Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Еехх Литл и ти премногу бараш .. :x
     

    Прикачени фајлови:

    На Monna.Monna, Miss.Ricci, Ann.94 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК неколку работи

    Око не склопив вечерва. Ми пукна филм веќе од превртениот распоред на спиење, некогаш до 16h, целосно пропуштен ден и после цела вечер трета смена на форум, трета смена на телефонот.

    Утрово, гладен како волк, идам до бурекџилница, но од каде таа дрскост во мене, како се осмелив да купам 3 четвртинки во 8 сабајлета со илјадарка. Дечко, ај ако може да раситниш по продавнициве, ќе ми ги земеш сите ситни пари...Јас низ зачкрипени заби викам само добро, и им реков спакуваниот бурек во ќесе да го тргнат на страна, за 10 мин. се враќам и да го соберам. Се ок, немало проблем демек.

    Се враќам за 10 минути, и давам пари на типката, ама бурек неееммаааааа. Целата со ококорени очи разгледува наоколу, абе тука го ставив, кај е сега, прашува колеги, сите дигаат рамена и по некое време носи генијален заклучок, леле абе знаеш некој го украл? Еве тука го ставив до наплатната каса....

    Да ја скратам приказната де, за пола саат испорачаа нова пита и сега сум најаден и среќен, но добив уште една потврда утрово.
    Колку е смешно кога некој ќе каже дека сите сме родени еднакви. Еднакви? Кој бе еднакви, некој лансира сателити во Земјината орбита, а на некој му го крадат бурекот како на мало дете, пред нос.

    Требаше да ја прашам, а да ти нацртам една весела овцичка на лист хартија, ќе можеш да ја почуваш додека да се вратам или ќе ти избега? Ева ваква една, со малку детали и во црно бела техника, да не те збуни многу.


    [​IMG]


    лавице, враќај ми го темпераментот оти не ја бива.
     
    На angel92 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не сакам пак вакви работи да сонувам :( Баш сега кога ми е најубаво.. зошто?! За цел ден да го имам тоа чувство? Не фала. Не сакам. Си игра Господ со мене.. :@
     
  4. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Моето второ име е БеЉа а презиме работа.
    Значи здраво јас сум тедимече, Беља работа.
    Едно две се некоја ујдурма правам што би ми рекол дедо ми.
    Што да правам бе ме бива. Не го може секој тоа :D

    Јас како јас, кога спијам, во она асолното спиење, ако ми се јави некој се што го интересира ќе му кажам. И не е тоа трагичното, туку трагичното е што после не се сеќавам доколку пак подлегнам. А ако се присилам да се освестам ... оо ми иде да се залепам еднаш. Ама Бељата е сторена.
    Е така еднаш една симпатија ми се јави во ниедно ментално време да ме праша дали го свиѓам, и јас како од пушка да. И океј утредента ќе ми вртел да одам кај него. Оооо будала работа. Свиткав опаш цел нареден ден не кревав слушалка. Од тогаш муабет ни под точка разно.
    Е ај тоа нема врска. Туку ако се сеќавате вчера реков дека јас на дотичниот ми понежен пол прва не му вртам. И сврти тој. Еднаш на свесно. И после уште еднаш да ме начека на несвесно. Лисец низаеден, да види што не е у ред, а уствари се е у ред ама кој знае што трици сум изела. Налет како што сум во овие денови троа збрлавена ... ах леле. Ако ништо друго барем ќе се смееме кога ќе се видиме. А тоа ваљда ќе биде тумороу. Дека многу далеку живееме и нема кој да пооди две минути ... па така. :D

    Ма не е така се шалам. Туку дека денес ќе ми дојдат коковчињата од средно па денот е за нив резервиран. Ќе падне јадење, смеење, трач муабети, сериозни муабети ... абе се е лесно кога сме заедно.
    Јас сум вери прауд што си се собираме и си сме сеуште блиски исто како кога бевме во средно. Еее далечни времиња се тоа бре. :D се шалам, се шалам. 8)

    Дома не ме поднесуваат, им ја пореметувам психата. Не знам што ми е деновиве бе ... ама супер ми е. И не сум под дејство на наркотични супстанции мајке ми(освен ако тука не спаѓа сладоледот затоа што еден тон имам изедено). Абе у пм, олку интелегенција на едно место не се видела. Ептен си се сакам. Пу пу да ме серат кокошките на комшијата.

