Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.013
    Допаѓања:
    81.351
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Недела отсекогаш бил мојот најомразен, најдосаден ден, пропратен со сите можни негативни придавки со префиксот -нај.
    Што направив денеска? - Ништо.
    Единствено ми годеше топлата купка која си ја подготвив, уживав едно триесетина минути во топлата пенлива вода и мирисот на орхидеите.
    Ми треба сон, ми треба тмурно време кое нема да им пркоси на престојните емоционални бури во мене.
    Ми треба есен. Листопад. Дожд.
    Ми требаат плетени шал и капа, топлење на рацете во меките ракавици.
    Ми треба кулминација на моите романтични замисли.
    Има многу работи кои ми требаат, а со моменталните депресивки кои ги доживувам, ми се оневозможени, ко да сум неспособна да си ги приуштам.
    Ги мразам ове периоди од годината кога ме фаќа депресивниот бран, посакувам да им го пуштам пролетното ветре и да ги разнесе потаму, подалеку од мене.
    Проклето ми е тешко.
     
    На la-chicka, butterfly.93, Rozich и 5 други им се допаѓа ова.
  2. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Сакам да кажам...

    Ааааааааа, штета што не можете да чуете како ми се вриска (а можеби и тоа е подобро за вашите уши :lol: ). Да, ми се вриска најсилно на свет.
    Добро, летото и топлото време мене ми годат, ми е убаво да одам на плажа, да се капам, да се шлапкам во водата, да шетам во минималистичка облека, да си шеткам по цели денови (и ноќи) и сето тоа, но мислам дека оваа година летото претера!!!
    Супер ми беше и денес, што ден во септември прв пат во животот минав на плажа. Ама, јас сакам и утре, сакам и задутре да биде така...но, кога ќе ми текне дека јас утре наместо во 12 треба да станам во 7 и да одам на школо, косата ми се крева како два прста во штекер да сум ставила!! Навистина!!
    Е затоа ми се вриска, зашто не знам како тоа јас утре ќе ги издржам проклетите 40 степени во една училница!! Па тоа не е нормално! Просто не е! Ќе скренам јас заедно со целиот мој клас!
    Па сакам да заврне, да паднат лисјата, сакам додека чекорам кон школото наутро се уште да мириса на дожд и да се слуша шушкањето на лисјата под моите нозе!
    Сакам да си ја облечам мојата есенска кратка јакничка кога од лани ми стои во плакар и чека да биде облечена. Сакам да ставам долги фармерки затоа што би ми студело со кратки, а не затоа што така мора да бидам облечена за на школо! Сакам пак со ќеиф да си ги врзам патиките, а не да се мислам како ќе издржам во нив и дали ќе ми се спури ногата!
    Сакам есен, онаква вистинска, со паднати лисја и големи капки дожд!
    Ми се смачи од летово, ми се смачи од горештините, ми се смачи од ноќите во кои не можам да заспијам од топло... Сакам студ, ладно време, дожд!! Сакам да ми студи!!
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Долго време само читам, прелистувам и сфаќам дека немам којзнае што битно да кажам и да го задржам вашето внимание.Уствари и не ми е гајле дали некој ме забележува дека постојам или не. Сакам овие денови на монотонија да станат пепел и да почнеме сите одново со полни гради да пишуваме за животот од сите агли...
    Ве читам...душа имаат само постовите на вљубените, сето останато е клише, бледа копија, лоша имитација, несреден превод , како некоја прекриена меланхолија да говори меѓу редовите навезени.
    Чувствувам некаква празнина....и недоискажаност....
     
    На mims-89, enca.69, teddybear и 3 други им се допаѓа ова.
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    На zhap4e и Trendafilka им се допаѓа ова.
  5. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    719
    Сакам да кажам...

    Денес цел ден некој ми кажува - „Во право беше“ и морам да признаам тоа ми прави ваков израз 8) Што да правам, не е баш толку често можеби и затоа што само си мислам дека сум во право :wasntme: ама еве, конечно денес се решија сите да ми признаат :angel:
     
  6. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.036
    Допаѓања:
    11.827
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не сум била вака неинспиративна никогаш. Седам, читам, немам што да кажам. И да имам, некако зборови немам да објаснам. Големо затишје владее по форумов. А неделава како ден ме убива. Ми ја црпе и последната ронка волја да направам нешто. Би си легнала, ама нема смисла 10 саат е :)
     
  7. smiley-32

    smiley-32 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    532
    Допаѓања:
    511
    Сакам да кажам...

    сдк дека ова ми е најдосадниот ден во животот :envy:
     
  8. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ух ќе частам само до го довлечам газот таму... биди ми среќно и убаво како до сега...
     
