Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.951
    Допаѓања:
    123.539
    Сакам да кажам...

    Девојки убави,одам јас да се спремам за брдејот,па морам да си бидам убавка :makeup:
    Друга работа- ќе има огномет- осеќам ја :rofl:
    [​IMG]
    И трета работа-не ми замерувајте што скоро на секој пост во СДК имам слика,зш сакам и сликовито да се доискажам у случка некој да не ме сфати,што сака да каже поетот :wasntme:
     
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.856
    Сакам да кажам...

    Ме насмеа, интересна ситуација нели ?
    Епа мора да ти биде другарка, а ако не познаваш никоја по мислењата или она се претставува лажно или ти не ја познаваш доволно добро
    А да не е мајка ти :D?[/quo
    хахахха знам дека ви звучи смешно ,помилив јас дека е некоја моја бликса особа ама бре ни една слична не можам да најдам со постовите на оваа тука што с е најавила ...или е некоја голема лажга :lol: или пак некој го дрпнал лаптопв мој макар на 5 мин .........

    не верувам дека е за тоа
    затоа што прво тоа го направив со други никови на др форумџ.за да видам дали е така нив ги немаше после тоа во пребаруванњето долу а оваа си стои инат ја фатило


    едит -те нема бројче :lol: те збарав веднаш
     
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    Иц глупости кажување тајм! ^_^

    Знаете како нели, јас сум дупло ракче, имам муд свингс на секои факинг три минути и напади на депресивно манијачко расположение. Е, кога ќе ме фанат тие бубачките, комбинирано со ПМС, луди хормони и млади години, зимам да кубам, тегнам и влечам - ВЛАКНА! Со еден збор, се самоповредувам. Не сум јас крива што растат кај што треба и не треба, битно ме нервираат и редовна сум во спортот депилирање. Категорија, брзо вадење со опекотински сајд ефектс. :wasntme:

    Земав јас, паметнава, изнервирана и исфрустрирана, напната од сите безвлакнести жени и створења, да си ги депилирам мустаќите, еј кеј еј БРКОВИ! Кога фанав, кога се затегнав, како репка да вадев. Уште сите од дома да се наредевме, кој зад мене, кој пред мене, па држ не дај е работава. Тегнам, тегнам, тегнам, не се предаваат, мамичето нивно, цврсти се. КУЧКИ се бе, кучки. Па да растеш на такви места стварно треба да си кучка. :fubar:

    Енивеј, кога се изнервирав до левел - бегајте настрана оти ќе почнам да ве тепам сите, залепив манијачки една лента на левиот брк. Ја притискав, ја мазнев, ја стискав, о Господ и домашниве се сведоци колку ја мачкав, за да се залепат тие пичи*ата. Кога потегнав, ооооо, кога потегнав. Ооооооо, ТЕШКОТО! Да го знаев, ќе почнев да го играм од мака. :punch:

    Си ја извадив КОЖАТА БРЕ; КОЖАТА! :@ Сега имам лев полубрк со бело крукче над устата. Многу секси делува, просто ми идеше да се самозалапам во огледалото. Десниот си го исчупкав. Мамицата нивна бе, леле бе, се изнервирав. :@

    Поставувам цел во животов да пронајдам начин за БЕЗБЕДНО вадење на влакна, еднаш засекогаш. Во името на сите женски, амин! :swear:
     
    На KrystalTears, lolyta777, Annie.mk1 и 6 други им се допаѓа ова.
  4. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Сакам да кажам...

    Дузи ме изнасмеа бе :rofl: Те замислувам и сочувствувам со тебе за левиот брк :rofl: Закон си еј :up:

    А јас си уживам во слободната сабота,со убаво музиче додека ручекот крчка,во исчекување на љубовта :*
    Убав ден :hai:

    П.с.е ваков долг фустан ќе имам 8)
     

    Прикачени фајлови:

    • 11030983.jpg
      11030983.jpg
      Големина на фајлот:
      10,7 KB
      Прегледи:
      193
    • 31963985.jpg
      31963985.jpg
      Големина на фајлот:
      6,9 KB
      Прегледи:
      193
    На KrystalTears, marama и Doozy им се допаѓа ова.
  5. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакам да кажам...

