Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    Солзи ми потекоа од текстов. Преземено од кајгана форум, без лутиш до тамошните колеги форумџии. :D Ова мора да се прочита. :rofl: :rofl: :rofl:

    Детална целодневна програма за прославата на ОСМИ СЕПТЕМВРИ*, 2011 година:


    7:30 часот - моледбен во соборниот храм свети климент охридски.

    10:00 откривање на вистинската декларација на независноста. таа шо мислиме дека постоела уствари комунистите не' лажеле. новата декларација е напишана со онаков црковен фонт. се споменува ГОСПОТ, александар, вмро, идентитетот, груевски. МАЌЕДОНИЈА со Ќ.

    12:00 егзекуција на предавници на повеќе локации. стрелачки вод позади куќата на мајка тереза, набивање на колец на камени мост, бесилка кај собрание, клада кај МЕПСО.

    13:00 пауза за ручек. се врти ДИНОСАУРУС на ражен. http://www.okno.mk/node/13256

    15:00 гледање басќет. не утакмицата у живо со грузија, него реприза на победата над грција. преправање дека е нешо као реванш у живо.

    17:00 прославување на победата над грција. последна проба на фонтаната на воинот на коњот. се дојадува диносаурусот.

    18:00 тоа шо више го знаете: "Трајко Вељаноски [...] Декларацијата [...] Гардата [...] свечено дефиле [...] новиот Музеј на македонска борба [...] претседателот [...] театарски ораториум „Непокор“ [...] Армијата [...].

    исто: Покрај спомениците на плоштадот ќе стојат актери во костими за да ги симболизираат историските периоди во кои живееле соодветните личности [покрај Гемиџиите ќе има бомбаши самоубијци, покрај Самуил друштвото на слепите, итн] "учество на илјада деца," "музичко-сценски спектакл „Македоуниум“"

    20:00 обраќање на ПРЕМИЕРОТ. доаѓа со позајмениот точак. заправо, долетува со точак од небото, како во филмот Е.Т. [полетал од новата писта на аеродромот АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ]. во корпата, место Е.Т. го носи ИДЕНТИТЕТОТ на маќедонскиот нарот. идентитетот е замотан во знаме со сонцето од верѓина.

    премиерот слетува покрај фонтаната, и после кусиот говор, го положува идентитетот во неа. одеднаш фонатаната почиња да свети и да прска.

    доаѓа дедо стефан и кажува молитва.

    александар оживува. му се обраќа на народот. зборува на античкомаќедонски, а преведуваат тентов и бошевски.

    иде дедо стефан ги прска со света вода и другите споменици. еден по еден оживуваат.

    мала тензија настанува кога јустинијан се обраќа на грчки, а гоце и даме на бугарски.

    за да се надмине тензијата, александар ги поканува останатите јунаци да свртат едно оро. машко оро, пошто сите се мажи.

    спомениците играат оро. тешкото. александар го води, и мафта со мечот.

    одеднаш, одкај улица маќедонија се слуша татнеж.

    ами тоа сите багери, ваљаци и булдожери да станале трансформерси, и оживеале. доаѓаат, и тие се фаќаат на орото.

    нов татнеж. двокатните автобуси исто оживеале, и тие на орото. и хеликоптерите. сите играат оро.

    татнежот предизвикан од "тешкото" на трансформерсите и спомениците ги потсетило на поместувањето на тектонските плочи. солзи радосници.

    одеднаш на еден трансформер пристига каролина. трансформерот се трансформира у кран и ја кажува каролина на фонтаната.

    фустан 350 метри, бла бла, песна. еуфорија.

    завршен чин: ЕКСКЛУЗИВНО ОБРАЌАЊЕ НА ГОСПОТ БОК.

    госпот бок се симнува помеѓу маќедонците. од фонтаната почиња да прска ЛАВА. од гомноскоците у вардар исто. пареа и чад насекаде. пискотници. небото е црвено. прамаќедонците се потсеќаат како било кога светот настанувал, кога континентите биле едно.

    госпот бок ја кажува маќедонската молитва.

    останатото е историја. светот ќе зборува за нас во суперлативи.


    --

    * во случај на дожд, осми септември ќе се одржи на 15ти септмеври. значи деновите во септември во тој случај ќе идат 6, 7, 15, 9 ... 13, 14, 8, 16.
     
    На BoaVista, Shana, mysterious и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    Сакам да кажам...

    СДК дека водиме 6 разликааа..! :rock:
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека, дури кога има тајм-аут на кошарката, и кога ќе почнат рекламите, сфаќам дека телевизорот ми е пуштен до даска.
    :D
     
    На Hipica и BeYourself им се допаѓа ова.
  4. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК

    Јееејјј, Индипенденс Деј, 20 години....нешто. Е ај да видам колку народи има што можат да се пофалат дека се постари од сопствената држава а? а?а ?