    И уште нешто да ви кажам, денес се постело ... а јас и татко ми дрчотии од сабајле по еден на волкав сендвич со чајна и јогурт изедовме па уште трчи трчи кој побрзо ќе изеде зашто последниот ја крева масата(тоа е правило што јас интелегенцијата го измислив затоа што и последна да седнам прва ќе станам од маса, па никогаш во живот не сум ја раскревала :D) Инаку беља ... ама бидна. Нишчо страшно.

    А јас претерав со мелење на празно ... до остало читање одам да гледам уште некој филм.

    Имајте перфектен ден.
    Овоа ви го желаем од срце.

    Пошто знам дека неделава гревна скоро никој не ја сака ... ама јас денес и пружам љубов, а не бидете и виее циции. За љубов се работи. Љубов голема.

    Инџој. :sun:
     
    На Miss-Independent, la-chicka, Smilly и 2 други им се допаѓа ова.
  5. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека сите заедно допринесовме во уништувањето на едно преубаво катче кое на почетокот на сите ни служеше за забава и релаксација. За краток период истото го претворивме во бојно поле.

    Огромна савана со куп лавици фрлени врз пленот - така си ја замислувам ситуацијава.
    Не сакам да бидам ниту на едната, ниту на другата страна.
    Многу поубаво ми беше кога дојдов. Можеби бидејќи ликовите беа други, можеби поради тоа што беше нешто ново и интересно, но едно сепак знам - за назад е предоцна.
    Толку.
     
    На Monna.Monna, Strumfeta93, Special.Someone и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    635
    Сакам да кажам...

    скд дека толку многу сум глупа што за малку лебот ќе го ставев у фрижидер :tmi: |(
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не е точно дека назад нема. Се уште има толку прекрасни личности, кои знаат да се изразат, да кажат да не научат. Тензија има зошто фемина не е толку непозната како порано, сега е многу појавна од порано. што можеби е и мал проблем за форумот. Инаку се што треба да научиме е да игнорираме провокации, а многу од овде паѓаат на провокации и враќаат. Доколку сите си продолжат со темпото и ги запостават сите тие работи ќе функционира. И додека некои од нас потенцираат дека веќе не е форумот ист, и се навраќаат цело вереме на тоа, нема да функционира зошто даваме преголем акцент за нешто небитно. Смирено, реално па игнорантски ако треба..
     
    На mims-89, Strumfeta93, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  8. lola-86

    lola-86 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    729
    Допаѓања:
    198
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека едвај чекам да помине среда испитот и да се оттарасам крајно...секако и да помине убаво,затоа што е последен од магистратурата ;)
     
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    Да се надополнам со Љубам и Уајлд, форумот треба да се сфати многу порелаксирано и поопуштено, како место за забава. Премногу сериозно го сфаќаат повеќето, затоа и настанува сето ова. Не заборавајте, овде сте она што вие го пишувате, секој сам си ја создава сликата за себе. Има милион разни слики, многу нормално е дека од толку луѓе, не може сите да се сакаат исто. Замислете го форумов како една голема сала, полна со луѓе. Епа, ќе се издвојат групи, групички... Не е нормално ако сите со сите се сакаат, тоа е чисто лицемерие и безобразлук. Без нервози, без замарања. :D

    На крај краева, не треба да биде битно колку лајкови ни ставиле на постот за добро утро, туку колку ,,лајкови,, во вистинскиот живот ни ставаат. :D Затоа, чилакс малкуцка. :wasntme:
     
    На Strumfeta93, pink4ever, crazylady и 6 други им се допаѓа ова.
  10. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.467
    Сакам да кажам...

    сдк дека се разбудив депресивно |( сонував некој депресивен сон, мада не ми текнува што и како, само знам дека беше депресивен, и сега цел ден ќе бидам :drunk: оваква! |(
     
  11. Chocoholic

    Chocoholic Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 април 2011
    Пораки:
    747
    Допаѓања:
    988
    Сакам да кажам...

