Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Лета времево ц ц ц 4 саат дојде. А јас абер немам да си легнам. |(
     
  2. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    скд дека окото ми е како некој да ме тепал...кога станав цело подуено како симичок или како се вика (многу грдо како ке идам на работа незнам ) :(
     
  3. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сд ти к седи си дома! :D
    Tаман оправдание ќе имаш!
    и така времево е тмурно некако :)
     
  4. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...


    Хаха оној од кај мене на профил? За арно за убо нека е... Чекам да ми пишеш детаљи! Затоа што е ваков :o !!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.828
    Допаѓања:
    25.569
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Можеби и ке ми фали да ме будат зраците од сонцето по некое време, ама ова го чекав веќе извесен период,да ме смири на начин на кој само тоа може..
    Мрачно е!!
    Ма не мора ни да врне, нека остане вака и мене ми е баш како што треба.

    Заспав плачејќи вчера. После толку преубав ден.
    И ај сега?
     
  6. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Сакам да кажам...

    СДК дека одвај ја чекам прославата на 8ми Септ. :lol:
     
    На Chupe му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Го знаете она - нит се тера, нит се води? Е па тоа. Цел живот живееш малтене двоен живот, да не речам, у Бардовци да те сместат за шизофренија :) Се вртиш накај едниот, вака збориш, се вртиш накај другиот, онака збориш. Одиш ваму, сакаш таму. Одиш таму, сакаш ваму. Кога те прашуваат дали повеќе ја сакаш мама или тато, се мрштиш затоа што тоа е најглупавото прашање кое може да постои.
    Како тоа дали повеќе ја сакам мама или тато? И двајцата!
    Е не може и двајцата.
    Е може! :^)

    На една конференција во Стразбур, многу одамна во едни луди, студентски години, ме бутнаа во едно кабинче во Европскиот парламент и ми рекоа - преведувај. Еј не знаете колку лудачки се почуствував. Онака ти зборат на француски а ти го тренираш мозокот како да се раздели на две, онака свесно де, и ко низ некој филтер се шо ќе влезе на француски да излезе од устата на англиски. Јазичарите ќе ме сфатат за што зборувам. Многу тешка ствар, мајке ми. Симултано толкување. Бр!
    Го знаете чуството?

    Епа така некако.
    Те прашуваат што си? Ти им велиш човек. И ти велат - е тоа денес не важи. Кажи едно си или друго си.
    И јас им велам. Е тоа кај мене не важи. Не сум ништо, а сепак сум човек. Прашајте ме од која рака повеќе би се откажала, можеби полесно ќе го плукнам одговорот.
    Лево или десно. Цел живот. Перпетуум мобиле. Де си три чекора напред, де еден назад. И никако да го довртиш орото до крај.

    О тешкото! Зурли штом диво ќе писнат,
    штом тапан ќе грмне со подземен екот -
    во градиве зошто жал лута ме стиска,
    во очиве зошто навирува река
    и зошто ми иде да плачам ко дете,
    да превијам раце, да прекријам лик -
    та гризам јас усни, стегам срце клето,
    да не пушти вик.

    Можеби е време за трета опција. Не сакам лево или десно. Не сакам да сум де ваму де таму. Сакам да сум човек, граѓанин на светот но со едно домашно грутче со кое конечно ќе се поистоветам засекогаш, амин.

    Време е за промени. Пирамидава ќе се помрдне од место. И пак ќе остане жива. Море, да не речам океан, и повеќе од тоа.
     
    На 1209, girl.23, Sparks и 11 други им се допаѓа ова.
  8. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Конечно :rofl: Убаво се чувствувам на вакво време.. исполнета сум, се ми е рамно.. ахх. Нека си остане вака, не сакам да се врати пеколов пак. Ако биде вака кога ќе тргнам на факултет.. :inlove: :inlove:

    [​IMG]
     
    На zhap4e и Magnolija им се допаѓа ова.
  9. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    дека времево е нетачно
    вчера вода течеше од мене а денес се спрема да врне |(
    ама ако нека врне да ме потсеќа на едни есенски луди денови :)
     
  10. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Кој изрод сум. Сега кога имам време на претек за спиење, станувам во едвај 8.30, а по еден месец кога ќе почнат обврските нема да ме будат топови.
    Неможам да се поднесам. Ми треба промена дефинитивно. Ме гуши прашината од секојдневието. Ова лето можам да го прогласам за едно од најнепродуктивните, т.е вака треба да изгледа како едно лето не смееш да го поминеш.
    Оваа есен, оваа есен е моја. Нов почеток, нови луѓе нова средина, нова јас. :hai: autumn, I was waiting for you.
    [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На Dulceee и MandyLane им се допаѓа ова.
  11. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.928
    Сакам да кажам...

    Лесно е да се успокоиме во кожурецот на удобност. Лесно е да се смести левата пред десната и да се помине крстосницата... Како по навика... Лесно е да ги пребројам саатите по оброци и оброците по минути.
    Не знам дали е до стигматичност или навика...Не знам дали е до секојдневие или до вкусот на смог на кој сум навикната... ама можам да се претопам во околностите на животот. Не дека не претам како разулавена будала, барајќи ја таа мала глупава игла во сеното... ама некогаш...нема игла. Некогаш животот е прост и едноставен. Некогаш е само убав.

    Вчера се возевме на неговиот мотор низ градот. Од Палма до чаршија. Од чаршија до Деус... И додека го гушкав и ми идеше ветер во лице, го допрев моето лице до неговото и осетив како ме гребна малата брадичка... Го осетив дека се насмевна. И си ги затворив очите, ауспухот бучеше мнгу силно а јас ги осеќав уличните светла како ми ги бркаат очните капаци.

    Некогаш... животот е прост и убав.
     
