Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. DressedToKill

    DressedToKill Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    143
    Допаѓања:
    43
    Сакам да кажам...

    сдк...Нов позивен за македонија.. 6361 :D :)
     
  2. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Не ми беше некако денов, не ми беше ни неделава.
    У школо као се топ, доеш дома, депресии те пукаат. Се затварам во соба, се изолирам буквално, ништо не ме интересира.. Се расправам со моите, како и увек - it's all about money, па не можам бре луѓе божји веќе психички ме исцрпивте.
    И уше, ти се ставаат 3-4 души на фејсбук за викенд, ти кажуваат колку добро си поминале и како се журкале, а тебе пуста од дома не ти се искача, а па уште помалце ти се слушаат нивните радости.
    Да бидам искрена, така е. Штом сум јас тажна, ретко на чива среќа тогаш се радувам. А грешно е, знам, ама ете што да праам.
    Не знам до кога ќе ме држи, се надевам не долго.
     

    Прикачени фајлови:

  3. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Чудесен ден беше денес
    - разговор со стара пријателка уз кафенце...за минатото, сегашноста, иднината, различни ни се патиштата, но сеуште сме блиски :)
    - случаен муабет со непозната жена во автобус....која пред да се симне од автобусот ми рече ти си паметно девојче се гледа ;)
    - една дружба исполнета со насмевки.....со неодамна стекнати пријатели :D
    - еден разговор на фб-четот исполнет со комплименти, од за мене непознат дечко.....но тој ме приметил :rofl:

    Помина 12 по полноќ, што значи нервозата и инаетот со симпатијата ќе му ги препишам на новиов ден, тој претходниот беше убав и ќе остане УБАВ 8)
     
    На Smilly, LivingGlam, Phyramide и 2 други им се допаѓа ова.
  4. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    820
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК..дека си го лимитирав посетувањето на ФБ....на една недела..(таман е за почеток). И сега на фемина ќе киснам....така да...ми нема мене спас :tmi:
     
  5. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СД и’ К на Гоу:
    1. И фото-сесии, не заборавај;
    2. По моја заслуга, плаќање на рати. =)
     
    На marama и Go-Girl им се допаѓа ова.
  6. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.836
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ма каков несквик... добив желба за ладно млеко со како и шеќер. :D
    Мисијата е успешна. Превкусно. Ме врати назад, кога бев мнооогу мала.
    Е многу ми е убаво на душичката да ви кажам. :lol:
     
  7. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам да кажам...

    СДК После ужасниот ден конечно малку радост и за мене :) .
    Ми стигна порака од факултетот дека сум примена на Филолошки-англиска катедра,ех колку се израдував значи една порака ми го промени денот на многу подобро :) .Единствено се изнервирав што изгубивме од Русите и тоа се поради судиите што реално им помогнаа да победат но сепак идеме во четврт-финале и од сега натаму само победи да имаме,но сепак едно големо БРАВО за дечките,се бореа лавовски како и секогаш :clap: .
    Ај останете ми поздравени :* .
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  8. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК СДК доста работи моментално...
    Совест. Јас ја имам. Всушност, мојата е толку голема што би можела да убие помал човек. Да го фати и да го истисне животот од него. Со таква леснотија...

    Денес сум посебно горд. Горд на себе, на родителите и на една одлука што беше донесена од мајка ми пред пет години, во последните месеци од средно. Период на носење одлуки у вези факс, и предлог што ми беше доставен скоро како во филм.
    Доколку се чувствувам психички и интелектуално спремен, со спартанско пожртвување од сите дома, изводливо е да одиш ти, ЕлеМентал на факултет во странство. Тоа беше сон кој не бев свесен дека го имам. Сон кој не го ни сонував, а и да ми се појавеше, ќе го потиснев во себе.
    Тој факултет не преполови сите дома. И психички, со нервози, со долгови, излезе финансиско фијаско...но јас го завршив.

    Совеста ме изеде жив. Ме соџвака,ме плукна и ме стапна од горе. Наместо да го искористат првиот стабилен период во нивниот живот за да си обезбедат некаква сигурност во своите...наближувачки 50-ти години, тие паднаа на колена за да ми го дадат најдобриот можен старт кон мојот самостоен живот.
    Колку и да се трудам, свесен сум дека никогаш нема да можам да им се оддолжам.
    Ова се одлуки што менуваат животи, а јас сум променет засекогаш. Променет кон подобро. Особено со личности како мајка ми, сватив, во мојата 23-та година колку е важно да се има столбови во животот. Столбови што ќе бидат таму без разлика на околностите и противникот.

