Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека стварно ми е мило што постои овој форум, секојдневно ве читам и ве засакав сите, како семејство ми станавте :) Се надевам дека нема да постојат ни караници, ни препуцавања, ништо. Љубов до сите вас.
     
    На Chocoholic му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ каков прекрасен ден! 8) Јас веќе не се нервирам! Како што гледам дека ситно се брои до заминувањето во Скопје.. ма ич не се замарам! Одмор! За душава, срцево и телово! Љубов? Хм... да може, но не ја трескам веќе главата. Не сме мали за да не се разбереме меѓу редови, да не знаеме да го преведеме нашиот Body language!
     
  3. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Здраво,здрависимо. :)

    Јас сум опет овде,опет ваша. Ми фалевте сите,ама ќе надокнадиме. Гушки,бацки. :hug: :*
     
    На Monna.Monna, Tinker-Bell, Doozy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.033
    Допаѓања:
    11.810
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Те љубам. Те имам покрај себе сега, засекогаш. Не верувам во пеперутки во стомак од заљубеност, верувам во сила покрај тебе. И во мир и немир одеднаш. И погледи и тишина која кажува се- дека ме љубиш...

    http://www.youtube.com/watch?v=sxbX-z5- ... re=related
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    СДК Како што одминува, сфаќам дека летово се повеќе ќе ми недостига... Ќе ми недостигаат голите исончани ночиња, лелеавите фустанчиња, веселите бои... долгите ноќи, романтичните прошетки...

    СДК 2 Убаво да си поминете на првиот школски ден ученичиња, многу среќа во новата учебна година :*
     
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.089
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Од утре почнува замарањето. Знам дека треба да се радувам, ама не можам. Не е тоа што го сакав. И пак ќе ми биде тешко. Среќа он е тука, инаку не знам што ќе правев. Веројатно пак ќе си потонев во моето мрачно место, кое сега изгледа тооолку блиско...
     
  7. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Сакам да кажам...

    Денес го видов. Насмеан, а сепак носеше тага во очите. Зарем и тој имал чувства? Зарем јас сега го дознавам тоа ..... ?!

    • Не оди ...
    - ме допреа неговите зборови. Од неговото лице се стркала солза. Тој- мачо менот, која никогаш нитуедна ништо не му значела, ете баш тој сега се преплаши од своите чувства. Зарем можев да не го бакнам? Зарем можев да не ги залепам моите усни за неговите и да му ги избришам солзите иако тој никогаш досега го немаше направено тоа за мене?

    Толку испомешани чувства, меѓутоа онаа љубов сеуште висеше во воздухот. Онаа љубов кога сите работи со него ги доживував за прв пат. Зарем можев да помислам дека таа некогаш ќе исчезне??

    СДК- Изгледа јас во овој живот сум создадена само за него. И тој за мене.

    СДК- Го сакам. Болно и премногу вистински.

    СДК- Иако најверојатно нема да останеме заедно, тој е ЧОВЕКОТ НА МОЈОТ ЖИВОТ!
     
    На palavoto.devojce, vendiii, Nightwalker и 2 други им се допаѓа ова.
  8. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.284
    Допаѓања:
    1.894
    Сакам да кажам...

    Cдк дека ме чека пеколот.... :roll: :roll:
     
  9. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.312
    Сакам да кажам...

    Сд му к на Виножитото нека не крева паники,под претпоставка и ја пеам на уво,Свадба еееееееееее,големаааааааааа,утрееее се женам јас! :D Оп са-са-са! Низ прстен те гледам в срце да ти влезам!
     
  10. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.952
    Допаѓања:
    123.541
    Сакам да кажам...

