Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    дека сакам да си го видам кутрето да баба ми
    ми фали... ;(
     
  2. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.806
    Допаѓања:
    25.366
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ми се чини сум падната од марс.
    Само јас не сум свесна изглеа кој датум е, уште имам чувство дека е средина на јули..
    Не дека ми се зборува за датумиве, само онака да си кажам..

    Најинтересно од се, е тоа што се тешам со темава и пишувам секојдневни глупости, затоа што ваму in reality немам храброст да кажам тоа што навистина сакам да го кажам..
    Ниту пак некогаш ќе имам.

    :(
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Дечко ми је школарац па му шаљем џепарац :rofl:
    О Брено О легендо.... :D значи какви хитови има за сва времена

    Станале децата на комшиите во 7 и се разгракале, ме разбудија, ама ајде простено им е......ама оној татко им ]:) само што заминаа тие, почна да брчи, да стружи, да чука....аман бе човек до 11 саат немаше спас од него. Да се немало осет, неговите деца заминаа на школо не спијат па може да галами, мајстор да се прави :devil: сељак! А дека има други ГОЛЕМИ деца што сакаат да си поспијат, не му чуе.....епа вечер јас сакам да се журкам, ама не со музика, со капаци од тенџериња....ќе лупам, исто како што тој лупаше со тоа чеканот :!:

    Друго....бато ноќеска не спиеше од возбуда, до 3 саат ме замараше....денес 15 пати ме изгушка и ми рече чао пред да оди :D ептен ми е смешен, тинејџер е, убав на дада :wasntme: Кога е врати го закачав за симпатиите и поцрвене :$ Дада ќе му купи блузичка за на школо, да биде најмодерен ;)

    Ништо посебно.....секојдневието на Гоу :hai:
     
    На la-chicka, lolyta777, sweetyears и 2 други им се допаѓа ова.
  4. WinnieThePooh

    WinnieThePooh Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    282
    Допаѓања:
    201
    Сакам да кажам...

    СДК дека ужасен е деноФ! :envy:
     
  5. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Сакам да кажам...

    СДК дека дене сум имала толку промашен ден ми доаѓа да :@
    незнам дали само јас сум толкава глупача па само мене можат вакви работи да ми се случуваат.
    а тој слепец еден никаков го мразам и не сакам повеќе да го видам толку ми е одвратен, неможам повеке да се носам со неговото променливо расположение, значи само до пред некое време ми ветување брда и планини а сега како да не ме познава. а и јас незнам шо видов во него, ама од сега го ставам на игнор и повеке не сакам да го видам. ми се :puke: од него. селјак татино галениче.
     
  6. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    Сакам да кажам...

    СДК1 дека сакам пак да дојде лето ;( . Значи денот денес ми е тотален промашај.........
    Во школото поминав многу глупо, никого не познавам. Цело време сама си седев. :(

    СДК2 дека имам нова фризура. :emo:
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сакам да кажам...

    8) Оу јеа!

    Кој вика дека мажите не се романтични? Па, да, не се :D
    Ама овој мојов е. Многу. Онака, гушкалско ептен.

    Да не заредувам што чудесии се случија! Дома сега сркам компир манџа ко третооделенец во целодневна, ме дува вентилаторот и се чудам како да ја средам собата за пола час, кога Иван ита од парк со точак и ми носи книги, а мене сите прслуци ми играат оро по плакари и закачалки. Денес на работа бев неподнослива. Ме тераа па ме караа што пеам. Некогаш, зујам ко мува зунзара.
    Да, енергетски треба да се испотапшам по нос.
    Си купив црни патичиња ко за играње твист. Во сабота ќе одам на Рони Сајз со мачоров а дента ќе точаковозиме. Шеширџика негова! Еј што фино.
    Него јачмен на око, мене некој крокодил на уста.
    Даде ќе оди во Низоземска, и нарачав куп козметика и некое парче овде што го нема.
    А, да! И хулахопки со ноти.
    Ако тоа го имам, можам да си себеренаречам кул. :rock:

