај од невен...ете таква сум.

    Емоции струјат низ моиве вени семакедонски, срцето да неможам да си го приберам у граден кош...а насмевкава не ја тргнав од 16.32 (проверив у моб :D ).

    Заслужен за тоа е мојот Роко, го памтите нели???...кутрето мое кое ми беше посвоено од Организација за заштита на животните, кое после цела година морав да го дадам на чување (во сигурни раце секако :!: ) од оправдани причини...мојот Роко бе, моето душиче :)

    Го видов прееска Цврцулче на Елементал, ми се собра душава од носталгија и се јавив да прашам како ми е кутрето....добар е, не го мислете.
    Сеуште најубав ми е, со тие месестите копани од нозе шо ги има...и да, најбитното, ТАТКО СТАНАЛ :rofl: ...што аутоматски мене ме прави баба :?: :D

    Тоа жени...сакав да споделам со вас!
    Колку едно невино кучешко душиче може да те исполни со среќа и позитивни вибрации...чудо едно ;)

    Ај бујрум на мекици :$
     
    На 2468, crazylady, EleMental и 7 други им се допаѓа ова.
  10. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Излегов, се вратив, си ја спастрив собата, се најадов, се напив, средив низ форумот што имаше за средување, ве прочитав, малку напишав нешто, разгледав што има по нетот и сега умирам од досада |(
     
  11. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    OMG бев излезена да се подновам за на училиште си купив блузина патики и бла бла бла но бидечи имавме многу работи во нас си рековме ќе ги оставиме дома работите и после ќе се вратие да си купам и фармерки.
    И незнам што ми текна зедов да си ги пробам старите фармерки што ми беа широки,и кога ги пробав што да видам,ТОЧНИ леле кога е фати паника,а тоа значи дека сум здебеленаа :devil:
    Кога се изнервирав лелеле во депресија паднав.Еве бев на диета на УН ама сега моментално гнетам смоки,од што се изз и плус сум во ПМЦ.
    Ама од утре почнувам сериозно и на аеробик,и со стариот режим што си го имав да подослабам малце :x

    Епа тоа е кога имаш многу свадби,славење,празниции јадење во доцните часови.
    Ама ајде никој ми нема искоменирано здебелена си или неешто слично значи имам накачено 1 до 2 кила што за 2 недели ќе се збогувам со нив е ака да си знаат :devil:
    Како можев???
     
  12. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    На Tanny и angel4e121 им се допаѓа ова.
  13. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Сакам да кажам...

    Cдк дека се спремам физички и психички за 20 часовниот лет |(
    Hе знам како ке издржам :x
    Cеуште не можам да се помирам дека сум далеку од тато,мама и сестри ми,се разбудувам и очекувам да ме праша некој за кафе ;( :worried:
     
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сакам да кажам...

    СДК дека моите комшии ќе збираат потписи за да ме исфрлат од тука... Ќе се откажат без сомнение...Музика трешти на сиот глас, јас уште погласна си го вежбам гласов... :D :$
     
  15. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.248
    Допаѓања:
    6.730
    Сакам да кажам...

    Што бе , утре на училиште сме биле ?!
    Јас мислам дека само муабети вадат !
     
    На marama, Pelikuna, HeartlySmile и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.478
    Сакам да кажам...

    Прочитав нешто убаво и поучно па сакам да го споделам со вас. Вреди да го прочитате :)


    Винстон Черчил паднал во шесто одделение. Тој последователно бил поразуван на сите избори за јавни функции се додека на 62 години не бил избран за премиер. Тој подоцна напишал "Никогаш не потклекнувај, никогаш не потклекнувај, никогаш, никогаш, никогаш, во ништо големо или мало, крупно или ситно, никогаш не потклекнувај освен под уверување на честа и здравиот разум. Никогаш, никогаш, никогаш, никогаш, никогаш не се откажувајте."

    - Сократ бил наречен "неморален расипувач на младината" и продолжил да ја расипува и откако му била изречена смртната казна. Тој го испил отровот и продолжил да ја расипува.

    - Сигмунд Фројд бил избркан од подиумот кога прв пат ги преставил своите идеи во Европа. Тој се вратил во својата канцеларија и продолжил да пишува.

    - Чарлс Дарвин се откажал од својата кариера од медицината и од неговиот татко бил критикуван дека "се грижи само за пукање и фаќање на кучиња и мачиња." Подоцна во својата автобиографија Дарвин напишал "Сите мои професори и татко ми ме сметаа за доста просечно дете, дури и под вообичаениот стандард за интелект".

    - Томас Едисон бил сметан од неговите учители дека е "премногу глуп за да научи било што." Тој бил отпуштен од неговите први две вработувања за тоа што бил "непродуктивен". Како инвентор тој имал 1.000 неуспешни обиди да измисли сијалица. Кога новинар го прашал "Како се чувствуваш откако 1.000 пати не успеа?" Едисон одговорил,"Не дека јас не успеав 1.000 пати. Туку сијалицата е изум од 1.000 чекори".

