Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.769
    Сакам да кажам...

    Кога некој сака да им исполнам нешто, под дрво-камен ќе го сторам тоа затоа што сум дала збор и од тоа неможам да бегам. Но пошто постојат секакви забегани, неодговорни, самобендисани луѓе - нивниот збор под итно и автоматски оди во неповрат и самата знаеш дека нема да го исполнат. Ми се гади од вакви луѓе, за срамота. Како и да е, сум се изнаспала. Ама сега е најтешкото - кој ќе земи да учи???

    Доброволец ?? Anyone?

    никој? :(
     
    На thelittle17 и TheKiketoo им се допаѓа ова.
  2. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам...

    I cried a river и заспав.. најубаво се спие!!
    Уште не се наспав затоа што на некои дечишта им текнало да се заебаваат по телефон :devil:
    И тоа уште од раните утрински часови...
     
  3. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денешнава тема на СДК ми е вторник-ден на пензионерска глупост...Вчера скокав до небо кога ни кажаа дека сме од 10 до 12 на школо.И денес цела таква хепи идам на автобуска, не гледам пензионери никаде и си викам-Супер, Чарми денес нема да има гужва.Си влегувам во автобусот, уредно, на време.Како застанува автобусот, на секоја станица се качуваат најмалку по 10 пензионери.И ја правам мојата основна грешка-станувам за да отстапам место да седне некое старче. :!: Само што станав, почнаа да ме бомбардираат од сите страни.Се буткаат, стискаат и (не)свесно фаќаат на непријатни делови :swear: Ај се тоа некако преживеав.Ама на враќање ми пукна филмот.Фаќам двокатен, ај да нема место доле разбирам, ама ни горе нема место ни да стоиш.Се избуткав и си се симнав 4 станици порано-ем ќе си потрошам уште некоја калорија, ем нема да морам да стојам, да ме буткаат наваму-натаму и да осеќам нечиј неподнослив смрад... :fubar:
    П.С.извињавам се на дужината на постов, само многу сум гневна на тие неизбањати, досадни створења наречени пензичи |(
     
  4. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Темата Во мое време... ја прогласувам за најпозитивната на форумов деновиве. Прекрасна е знаете зошто?

    Затоа што НЗС на сите спомени кои варираат со минимални разлики е поимот СРЕЌА.
    Во мое време бев СРЕЌНА. Заклучок на сите актуелни и понатамошни спомени.

    Контате колку сме благословени, среќлии, како веќе да речам, што сме имале такви детства? :)
    Безгрижно детство е основа на убава иднина. Без разлика дали сме изгубиле по некоја џамлија, дали некој ни го украл јажето за скокање, или сме имале по некоја џумка на главата затоа што Перо трчајќи да ги кутне плочките не ѕвекнал одпозади со лактот и сме завршиле на земја и без разлика што грбот ни бил укочен затоа што чаталигупатали кутнам бутнам колку се? траело екстремно долго на долгата магарица :lol:

    Ме разнежнивте и ми предизвикавте насмевка сите до една кои пишавте на темата. На ви по едно цветче :f:
     
    На BoaVista, la-chicka, mims-89 и 13 други им се допаѓа ова.
  5. Bunny05

    Bunny05 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2011
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    124
    Сакам да кажам...

    Го мразам градов. Ќе прднеш на едниот крај од градот за рок од 2-3 мин се дознава и во другиот крај на градот |( Страшно. Сите знаат за тебе и твојот живот повеќе отколку што ти самиот знаеш,да да сигурно :^) Завршив ли средно фаќам магла.
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  6. SexyLady

    SexyLady Популарен член

    Се зачлени на:
    5 септември 2010
    Пораки:
    2.800
    Допаѓања:
    3.270
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес си се возев до еден многу фин дечко во автобус. :nod: Ех бре, осечај ко у Финска.
    И да, јас бев во најлошото могуче издање што постои што во тој момент можев да се себенаречам сјајно-мрсен размачкано-покиснат скапано-презреан патлиџан. Да! :!: Среќа моја што Тој горе ме сака и сабајле не ја облеков сивката маичка што ми беше во план, инаку ќе се шлаев со гигантски љочки под мишките со дубочина над 500 метри. :angel:
    И да за мојата несреќа да биде уште поголема - како по обичај - чврки возачот мораше да закочи наеднаш за сите да исполетаме напред, а јас, сиротата, да паднам скоро во скут кај финиот дечко. Ви ја гледам фацата додека си ја замишљате сликава, нели? Сирот дечко. :$ :worried:
    [​IMG]
     
  7. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.451
    Допаѓања:
    22.934
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК имам жолто цветче :D Не, сакав да кажам дека едвај чекам да тргнеме на предавања, не од што ми се учи многу, туку барем ќе знам дека имам некоја обврска и денот ќе ми биде исполнет. Вака, цело лето- ноќта-ден, денот- ноќ го правев. Време е за есен ;)
     
    На TheCandy880 и SexyLady им се допаѓа ова.
  8. belieber

    belieber Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.082
    Допаѓања:
    642
    Сакам да кажам...