    На Пивофестов, се пресисав. Две пива, и аут. Ај што е Бетонфест, туку и не пирка ветрец од никаде, па се осеќаш ко да тонеш во сивило. Кале си е Кале!
    Нејсе, Кирил прозвуче супер, а на Лолобриџида се дерев : Мој дечко је геееј, му праќав безобразни пораки на мачорот и се вртев ко да шетаат кловнови околу мене.
    Вечер, сакам раат. Ама онаков, лезетски, со чоколадно млеко, тупави списанија, он до мене, рачето на половина и да си мекнееме. Епа ќе си го остварам тоа.

    Чао чао.
     
    На la-chicka, teddybear, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  8. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Не знам дали да се радувам или да плачам :|

    Денеска додека се уриваа сите моите соништа пред мои очи, амбициите паѓаа како на берза, губев мотивација и желба, колебајќи се во себе за љубовта кон медицината, свесно нишајќи се како сплав на бранови во првите борбени редови, со кисела насмевка кога некој учитво ќе промрчи да му отстапам место, чекајќи со саати да се запишам на факултетот кој го сакам, во градот кој не го сакам, не само што се збогував со моите планови и цели во иднина, туку и со човекот кој го сакам и неколку блиски личности. Не се сомневам во себе, него во квалитетот на тоа образование. Колку ќе вреди? Дали е ова свесно самоуништување? Шансите се големи, но не сум среќна. И додека се гушам и умирам во секоја милисекунда добивам повик од другарка ми.
    После тие 5 минути бев шокирана. Дуд ватафак?! :? Ар ју кидинг ми? Сега, баш сега најде да ми го кажеш ова? Со wtf фаца излегов од стампедото и седнав додека мојот мозок ја регистрираше информацијата. Примена сум на факултет во Словенија. На криминологија. Не, чекај... мора да е грешка. Како кога се помирив со фактот дека ќе студирам тука?! Како е можно кога шансите ми беа 0.000001%? И така во делириум се јавувам кај мајковците, татковците да ги известам, плачки, пофалби, честитки, радости.
    Ќе живеам со човекот кој го сакам. Во цивилизација, со кариера и иднина. Но без сонот и планот кој јас си го зацртав. Со не многу љубов кон струката, далеку од тоа што јас се замислував. Можеби ќе биде подобро, можеби не. Знам дека ќе изгубам многу, но можеби ќе добијам дупло. За волја и желба, искрено немам, ама можам да бидам упорна и да верувам во себе. А јас верувам многу. Можеби ова е на некој начин отскочна даска, пресвртница во мојот живот, можеби е само искушение, чиста глупост, но никој неможе да знае пред време... останува само на време и на мојата одлука.
     
    На Hopeful, Theodora, Smilly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што е со демотивацииве? :^)
    Зарем до толку им чука бе? Па на демотивација да ставаат слики од френдови од фејсбук? Искрено едно време веќе помислив и дека самите си прават демотивација заради фама, ама озбилно. :!: На почеток беше океј, ама сега за секоја е*ана глупост, се прави демотивација. Нема смисла.
     
  10. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.763
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК едно апче може многу да ви го разубави денот. Не за друго нема ништо да чувствувате.
    Одам на доза плачење, па доза смеење и на крај ме очекува дупла доза дерење овај де вриштење, карање кој како милува.
    ИМајте убава вечер, ако се видиме на Пиволенд мафнете :)
     
  11. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сакам да кажам...

    Сдк ми стана навика на сите да ви велам ХАЈ :lol: може ве иритира но мене ми е интересно :D :D
     
  12. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Секогаш можете да ми земете се што сакате.. речиси се.. Затоа што на човек можеш сосила да му земеш, но не и да му дадеш нешто. Можете да ми го земете секој предмет, простор, термин, но никогаш мојата душа,која знаеше што навистина се случува зад затворената капија на вашите очи..Тие вистински се бореа до последната капка пот... неколку моменти претходно ЗГАСНАА ... ЗАСЕКОГАШ!
    - сакав тоа да го кажам, тоа што ми лежеше на душа, на срце, веќе одамна ...
     