    На marama и Smilly им се допаѓа ова.
  9. stefan-bubica

    stefan-bubica Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2011
    Пораки:
    0
    Допаѓања:
    0
    Сакам да кажам...

    [mod-reklama:1xzn36rp][/mod-reklama:1xzn36rp]
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.171
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Утре сум конечно втора смена, има да се изнаспијам од сабајле. :mm:
    Е сега, јесте да, кога ќе се вратам дома ќе биде накај 8.. Али, таман за да гледам кошарка, и после лисјата. :wasntme:
    И секако, ја не би била ја, ако не би го отворила прва школото. Секогаш, кога влегувам во училна си пеам: Добро Јутро Никомеее. :rock: Утре сум од 1 и 30, ама као што прерачунав, накај 12 и 50, ќе бидам во школо. Tам`н да си пофторам лекциите. Ахам, да сигурно.
     
    На Ann.94 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. butterfly.93

    butterfly.93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 декември 2010
    Пораки:
    1.099
    Допаѓања:
    655
    Сакам да кажам...

    Mразам збогувања..
    Сакам да е со мене, сакам да е до мене!
     
    На eli25 и Ann.94 им се допаѓа ова.
  12. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Да ви кажам нешто искрено...
    Проклето многу го сакам. Створењето кое неретко ми гази по нервите но и неретко ми симнува ѕвезди. Истото тоа створење кое ме расплакува и смее истовремено и кое е тука за мене буквално секогаш. Баш тоа мое створење со чиј глас сакам да се будам и да заспивам, во чии очи го гледам мојот одраз, во чија прегратка тонам и се чувствувам најбезбедно на цел свет... Е да.
    Би можела уште многу да пишувам но за сега доволно е.

    Доволно е што искрено ...
    Го Љубам. :f:
     
    На kate21, Extraordinary.girl, la-chicka и 9 други им се допаѓа ова.
  13. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    СДК, дека само што дозволив да се качам на мотор со мојата најдобра другарка која што поима нема од возење и на почетокот ми беше маааалце страв, ама морам да признаам дека преубаво си поминавме. Баш ми требаше едно такво адреналинско возење низ маало :D Фала најмила моја, те сакам :*
     
  14. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Недела.Каков ден.
    Да сакаш да го преспиеш.Да го прескокнеш.Да го нема.
    Има ли човек што сака недела?
    I hate her with all my heart and soul.
    Едноставно се е потешко во недела.Ако имаш обврски ,како утростручени се.
    Ако немаш,досадата е учетвртостучена.
    Цел ден ми се сведе на пишување документи.И вчера ги пишував.Ама пак,се е полесно..кога не е недела. :|
    Ohhh...I'm begging you for mercy!
     
    На zhap4e му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.216
    Допаѓања:
    139.875
    Сакам да кажам...

    Вчера кога пиев кафе во Пелистер, пораката што ми се падна беше Биди ти.
    Многу е интересно како човек лета низ животот и многу често нема време да погледне назад и да види што остава зад себе, и уште овеќе како се менува секој ден под влијание на се што е околу него.
    Има луѓе кои знаат повремено да ми опалат шамар со некој збор, како што беше вчерашната порака биди ти, и да ми покажат нешто што ми е пред очи, а јас не го гледам. Еден од нив живее во странство, ама моментално е тука, а јас ги имам истите егзистенцијални кризи што ги имам секогаш кога разговарам со него.

    Лани шетавме низ град да си купам патики, и во муабет кој се однесуваше на него ми објасни колку компромиси правам во животот секој можен ден, вклучувајќи го и изборот на патики. Тоа беше претставено како многу позитивна работа, ама кога се свртев назад и ги видов сите компромиси, се прашав дали јас сум јас, или сум некоја која се очекувам да бидам. Не сакам ни да ги гледам работите само од моја страна, затоа што и јас ја менувам околината, исто како што ме менува таа мене. И верувам дека тоа што знам да правам компромиси многу ми помогнало низ животот.

    Од секогаш сум мислела дека сум имала доста среќа со клучните животни прашања, како што се партнер, работа, семејство, дом и не знам уште што се не. Ама повремено ќе ме здрма некоја Биди ти порака, и го преиспитувам целиот живот, и сите позначајни одлуки, и се прашувам што би било кога не би било така, односно кога би било поинаку. Дали би ми било исто, би била ли несреќна, или можеби многу посреќна?

    Којзнае. Кога ќе донесеш некоја одлука држи се до неа, и терај напред, зошто не можеш да се враќаш назад, нема поента. А може и животната мудрост не ми е на место.
    А може и нема ни потреба да се враќам надаз.
    Јас сум, па кој друг може да биде :D
     
    На kate21, julie77, Theodora и 8 други им се допаѓа ова.
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...



