Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека денов е нешто подобар од вчерашниот.
    По исполнета сум и се чувствувам по моќно и злобно! :devil:
     
  2. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Бел ден да не виде тој што ми го украде мачето!
    Други клетви не ми текнуваат :@
    Како може да има луѓе без осет? Маче е. Живо е! Се навикнав со него. Го засакав. Ми фали. Со кој ќе се гушкам сега? :worried:

    Тоа е.. жежок ден. А без мачето, уште потежок.
     
  3. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Тим Б играат валкано :!:
     
    На MandyLane му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    СуперГрл, не се разочарувај :!: , може да се врати мачето, има случаеви каде мачките се враќаат дома и по неколку дена, недели, па и месеци, Марко мој го немаше повеќе од месец па успешно се врати, каде лутал и до ден денес е мистерија, знае само тој, ама не ни кажува :D .

    И ај речете после ова нема правда во Биро денес ме известија дека ми следи паричен надоместок :o , конечно и јас да добијам некаков „надометок„ за 11 год. работно малтретирање, овај искуство. Денес не му ја крадам репликата на Калимеро, плус кафе-муабетот ми беше во префино друштво и едноставно ќе почнам да си дозволувам за промена да бидам пријатно изненадувана. Годи, :emo: .
     
    На LivingGlam, zhap4e, SuperGirl2010 и 4 други им се допаѓа ова.
  5. HappyOne

    HappyOne Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2010
    Пораки:
    150
    Допаѓања:
    77
    Сакам да кажам...

    Facebook тоне - Титаник, па и не е чудо со сите тие педесет годишни психопати, кои преку него бараат жртва за малтретирање :@ На крај најубаво ќе биде ако го деактивирам .. Twitter rules :rock:
     
    На Afrodita-M му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Сакам да кажам...

    Еии па и ти, не сме до толку лоши. Се убацува некоја од Тим А и така... :wasntme:
    Битно победвиме! :muscle:
     
  7. unique123

    unique123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    374
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека во моментов слушам песни од Бело Дугме и ме посетуваат на него. Би му кажала дека го сакам и дека тој е проблемот што ме мачи во последно време.

    Досаден ден денес. Ми личи на бескрајна парада со безлични луѓе. Денес се чувствувам искомплексирано и исфрустрирано Ај ќе го опишам со емоции- :( ;( :(

    Сакам да прашам- дали сум единствената која се чувствува неразбрана? Можеби е најдобро да идам и да се изврескам, т.е. да се испукам, така ко демек се ќе помине. Ајде и еден Специјален поздрав до на мене сличните.

    Всушност јас Едвај чекам да заврши спектаклов од глуви случувања и да се вратам во ненормалноста на моето секојдневие. Честитки ве молам. Па сепак успеав да се одржам на површината. А и Крајно време е да се соберам. Доста кукав.
     
    На Speechless, BeYourself, zhap4e и 3 други им се допаѓа ова.
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК дека имав преубав ден.. Си го поминав со мојата најдобра другарка...
    Три пати ја извозевме цела стаза на кејот со ролери...
    Немавме возено долго време да не речам околу 10 години ама така е :D
    Среќна сум, ја сакам, и она ме сака знам :!: :inlove: не за џабе ми е најдобра другарка веќе 10 години...
    Утрово па се до сега, после толку време што не бевме заедно, се почувствувавме како мали деца, се возевме, пеевме, се прскавме, се смеевме...
    АБЕ ЈА САКАМ ПРЕМНОГУ ШТО ДРУГО ДА КАЖАМ

    И ми фалеше многу :$ Ја малтретирав денес :devil: :angel:


    Тоа е тоа..

    СДК 2 дека се стаив на диета :^) Е ајде де, морам.. Т.е не дека морам сакам !! Ова :hug: ---> (јас) мора да ослабе малце, ќе се праам женска ипол накај два хахахаха :D



    П.С. ВЕ САКАМ СИТЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕЕ :*
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.228
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    „Потребна е само една минута за некој „да ти падне во око”, еден час за да ти се допадне и еден ден за да се заљубиш, но потребен е целиот живот за да го заборавиш.“ :doh: :x

    Добар ден! :)
     
    На Annie.mk1 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Сакам да кажам...