    На Smilly, kate21, la-chicka и 14 други им се допаѓа ова.
  12. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.821
    Сакам да кажам...

    Тетка Есен ми се јави од Германија, рече ќе стигнела за скоро, да не се секираме.
    Иако баш не и‘ се радувам, на сликиве се израдував...
    Се заљубив просто. И камо ваква да е есента кај нас, сончева, а не како мачка накисната да се мава од едно дрво до друго, како пијана, дури не дојде тетка Зима да и‘ мавне две-три клоци во задното дебело месо и да ја избрка.

    Абе сум се збрлавела јас, каква есен! Треба бар уште два пати на плажа да се појде 8)

    Пријатен ден феминки, мене знам дека ќе ми биде :)
     
  13. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.976
    Сакам да кажам...

    Утринска мудрост на денот - луѓево многу се замараат со глупости. :D

    Не бе не, одамна помина тој период кога исправав криви дрини и убедував некого во нешто. Заврши моментот кога ме нервираше и најмала неправдина, па бргу, бргу, да ја исправам. Дали тоа јас пораснав ?! Созреав, мејби ? Јасно ми е дека не сум ептен ептен зелена, ама не знаев дека и до степен на нирвана сум дошла. :D

    Ма знаете, ич не ми чуе кој, како и зошто. На кој како му одговара, така нека си прави. Мора малку, што би се рекло, човек да се исчеличи, и не живци, ами ортоми да има. Еми, малку ортоми, малку широки хоризонти, малку толеранција и малку повеќе култура... Воала, магичен микс. Си кулираш и не те боли ништо за ништо.

    Времево влијае позитивно на мене. :D Сите Сонцето ги полни со енергија, мене облациве. Него знаете што ми кажаа пред некој ден ?! Дека ти си такво - зимско/летно - дете, во зависност во кој месец си зачнат. Не роден, ами зачнат. Еми, еве јас, од јуни, да одземеме 9 месеци, стасуваме некаде до октомври, отприлика. Ете, ете зошто сакам толку ладно, ветрови, фурии... Има логика, мајке ми. :D

    Се декларирам како зимно дете родено во лето. :!:
     
    На Strumfeta93, julie77, zhap4e и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Многу тоа тролололололо на нетов...

    Врска преку скајп..ахах мајко моја што ме снајде. Ај кај и да е ќе му здосади ќе ме откачи, ил ќе дочека на 21 да ме собере од Белград, иако е сигурен во себе. Она очине плави коа ќе му ги видам се губамм..

    Туку сакам жени ко Дафне. Знае бре што сака да каже. Да нападне, да одбрани. Нејзиниот вокалбулар е изврсен. Нема плиткост. Восхит жено восхит.

    А денес јас пак се успав. Вчера професорот ми рече- Macedonia you late again..Што да правам, ширев љубов преку нет.. хуху!
     
    На angel92, la-chicka, sweetyears и 7 други им се допаѓа ова.
  15. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да кажам...

    Под итно треба да го сменам аватаров, есента е на прагот. Ама сакам да го почувам уште малку затоа што ме потсетува на најубавите денови во мојот живот. Се би дала да ги вратам, уште еднаш да ги доживеам.
    Не го сакам дождот, ме прави меланхолична и замислена. Ми го убива расположението. Но, тоа е тоа. Ќе морам да се навикнам. :D
     
  16. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.073
    Сакам да кажам...

    СДК ... Би додала и приземност, ненаметливост ... скромност.
     
    На Extraordinary.girl, Theodora, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Сакам да кажам...

    Конечно наспана :D Среќна сум бе! :) Единствено што ја попречува мојата среќа моментално се моите накачени 3-4 кила :( Морам да ги симнам,од денеска почнувам пак активно вежбање ај прамис! А и почна да мириса на есен,не е толку жешко нема да мора да се пржиме во училницата на +40. Ajт одам да јадам :*
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.609
    Сакам да кажам...

    ... јас, Radiohead, дождот и неколку суви урми = совршено убаво утро.
    Јас после едночасовно макотрпно тресење на колкови и задници уз зумбастична музика = мало пијано коковче кое се тетерави по станот утринава.

    Is it a bird? Is it a plane? :wasntme:
    Не бре, јас сум. :emo:

    Дали сум единствениот женски примерок кој своите променливи расположенија ги отсликува преку косата?
    Зошто се разбудив со неодолива желба да се бојосам во темно костенлива?

    Зошто дождот ми мириса на секс?
    Како е можно Хуго никогаш да не слушнал, ниту видел, ниту пробал рибји стапчиња, такозвани сурими? :^)
    Дали поубаво спијам сама или со него, чиј мирис пулсира, а јас го вдишувам, зашто ми е така очајно потребен, а јас и повеќе од дозволеното, навлечена на него?
    На сите овие прашања одговор ќе дадам вечер.
     
    На caroline.costa, teddybear, la-chicka и 6 други им се допаѓа ова.
  19. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    Колку сакам кога врне :) , А јас си седам со отворено пенџерче, и си го мирисам дождот!
    Многу сакам вакво време, само уште коските да не ме вртеа ко на стара баба, ќе беше супер :)
    Сакам ладно... ладно ,свежо, влажно........
    п.с Кој знае колку средношколки сега се кријат под чадорче, да не им се навитка тазе запегланата коса од влагава!
    Ех средно бе :) Ми фалиш
     
    На 1209, teddybear, la-chicka и 4 други им се допаѓа ова.
  20. savana

    savana Популарен член

    Се зачлени на:
    18 август 2010
    Пораки:
    1.770
    Допаѓања:
    9.567
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК го мразам денов денескааа :@ ама тоа што мора - мора. Со задоволство би останала дома и би уживала...
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.