    - Алберт Ајнштајн не зборувал до 4 години. Неговите родители го сметале дека е под просечен а еден од неговите учители го опишале како "ментално спор, антисоцијален и засекогаш изгубен во неговите глупави соништа." Тој бил избркан од училишта и бил одбиен во Техничкото училиште во Цирих.

    - Луј Пастер бил само просечен студент на факултет и бил рангиран на 15-то место од 22 студенти по хемија.

    - Р.Х Мејси седум пати не успеал пред да неговата продавница во Њујорк да се прослави.

    - Бел Телефон копманијата на своите почетоци имала огромни проблеми со пари заради што сопствениците одлучиле компанијата му да ја понудат на Вестерн Унион зз 100.000 долари. Понудата била одбиена со презир со извезувањето во кое пишувало "Од каква корист може да ни биде оваа компанија што прави електрични играчки".

    - Откако Карл Луис освои златен медал на Олимпијадата 1996-та, еден новинар го праша која е неговата тајна за долговечноста, бидејќи се натпреварува скоро 20 години. Тој одговорил - "Треба да запаметите дека по пат имате и победи и порази. Ниту едните, ниту другите не ги сфаќам сериозно."

    - Волт Дизни бил отпуштен од уредникот на весникот бидејќи му “недостасувала имагинација и немал добри идеи”. Тој банкротирал неколку пати пред да го изгради Дизниленд. Инаку, неговиoт план за паркот бил одбиен од градот Анахеим, од каде сметале дека тој ќе собира само олош.

    - На Чарлс Шулц му биле одбиени сите стрипови кои ги испратил до уредништвото на средношколскиот весник. А и Волт Дизни не сакал да го вработи.

    - По првата аудиција за филм на Фред Астер, комисијата во своите забелешки напишала "Не може да глуми. Не може да пее. Малку е ќелав. Малку знае да игра".

    - Сидни Поатје својата прва аудиција ја завршил со следниот коментар на кастинг директорот: "Зошто не престанеш да им го трошиш времето на луѓето и не одиш да станеш мијач на садови или така нешто".

    - Џери Сајнфилд кога прв пат излегол на сцена во клуб како професионален комичар пред публика, бил стаписан и целосно го заборави англискиот јазик. Тој промрмљал неколку линии пред да биде избркан од сцена.

    - Во 1944-та Емеилин Снивли, директорката на агенцијата за модели Блу Бук и рекла на идната манекенка Норма Џин Бејкер "Подобро земи учи за секретарка или оди мажи се." За тие што не знаат Норма е Мерилин Монро. Сега... која е Емеилин Снивли?

    - Чарли Чаплин во прво време бил одбиван од шефовите на холивудските студија кои неговата глума ја сметале за "глупост".

    - Битлси биле одбиени од Дека Рекордс со доста погрешна оценка "Не ни се допаѓа вашиот звук. Групите со гитари се пред изумирање".

    - Елвис Присли во 1954-та бил избркан од менаџерот на Гранд Оле Опри, по само еден настап. Тој му рекол не Присли "Никаде не одиш пријателе. Би било најдобро да се вратиш на возење камион".

    - Париска галерија одбила да му даде засолниште на Пикасо, кога тој прашал дали може внатре да ги скрие сликите од дождот.

    - Стравински бил избркан од градот од лутата публика и гневните критичари по премиерата на Посветување на пролетта.

    - Лав Толстој бил исклучен од факултет. Тој бил опишан како "неспособен и неволен да учи."

    - На Емили Дикинсон и биле објавени само седум поеми во текот на нејзиниот живот.

    - Џек Лондон бил одбиен повеќе од 600 пати пред да ја објави својата прва приказна.

    - Хенри Форд пропаднал и банкротирал 5 пати пред да успее.

    - Мајкл Џордан и Бил Кози биле избркани од своите училишни кошаркарски тимови. Џордан подоцна напишал "Постојано паѓав и паѓав во животот. Затоа и успеав."

    - Директорот на училиштето на Мајкл Кејн му рекол "Ти цел живот ќе бидеш работник."

    - Ван Гог продал само 1 слика во животот и тоа на својата сестра за околу 400 франци. Тоа не го спречило да наслика повеќе од 800 слики.

