Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. makedonce23

    makedonce23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 септември 2011
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    7
    Сакам да кажам...

    :party: http://www.youtube.com/watch?v=HHlrc2zmqZU

    СЕКОЈА ЧЕСТ ЗА МАКЕДОНСКАТА КОШАРКАРСКА РЕПРЕЗЕНТАЦИЈА :party:

    П.С ДОБРО ВЕ НАЈДОВ
     
    На Isaak и starbucks им се допаѓа ова.
  2. Tenkai

    Tenkai Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јули 2010
    Пораки:
    2.316
    Допаѓања:
    1.905
    Сакам да кажам...

    E добро де сфативме дека се гордеете со Македонија и дека се радувате на победата, ама не мора да напињате. Кога ги гледам последниве две страни од темава исто ко да гледам почетна страна на фејсбук. И ќе мрчам пошто ми е преку глава да го читам едниот ист пост по 10 пати! И да, сега одеднаш сите станаа патриоти. Плус имате посебна тема за македонската кошаркарска репрезентација па можете таму фино лепо да се дивите. ;)
     
    На Strumfeta93, tigerlady, lolyta777 и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да кажам...

    Леле многу ама многу тапа ден . Што се не видов и слушнав денес .. а јас си викам имам маки ...
     
  4. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.074
    Сакам да кажам...

    ... отидов да кршам срца 8)
     
    На Neytiri, HoneyBun, caroline.costa и 8 други им се допаѓа ова.
  5. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ауууу хејтери на сите страни! Па остајте ги луѓето да се порадуваат,не е којзнае што ама битно среќни сме бар на момент! не знам како на некој може тоа да му пречи!! Дај боже што почесто народот вака да се радува и обединува..конечно на македончето му се разбуди патриотизмот и националната свест! тоа ми се допаѓа.. ;)
     
    На Yipman2 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    СДК :clap: :clap: :clap: БРАВО на победата на нашите во кошарка :clap: :clap: :clap:
     
  7. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    И ајде честито наши! Навистина важи правилото кое секогаш го забележувам: единствено културата и спортот достоинствено не претставува надвор. Тоа значи дека треба да ги бодриме и фудбалерите и кошаркарите, и ракометарите тогаш и кога губат од Узбекистан, а не само кога ќе го победат таканаречениот (т.н) наш ни јужен сосед. Е тоа е проучениот поим патриотизам.
    Но не сакам да звучам клише. Сакав да кажам дека имав ден исполнет до бескрај. Повторно на мета, моето мило Крушево. Блиску, а далеку. Толку спомени, а малку зборови. А таму мирот е дефиниција. Мирот е секојдневие. Прекрасен, издржан муабет со драгата моја пријателка од детството. Тогаш сите спомени ви доаѓаат пред очи. Сите детски лудории во тие детски лета. А сега пораснати, соочени со нови предизвици. Слични приказни, слични мигови.
    Ќе се издржат 3те саати вожња, за таков мал рај вреди и повеќе. Да сте ми живи и здрави Крушевчани, сакајте си го родното ви место, на порајско место не можеле вашите родители да ве зачнат.
    А таму одмор и само одмор. Животот е приказна за себе.
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Сакам да кажам...

    МА - КЕ - ДОнија! :D


    Постов не е за кошарката. :wasntme: Постов е за колку прекрасно си поминав(ме). :D