    Ако де, исто како што ја тупиме за 1 Мај, славиме работа и работнички права што ги немаме, така и сега ќе си го одвлечеме вниманието, демек сега по повод имањето држава бе...ДРЖАВА.
     
    На Neytiri, zhap4e и Offspring им се допаѓа ова.
  5. love.edward

    love.edward Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 мај 2011
    Пораки:
    251
    Допаѓања:
    245
    Сакам да кажам...

    чао лепи. wanna be my boyfriend? 8)

     

    Прикачени фајлови:

  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.764
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имав преубава вечер. Нокаут беа совршени, а не дека и гостите им беа лоши.
    Кога стигнавме таму другарка ми ми рече- признај дека се каеш што не се дотера како што сакаш, а јас само и одговорив- со тебе секогаш сум дотерана.
    Изненадена сум, ме чакал да праша како сум си поминала, да види некоја слика и конечно немал замерка, добро де малку црвениот кармин. Ах, мрчатор!
    Да се вратам на концертов три часа одлична музика, туркање и газење колку ти душа сака, но вредеше. Чисто онака информативно да си прашам, можеби знаете. Зошто по ѓаволите девојкиве носат чанти големи ко куфери? Па нема место да се свртиш, не па куфер до тебе да имаш. Ги разбирам и дека сакаат да се тип- топ, но немаше потреба од анимал фустани и штикли од 12 сантиметри.
     
    На Hipica, crazylady и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека од песнава ми идат солзи на очи
    http://www.youtube.com/watch?v=GTLTXIdweZo
    Па многу си ја сакам МАКЕДОНИЈАВА ни наша бе. One love, MACEDONIA :) :)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    :D сд ти к, абе ствар стила е :) Jас на пример со 15цм штикла би отишла ]:) !
    лично, со балетанка или мала штикла не би! :) Tоа сум јас :)
    за преку ден си носам високи штикли и сандали, па камо ли за вечерно!
    Tоа си е мој вкус, секако дека не очекувам сите да се согласуваат со него :D
     
  9. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    честит нека ни е празникот на сите, уште многу години да го славиме :)
    и :!: го испробав тоа 2 чаши млеко со половина чаша млеко е :inlove:
    (за лицето и деколтето)
     
  10. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што е со денешниов глупав ден? Штоооооо?!!!
    Плачам, рикам како мало дете кое паднало од велосипед, и успат му се изнасмеало цело маало.
    Плачан на цел глас! Душа отворив, се кажаа зборови!
    Ме боли длабоко, а никој не знае, ни тој! Немаше ни да дознае ако не ме извадеше од такт.
    Кажав се, најубаво е преку телефон, најубаво е во моментот кога си нервозен, кога имаш наплив на емоции... но со доза стабилност и размислување. Кога сите зборови сами ти излегуваат од уста, а тебе се полесно и полесно ти станува.
    Бараш спокој, го добиваш.
    Ме праша еднаш - Зошто? Затоа што ми беше потребно внимание и подршка.
    Ме врати, не ми дозволи да заминам... вети дека секогаш ќе си тука за мене, и никогаш нема да дозволиш да плачам.... Траеше, до кога?
    И пак потребно ми е внимание, не само таму, и тука, и секаде.... На девојка потребно и е тоа рамо, знаејќи дека е силно, издржливо, поткрепа са својата душа.... а не нестабилност!

    И во очи истото ќе го кажам, дури и поболно, дури и ќе барам... за да сме среќни.
     
    На Strumfeta93 и EleMental им се допаѓа ова.
  11. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК девојки, разбирам дека се радувате, но ќе ве замолам тоа да го правите во темата Македонска кошаркарска репрезентација. :)
     
  12. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    Offspring со цела должна и феминска почит не е момент за почитување правила!!!!!! :party: :party: :party: :party: :party: :party:
     
    На Smilly, la-chicka, x.Daisy.x и 18 други им се допаѓа ова.
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    СДК дека не разбудија малите ранко, ранко,
    а ноќта беше бурна :$ :$
    ... туш и избегавме надвор од градот на утринско кафе. 30 минути возење и пристигнавме во малиот рај на земјата, одличен баланс на yin and yang, беспрекорно спокојство.... Тревата сеуште оросена, тивкото ветерче лесно ги носи тоновите на Buena Vista Social Club а ние го пиеме утринското кафе на утринското сонце. Децата трчаат по тревата пред нас. За неколку часа ги наполнив батериите комплетно.
    БТВ, честитки :bow:
     
    На la-chicka, Hipica, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.902
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум многу, не, не многу...премногу горда на мојата малечка...
    Ноќеска и` се лошеше и како последица на честите повраќања завршивме на Инфективна клиника и на инфузија :(
    И додека мене срцето ми се кинеше ;( , мојата малечка не пушти ни солза, ни гласче...цело време викаше-мамо нели сум храбра, погледни не плачам......ама многу ми е досадно, збеснав....мало мое мило, храброто срце збеснало... :)

    И така мене супер ми почна денешниов празник...ама нема врска...ДА ЖИВЕЕ МАКЕДОНИЈА, се надевам на подобра иднина... :)

    И да не заборавам БРАВО за М.К.Репрезентација :clap: :clap: :bow:
     
    На NoellePage, bittersweet, Smilly и 21 други им се допаѓа ова.
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.242
    Допаѓања:
    157.320
    Сакам да кажам...