    Отсекогаш била таму, а како што течат годините на нејзиното лице гледам измешани чувства. Таа знае дека ме губи. Знае дека птиците ќе одлетаат од гнездото. Знае дека нема да биде потребна како што била, но од друга страна е пресреќна што не гледа спремни и зрели. Пресреќна и тажна за едно исто нешто. Сепак, останува храбра. Таа е Римската волчица во мојот живот.

    Конечно пред 2-3 месеци ми текна што да направам, за да ја покажам мојата благодарност. Барем да ја изгребам површината де, нека биде гест. Знам какви книги сака, но не знае Англиски. Јас, онака "невино" почнувам да и раскажувам за една книга (која целосно и е по критериум) која сум ја прочитал, и таа цела се активира на темата, за разочарувањето да дојде кога и реков дека ја нема на Македонски...Но тоа го потврди нејзиниот интерес и тајно, јас го започнав преводот. Да, да, преводот.

    Отприлика два месеца подоцна, многу непроспиени вечери и скоро излижани отпечатоци од куцање на тастатура, преводот беше готов.

    [​IMG]

    75,014 зборови. Сега се шегуваат моите, ми велат да почнеш да броиш до толку, на човек ќе му пукне филм, а не вака...
    Да, многу сум горд моментално. Многу бев горд и пред неколку часа кога моите дојдоа од работа и им го дадов ова. Укоричено и целосно стокмено. Нормално, најавив расплачување бидејќи знам која ќе биде реакцијата. Солзи имаше, и едвај застанаа.

    Ја гребнав само површината со книгата но моментот е исполнувачки.

    Моментот од вечерва ќе ни остане.
     
    На bittersweet, Neytiri, x.Daisy.x и 13 други им се допаѓа ова.
  9. MarchelineAmaru

    MarchelineAmaru Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    2.255
    Допаѓања:
    1.343
    Сакам да кажам...

    Колку само ми е мака од бесполено тратење на времето и себеубедување дека утре ќе станам порано.
    Мразам да лажам ама најмногу мразам кога самата си се лажам.
    Ете ,дека ќе станам ,дека ќе сменам ,дека ќе појдам некаде и ќе видам некого ,дека ќе усреќам некого ...
    Ама свесно ,не некој да се израдува од некоја моја субкортикална постапка...Животинче!

    Дека ми недостасува секојдневното одење на пракса и дека во најскоро време морам да тргнам на стажирање.
    Тука се пронајдов комплетно ,па се оддалечив ,трагајќи по рецептот за некојси псевдонормален живот ,за на крај да го заокружам сето тоа патување со констатација дека ,всушност ,сум скршнала од мојата вистинска насока.

    И дека ми недостасуваат моментите кога не можев да ја совладам својата инспирација.
    А насетувам дека е блиску...Само што сум нестрплива...
     
  10. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.159
    Сакам да кажам...

    Некогаш сонувам многу филмски соништа. Некогаш кога ќе станам насабајле се прашувам што бараат некои личности во мојот сон. Така и утрово...
    Не ми се веруваше дека ја сонував.... ROSSONERKA :lol:
     
  11. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Добар јутар! На здравје кафето за поединци и чајот, евентуално млекото! :)
    Моето штотуку ми го згреа носето и ја сркнав првата голтка со посебна фетишистичка желба каква што се јавуваше во мене во времето на Југопластика. Питај Бога зошто сакам мирис на пластика :?:

    И питај Бога зошто се навикнав секое утро да дојдам порано на работа за да можам на сите колеги да им направам дволитарско инстант кафе. Велат - колешке, најубаво го правиш. А штом правам нешто убаво, штета е да не го правам и понатаму. Особено ако мамам блажени лица со нежни оргазмични извици кои доаѓаат од кујната.
    Професионална кафе куварка на линија, повелете? Уствари, јас сум ви нешто као кафе проститутка, на сите им давам и правам :D

    Денес е сосема нов ден за мене, со сосема ново сонце. Го чуствувам мирисот на есента, а сепак не ми студи. Позитивни мисли привлекуваат позитивни работи. Ми се шуткаат паднати лисја, ми се талка низ шуми, ми се мижи под сонце, ми се надбљудува градот, ми се гали со ветрот, ми се мази со целиот свет легната на трева ѕверејќи се во бесконечното небо.
    Ми се в’ти на панорама иако тоа воланот закржлавен, гарант не функционира. Се прашувам дали некогаш бил функционален?! :lol:
    Знаете што? Дури и ми се усисава во вакви моменти. Еј не знаете кој фетиш е тоа. Другарките од средно се сеќавам ми се смееја кога им кажував дека обожавам да усисавам затоа што правосмукалката потоа остава чисти траги на тепихот :D

    Што и да е, за арно нека е. Само да се прават убави работи и да се живее ова чудово што ми струи во вениве. Кој ќе се замара со глупости. А имам такви моменти, имам богами :)

    Кафе некој, дечки а? Денес имате кај мене 50% попуст. Ако бидете добри и фини, и за џабе ќе ви го дадам, а знаете дека ДА.

