Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Сфатив, не сега, туку одамна, дека не е убаво ништо да се фрла во животот.

    Еднаш кога бев мала, јадевме и бидејќи лебот (поздрав до Жито Лукс за нивните оригинал ронливи лепчиња) се ронеше онака абнормално ко привремена пломба, татко ми зема со прст да ги собере трошките и си ги лапна. Го загледав и му велам
    - Тато што правиш? Па трошки се.
    - Да трошки. Но ако не се научиш да ги цениш трошките, како ќе научиш да ја цениш кришката леб?

    Се замислив, и со моето мало прсте ги собрав моите мали трошки и повеќекратно си го лапнав прстето гледајќи кон тато како учениче кое ја научило својата лекција број еден за животот.
    Ми се насмевна. А јас бев горда што сум научила нешто. Да можев, во тој момент ќе си се потапшав по гради. И до ден денес ја имам оваа грозна навика, кога јадам нешто што е ронливо, да ги собирам трошките чипс или леб со прстето и скришум си ги лапнувам.
    Не е баш по бон тон, ама мене ми е жал за тие трошки.

    Си велам, зошто априори нешто да исфрлиме од нашиот живот? Ако нешто или некој не ни згрешил толку, зошто да затвораме железни капии и да ставиме катанци кои ни Хогар Страшниот не би можел да ги отвори? Фино е да си горд, фино е да се цениш себеси и да не го трошиш залудно своето јас на луѓе кои едноставно не те ценат како и трошките кои ги тресат и фрлаат надвор.
    Но не е фино се да отфрлиш само затоа што си е*ено уфуран колку си ти најдобар и најсупер, и како до твојот пиедестал немаат шанса да стигнат само туку така билокакви преживувачки форми на живот. Мочковци, ќе рече некој.
    Мочко си ти ако априори потцениш некого или некаква можност, без да им дадеш шанса воопшто да навлезат во твојот живот макар и ѕирнале.

    Сфатив дека животот е како есента. Кога ќе се замислиш, навистина е тажен, затоа што завршува неславно. Но кога ќе се потрудиш можеш да ја пронајдеш во него и убавината. Палета од бои, времиња, топло - ладно, сончево - дождливо. Час те грее онака цигански, час те лади онака норвешки.

    И сфатив уште нешто, читајќи ве вас, да не ве именувам кои сте и по вчерашната инспирација (морам да и ставам еден копирајт на Ливинг за идејата) дека навистина имам желба да се издадат највредните постови овде на темава. Со поштовање, не мислам на оние постови кои се повторуваат и констатираат колку на некој му е здодевно или пак колку е с*ање времево пак, или колку е жешко, туку оние кои се морфолошки и синтаксички навистина така убаво скоцкани а сепак имаат толку многу душа, што секоја емоција човек ја доживува со вас читајќи ве. Браво!
    (таму негде над мене сте, стварно со задоволство да ве читне човек) Ах бре Фемино :)

    Ах животе. Биди есен, не ми пречи, се додека не сум далтонист за боите кои ни ги нудш.
     
    На bittersweet, kate21, Srekicka и 23 други им се допаѓа ова.
  2. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сакам да кажам...

    СДК Добро утро на сите феминки,се надевам денот ке ви биде преркасен како и утрото и да ве поздравам со едно песниче,вака за расположување од сабајле ;)
    http://www.youtube.com/watch?v=EMn3Rb7j ... r_embedded
     
    На martinuska му/ѝ се допаѓа ова.
  3. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Јас со моето лудило..
    Со желбата да љубам. Да шутирам пожолтени лисја по Туристичка и да се влечкам до дома со саати..
    Да се движам на кеј и да одам на ризик, по брановите..
    Да шлапкам низ вирчиња пошо сум фраерка, имам гумени чизми.
    Никогаш повеќе нема да се изненадам од луѓето.
    Никогаш повеќе нема да мрчам дека светов е полн со дволичност и лаги.
    Пошо и овде,а и надвор сите мрчат за истото. И како после толку гомна има ? А сите мрзат да лажат..
    Ха, не иде тоа така..
    Чувствувам дека повторно ќе се стопам..наскоро. Многу наскоро :)
    А и да се разочарам..нема. Можам јас!
    После неколку кифли и чаша чоколадно млеко, ќе ги разгледам уште еднаш плочите на татко ми. А и ќе си дозволам да го рошнам неговиот компјутер.
    Ми треба инспирација, а тој ја слуша најубавата музика.
    Дур ми е убаво на душава..
    http://www.youtube.com/watch?v=1EBw_da7BZk
     
    На bittersweet, kate21, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сакам да кажам...


