Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам многу работи :D
    Ама ќе бидам најкратка што можам.

    Скопјево е навистина чудесно денес. За прв пат во мојот живот го гледам во вакво издание, неверојатно.
    Всушност не ми беше нешто посебно додека се потев во неверојатната гужва на плоштад.
    Филингот беше додека стигнав до плоштадот.

    Поминав поголем дел од градот со кола, и имаше што да се види.
    На секој чекор гордо го гледаш нашето црвено жолто знаме:
    Закачено на бандери, згради, луѓе кои поминуваат нагрнати со него пеејќи навивачки и патриотски песни, како се вее од секој втор автомобил или мотор, па дури видов и од автобус во кој беа настискани ко сардини, но сепак мафтаа со огромни знамиња низ прозорците.

    Гледам наоколу, луѓе со безгрижен израз на лицата и задоволни насмевки кои барем на еден ден решиле да ги тргнат проблемите на страна и да уживаат во големата прослава за нашата дваесетгодишна независност, а воедно и извонредната победа на нашата кошаркарска репрезентација.

    Интересно ми беше и на плоштадот се разбира.
    Всупност најчудно ми беше што неможев да поверувам дека тоа е Скопје, моето Скопје!
    Толку поинаков изглед има од порано, и како додаток над мене минуваа авиони/хеликоптери, многу врева и се разбира бутканици од сите страни. Ко да се наоѓав на друга планета, а не град :lol: Се наежив.

    Исто така, на централниот плоштад, каде и да се завртев од прозорците на зградите љубопитно ѕиркаа семејствата кои живеат таму, и со задоволство го пратеа настанот. Им завидував искрено, во толку прекрасна атмосфера со најдобар видик :)

    А сега седам во мојава тазе исчистена соба, со скрстени ноџиња и кршејќи млади ореви, со ширум отворена врата за од дневната од телевизорот да си ги слушам песните кои сеуште се пеат на големиот настан ~ Тоше наш Тајно моја, сега и Суперхикс.

    Ах македончиња.
    Горда сум. Многу, што сум македонка. :wasntme:


    Ширам позитивна енергија денес ^_^
    [​IMG]
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакам да кажам...

    Енд ајм бек.
    Не дека сакав ама... |( Доста ги лажев дома секој ден дека ќе се вратам, време беше и да си дојдам.
    Не ми се идеше бе ;( Сакам да си шетам секој ден со мачето мое, да си се држиме за рачиња како малечки дечиња, да ме бакнува во чело, да ме вика негова кукличка.
    Сакам да не си одам по цел ден дома, а не да дремам пред компјутер.
    Сакам да гледаме кошарка заедно, да се радуваме заедно. Сакам да имам некој до мене.
    А тука сум проклето сама. Сама и осамена.
    Сите спијат веќе а јас... јас пак ќе го чекам изгрејсонцето пред компјутер. Ако, да одморам и јас уште малку. Уште 10 дена и после, ех после нема да ви се жалам тука дека ми е досадно, ќе ви се жалам дека ќе бидам по цел ден на факултет и ќе немам време да се одморам
    колку само вистина има во сликава. [​IMG]
    Ех, ама уште е рано на за тоа, не ве замарам уште сега.
    Останете ми поздравени сите.
    Сите ве сакам. :inlove: :*
     
    На ana-banana му/ѝ се допаѓа ова.
  3. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Сакам да кажам...

    Смачено ми е веќе..стварно.
    Смечено од тоа да ги слушам моите како постојано се караат,да ги гледам насолзените очи на мајка ми,да бидам црната овца во класот,да ги слушам другарките како се фалат со новокупената ЊуЈоркер маичка,да го отворам фрижидерот и да наидам само на сирење,патлиџан и салама и тоа само поради едно нешто..пари.
    Таква ли е денешницава?Период ли е ова?И после луѓето биле еднакви,рамноправни..
    Секогаш сакаме повеќе,а за жал добиваме само малку.
    Си се тешам со тоа што има многу полоши работи..глад,сирачиња,инвалиди и што ли уште не..али тешка е живеачкава..Колку бев помала толку беа подобри работите,помалку разбирав.
    Далеку од тоа дека сакам да бидам самосожалувачки настроена или да испаднам љубоморна,али гледајќи колку им е на моите лошо,мене ми е уште потешко.Се надевам дека се ќе се среди и не му посакувам на никој ваква ситуација.Ај ме удрија бедови...
     