    Си седам дома и си читкам на фемина... Доаѓа другарка ми, целата задишана и ми вика „Ајде!“. Ме збуни. Ја прашав „Каде?“. Таа ми рече „ај побрзо спремај се и тргвиме“. Во рок од пет минути се спремив! :o Мојот рекорд. :wasntme: И додека забрзано одевме (читај трчавме, другарка ми ме влечеше за рака :rofl: ) ја прашав зошто толку брзаме и каде одиме. Таа ми рече дека одиме по чаршија, на плоштад поради натпреварот. Дури одевме видовме едни во стоеденка двајца напред, тројца на задно седиште и четворица назад, со отворен багаж и знамињата во рака! :rofl: Одевме накај плоштадот. Ја сретнавме групата и ајде назад со нив. :wasntme: Со другарка ми како ментални пиштевме. Околу 50тина машки и јас и другарка ми сами женски, се дериме, навиваме. ]:) После шуќур дојдоа уште неколку другарки па дури 10 женски бевме. :wasntme: Стигнавме до чинарон. Застанаја, седница одржаја и сите назад, пак накај плоштад. [​IMG] Страшни бевме. [​IMG] На плоштад поседаа 10тина минути и ајде накај Сараиште. Едно време се одделивме од толпата, одевме по друго патче и ги престигнавме. После, ние - женските, одевме најнапред! [​IMG] Од Сараиште до Кадмо се деревме...
    Еден викаше „Грција“ и сите ние викавме „к*рва“ [​IMG] Повеќе ќе одговараше пе*ери, ама ајде... [​IMG]

    Негде во меѓувреме требаше да спомнам и дека не снимаа со камера. [​IMG] Па застанавме пред рибнион. [​IMG] Сите пеевме и не сликаа. [​IMG]
    На плоштад пак организираа седница и решија секој кај сакат да ојт.
    Со другарка ми си одевме и на семафори сретнавме три коли со знамиња, од кои едното беше такси. [​IMG]

    Ко бевме сараиште му ѕвонав на другар ми (во Скопје е, не стигна да се вратит) ама не се разбравме, многу гласни беа. [​IMG]

    Аку ме види некој на ТВ (најверојатно на охридскава ќе има, не вервам на Сител да не‘ давет [​IMG]) please don't laugh at me. [​IMG] Една ко дрогирана. [​IMG]


    Извинете за некои делови на постов кои немаат врска, не можам саглам да го склопам. [​IMG]
    Извинете за премногуте смајлиња, ми беа потребни за да можам да се искажам. [​IMG]
    Извинете за измешаниот дијалект со литературен јазик. [​IMG]
    Извинете за должинава на постов и шо ве измачив да читате (ако некој воопшто го прочита [​IMG])


    За крај,


    Вардарска, Пиринска, Егејска!
    Тоа е една нација!
    Тоа е една држава!
    Тоа е МАКЕДОНИЈА!


    Оле, оле! Оле, оле! [​IMG]

    [​IMG] Вакви бевме.
     
    На martinuska, Smilly и esperanca им се допаѓа ова.
  9. unhappyy

    unhappyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    147
    Сакам да кажам...

    Баш је лепоо бити луд... :D :rofl:
    има кај мене едно 5-6 малишани дрогирани,пијани со еден збор тезгере се кој ке ги слуша цела вечер,ај то па 10 саат е,никој нормален не иде во 10 саат да се пијани и дрогира,луда работа
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Сакам да кажам...

    Да, да на македончето патриотизмот му се буди само кога има победа.


    Уствари тоа сакав да го кажам.
    Не е ни малку хејтерски пост.
    Не сум патриот, си признавам.
    Не одам ни Грција.
    А, гледам секој трет месец по фејсбук слика пред Космос и сега оп јее победивме, нека пушат Грците, летово исти курац сите се сликаат Грција на плажа, сега патриоти.
    Епа не оди така тоа.
    Мене све ми беше топ и океј, додека не ме испровоцира еден статус на фб.
    Дотичната напишала пред некоја утакмица кога изгубила Македонија, како нашиве кошаркари за ништо не ги бива, бла, бла..а, сега? Сега прв патриот, сите можни песни, статуси за Македонија и пофални зборови.
    Патриот си да ја сакаш Македонија и во добро и во лошо.
    Не само кога победува.
    Така да,да.
    Мразам лажен патриотизам и ме вади од патики.
    Зошто 99% од тие што се маваат денес во гради за Македонија што ја победила Грција, другото лето пак ќе одат на одмор таму, кога ќе се попустите пак ќе одат Солун.

    и за крај
    барем една година да траеше овој патриотизам како ова што се случува последниве 2 саати, ние ќе стигневме на ниво на Словенија мајке ми.
     