    [​IMG]

    Извор - http://fakulteti.mk/news/11-07-27/nikog ... peale.aspx
     
    На la-chicka, lolyta777, Buttterfly и 12 други им се допаѓа ова.
  17. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.010
    Допаѓања:
    81.347
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ma доста ми е од муабетите дека утре почнува школото!
    Арно.
    Уште една досадна школска година, всушност не дека е така, ама безобразно многу ги мразам почетоците.
    Ме мачат многу работи - што, како, кога, зошто ...
    Се измачувам и самата себе си со овие глупости, од кои (се надевам дека) пола ќе испаднат нешто што ни на крај памет не сум помислувала, ама тоа е.
    Не сакам да си го трошам времето за и на глупости. Не сакам да бидам последна личност на која ќе се сетиш. Не сакам да бидам последна на твојот ''списак разлога'', помести ме барем некое место погоре, или не заслужувам !? |(
    Мање битно, па небитно.
    Ме фаќа криза, а и мерак богами, да земам молив и да начкртам два-три збора, на лист, да!
    Или хемиско пенкало, па секоја грешка да ја чкртам така со константни кратки потези, така да ниту Св. Петар да не може да прочита што сум напишала.
    И тебе ќе те исчкртам, моли се да не најдам пенкало, инаку you're dead man!
    Аста ла виста, Феминки, можеби ќе ме нема деновиве - ми треба простор за да се најдам каде сум, некако, пак ме фаќаат периоди кога ''ме мачи нешто а не знам што'' (читај - ме мачи нешто и знам што, амм будала сум и нејќам да признаам)
    Ве поздравувам.
     
  18. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.319
    Сакам да кажам...

    Eвалуација,еволуција,овулација,оле!
    Во добро дете израснав,рече продавачката во локалната продавничка кога и побарав паломче и мастичиња и ми се насмевна мангупски.Мислеше на лапање одам во 7 и пол сабајле.Епа да,би.
    Денес сум страните на светот пута шетоспеес и три дванаестини! Збогувања за убаво,добредојде за убаво, мекици за бебе, бајадера за заблажување, кока кола за заладување,кафе за муабет.
    Нешто ми оди со комплиментите.Често се прашувам каква маскота сум тоа јас?! Ма сензација,влагам и правам лом.Ха-ха,хи-хи,ху-ху,здраво живо,како сте,ја дојдов,срциња сте,фала,чао,довиџења!
    Денес во последната дванаестина си посветувавме песни со другачка ми од каршија,ми посвети една луди,голи и откачени,а јас и ја посветив куда плови овај брод со стихот,од модрице твоје плава сам ја! Дојде и ме скрши со хевталка! :D Среќа не ме схевта за нешто. Цел ден смеја на нејзин рачун! Да знаете како се фаќало џиж црвен тен кога переш теписи за Бајрам! :D
    Имам на око еден добар примерок,генерациски блиски.Утре ќе му џитнам некоја симитка посабајлечки,шо да праам,толку ми се можностите. :D
    Него,да.Жените кои се во втора половина на 40 години и немаат деца...многу се разликуваат од оние другите....о,да.
    Дома арни.Татко ми ... нешто проповеда кинески философии и чекори по патот на конечното себепронаоѓање,мир во душата и срцето,уште малце и тивко ќе ни зборува,а може и ќе го најдам у позиција скриен змеј,притаен тигар,со нозете на плафон.Круела ... ко Круела,менопауза ко менопауза. Интересни мешавини приредуваат овие двајца.Многу се смешни и многу незгодни прашања поставуваат,се чувствувам неспремно,ко кога 5 годишно дете ти постави збор мамо,а што е тоа оргазам?! (се сеќавам кога и го поставив на мајка ми и ми рече дека е нешто ко организам :rofl: ). Вчера ми влетува татко ми и ми вика,а што мислиш, нели теоријата на Фројд повеќе нема смисла бла бла бла,дали ти ко возрасен човек мислиш дека сексуалниот нагон е клучен за целокупните расположенија,дејствувања?! Ум... :wasntme:
    И некако начисто сум со себе и пред сите,а они со мене,не знам баш,ама и не е мој проблем.Ко ме воли,воли ме,ко не,баш ми е гајле! Има тука и еден муабет,ама мисливе ми се ко молскавица,кај и да е ќе направам месечен пресек.Септември ли е,што ли е.Топол и фин,мава накај уште повеќе портокалово,зеленкото станува жутко,душа низ катарза,коцки под ред (време е за лет!Е не,ова колку да има рима),сите се одомаќинуваат,авантурите стануваат сериозна ствар,а парите преокупација. Сепак,лабав и мој!Го сакам септември,исто ко и сите други,освен јуни!
    Е така...книгиче,кафенце и нозе на маса.О,да! Пиво,друг пат! Душа су и ја!
    Сите и се сакам!А тие наапаните,ќе ги молам да не ме чепкаат,неам време,не ми се слуша,не ми се мисли.
     
    На lolyta777, teddybear, Dafnee и 8 други им се допаѓа ова.
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...


    Да не пукнеш,ме пресмеа :D :D

    Сдк дека утре одам да се правам црвенокоса.Ке ме кошта малку повеке одколку што треба ама знам дека на крај желбата ке ми биде остварена.
    Ех како брзо се трошаат парите.На човек да му е страв да погледне во џебот и да извади макар 10 денарка. :wasntme:
     
  20. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    На Miss.Ricci му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.