    О да,сонцево е есенско и приредува миризливи спектакли.
    Од рани зори наполнив очи со шаренила и мирисав,си дишев човечки,нормално и незабревтано. Фантастични ајварки има,мајке ми,не се зезам! Колку е мирен татко ми...му се воодушевувам...освен кога гледа кошарка. Има став,но денес мирно стана,ме разбуди,се заличи,зачешла,домаќински си пазари и си направи скара... А како внимателно бира прави пиперки и домати со просечна големина,ма уметност со комични примеси!
    Се мислам,се думам,зошто имам дупка во стомакот ... ме ѕвекна периодот,да,имам реална причина,ама сепак... се се замислувам по едни сокаци,по една калдрма,потпрена на ѕид додека ми го љупка носот,а се чувствуваме ко да правиме гаден грев. Онака на зајдисонце со разлепршан долг,бел фустан во главна улога во Малена и многу погледи,боите интензивни,а контурите на градбите јасни,прецизни,со фантастични сенки... сенка,многу повеќе ја истакнува грандиозноста на делото,а така е изгледа и со луѓето...колку повеќе сенки,толку повеќе истакната убавина од вас.
    Божилак имам над главата и се надевам нема да станам маж...повторно се јавува кога не треба и замислува кој ми ги допира ушните школки со разговор и бакнежи...ме нервира,многу ме нервира!И ќе каже често,ти дозволи,ти така сакаше...и тешко ми е зошто лаже.А почитта останува и многу ми е мило.Не се губам во преводи,не уживам во небулози ... Ме боли интензивноста на обидите периодов,пралелно буни,паралено ја утврдувам чистината на моите одлуки.
    Не може да разбере....
    Криво ми е што не бев на Нокаут...а денес уживам со Љубојна и Фолтин!
     
    На lolyta777, Strumfeta93, caroline.costa и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    Горда сум што сум МАКЕДОНКА!!
    Заради ове моменти вреди да се издржат сите тортури кои оваа наша макечка земја ги преживуваа.
     
  17. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК...никој не е повикан во следново, да не дојде до непотребни навлажнувања.

    Едно време беше доволно да бидеме повисоки од вас, сега треба да бидеме повисоки и од вашите 10-ки и 12-ки.

    Последното премерување ми го скрши филмот звани метро и осамдесет. Излегоа 1,78. :D

    Гледам доста френдови како дебатираат и си ги грчат тоа фацките опишувајќи си ја нервозата и bad филмот кога цурата ќе се извиши ко облакодер над нив со тоа штиклите бе, "па на шо личи тоа?".

    That got me thinking...сами сме си создале средина, т.е. општеството каде што си наметнуваме притисоци, си набиваме комплекси, сами се правиме несреќни и мизерни.

    Дури и да не ми целосно сеедно, пак мора да се има некој по конструктивен начин на размислување. Зошто бе јас да си набивам комплекси за сопствената височина само затоа што таа не се чувствува доволно привлечно со сопствената па се качила на 12-ка за да се заштити психички?

    Еве ја, идејата се роди, ќе почнам motivational speaking program за машки. :D

    Ај доста од мене, имам мејлови за reply-вање.
     
    На kate21, Mishela, Hipica и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.701
    Допаѓања:
    1.919
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека НЕМА НИШТО ПОУБАВО ДА СИ МАКЕДОНЕЦ бе! НЕМА!!!
    СРЦЕТО МИ РАСТЕ КОГА ГЛЕДАМ ДЕКА МАКЕДОНИЈА ПОБЕДУВА.
     
  19. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    АХ Волку, Волкууууууууу ;)

    :clap: :clap: :clap: МАКЕДОНИЈАААА
     
  20. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Само сакам да кажам, дека сите сте ми денес убави, сите. И Шана со нејзините животни авантури, и Лилит со нејзините есенски приказни, и Сесилија со нејзините збунувачки аеробично-ластик-јаже-орбитрек-шоидае постови, и Спаркс со нејзината возбуда за кошарката, и Елементал со неговиот штиклометар, и Лолита со нејзиното храбро и најслатко ќеркиче, и МисСпарк која ме смее со нејзините кратки прикаски, и....и....и....сите бе сите.

    Какви сте ми само весели и горди Македончиња :)

    Јас ве бубкам, а вие ако сакате свртете ми го образот, ќе ве најдам и ќе ви го изгмечам тој другиот, е така :!:

    :*

    Вдишете го денов, заслуживте. На коњ или не, на земја сте битно ;)
     
    На kate21, EleMental, lolyta777 и 3 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.