    Дузи, човече, како за мене да кажуваш... Само што завршив со депилација, ама на друго место. Си пушти на 2-3 места крв, се исполепив цела, си го излепив и екранот на телефонот сега (да видам да не ме барал некој случајно) и сега сум мирна. Сега уште да ми се стопли водата па да си ја наполна кадата, па да се одморам малку од лежење. После ќе одмарам од капењето, па на крај ќе одмарам од одмарањето... итн, итн
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Планот ЗОО пропадна.
    Сите се раштракаа наоколу, секој во свој агол, де кај баба, де кај чичко и вујко... Пих, кои смешки и лудории ги пропуштаме, баш ми е (на) криво. :worried: :D Ама ја грабнав јас среќата денес, не ја давам, а таа пуста сака да бега! Ја држам за малото, кревко ноџе како да ми е последен здив! После синоќешното петчасовно смеење по полноќ со Љубениве Браќа и Сестри, се чувствувам превртена наопаку, претресена како стар килим, проветреана и вратена пак на место. :D
    Дома конечно привршуваме, вчера последните мајстори се проврткуваа да замазнат и изгланцаат, па ќе можам слободно да си го испуштам здивот да се провртка со мерак во новата дома и да вдишам нов воздух на тазе, свежо реновирана куќа.
    Вчера пред да излезам со Друшките си купив 300 грама среќа од новата чоколадара во населба. Кој вика дека среќата не може да се купи? По 100 грама од 3 вида чоколадни бонбони: со рум, вишна и карамела = среќа. И покачено килце +. :$ :D
    Една фина шанса пропуштив, ама не по моја вина. Организиран шопинг во Солун - тоа е нешто што не се пропушта, нели? Ама во моментов можам само да си ја свиркам „money, money, no money money...“ песната и да си (ја) прчам дома.
    Вчера едно Ф. ме бендиса, ми праќаше погледи од зад стаклото каде што стоеше, па одлучив да не ги занемарам тие предизвикувачки погледи и да влезам во него и да го пробам. Тоа Ф. всушност е планираното фустанче за свадбата идната недела, доколку не ме сфативте. ;) :P
    Добар туш ме освежи вчера кога се вратив, ми ги растресе сите клетки и тие почнаа да безвучно вриштат и пиштат, чинам цело мало ќе го разбудат.
    И тоа... :)
     
  7. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК

    Оди таму - орели. Дојди тука - орели.
    Оди нагоре - орели. Дојде надоле - пак орели.

    Цела држава со орели ќе ја полниме.
    Цел парк со орели ќе го шетаме.
    Цел живот - орели, орели, орели.

    Море, какви орели, УРЕЛЕ. Се сликат на чешмата вода како пијат, се сликат во пицерија, на улица, на секој чекор буквално...

    И после учете ја вие “Т’га за југ“ , ќе се изнаорелите - “Орелски кријла јас да си метнам и в наши страни да си прелетнам“ ...

    Отварам петиција за сменување на зборот. Постојат нозе за трчање, не мора орелски кријла , па дури орелски бре.

    Сега разбравте што се орели т.е. уреле? :D
     
  8. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Mислам океј е,во ред.Сфативме дека сите ја имате гледано Госип Грл.
    Сфативме и дека сте влегле во некој опасно опасен филм.
    Ама ве молам поштедете ме од тоа ХоХо на секој проклет статус!На секоја проклета слика и на секој проклет коментар.
    Ми ја кревате косата,колку што е долга и широка.
    Оу ју бестрдс,и убава серија ќе му ја згадите на човек! :swear:
    Ај,
    ХоХо |(
     
    На teddybear, Strumfeta93 и DAngel им се допаѓа ова.
  9. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Пијано,
    дожд,
    јас и ти
    поема.

    Мх мх, ме испирира бре детево, уште да ги истрпи сите мои патувања, слетувања, појавувања, исчезнувања...
     
  10. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    денеска требаше да одиме на кафе кај една другарка ... но требаше :!:
    имаме во друштво една другарка која секаде го влечка дечко и со нас..ако одиме на кафе и тој со нас,ако одиме у дискотека и тој со нас,ако одиме на прошетка и тој со нас :@
    и сега и кажавме се у очи како е и што е и таа заклучи дека јас сум крива,збори глупости,превртува зборови и на крај се испокаравме и ништо од кафето..

    ахх ахх тие злобни и сурови личности ги мразаммм :@
     
  11. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк моментот кога ќе здогледаш јак фраер на улица скоцкан по твој вкус,најубаво облечен и те гледа и ти го гледаш,и така си се гледате додека не исчезнете во хоризонтот ама ништо не си кажувате,нормално
    јебига
    не се познавате..ете тоа се моменти,убави и интересни од типот што би било кога би било! ;)
     
    На Shana и maca99 им се допаѓа ова.
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    Штотуку изброив: имам 18 лакчиња... до пред 3 месеци имав само 5! :lol: (едно 1000че се собират :lol: )

    Следно: си одбирам песни... ќе направам некоја компилација за согорување калории.. да да, ќе вежбам - решив! Имам дома многу простор, зошто да не? :wasntme:

    п.с. Добив прекрасна вест за сестра ми поврзано со нејзиното работно место.. се прерадував! Добив исто такво прекрасно чувство кога таа ми кажа дека е бремена! :lol:

    За убаво само нека е! И на сите нека им се погоди и здравјето, и љубовта и работата :party:
     
    На bittersweet, sesilija, Annie.mk1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...


    ^Е тоа сакав да го кажам.
     