    едно е да пишуваш проза и поезија (тоа спаѓа веќе во уметнички дела што исклучително почитувам) друго е да се праиш паметен и да солиш памет. овие форумки ни на крај памет не ми беа, напротив нивните постови ми се едни од омилените.
    ние после се пак не се разбираме :)
     
    На TennisBabe и Offspring им се допаѓа ова.
  5. Lina24

    Lina24 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    2.230
    Допаѓања:
    438
    Сакам да кажам...

    Sdk neka ni e za mnogu godini praznikot na Kavadarci,7septemvri osloboduvanjeto na mojot grad,voedno I da ve pokanam site na tikveshki grozdober
     
    На senjorita-v, kristii и TennisBabe им се допаѓа ова.
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    СДК дека животов, вака така, на крај, секогаш испаѓа како што требало да биде! Може не на начинот на кој ние сме сакале, можда не во времето кога сме го посакувале тоа, ама верувајте, правдата излегува на крај. Да ми го кажуваше некој ова вчера ќе реков дека нешто не му е арно, еве денес, тврдам, така е.

    Ее, знаев јас дека, некогаш, некаде, ова ќе се случи. Едното нешто што ТОЈ не знаеше е дека иако сум јас мнооогу цивилизирана, сепак... сепак не сум до толку цивилизирана. :D Извини другар, ама тие времиња не можам да ги заборавам. Сите понижувања, малтретирања, сето тоа кога ме натера да поверувам дека не вредам повеќе од нечистото под малиот нокт. Извини, не можам да прифатам подадена рака и да заборавам. Простив чисто за мојот тогашен мир, ама никогаш нема да заборавам што ТИ ми направи во годините кои требаше да ми бидат најубави.

    Фала ти сепак, затоа што ако не беше ти, немаше оваа јас да стои денес тука. Фала за сета цврстина и разумност кои успеав да ги соберам во моменти на лудило. Од мене никогаш нема да добиеш ништо, макар ни еден поглед. Затоа што сега ти си тој кој вреди помалку од нечистото под ноктите.
     
    На palavoto.devojce, esperanca, crazyinlove19 и 2 други им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=cFEPttl4WD8&NR=1 :emo:

    Сега ми текна дека албумов го позајмив на некој, и тој апаш, не го врати! А и јас мутава, наместо да си запишам кому давам и што... Ете. Нешто фали во големата слика, кога ги немаш сите парчиња од мозаикот. Во случајов, музичкиот опус.

    Ќе ми прсне предницава, пливам во желба за тулумби, баклави, и трули колачиња од Апче, мачорот ме гали (која реченица, ухуу!) и се жали дека три дена без мене се штури, јас си возам реченици по булевари и добив желба деновиве да се качам на Монт Еверест, ама реинкарнирана како крава. Ете така.
    Немам очекувања, само сум си.
    Дури, и не се случуваат лудости. Освен потребата на еден фотограф да ме соблече, душевно.
    Ама не му давам, забеган е, за мојот координативен систем. Преку глава од инспираторски, поетски, деформирани, скриени, недоречени и незнамтикакви разговори.
    Се знае што се сака, денес!
    Ама кој тоа да забележи...

    ПС:Фала на сите феминки што ги читале сите мои кукања, трескања зелени, мудрости или што и да е. Направив мини ретроспектива на пишуваното, просто да се изначуди човек колку може да се сменат нештата! Ако, за арно за убаво.
    Генијално да е. :hai:
     
    На bittersweet, kate21, Smilly и 10 други им се допаѓа ова.
  8. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Денес тврдоглаво решив да барам дефиниции.
    Денес се обидувам да бидам херој, да успеам да си одговорам на прашања кои се косат со правилна распределба на болката во природата.