    Сдк дека од воа школово уште од втор ден почна да ме боли тако звани машки полов орган-што го немам али ипак си осеќам дека ме боли (голема болка што дури и стрес ми создава) :D :D
    И знам дека реченицава нема смисла, нема врска, ама така е на училиште јбг. Не е лесно.
    Ми се лоши од луѓето таму. Грди се бе. ГРДИИИ. Опнале штикли 1ва година девојки. ЕЕЈЈ ало јас 4та сум по старки одам. Уста отворена-амааан.(
    анти-психотици под итно, може да бидат од мала помош
    ) :!: :!:


    :whew:

    И така јас со цигарчето цел ден. :smoke: -никотин де...не дека нерви ќе смири, онака де разонода. :)
     
  11. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    Мама пак си отиде.
    И не знам, навистина не знам како да се поставам према двајцата. Не сакам да ги делам, да заземам страни, а тоа е толку проклето тешко. Со двајцата ме поврзуваат милион работи, мама ја сакам премногу и жал ми е за се ова што и се случува, зошто ништо не заслужува. А тато... тато не можам да го разберам. Зошто не може да биде добар кон мама и сестра ми како што е со мене? Зошто целиот свој гнев заради сопствениот неуспех во животот го исфрла на нив?! Побогу, таа жена го издржува и му купува пиво и цигари веќе две години. Другата му е ќерка! Зошто толку ги мрази?! Зошто се решава со вреѓање, дерење, лупање све и свашта, со бркање од дома?

    Ме боли тоа што моите не живеат заедно, што веројатно нема да се прави слава оваа година, што нема да биде мама дома за мојот 18ти роденден, што нема да биде тука за матурата... Ама чим така решиле, не можам да се мешам. Само да се среќни и двајцата, јас низ се ќе поминам.

    И пак ќе кажам, се мачам да не заземам страна. Можеби и го правам тоа, зошто не одам со мајка ми на другата страна на Скопје, ама она ме разбира. Барем така мислам. Би одела и таму ако веќе морам, ама тука ми е се, тука израснав, не можам туку-така се да напуштам. А и тато, не можам да го оставам така сам, нема да има ни кој да му зачисти, ни машина да му пушти ни ништо. Иако толку навистина е некоректен и крајно безобразен према сестра ми и мајка ми, некогаш и према мене, сепак ми е татко, не можам да го оставам. Чудно е да го кажам ова, и нереално зошто е таков каков што е, ама се посигурно е дека јас сум неговата миленичка. Само кон мене покажува љубов, и себично е да кажам ама среќна сум што е така.

    Мама...помислата на тоа колку и е тешко во овие моменти ме кине на парчиња. Знам колку не сакаше да си оди. Сака да не гледа, секогаш, тука и е се. Загрижена сум за неа, искрено. Се послаба и послаба станува, сигурно е под 50 кила. Не знам како да и помогнам, како да ја извадам од депресијата, да и ги извлечам сите тие негативни мисли од глава. Ме мачи тоа што знам дека страда, а не треба. Знам дека плаче, дека се обвинува себе си што ни се распаднало семејството. Не знам дали ќе и помине тој период, само искрено се надевам. И тоа што побрзо. Не заслужува да биде волку несреќна. Мама моја...те сакам.
    http://www.youtube.com/watch?v=w1rLZfAfQLM

    Koлку се пронаоѓа во песнава, ја обожава. Очите и се полни солзи секогаш кога ја слуша... се молам да дојде ден кога задоволно ќе се смешка слушајќи ја...
     
    На HoneyBun, Miss-Independent, Monna.Monna и 17 други им се допаѓа ова.
  12. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.618
    Допаѓања:
    2.472
    Сакам да кажам...

    сдк мене не ми е роденден, иначе фала на честитките :rofl: :rofl:
    реков дека сакам да ми биде роденден, ама ке си почекам до декември месец :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК многу сум си расположена денес, ама премногу !!!