    Прикачени фајлови:

    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.762
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    МНогу чуден човек сум, овај де жена. Знак- рак, позднак - стрелец, месечина -лав комбинаија убитачна. Вчера денот грд, вечерта преубава. Убаво друштво, па добар флерт. Црвено вино и се е можно. Ах само нафрлам зборови од што не можам да објаснам колку убаво се чувствувам. За него сум дама, ха! Нетипично женско, а кога би знаел колку сум типична жена. Сакам и јас галење , мазење, сакам и јас заштита, но има некои нешта кои навистина не ги сакам. Мразам цвеќиња и свеќи, мразам мечиња и песни. Сакам само некој да ме зграпчи силно ама ти никогаш нема да го дознаеш тоа. Знаете што сфатив ? Го сакам Него многу, но себе си се сакам повеќе. Тој никогаш нема да се однесува со мене како што вчера се однесуваше А. Не, не ми е криво што се видов и не го изневерив Него, не се изневерив ни самата себе си. Но, убаво ми беше. Со насмевка сум цел ден.


    Имајте убав ден и убава вечер, јас знам дека ќе имам.
     
    На Miss-Independent му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Денов по сценарио на Вивалди се менуваа годишни времиња, сонце и грмотевици, дождот ме начека неспремна, ама јас насмевната му пркосев дури ми ги натопи алиштата и се слеваше по моите раце и нозе и се плеткаше во мојата нескротливо гривеста кадравост на косата, ама затоа по патот за дома се појави повторно саншајн :sun: и стигнав на крајната дестинација сува. Ќе употребам една фраза од брат ми кога еднаш си стави како малечок парче мевце во уста од манџичката која крцкаше на шпоретот опојно - џо ништо не се дешават, :wasntme: :D ! Така и јас се изложив на дождот, ама како ништо да не било, добро ќе беше да може ова да има универзална примена, ама нејсе...

    И ако случајно се прашувате на што се должела таа насмевка не, не сум вљубена за жал, тоа е поради нешто што трескавично стегав под мишка и не, не е лубеница ни една камо ли две, богами не се ни портокали, туку 2 мали парчиња перфекција на над 1.200 страни, да мојата слабост и мојот порок - книги, внимателно одбрани и нови миленичиња во мојата скромна библиотека :geek: . И ќе ги мазам и пазам со многу љубов ама нема да им давам мутави имиња ко ЃоЛе пример. И тоа е доволно за денов да ми е обоен шаренолико и да си самоизнудувам спонтано искрени насмевки. Само што животот е прекраток понекогаш за да се оддаде човек квалитетно на својот порок :emo: . Денес бидете квалитетно порочни, ;) .
     
    На LivingGlam и sesilija им се допаѓа ова.
  16. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.857
    Сакам да кажам...

    И мене ми се има случувано ова ама во интернет кафе.
    Се обратив кај форумџиката ама тврдеше дека не е од мојот град :lol: .
     
  17. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.446
    Допаѓања:
    22.878
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК се чудев зошто претходните неколку дена се ме нервираше, и ми сметаше. Па тоа бил, кој друг ако не проклетиот ПМС! Денес ми дојде, порано, и со не толку големи болку. Но сепак, не поминав без апче. И уште сум нервозна. Со сите се расправам. Да можам и ќе истепам некого. Имам вишок на негативна енергија во мене, и морам да го исфрлам некако. :@
     
  18. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    ГГГГ се заљубив у фејсбук профил, а до завчера викав дека поголема глупост од тоа нема!
    Тоа што несакаш тоа ќе ти дојде :D
    Рано е да кажам дека е совршенство, ама навистина е.
    Уште од вечер се фрлам во потрага да го најдам низ градов, затоа што мразам боцкања и лајкувања, пре би го лајкнала ама онака добро у живо!
    Ќе го најдам! ]:)
     
    На LittleDevil, Neytiri, firequeenn и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Знаеш дека си заљубен кога не можеш да заспиеш затоа што реалноста конечно е подобра од твоите соништа..вистина било! хурејјј! :rofl:
     
    На SexyLady му/ѝ се допаѓа ова.
  20. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Леле колкава си пораснала машала ...
    Леле малкуцка си се поправила...
    Аааа мила да ми те ЦУНЕ баба... ехехехе.
    Пу пу лепотица да не те урочам како ти е дечкото???
    Здраво јас сум ти трета братучетка од синот на втор братучет на третиот внук на братучедот на мајка ти, мило ми е.
    Сето тоа проследено со штипење на образите на кои веќе имаш руж, а добиваш плус природно руменило од гмечење.
    :devil:

    Психички се спремам од сега. Сакам свадби, но сакам свадби на блиски луѓе. А не на ојлевци дојлевци кои ги имам едвај видено во животот и кај кои според мајка ми, мора да одиме затоа што ни биле роднини и што ќе си помислат луѓето за еден поклон скржави сме дека не сме многу блиски ... божем. Добро мамоооооооо. И во себе си викам, Боже нека ме лупне камион, Боже нека се онесвестам пред излегување ... Боже помогни некако, било како. Ама еве сфаќам дека ми нема помош.

    Па така. Одам да се самоуништувам, т.е подготвувам... Се гледаме на оротоо. Опа иха.
    Аххх.
     
    На maca99, SexyLady, Miss-Independent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.