    Све је исто, само... хмм... :?: хмм...хмм...е незнам што да дополнам. :rofl:
    седмици на сите страни :D e вака и на некое лото да е. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    • untitled.JPG
      untitled.JPG
      Големина на фајлот:
      5,7 KB
      Прегледи:
      277
    На starbucks, Shana, Monna.Monna и 5 други им се допаѓа ова.
  17. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам...

    СДК дека стварно постојат прости луѓе во скопјево.. во автобус еден не си купил карта па кај контролорот му вика ај стани земи си карта овој па одлучен е нема бе да си купам ц ц ц ц.. па јас би се усрамила мене да ме фати контрола..

    СДК дека ептен ми е тапа денов ке седам дома ке си ја гушнам перницата и ке дремам и ке размислувам... :(
     
  18. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека наредниве две недели почнувам трета смена на форумов а сето тоа ми го омозвожува втората смена на училиште. Море не ја тргам утре главата од перница до 11 саат!
    Ако сака мајка ми нека донесе тапани и зурли.. Бт ју еинт гона вејк ми ап воман!

    И сакам да кажам дека во принцип ја мразам неделава како ден, но денес не беше така.
    Добро сега, лажам.. Беше до 19 часот. После 19.30 беше убаво бидејќи си седев со дотичниот мој и си разговаравме на доста длабоки теми. Меѓу кои се умеша политиката, менталитетот на народот и уште многу... Поентата ми беше дека САКАМ ДА КАЖАМ дека сфатив дека џабе ми е секоја потрошена солза кога неможам да го сменам светот. Сфатив дека ние луѓето сме оние кои ја предизвикуваат болката, а воедно сме и нејзини носители. Погледнете околу себе. што гледате? луѓе? луѓе без човечност.. луѓе од кои неможете слободно да се движите, иако тврдите дека нивното мислење и коментари не ви се воопшто важни. Погледнете ја агонијата, притисокот во кој постоиме поради тоа што сме доволно „паметни“ да зборуваме за другите. Ајде ве молам кажете дека никогаш досега не сте прозбореле лошо за човек, не сте љубомореле, не сте посакувале во себе да му наштетите, не сте го излажале, не сте лицемереле? Јас сум го направила сето тоа, иако знам дека не е правилно. И вие сте направиле така некому. И сите правиме така на некој друг и тој друг прави така на некој друг и секој штети на секого, и тоа совршено се врти... И немаме право да се жалиме, затоа што сами сме си криви што некои работи што ни се случуваат во животот.. Зарем не си го бараме понекогаш ?

    Сфатив дека еден ден ќе пораснам. Ќе сватам дека личноста која постојано се смееше ме разочара. Моето срце ќе биде скршено повеќе пати, можеби и јас ќе скршам нечие срце иако ќе знам колку болело во обратниот случај...Можеби ќе бидам скарана со мојот најдобар другар, ќе се жалам затоашто времето поминува многу брзо. И одвреме-навреме ќе губам по некој што ми значи

    Да, еден ден ќе пораснам и ќе жалам за поминатото време. Но научив дека животот е прекраток за да бидам тажна и да заспивам мислејќи на изгубеното. Се обидувам да ги сакам сите, но не и оние кои се оставени далеку од моите мисли. Верувам дека се се случува со причина. Ако добијам шанса ќе ја искористам, иако истата може да ми го промени животот. Не велам дека ќе биде лесно, но секој чекор ќе вреди. Јас го заслужувам тоа, затоашто еден ден ќе пораснам.

    Дубоко се извињавам за гњаважата од моја страна предизвикана поради ваквите моменти за потреба на филизофирање предизвикани од некоја дешавка, муабет или уклучување на моето мозоче без причина.
    Благодарам на (не)вниманието.
    Уживајте во третата смена на форумов.-доколку ве има такви.
    Гушки и кисчиња од (вашата)Синтија. :* :hug:
     
    На MaxyMax му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.926
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=mN84To5n ... re=related
    Ме потсети една драга личност на песнава .
    Кога го гледав спотот сфатив колку многу сакам кога еден ден ќе имам моја кола да отидам негде.
    Далеку од овде . Далеку од сите . Далеку од се .
    И не ми треба којзнае колку , недела дена . Да си ги наполнам батериите и да го пуштам мозокот на пасење .
    Колата ја спомнувам заради желбата да возам . Ме исполнува тоа .
    Можеби и би викнала и некој со мене , ама да биде тишина . Да уживам во возењето :mm:
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.