    На julie77, thinkerbell, zhap4e и 9 други им се допаѓа ова.
  11. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, нешто поврзано за у школо, т.е за децата. :wasntme:
    Јас си имам проблемче.. Знам дека со време ќе се реши.. Али, никако неможам да ги сејфувам и запамтам имињата на децата, поготово на женЦките, дека повеќето сме женЦки. :worried: Сите ми се исти, не ги разликувам. До сега другарка ми ми кажуваше кој како што се вика, ми објаснува, тој што седел таму, таа што дошла покасно, тој што дошол прв, таа што станала на табла... И на крај пак не укопчав.
    Али мрзам кога ќе ме прашат: Еј овој/оваа беше од петката, осмицата..? - Нашле кого да прашаат, ја за мојот не знам, а не па таму за тие.. Малце поише можда хистеришам, али ете така, сакав да си ја испразнам душичката. :$ :angel:
     
    На L-enna му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Gunshine

    Gunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 мај 2010
    Пораки:
    817
    Допаѓања:
    667
    Сакам да кажам...

    ...патриотизам -работа која ќе ти помогне да се идентифицираш со нешто што е во твојата глава, исто како религијата...

    А да, сакав да кажам, убав помин на Пиволенд, хронични подочњаци и малку пари.

    Алелујааааааа
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  13. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.565
    Допаѓања:
    42.999
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=YOGl00WA ... re=related

    Боже колико га волим...

    Не се чуствувам добро, неубаво ми е де.
    Си седам дома во сабота вечер не ми е фино, не ми е ни по ќеф ама пак бев фина и реков добро и сега се трудам да го игнорирам фактот дека ми се излегуваше и дека сакав да го видам не во бучна атмосфера, сакав да седнеме да пиеме пивце да муабетиме...само не е се како шо сакам јас.Ама не сум расположена да се нервирам и да се карам поради таа приказна 243545943 пат така да ќе си останам фина.

    И да ми се плаче, ама па и сум доволно фина да не ја загрижувам мајка ми ако се разрикам сега тука онака бучно и гласно оти не ми се плаче тивко како во ноќите кога ја удавувам перницата, тука така баш да плачам од дното на душата додека не заспијам од печење на очите и носот од рапавиот толет.И не е ради нешто или некој, онака сакам да плачам само за да ја истискам од мене сета негативна енергија, стрес, да ги исплачам кавгите, болките, тагата ради недостигањто на другарките кои исто така секогаш имаат планови кои ни случајно не се во врска со излегување заедно и ред други причини ради кои ми стои грутката на грлото.Таква сум плачка шта чеш.Мада сега и ПМС ќе да е.

    И шо да правам де.Ќе гледам филм како и обично, ќе си легнам и нема да спијам мирно додека не ми каже дека е дома и тоа е исто секогаш кога е без мене...

    И морав да се исповедам тука и покрај тоа шо сакав на глас да го кажам некому.Ова е осаменост а мислев постои само како дефиницијата, ама очигледно од време на време ми била пракса.И то...

    It's time to be a big girl now and big girls don't cry
     
    На eli25 и EleMental им се допаѓа ова.
  14. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Убитачно ме боли главата.Дали од малку пиво или многу славење незнам.
    Запознав еден чуден лик.
    Целиот таков...мистериозен.И згоден.
    Колку ме привлекува ,толку и ме одбива.Прави да се чувствувам чудно.
    Живи били ,па видели.. :wasntme:
     
  15. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    Сакам да кажам...

    Море луѓе што се расправате сега?
    Ниту јас сум нешто посебно патриот, ниту се лупам во гради, ниту пак нешто претерано ги мразам Грците.
    Спортист сум, бивш кошаркар поточно, за кошарка гледам да имам секогаш време, колку и да ми е скапоцено и ограничено. Знам какво е чувството кога си потценет на терен и кога успеваш да го згазиш лутиот непријател, оној од кој си изгубил многупати.