  4. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.006
    Сакам да кажам...

    СДК од утре пак ќе ни свират цревата.
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Kasha

    Kasha Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2011
    Пораки:
    1.724
    Допаѓања:
    3.266
    Сакам да кажам...

    сдк имам најсекси аватар :rofl:
     
  6. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    нека ни потраат овие денови ! ( те молам александаре Македонски кажи му на дедо Господ ) ....
    ова ни треба !
    некако како голема емотивка денес :tmi:
    :* :*
    Сите ве љубаам
     
  7. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Кој не сакал, тој не знае што е најтешко ... Црно Тиквешко. :)
     
    На Neytiri му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Being drunk doesn't change who you are. It just reveals it.

    Извини, морав да те поправам, ми боде очи ептен хахаха :)

    please don't hate me now ;)
     
  9. donna.17

    donna.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    1.718
    Допаѓања:
    5.011
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека моментално сум спремна убиство да извршам :@
     
  10. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    400
    Сакам да кажам...

    Се спаковав..Останаа уште неколку ситници..Ова ми е последна вечер во моето мило креветче за овој месец!
    Го сакам дишењето на мојот град во овој месец..Се е толку убаво, полека пејзажот се менува од летен во есенски, лисјата жолтеат..А сепак е топло и пријатно за прошетки. И во овој, за мене најубав период од годината јас морам да заминам за Скопје! И да почнам на факултет! :@
     
  11. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    СКД дека се вратив од дискотека и одлично си поминав....се изнаиграв убаво ..оваа вечер ке се памти! :lol:

    у 9 сат треба да сум будна а јас сеуште не планирам да си легнам и така ... :tmi: |( :angel:
     
  12. StarBwoyy

    StarBwoyy Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    98
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=JtMUIwOE2ss&ob=av2e

    Сакам да кажам,ретко се наоѓа девојка вредна за Се.Затоа Песната ми е многу драга,од едноставна причина-жена што е свесна што поседува,што знае да го искористи својот потенцијал и да не го троши на безвредни работи,жена што е срекна што си ја задоволил но и уште посрекна затоа што знае дека дупло ке ти врати,жена што поседува уште една човечка душа но не и неговиот памет.Тоа е дефинитивно жена која е се што секогаш ни треба но ретко ја наоѓаме...

    жена на која би и се фрлил под нозе,и низ шишка би ја погледнал нагоре...онака со прстен! ;)
     
    На innablood, marama, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.505
    Сакам да кажам...

    Како да го читам моето минато во твојот пост па морав да ти одговорам.
    Hang in there што велат Американците. Од искуство ти кажувам дека тркалото се врти и ке дојдат подобро времиња. Кога не сме имале среќа ни јас ни ти мама и тато да ни пружат што треба и не треба, самите ке се бориме. Ама тоа не прави посилни!
    Како голема дадичка, ке ти дадам еден совет: КНИГИТЕ ВО РАЦЕ. Сметам дека единствена паметна работа што ја има кажано нашиот премиер е дека знаењето е моќ. Само твојот брилијантен ум може да те извади од немаштијата.
    Те поздравувам и ти посакувам најблескава иднина :hug:
     
    На CupCake, la-chicka, nesa и 3 други им се допаѓа ова.
  14. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Додека сношти сакав да се нурнам под перница и да плачам..сега сакам друго.
    Сакам да се смеам..
    Не е фер неговиот гест да го ставам пред многуте пораки од милите. Од тие што очекував и од тие што не очекував.
    Не е фер да цмиздрам ради една порака која не ја добив, во однос на сите што го добив :)
    Фууууј..
    а да го пиеш првото кафе по бањарка..е прајслес :)
    Ќе го зграпчам денов..морам.
     
  15. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Штета што темата "Врска со оженет" е заклучена. :rofl:
    Морам двеве дешавки да ги пишам тука.
    Пред извесен период бев на фризер. Со фризеркава одамна си имаме муабет, години познанство.
    Многу се израдував кога видов дека е бремена.
    Си честитавме и и посакав се најдобро.
    Тоа што следеше подоцна и што не можев да се изначудам до ден денешен е следново.