    Читајќи ве,изгледа само јас сакам да заврши летото.Некако мислам дека се би се вратило во нормала и би се стишиле нечии хормони :tmi: Just kidding!
    Конечно ќе се ослободам од буката што секоја вечера ми ја создаваа некои средношколци,основци,незнам какви...Урлаа до разденување пред зграда..Им викаа и полиција ама ништо бе.Невоспитани,колку невоспитани!Нека си седат кај нив пред зграда а не кај мене.Искрено мака мачев за сон цело лето.Ги колнев.Не сте свесни кое урлање беше.Особено женските :x Си велев-имаат ли овие деца родители?
    Можев и муабетот да им го чујам,оти беа многу тивки |( и секогаш се сведуваше на секс и алкохол.Т.е.-докажување кој-а е пофраер-ка,колку пати повеќе пијана си дошла,колку пати повраќала,и што све испил-а! Како и заклучокот дека не се сеќава на ништо што првавел-а.
    Еднаш една рече-леле се сеќавам само дека се разбудив гола кај него во кревет :x 8мо одд,максимум 1ва год средно!Сега барем имаат мобилни да ги бараат родителите!АМАН.Ние немавме мобилни а секоја вечер -точно на време,инаку се знаеше што...Кај отиде младината.... :|
    И ќеф ми е што конечно нема да го слушам ѕвукот на по*раните кинески мотори :@ Ради нив,пиев дијазепам за да можам бар 3 саати да отспијам за на работа!
    Заклучок-не само да се нема култура,ни воспитување ни ништо |(
     
  11. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    СДК дека денеска сум решена да си легнам пред 12, а не во 4 :geek: .
    Треба да идам сабајле пак на факс, а богами ќе ми требаат сили да се бутам во тој чопорот таму :D .
    Ќе идам уште кај 8 ипол да си фатам ред, а не ко денеска во 1 саат сите па да не се знае кој за каде е :fubar: .
    Ајде уште тоа да се заврши, после лакше ќе се дише :wasntme:
     
  12. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    43.003
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК веќе ми е преку глава од барање стан, знам дека е така кај сите студенти ама 5 пати одевме и ништо.Е стварно не можам веќе :@ Прво баравме за 2 тогаш немаше, сега бараме за 4 пак нема за 4 има за 2, тогаш сите беа 250е сега нема од 250 па за жива глава.Како може да сме такви баксузи.Знам касно е затоа нема, ама ние бараме од јуни и барем малку среќа да имавме.Ништо.Ништо.Веќе губам надеж не знам што да правам преку глава ми е а се ближи време ќе дојде 15 ти како ништо :worried: Изморена сум, ненаспиена, на секаде огромни плускавци од балетанките, потрошени 3000 ден до сега само за пат и барем да речев не ми е џабе.Ама џабе е!Ќе си земам шаторче и ќе си го селам дека ми одговара на крај крајот :!: И сакам да го видам, а недостапен е и тоа ме нервира и сакам да си легнам ама ќе чекам да се јави, морам да го слушнам.

    П.С.Ако има некој инфо. за стан во Центар,Железничка,Карпош 1 и таму некаде во близина на овие нека ми се сожали и нека ми пише лп. :wasntme:
     
  13. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    И јас панирам вечервава да си легнам пред 12 но некако тешко,воопшто не ми се спие бре,а утре како ќе станам,ее тоа е прашањето,не планирам да одам со подочнаци и кога ќе ме видат таму да се уплашат и да оставам лош впечаток :lol:
    И незнам дали воопшто ќе заспијам бидеќо ај ем соу ексајдет уште отсега,а замислете како ќе ми биде утее,сигурна сум дека ќе направам некоја глупост или нешто ќе ми се случи,или ќе се усрамам таму пред сите.
    Ама ако ќе останам запамтена барем хахахах :rofl:

    И незнам како ќе се навикнам да му викам "profesore/profesorke"си бев научена наставничке/наставниче,ама сегааа... :doh:

    Али ајде ќе се навикнам има време.


    И даа ќе заборавев,утрее темата првиот ден средно ќе биде интересна за читање :lol:
     
  14. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Денеска кај медицински факултет на бандера имаше залепено дека се издава стан. Ако сакаш утре да го запишам бројчето :)
     
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк некако исчезна приватноста на местово.
    Во почетокот пишував без страв (или како да кажам со други зборови некако страв не ми е вистинскиот збор,но ме сфакате ;) ) не дека имам некои многу таинствени приватни работи споделено но сепак имам запишано мисли кои никој немал ниту појма дека ми се моткаат низ глава.
    А со текот на времето сретнав неколку личности од овде со кои сакав да се здружам и се здруживме со тоа следуваше размена на други социјални мрежи и веќе се опростив од тоа да пишувам а никој да не ми го знае ликот,никој да не ми ја замислува фацката кога се смеаам,плачам,мрчам,рипам,скокам итн.