    На Hopeful и palavoto.devojce им се допаѓа ова.
  13. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.239
    Допаѓања:
    157.298
    Сакам да кажам...

    Животот конечно силно заболува.Очи насолзени во огромно сонце,седната сред бетон и грдосија која се гради.Ми прснаа градите...солза не пуштив,а сакав.
    Да знам и да можам на сите би се дала...дел по дел...
    Многу малку ги имаме оние кои ги посакуваме,многу малку ги цениме оние кои прават галаксии за нас. Останав со гранчето на цветот во рака и си шепнав еден збор...нека ми помогне нештото што ни го бутка светов да не престане да се врти.
    Се надевам не згрешив...

    И додека се мирно тече,а мене светот ми стои и лагираме полн ден...една работа е конечна.Има луди луѓе,луди девојки,барачи на внимание,ноторни лажговци,небулозни глави, суви желби и само желби...и среќна сум што не сум како нив.Не морам да застанам пред светот да ме слуша за да го водам,можам и од моето место да го направам истото,ако морам,ако требам и ако сакаат.Не морам да го глумам и позирам животов за потребите на некој лош филм во кој не сакам главна улога,ама ја зимам затоа што тоа е блок бастер,а потоа може и ќе лапнам оскар.Онаму каде што најмногу се трудеа,без лажна скромност ќе кажам успеав без да го сакам тоа!Ќе речам благодарам,да родена сум под среќна ѕвезда за многу нешта кои не мора,а за оние кои мора,сакам и ми треба...еве ко денес,животот боли.
    Веројатно треба да ја сменам тактиката,да сакам работи кои не ги сакам,а да не сакам работи кои ги сакам и едноставно мирно да го завртам грбот.
    Искрено...се надевам дека утре кога ќе се разбудам се ќе биде послано со латици на црешово дрво,ќе ми мириса на мамино кафе и ќе тргнам во магичните чевличиња онаму каде што сакам.Искрено се надевам дека утре ќе биде денот кога ќе сретнам личност или можеби и повеќе,која(кои) ќе сакаат да ми ја стиснат раката и кога сум досадна и нерасположена,кои ќе имаат слух да го чујат и она кое не го изговарам,а тоа го правам често.Не очекувам...не очекувам видовитост,туку едноставна леснотија.Да те сакам,да ме сакаш,да се сакаме и прифаќаме онакви какви што сме,прекрасни,природни,па дури и голи и да не ми се насмееш за мојата трапавост која ја доживуваш како личен успех,а моја трагична приказна,да не ме исмееш затоа што имам ден кога сакам само да лежам и да го набљудувам ѕидот.Онаква каква што сум,своја,да те примам и јас тебе онаков каков што си ти,човечулец прекрасен,а да ти го вртам грбот за да те мотивирам кога по стоти пат ќе паднеш,а јас те кревам,а ти се однесуваш како да треба да е така,а не треба и да се чувствувам тажно затоа што ти не сакаш да бидеш многу посреќен од она што си.

    Септември...те сакам,иако имам многу причини да не те сакам...
    Испадна таженка на крајот...сакам милостивост за сите...ете само толку.
     
    На teddybear, Strumfeta93, Hopeful и 6 други им се допаѓа ова.
  14. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Влегуваш во школо, застануваш на страна и посматраш.
    Леопард принт фуче, тигресто лакирани двометарски нокти, фустани за играње стриптиз во кафез и тулумби на главата.

    Се згрозив начисто, помислив за момент дека сум ја утнала локацијата, не знаев како да изреагирам. Доаѓа да те гушне, а пропратно те гребе по лице со огромната округла менѓуша што ја ставила. Мислам, ало бе луѓе, осет малце??