    На здравје вторников! Крв да ви се стори :)
     
    На la-chicka, mims-89, innablood и 12 други им се допаѓа ова.
  12. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.188
    Допаѓања:
    23.229
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Одам да се спремам за на школо..Имајте убав денн! :hai: :*
     
  13. smiley-94

    smiley-94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    426
    Допаѓања:
    321
    Сакам да кажам...

    сдк дека мајка ми е мојот најдобар пријател и никој друг
     
    На la-chicka, Hopeful, Miss.Ricci и 2 други им се допаѓа ова.
  14. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека еве денес после долго топло лето се приклучувам на форумов и женцки да ви кажам ,ми недостигавте.
    Неможам де ве изначитам сите,вредни сте биле преку летово.
    А сега со нови сили во нови победи.
    Имајте убав работен ден,јас веќе се здрвив на компјутер од сабајле и сега мора да се работи.
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  15. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк ве канам на пастрамајлија за време на ШТИПСКА ПАСТРМАЛИЈАДА 2011 :)
    Од 23 септември до 26 септември
    Повелете во Штип !

    Естрадни Ѕвезди :
    Синтезис, Куртиш Бенд, Илија Ќосевски, Роберто Поп-Димитров, Како Браќа, Слаткаристика, Тони Зен, Роберт Билбилов, Влатко Илиевски и други...
    http://www.facebook.com/event.php?eid=285355661490350 :)


    [​IMG]
     
    На Smilly, Hopeful, Phyramide и 8 други им се допаѓа ова.
  16. Diamond

    Diamond Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 ноември 2010
    Пораки:
    162
    Допаѓања:
    182
    Сакам да кажам...

    СДК најдобра стратегија за успешен живот е трпението :!: Тоа е најголемата доблест што човек може да ја поседува. Да си трпелив значи да оставиш малку на животот, малку на Бога, малку на среќата да влијаат на тебе, да не ги забрзуваш работите бидејќи нормално нема ништо да иде како што треба.Еве чист пример, ако на часовникот му ги поместуваш понапред стрелките ќе го покажува ли точно времето? Ќе дојде ли побрзо мигот што го очекуваш? НЕ! :!:
    Ех колку инспиративно утро :lol:

    П.С да не го заборавиме и трудот. Феминки нема да ви посакам убав ден, бидејќи сакам да ви посакам животот да ви е убав, а не само еден ден кој што е само мал дел од нашето патешествие.. Не, не.
    Бидете среќни не само денес, туку секој преостанат ден од животот.
    Извињавам се на долгиот пост, ама онака од душа ми дојде :lol:

    И уште нешто, секогаш погледнете околу вас, денот е премногу мал за да бидете скржави ;)
    :* :*
     
    На la-chicka, Hopeful, Theodora и 3 други им се допаѓа ова.
  17. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.964
    Допаѓања:
    123.553
    Сакам да кажам...

    Пред 8 години ,тогаш кога првпат ни се сретнаа очите,започна мојата срeќа со тебе.13ти,за многумина баксузен,но не и нам.
    И посакувам вечно да трае нашата среќа,а знам дека тоа со тебе е возможно само.Те сакам секој ден се повеќе .Секој ден ми даваш причина плус.Среќна 8 годишнина си посакувам и вечно да ни трае љубовта! :d: :d: :d:
    П.с. се надевам дека наскоро и на свадба ќе ве викам :lol:
     
    На la-chicka, bittersweet, marama и 12 други им се допаѓа ова.
  18. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    СДК1 сакам побрзо да помине времевооооо, лошиов, никаков период и чудниов однос меѓу нас, побрзо да се врати се во колосек иако сме блиску до целта, маааалку ни фали за комплетна среќа, а не вака држ-не дај. Ајде нека биде побрзо, едвај чекам! И дај не држи толку лутина веќе, се намалува, се намалуваааа..знам јас. Ќе биде се, само дај побрзо! :inlove:

    СДК2 вчера се враќам со другарка ми кај 7 и пол по Илинденска и што да доживеам, успеав само да вриснам на цел глас. Дете можеби и година помало од нас стоеше под едно дрво, не ни обрнавме внимание. Кооооооооога се избаци позади нас и ме стресе за рамениците и плуќата и со ненормално брзо трчање почна да бега. Да, уона-би манијак, на добар пат е кон тоа. Или пак, имаше психички проблем...како и да е. Проклет да е, никаквец! Уф! Првпат да ми се деси такво нешто, иако со лесно поминав. А што да беше полошо? Омг, не.