    Станав сабајлево во 7:30 и бев на трчање....и кога се вратив дома се прејадов! Само од мене спортист не бидува :$ А и со стомачево за брзо време нема да се збогувам како што ми се гледа :lol:
     
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.448
    Допаѓања:
    22.913
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК сите пишуваат за некаква непријатна атмосфера на форумов, и караници, и банирања, привремени или не. Јас сето тоа го пропуштив, бидејќи не се уклучував на интернет токму тие денови. И мило ми е, затоа што пред една година кога се зачленив овде, имав и сеуште имам пријатно чувство кога сум на фемина. Се надевам така и ќе остане.
    СДК 2, прекрасно си поминувам на Тиквешкиот Гроздобер, синоќа на Бајага и инструктори беше многу убаво, не очекував искрено така да си поминам на негов концерт. Претходно карневалот со многу убави маски, па спектакуларниот огномет, и на крај згодните Бразилки ја кренаа атмосферата на ниво :) Вечерва е главната забава сепак, концерт на Shine, па Суперхикс и потоа Слаткар. Убаво ми е, многу ми е убаво. (пу пу, да не се урочам) :D
     
    На eli25, MSkorpionka, teddybear и 2 други им се допаѓа ова.
  13. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Teжок сељацизам има во градот :puke:
     
    На Monna.Monna, crazylady, Gioia и 2 други им се допаѓа ова.
  14. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Епа денес недела денот на досадата,премнгу досадно,и на ком ќе си седам,па утре на училиште и така одиме понатаму :rofl:
     
  15. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.985
    Допаѓања:
    4.768
    Сакам да кажам...

    СДК не сум била толкава несреќница како што си мислев. Ме послуша Господ и денес е ПРЕубаво времето. Го чекав денов долго време. Кога ќе се оптегнам сега во базенон, охохохо :)

    Повелете ако сте за <3
     
    На esperanca, Nightwalker и MacaLove им се допаѓа ова.
  16. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    СДК
    Еве што ви се вика бизнис:
    [​IMG]
    :rofl: :rofl:
     
    На Monna.Monna, mims-89, Marcey и 4 други им се допаѓа ова.
  17. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Помина јака бура. Досега никогаш немам доживеано волку јака бура. Срцево во пети си го почуствував, јас фобична сум од грмежи, ми идеше да се стуткам како мало дете и да се бутнам во ќош. Ваков страв одамна немам доживеано..

    Повици за љубов, и стискање на аеродром. Она моено 5 години е без мобилен, ама ете се решил ќе си го прекрши ветувањето и ќе си купи. Ќе си мјаукаме додека сум по терени..

    Мирна сум, соништата ми се се уште во боја, желбите големи, амбициозноста тука.. правам плакати ќе ги лепам кај стигнам да најдам работа како фотограф. Морам да запечелам, финансииве ми се тапа зошто купив 4 авионски билети заради моја Мила.. ах..
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  18. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк какви болки истрпев па сега ова ли е проблем...


    Знам што сакам и каде сакам да ја ставам само се бара идеалниот дизајн :)
    I LOVE my татичко и заедно овој месец одиме на тетовирање :)
     
    На Perfection и ljubam им се допаѓа ова.
  19. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    630
    Допаѓања:
    602
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека го чекам моментот кога ќе се подиспразни Скопјево,оваа гужвоина не се поднесува..се прашувам до кога ќе се качуваат луѓево околу фонтаната и ќе чекаат по пола саат да се уклучи! Но добро,ново е не сме виделе до сега..разбирливо ми е! само нека помине побрзо радоста...сакам мир! :lol:
     
  20. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Можеби сум досадна, ама сум пристрасна спрема креативни луѓе многу. Нашата мила Бистра пред неколку дена го изададе нејзиното прво дело.. "Ти не сакаш поезија". Икрено ќе ви препорачам да си го купите, и да и се воодушевувате на креативноста и леснината на стилот. Да го подржиме нашите креативци, да се подржиме сами... творете и создавајте.. еве ви линк каде може да најдете детаљи.

    http://tinyurl.com/3u5k359

    Гушкам.
     
    На innablood, zhap4e, TheCandy880 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.