    Сега знам повеќе од потребното феминки,за оние со кои сум секојдневно во контакт не ми е жал туку напротив сум среќна а за некои едноставно ставам прст на глава и се замислувам,па и која е целта што се знаеме.НИКОЈА ! Напротив само си ја загубивме онаа магија кога читам некоја феминка и да и го замислувам ликот,косата....
    Не е веќе исто.
    А знам дека има уште доста многу кои на ваков или таков начин ме знаат но претпазливо се од оние личности кои само од далеку ѕиркаат во туѓите животи чисто од љубопитност,и ова не ми смета доколку се културни и барем пишат една порака,коментар...на фејсбук или на....знаат тие на што ;)


    И така не ми се пишуваше за ова имав нешто друго на ум да кажам но еве излета од мене чисто колку да си потврдам на самата себе си дека понекогаш магијата се крие во она таинственото и кога веќе тоа не е тајна не е толку интересно.


    Леќа ноќ на оние кои ќе спиете,убава ноќ на оние кои ќе се мазите,љубите,галите ви завидувам!


    Е за љубењето,мазењето,галењето сакав да пишувам :lol: но ете кај забегав со муабетот.
    Ми се љуби,гали,пази макар да е тоа само она другарското некој што ќе седне и ќе те гушне и ќе изгледа некој филм со тебе,некој што ќе ти ја подаде чашата со топло какао од масичката додека ти седеш удобно на креветот,оној кој што без разлика што си мрзелив,нејасен,нерасположен,жеден за љубов ќе ти ја дари и нема да бара ништо за возврат.

    Сакав да кажам имам потреба од тоа ..
    Потреба од машко друштво!
    I could really use a wish right now !!

    Женско-тродимензионално суштество едно мисли,друго зборува,трето пишува .
    Кој ли ќе не разбере :?: кога ниту ни ние самите не се разбираме :lol:
    ве изнамачив да читате волку многу а ништо паметно не кажав,ненаспана глава не мисли многу.

    I could really use a wish right now !!
    http://www.youtube.com/watch?v=kn6-c223DUU&ob=av3e


    Ве сака Кенди
     
    На afroditaa, crazylady, EleMental и 3 други им се допаѓа ова.
  16. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.338
    Допаѓања:
    5.884
    Сакам да кажам...

    СДК
    Дефинитивно време е за пауза.
    Ќе го продолжам некогаш започнатото!
     
  17. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    СДК...1 септември?
    Што беше тоа,некој празник? :?: :D
     
    На Gioia и angel4e121 им се допаѓа ова.
  18. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК нема другарство !
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.282
    Сакам да кажам...

    Keнди, сите ние си бираме до која мерка ќе сме анонимни и наша е одлуката со кој споделуваме информации така да не може да ти биде жал за нешто за кое сама си одлучила, или тогаш љубопитството надвладеало а сега ти е криво?

    Јас сакам да кажам дека не ми е жал за ниту една феминка со која се знам реално или виртуелно бидејќи ми додоа една интересна светлина во животот- различни ликови без кои веќе не можам да си го замислам секојдневието и мило ми е што е така :)
     
    На Sparks, LivingGlam и TheCandy880 им се допаѓа ова.
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    Energy low кога ми е најпотребна.
    Книгите и збирките пред мене, а очиве во нив гледаат нешто друго.
    Мозоков не регистира ниту изводи ниту интеграли, некаде лета, мисли на.... сакате да ви раскажам?
    Знам дека сакате :)

    Тропска плажа, палми, тиркизно море, сламен коктел бар, јас+тој, крвта ни врие, јас заводливо танцувам додека Хулио пее и го гледам во очи, тоа дека по природа сум провокатор.
    http://www.youtube.com/watch?v=e2VJVhLF ... re=related

    Ај забегав од реалноста бар на кратко, убаво е да си мислам на такви работи.
    Еден ден ќе напуштам се и ќе отидам да работам на некоја плантажа со портокали или кафе или на оние кактусине текила што се прави, во најдобар случај ќе станам коктел мајстор и повторно ќе работам во некој бар на тропска плажа. Во меѓувреме ќе се пофокусирам на математикава додека е сеуште интересна :)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.