    Не сакам да се заморувам со глупавоста како опција што е најчесто одбрана од многумина на плеј лајв стејшн.

    Не сакам да размислувам за веќе празната кутија цигари и мојата мрзеливост да го поместам задников од канцелариското столче за да обезбедам друга.
    Не сакам да го слушам кукањето на колешката за нејзиниот излупен гел од ноктот, да гледам дефиле на скапи автомобили по Партизанска и за веднаш потоа да се соочам со парадокс...„ Се нема пари бре, за кај ни е државава.“

    ...Синоќа испружена пред телевизор, некаде после саат време од спојувањето на стрелките, гледав Бекстејџ. Драгана на Чупровци со `рчењето на Либенце во позадина, мевлем за уши. Нејсе...
    Пред да бидам почестена со детални информации за снимањето на најновата и воедно најглупава реклама за Гинис, гледав прилог за едно семејство.

    Маж, жена и две сонциња.
    Нормално семејство, исполнето со љубов и хармонија....се додека не го слушнеш оној проклет звук на алармот на судбината и сфаќаш дека во таа куќа постои празнина со размери на озонска дупка.

    Двете сонциња...Димитар и Стефан, се соочуваат со најтешкиот испит.
    На Димитар му е дијагностициран тумор на мозокот, за кога таман да се соочош со шокот на Филип да му дијагностицираат леукемија.

    Има правда? Има некој паметен, глупав, било каков да ми одговори на ова прашање? Да ми најде една единствена дефиниција по кој редослед се делат тешките моменти по човек.
    Одамна не ми се стегнало срцето така, ама џабе. Мојата тага е неспоредлива со нивната, мојот обид да сочуствувам не им значи на проклетниците што ги јадат тие две мали суштества.

    На која основа тие заслужија да бидат жртви?...да, одговор нема.
    Мојот обид за херојство се пеплоса.
    075/143-403

    Јас сум претплатник на Оне, го запамтив само овој број, т.е. го ѕирнав сега од мојот моб.
    Мојата донација не ќе да направи чуда, ама можеби во комбинација со вашите ќе направи. :)
     
    На miss.ella, Look, BoaVista и 18 други им се допаѓа ова.
  9. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Сакам да кажам...

    Ајде уште еден ден на училиштe,уште еднаш ќе трпам омаловажување и навреди...
    Па добро,може ли наставник ученик да го нарече срам за државата само затоа што има виткана коса?!
    Може ли ученик да го нарече другар му пе*ер само затоа што неќе да ги затвара женските во купатило и да ги пипка?!
    И зошто тој или таа се подобри од мене затоа што изгледаат подобро од мене?!
    Затоа јас цели 8 години со борам против предрасуди и осудувања и се трудам да се истакнам и покрај лошиот надворешен изглед.

    Се грозам буквално од целото школо,и едвај чекам да одам гимназија. |(
    Поздравче Феминки мои!

    [​IMG]


    ЕДИТ: Само што си пратив ЛП себеси... Незнам дали да се смеам или да плачам!!! :rofl: :rofl: :rofl:
     
    На Look, kate21, GarpovaV и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Го грабам апартот и се грабам себе, одам да ги сликам дрворедите, кои ме понесуваат и се губам меѓу нив веќе неколку дена.
    Во глава синило, неговите очи. Оно мало љубомора оп оп! Во Битола како некој ме гледал хуху! Љубов ли ќе што ли ќе е? Ама немам време да се докажувам, твоја сум ако знаеш чувај ме ако не тоа е. Не можам да контролирам туѓи очи..
    Одам да видам што ќе ми треба за понеделник. Одам на истражување на океан..Јухуу јухууу... Морски ѕвезди чекај те ме..
    Не знам мозоков ми е отиден денес, не знам ни да мислам ни да составам реченица..

    Љубете денес како што и јас..

    Ах и да еве ви една песничка..


    http://www.youtube.com/watch?v=j5dFe-WKuPs
     
    На bittersweet, Dafnee и LivingGlam им се допаѓа ова.
  11. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк дека ми стигна порака од T-мобајл дека утре ќе бидат 1 денар пораките, и дека тие пари ќе одат во добротворни цели ;)
     
    На Perfection, palavoto.devojce, Annie.mk1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.304
    Допаѓања:
    7.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Торба полна со насмевки и љубов!