    Нема да дозволам некој да ми го упропасти денов, ако некој се обиде има да стане пуканка ! :!:
     
  14. palavoto.devojce

    palavoto.devojce Популарен член

    Се зачлени на:
    25 октомври 2010
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    135
    Сакам да кажам...

    Отсекогаш знаев дека сеќавањето на солзите од минатото ќе ме засмева, но никогаш не очекував дека сеќавањето на насмевките од минатото ќе направи да заплачам! :)
     
    На Bibko му/ѝ се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    СДК Си барав чевли низ нетов, и ми излезе еден порно сајт, со адреса на чевли :o Пак уште од страна ми излезе прозорче демек некоја ми пишува од Охрид :rofl: ОМГ да не можеш чевли да си побараш раат :D
     
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК

    Мала сум, ама многу работи сфаќам, иако некои не ми веруваат...
     
    На Monna.Monna и pink4ever им се допаѓа ова.
  17. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.981
    Допаѓања:
    4.760
    Сакам да кажам...

    СДК, тоа што се зачленив на форумов ми била една од подобрите одлуки во животот... мило ми е што знам неколку луѓе од тука кои многу се добри. Дај боже да беа сите како нив, тогаш ни проблем ни ништо ќе немавме во државава...
     
  18. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК со вакви летни цени на овошки и зеленчук, цела диња за 22 денари, кајсии и праски по 40 денари, исто и банани, еве макс 50 денари, доматите по 25...греота е да не се ждерат по неколку килограми дневно бе! Греота е оти сега се на работ да ги шутираме по земја, колку ни се достапни, а зимата ќе ги гледаме истите тие по 90-120 кило, а тогаш ќе виеме уши.

    Јас периодов немам кочници и многу ми е убаво.
     
    На Doozy, thelittle17 и Bibko им се допаѓа ова.
  19. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека сум стварно внимателна и посветена другарка! Не се фалам ама така е..за другарките и другарите правам се,се жртвувам многу често! Си викам колку би бил убав светов да се сите како мене..вчера цел ден го поминав бирајќи поклон за другарка ми..да не е веќе купен,да и одговара на возраста,да и се допадне да биде нешто што го сака,па кесичка,па честитка,па порака смислував цел ден што да и напишам! Не знам дали за мене некој вака се замара..давам се од себе за секој да биде задоволен и среќен,ама го правам тоа само затоа што и мене ме исполнува!
     
  20. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Топло попладне поминато на тераса со најблиските, целото семејство заедно, освен него.
    Сите возбудени кројат планови за мојата иднина, одлуката која е толку тешка да се донесе, илјадници километри кои ќе ме делат од нив, од мама која и се стиска душата секој пат кога ќе ме погледне, безрезервна морална поддршка, само за да бидам среќна. Да успеам, да бидам академски граѓанин. Да бидам нивна гордост. Нејзината прикриена тага, нејзините зборови ми ја пецкаат душава. Никогаш нема да ја изгубиш твојата најдобра пријателка мамо моја. И на крајот од светот да сум ти си првата личност во мојот живот. Ти си заслужна за секое мој успех, за тоа што сум.

    Парадоксот на животот е тоа што од друга страна, другиот човек кој е заслужен за моето постоење не знае ни дека сум примена. Или можеби знае. Ако некој го има известено. Сеедно, не очекувам да се јави ниту да ми посака среќа. Доволно е што не ја наруши хармонија денеска, со неговото отсуство физички и психички. Разбирливо, има поважни работи од мене, само што тие работи не се доволни за се. Не се доволни за да почувствува топлина кога неговото дете ќе успее во животот, кога ќе го послуша неговиот совет, а тој мудро ќе се насмевне, не се доволни за да биде горд и исполнет, и на крајот од денот да слушне "тато те сакам, ми недостигаш". Тој е лишен од сите тие привилегии и убавини кои си ги носи животот. Но кога тогаш се ќе му се врати како бумеранг, во животот ништо не е бесплатно.
     
    На mims-89 и EleMental им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.