    Во салонот улетува девојка од 25-6 години. Претпоставив дека се работи за редовна муштерика зашто и таа и честиташе.
    И почнува муабетот дур седам јас со фолијата на глава.
    Муштерикава и кажува на фризеркава дека подолго време има врска со женет човек, со зборовите цитирам: - На ДЕЧКО МИ ЖЕНА МУ работи фризерка како тебе. И додека таа шиша, ние си шетаме по кафиња, ручеци, вечери итн.
    Дури и заедно биле на одмор. На прашањето што и рекол на жена му, девојкава рече дека се извадил со пат. Со зборовите, повторно цитирам: - Каква глупача. Он со мене на одмор, таа мисли на пат е. И уште и доаѓа дома поцрнет и ја праи будала у здрав разум".
    Заврши со заврши, се погледнавме со фризерката. Пребледе. Ми стана јасно зошто. Се стави на местото на жената и помисли да не ја снајде исто. Ми идеше да ја заколам таа. Викам па зашто дозволуваш вакви муабети. Бремена си, не треба да се нервираш. Кажи и не ме интересира и крај. Очекуваниот одговор го добив. Муштерика била, која редовно остава многу пари и која не би сакала да ја загуби како клиент. Разбирливо.
    Она што е неразбирливо е оперираноста на луѓето од чуства! Мислам како можеш да кажеш муабет на познаник кој е во деликатна состојба дека се ебаваш со човек кој жена му има исто занимање.

    Најсе. Следната дешавка.

    После недела, две од муабетот кај фризеркава, се случува да излеземе парови, јас со дечко ми и другар му со швалерката. Не ја познавам жената на другаров и затоа немав поим дека е дојден со швалерката. Подоцна кога се тргнавме на страна со дечко ми, дознав.
    И не можев да издржам. :@
    Ми текна на фризерката, ми текна на жена му и си реков сеа е место и време да го кажам муабетот. И седиме шо седиме, пиеме што пиеме, си се направив максимално наудрена, бидејќи од нив не дознав, туку од дечко ми и го почнувам "наивно" муабетот. Ја прераскажувам дешавката кај фризерката со посебен акцент на реченицата 'На дечко ми жена му'.
    Слушаа што слушаа и едно време девојкава ми се врти таква насмеана од уво до уво и ми вика браво, го кажа муабетот на вистинско место. И ја ваква ??? :envy: Девојко СРАМ! Значи срам. Се смееше полупијана ко удрена со мокра чорапа. Се изненадив. Мислев дека ќе се засрами и ќе сфати дека типов до неа дома го чека преслатко девојче. Кое патем го покажуваше на слика од телефон. Одвај се воздржав да не го отерам и него у курац и да му речам - Па кој кур тука седиш и се фалиш со ќерка ти. Треба други да те фатат тебе каков родител си ти! Никаков!
    Она што сакав да го потенцирам е дека луѓево се оперирани чуства. Знае бе дека е втора и си тера. Знае дека има ДЕТЕ. И не бе продужуе. Ја ругам јас. Јас што прв пат седнувам со неа. Ја исмејавам индиректно и си се смее ко блесава.

    Ама ќе излажам ако кажам дека не ми се напраи мерак. Ми напраи мерак ругањето и тоа многу! :devil: :devil: :devil:
     
  16. sweet.woman

    sweet.woman Популарен член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.226
    Допаѓања:
    745
    Сакам да кажам...

    е стварно јаки случки ја за ппрвата мислев ќе излезе дека муштериката е била со мажот и на фризерката ама не бидна така а?
     
  17. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.108
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ^
    Очигледно.
     
  18. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.837
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес многу сум нервозна... на лева нога снатав :worried: ќе се испокарам со некој осеќам :@
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    доброутро :)
    имајте убав ден, исполнет со насмевки, радост и позитивна енергија :* :hug:
     
    На LivingGlam и Phyramide им се допаѓа ова.
  20. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да кажам...

    SexiLy не ми се верува за ова , ненормална работа . 2 пати прочитав и пак не можам :o
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.