    Вчерашната ноќ ќе ја паметам уште долго. Ноќ помината со најмилите, потврда за тоа дека не можеме еден без друг.
    Смеа до солзи, прегратки, бакнежи. Позитивна енергија насекаде, среќа и радост.

    И сега, сега тврдам дека ништо не ми недостига. Имам се` до мене, другото и не е толку важно. Сите тие луѓе, нивните погледи, успеси, ме прават пресреќна.
    Созреваме заедно, учиме животни лекции заедно, се бориме заедно. Заедно сме и сме силни!

    И, “ги сакам„ делува премногу сиромашно во споредба со она што јас го чувствувам за нив. Всушност, не морам ни да кажам нешто, затоа што тие тоа веќе го знаат совршено добро.

    О, најмили мои.. :*
     
    На XMaN, marama и teddybear им се допаѓа ова.
  13. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сакам да кажам...

    СДК дека продолжениево на утрово т.е денов не е толку прекрасен како што мислев.Вечерва посебно чуствувам дека ќе ми биде катастрофа.Сигурна сум дека вечерва ке се искарам со домашниве,знам дека треба да ги послушам,дека не треба на сите да им одам и на сите да им помагам,али што да праам им ветив на луѓето дека ќе го направам тоа и мора да го исполнам:worried:
     
  14. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.952
    Допаѓања:
    123.540
    Сакам да кажам...

    Ако неможеш да бидеш среќен сега,таков како што си,со она што го имаш,тогаш нема да бидеш ни тогаш кога ќе го имаш она што го посакуваш да го имаш!
    А јас,не посакувам многу.Посакувам малку,колку за основна среќа,не повеќе.Сум станала скромна.А не бев.Сакав се.Се или ништо.Но ако животот не ти одржи лекција-кој?Добра лекција,ха лекција која цел живот ќе ме влече во тага.Цел живот падни-стани.
    Но ќе станувам!Не дозволувам таа сила да станам да ја снема.А ја снемувало,да да ,многу често.Па не е неисцрпен бунар,само нешто кое треба сам да го наполниш.
    А не треба никој да ми подава рака.Со моите две нозе станував и ќе станам!Зошто вашите раце ги подавате кога сакате со нив да ме повлечете уште подлабоко? Не фала.Сама,сама.Уште колку ли сознанија ќе приредуваш,со секое утринско сонце ,животе? А,те сакам.Затоа и ќе ја играм твојата игра....Твои правила.
     
  15. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    наочекувано ме посети црвената тетка
    иако имав некои симтоми деновиве, ама си велам рано ми е
    и така да ми помине болката и да се облазам малку, си купив сладолед, ама болката не се намали туку се зголеми, а бев излезена и нозете веке не ме дрзеа(почнав да се тресам) се виткав од болки,и ај седнав на клупа да се одморам, се напив водичка, и ми дојде еден нагон на :sweat: и повратив(колку што во последно време ми се случува, во зивотот не сум :puke: толку, дали тровање или кој знае што беше) малку ми олесни, брука, резил невиден, седната на клупа, леле значи во земја ке пропаднев :tmi: па викнав такси и домче на одмарање, сега ми е подобро (иако малку ме боли стомакот, ке помине)


    инаку, после колоскопијата, докторот ми објасни дека мозе да имам нагони на :puke:(од анестезијата) ама издрзав и не дојде до тоа, а од сладолед се случи :doh:
     
  16. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Книгата се состои од секоја една буква, интерпункциски знак, празните места, дури и од секоја флека од недефинирано потекло по нејзините страни. Без сето ова взаемно обединето, би била само материјал погоден за во корпа за отпадоци.

    Исто е и со нас луѓето. Хирургот со неколку гордо обесени дипломи и светски признанија на ѕидот од својата ординација, веројатно не помислил дека тоа подвиткано во грб човече со огрубени дланки од работа, кое го испрска со кал кога прошиша покрај него со својот моќен џип, го произвело истиот оној грав кој ќе го јаде за ручек токму тој ден. Дури и некој на негово ниво не би функционирал подеднакво без задоволени елементарни потреби.