    СДК 3 - Ц. Критики и забелешки заклучена, а баш сакав да пишам нешто. Инаку, и јас сум била неколку пати бришена од СДК како што најверојатно ќе бидам сега, или може само со редактирање ќе пројдам иако целава категорија Кафе-муабети е офф-топик теориски, доказ:
    „Кафе-муабети
    Кажете сè што ви лежи на душа. Оф-топик разговори, дружење. “ Теориски сме во право сите кои што сакаме пишуваме тука, си кажуваме нели се што ни лежи на душа, па мислам јас порано бев бришена зошто без да посочам форумџика индиректно кажав што мислам за неа, онака само впечатоци ептен општ пост беше тоа. Па кафе-муабет бе, ќе си кажам што ми е гајле, кога ми е дозволено? Или не ми е? :^) Второто. Битно успеав да ги прочитам предлозите за Избори пред да бидат исчистени и јас сум ЗА кога би имало квалитетни и желни за модератори-учесници!

    И реално ниедно мислење со исклучок ако е навредливо со вулгарни зборови не смее да биде избришано од Кафе-муабети. :!:

    Фемина е стварно добар форум, ама вие „модератори“ сакајќи да воспоставите диктатура, наместо демократија, добивате анархија.

    п.с. Прочитајте ми го мислењево пред да ми го избришат!!!!!! :worried:
     
    На Lov3 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. SanjaKirchner

    SanjaKirchner Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    512
    Допаѓања:
    762
    Сакам да кажам...

    СДК ПОЛОЖИ ГИ ТЕСТОВИТЕ ЗА КОЛА ОД ПРВА И ТОА СО ЕДНА ГРЕШКА :)
    Ногу , ногу сам среќна, дури и си се расплака од среќа и како будалче некое се раздра од среќа коа виде на мониторо положено....Германчето ме гледа така чудно, а јас на македноски си цепам „тоооо цецооо јјјеее фала ти господи јеје положии„
    Е така, а сега ке одам да си се почастам оти си положи :)
    Сакам ве сите и имајте најубав супер ден....цункам ве

    П.С до вечер ке сам дома, нем да мислете после нема да додевам :)

    А и едно големо ФАЛА до Ангел92 :) :hug:
     
    На teddybear, Smilly, marama и 9 други им се допаѓа ова.
  20. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    6.578
    Допаѓања:
    43.077
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК jас и дечко ми уште сме од оние кои се во подолга врска, а сепак понекогаш завршуваме во некој влез како напалени мајмуни :lol: Убаво ми беше соноќа, седевме пак на старата клупа, на местото каде што поминавме едни убави времиња додека сеуште бевме свежи тинајџери и пред да се разделиме за прв пат.Ми навреа спомени и си мислев како брзо помина времето, тоа беше пред 5-6год.

    А денес тој уште е оној кој ми ги преобрнува цревата додека ме бакнува.
    И да некогаш плачев и се нервирав од него, некогаш го мразев и му се лутев, признавам некогаш посакував да не се појавеше, но целото тоа време го сакав искрено и тогаш кога плачев од него, сакав тој да ме смири и да слушнам од него дека се ќе биде во ред.

    Сега сум среќна, да тој ме прави среќна.Не сме веќе истите сменети сме, ама уште тој е мој и јас сум негова како првиот ден.Не тоа не се срценца на ѕид на фејсбук, секој ден посветена песна, изјави од типот бебче мое те сакам, одговор „ти како сакаш„ на прашањето каде?што?како да правиме? и сите други лигави изјави, ова е повеќе од тоа.Јас место срце на фејсбук од него добивам наберени ружи од улицата на пат до кај мене, место посветена песна добивам една скратеница што ми кажува се, место одење по газ јас добивам по некоја кавга и прекрасно помирување.Ние имаме разлечни карактери, различни ставови, различни замисли, но делиме иста љубов која не прави, сепак толку еден за друг...

    И се ќе биде баш како шо треба да биде...може нема да биде како подмачкано, ама ќе биде фино, доволно добро.
     
    На Diamond, Smilly, marama и 12 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.