    Не е работата во патриотизмот.
    Не е работата во политика.
    Ниту во тоа кој оди на одмор во Грција, кој оди на шопинг таму, кој оди да се прошета.
    Работата е што по доооолг период нашата екипа игра повеќе од ОДЛИЧНО.
    Работата е што изненадивме, што ги сомлевме фаворитите во групата, успехот е тоа што нашата репрезентација беше потценета уште пред да почне натпреварот, луѓево се плашеа дека ќе се повтори истото од претходниот меч со Грција. Нашиот тим игра како никогаш до сега, имаме сериозни предиспозиции да одиме во вториот круг, нешто што би било навистина гордост.

    Колку и некој да е хејтер, аполитичар, обожавател на Зара, Бершка и H&М во Солун, доколку срцето му потскокна кога Чековски поентираше тројки кои беа прекрасни не може да го критикувате.

    Земјава ни е таква, сива, и за кратко повторно ќе се слушне нешто што ќе предизвика револт, ама можете ли еднаш да се израдувате што конечно сме постигнале некаков успех? Оставете нека се радува тој што сака да се радува, којзнае дали вакво нешто уште еднаш ќе се повтори. Имате скрол, скролајте ако ви смета. Но, оставете не да се радуваме тие што се преизненадени и пресреќни од резултатот.
     
    На Monna.Monna, Gioia, zhap4e и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Во ред тоа што се радуваат,супер што сме победиле ама ја отупеа,океј е да се напишат по еден-два статуси,ама по 10 да редат?толку групи?демотивации и слики?На човек да му се одмили фејсбукот.Кај и да погледнам само Македонија Македонија.Честитки за победата и од мене ама претеризам е ова.Некој се однесува како да сме освоиле СП во фудбал,како да сме освоиле се живо и диво во сите конкуренции.Убаво кажаАшлинг.Бодрете ја Македонија и кога губи а не само кога победува.Зошто пола од некои кои се радуваат на денешнава победа пишале статуси Лузери за ништо не ве бива.Баш ме интересираше да изгубевме дали ке имаа толкава подршка.Ракомет е,игра,ти е си ставаат парите во џебот а некои овде се нервозираат,ајде да освоивме некој медал ама толкава фама никогаш не сум видела |(
     
    На DressedToKill му/ѝ се допаѓа ова.
  17. snegulkabela

    snegulkabela Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јули 2011
    Пораки:
    77
    Допаѓања:
    134
    Сакам да кажам...

    СДК, секогаш ке се најде по некој што ке ти го расипе моментот, од дежурни душогрижници не можам глава да кренам.
     
  18. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    По толку напорен ден лутеницата (или како што јас си ја викам љутиката :rofl: ) е готова.
    Се уште не изладена мириса ненормално убаво.
    Си наместив на маса топло лепче, сиренце, ноже и само чекам мајка ми да ми донесе горе една тегла лутеницата и да се фрлам на јадење :wasntme: .

    Кој воли нек изволи. Има околу 25 тегли така да можат многу луѓе да повелат ако сакаат :P :lol:
     
    На Hipica, zhap4e, sesilija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  19. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    дека ме болат очите :| :doh: :worried:
     
  20. Lov3

    Lov3 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 октомври 2010
    Пораки:
    774
    Допаѓања:
    1.886
    Сакам да кажам...

    За болдираното... Кошарка е... :wasntme:

    Пак сакам да кажам. :wasntme:

    Коментар на Хрват:
    Bravo Makedonci, čestitam vam na pobjedi protiv Grčke, svaka čast, i nas hrvate ste dobili jer ste više željeli tu pobijedu i imali vise srca sto je je. Drago mi je da ste pobjedili te Grke jer vas uvijek tlace na razne politicke nacine, kad sam bio u grckoj nisam mogao vjerovat da u EU ima onakav rasizam i fasizam eto jos jednom je Makedonija pobjedila Grcku kao i za vrijeme Filipa II prije 2350 godina poz iz Hrvatske.
    :muscle:
     
    На Hipica, butterfly.93 и martinuska им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.