    Светот и не е толку голем како што изгледа на прв поглед секоја далечина под нашите стапала е совладлива, а и секој индивидуално нема толкава големина на постоење колку што може да си припишува себеси, колку побргу ќе си ги прилагодиме перспективите на нашите гледишта со реалната рамка и меѓузависноста со светот, толку подобро. И за себе и за сите. Дури и за флеките од луѓе.
     
    На bittersweet, XMaN, Bright и 10 други им се допаѓа ова.
  17. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.633
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК дека денес патувам, јас се си споив и ќе си се вратам рано наутро понеделнички :D

    Малку да одморам, редовно ќе ве читам :!: Не знам колку време ќе имам да ви пишувам, но стално ве мислам :) Одам на 5 дневен одмор со цел да средам некои работи далеку од дома :)

    Плус во петок сум на Бојан Марович, планирам да се журкам, да пијам по малку, да се забавувам во главно 8)

    Останети ми позитивни, насмеани и среќни...

    Ве гушка & Сака Ани :* :hug:
     
    На Smilly, kristii и esperanca им се допаѓа ова.
  18. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам да кажам...

    Пирамида збира трошки, јас лижам тањири. Најсериозно.

    Него да се фатиме за работа. Ми фали креативност, не знам зошто ми бега. Буквално мислам ми се лизга низ прсти. Порано сакав да бидам уметникот, сега сакам да бидам музата. Било која од грчка митологија, не пребирам многу. Плус кај си муза па уште 8 сестри имаш. Па да не зборам Ахил и Аполон ќе ги демнеш.

    Каде има дедовци што играат табла? Искрено сакам да играм табла со дедо, да ми раскажува за дамнешните времиња, за боемите, за Старо Скопје, за личните моми, за црно-белите фотографии. Секоја чест на оној што во сабота пишува статии за Старо Скопје во Вест, кога ги читам сакам да го гушнам.

    Ги гледам денешниве деца и жал ми е за нив. Не знаат да играат кутрите. Ни жмурка, ни граница, ни школка. Не прават куќички од сено позади зграда и не крадат цвеќиња кои после ги продаваат. Само седат и чекаат да пораснат, да станат големи. А ние големите, ние копнееме да бидеме деца. Е, ова ме потсети на Големи и Мали. Ја обожавав и книгата и серијата. Ај може ќе им текне да ја даваат пак на МТВ.
     
    На Monna.Monna, Bright, Phyramide и 4 други им се допаѓа ова.
  19. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.983
    Допаѓања:
    4.761
    Сакам да кажам...

    Povelete na kafe pokraj ezero :) izvinete za latinica,od mobilen sum :P (eto kolkav zavisnik od femina sum)
     
  20. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК многу ми е мило ем драго. :)

    Лил Вејн му е фан на Аднан! (М2)
    Нема некој што не го помни ова енергично момче со глас и стил што потсетуваше на поп-иконата Принц. Аднан Куртов го задржа правецот на музика и не само што го задржа, момчето молскавично напредува. Ако ви кажеме дека музиката и текстовите што тој ги продуцира завршуваат и се продаваат на „Ај-тјунс“, знаеме дека нема да ни поверувате, но верувајте - на Аднан тоа не му е битно.

    Важно е што најголемата рап-ѕвезда на денешницата, Лил Вејн, заедно со неговиот диџеј Рус, го „шерувале“, т.е. го споделиле на нивните профили на „Фејсбук“ видеото насловено како „Краток спој“. Новото видео што е изработено од (човекот машна и ташна) Панче Пренџов, се најде на глобалниот музички сервис „Јутјуб“, а раперите на своите профили го споделиле и напишале: „Погледнете го ова видео што е направено од некои македонски момчиња“.

    Секоја чест за Аднан и тимот од „Пренџов продукција“, кои ја претставуваат нашата држава на светскиот музички пазар. Во иднина нема да нè зачуди доколку ова видео се најде на музичкиот канал Ем-Ти-Ви, затоа што навистина е одлично. А можна е соработка и со Лил Вејн...
    [​IMG]
    http://www.youtube.com/watch?v=jBvdJkSx ... r_embedded

    Браво за момците од Велес :)
     
    На kate21, enca.69, Strumfeta93 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.