    Ме боли уво за денов, само бев исфрустрирана од приложената глетка. После ова отидов и си се најадов за сите пари, дојдов дома изгледав филм кој што го влечкам веќе 3 дена и пролистав уште неколку страни од книгата.
    Продуктивна сум, кога сакам. :clap: |(

    Преживувањето може да започне!! 8)
     
    На lolyta777, MacaLove и GeorGinnA им се допаѓа ова.
  15. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.113
    Допаѓања:
    67.087
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Работите не се какви што изгледаат. Речиси никогаш.
    Толку само имав да кажам. Кратко и јасно. И со крајна разочараност.
     
    На la-chicka, Bright, teddybear и 9 други им се допаѓа ова.
  16. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Сакам да кажам...

    ... Излегов јас сабајлево цела среќна што сум станата рано-рано, во 8 часот, да си купам појадок.
    Помислив сум ги заборавила парите, па го отворив паричникот да видам дали сум ги понела.
    Така задумана, одејќи со 2 на час, одеднаш нешто - ШЛУП! :puke:
    'Ко со камен да ме мавна по главата, па веднаш потоа и на десното рамо :o
    Се вртам, гледам ОЛКАВА лочка на рамо.
    [​IMG]
    Ја допирам главата. OMG - No way!
    О да, way и тоа како. Ме посра чавка! Twice!! :rock:
    Цела згрозена, се изгазив од смеење и отидов да си купам влажни марамчиња, да се зачистам нели :D
    Дури одев, ме виде пола град, ми се изнасмеа but I don't give a fuck.
    Кај мене е среќата :dance:

    Дупла. ;)
     
    На la-chicka, lolyta777, Smilly и 4 други им се допаѓа ова.
  17. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека ми е преку глава да мислам за тоа каква сум во очите на другите луѓе и да се замарам со нивното мислење во врска со мене.. денес имав непријатна случка каде што пријатели не позади грб, туку пред мене збореа и ги осудуваа моите постапки, однесување и карактер. кога дојдов дома и застанав пред огледало си реков:девојко, па ти не си створена за да тие те нервираат и ти го расипуваат расположението.потоа си легнав, се одморив и сега сум свежа и спремна за нови успеси. :*
     
    На Hopeful и danniela5 им се допаѓа ова.
  18. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ајварот конечно е готов, а Есперанса се прејаде. :P Мислам дека беше и редно да биде готов, после толку печење, лупење и бркање. Па луѓе се изморив.Уф ама бил мачен за правење, но само колку е слаток и колку убаво мириса потоа :x.Сега кога се најадов убаво, вредеше толкава мака :wasntme:
    Девојки ајде ако има некоја нека повели кај Есперанса на топол ајвар :)

    Друго што сакав да кажам бива ли да сум толку баксуз. :x Го вадам сирењето со се кантичка од фрижидерот и кога ми падна кантичката на подот, леле ама лом направив и водата и пола од сирењето паднаа на тепихот.Па не знам што да правам, зе збркав.Зачистив малку ама кога ќе види мајка ми кој ќе ја слуша па нејзе..Баксуз невиден сум :x
     
  19. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Сакам да кажам...

    СДК денов излезе катастрофално..се откорнав од плачење , но џабе, може само малце ке ми олесни. Останува на мене да бидам стрплива и да издржам.Тешко ми е, несакам да се помрднам од таму каде што сум сега. Еднаш се случи, дојдов на ново место, несакам пак!!!!!!!!!!!!!!!! ;( Броените денови брзо поминуваат, едвај чекам кога ке се вратам кај што си бев.( а сеуште немам отидено..ќе биде за некоја недела ;( )
     
  20. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    ... Знаеш дека си fail студент на економски факултет кога си положил математика и статистика,а презапишуваш економија. :D :x

    Али тоа е. Скапо ќе го платам тој прв семестар,скапоо...
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.