    Сдк џабе што ни ставија од 10 до 12 втора смена пак ние во најтоплото се враќаме |(
    сдк 2 аман више, нека дојде 22 октомври, со душа го чекам :l:
     
  9. DAngel

    DAngel Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 март 2011
    Пораки:
    11.211
    Допаѓања:
    56.929
    Сакам да кажам...

    Ех, па вие сакате и во школо да не идете. Јас имам идено на школо на -33 степени, ама тогаш беа други времиња.
     
    На belieber му/ѝ се допаѓа ова.
  10. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Пак да не бев во хеланки и голо газе? :lol:
    А замисли јас ја сонував Лолита и тоа со дете беше, со ќерка и. И Лолита беше тинејџерка, си викам зашто е толку млада бе? Нели е она убава млада мајка и си поставувам прашања во глава и се разбудив, не се ни запознав туф штета :rofl:
    Тоа е спиев под стрес и глупости сонувам. Стрес од натпревари, јас синојка среќа не исчурив од нервоза. И сеуште и сеуште неможам да се помирам од поразот. А утре како што ја читам наклонетоста на судииве кон домаќините ќе треба лексилиумче да испијам. Битно Ноле тепаше, си останав ненаспана цел ден ради тоа, ама таа победа иако ми го полни срцето не е ни 1% слична со онаа на нашиве момци. Вечер па пак спорт Милан мој и Барса. Пак стрес.
    Доста го тупам сакав само за Лолита да кажам. Ај да си легнам, да не дрдорам.
     
    На maja8 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Сакам да кажам...

    ПМС,пмс и пак пмс. Од озбилна контролирана личност те претвара во ѕверка гладна само за чоколадо и цигара со некое попатно нескафе...и на пати со некои инфантилни каприци...и така беше-ден трети
     

    Прикачени фајлови:

    • crazy-grandma.jpg
      crazy-grandma.jpg
      Големина на фајлот:
      136,5 KB
      Прегледи:
      303
  12. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    СДК, леле колку жалам што ми е братучед.. втор си ми, ама братучед си ми. Таков згоден и фин :x , да не ми беше братучед, одма ќе го ќарев.
     
  13. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.816
    Допаѓања:
    25.464
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денов е посебно тивок.
    Мајсторине под балкон се невообичаено тивки..Гласот на мачорот му го слушнав едвај два пати..Телевизорон во дневна не е пуштен на најгласно..
    Телефонов не ѕвонеше ниту еднаш. Комшииве не се караа..
    И чудно е, по малце без врска, ама ми одговара..

    http://www.youtube.com/watch?v=xOp_u17hkGU
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.987
    Допаѓања:
    4.769
    Сакам да кажам...

    Се чудам некогаш на постовиве - незнам дали се на шега напишани или се сериозни луѓево...
     
    На Extraordinary.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  15. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.445
    Допаѓања:
    91.767
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има некои постови кои многу ме разнежнуваат, други кои ме полнат со позитивна енергија, трети кои ме тераат да размислувам... останете ми такви. Гледам помина негативниот период на Фемина и драго ми е.

    Имам нова фризура. Бев кај тетка ми да се шишам и и велам- скрати ме многу, се што ми е расцветано, нова форма, ама не жал и било. Ах, тето! Ја гледам поретко, претежно кога се шишам ама многу ја сакам. Братучетка му е прва на татко ми ама многу ме чуваше кога бев мала. Прв пат во ЗОО бев со неа, дупчиња на ушите ми направи таа, ме пресоблекуваше кога баба ми ќе ме облечеше во нејзините плетени работи и како да не ја сакам?

    Мајка ми денес е многу фина со мене, ми го направила омиленото јадење, ми сварила кафе, ми направила салата и ми даде пари да си купам нешто. Морало да учам, сакала да бидам успешна. Ах, мајко понекогаш си злоба, а понекогаш душа. Среќна е то си замина ТОЈ, а и тој е среќен таму. Животе чудо си!
     
    На crazylady, innablood, Go-Girl и 12 други им се допаѓа ова.
  16. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК за 2 часа е промоцијата на книгата во чиј превод учевствував и јас. Згора на тоа, ќе одржам и говор на тема „Да се биде преведувач“, и морам да кажам дека сум крајно (позитивно) возбуден. Самата помисла од толку погледи вперени во мене, додека јас говорам за едно прекрасно искуство, и тоа пред самиот автор на книгата, ми го крева адреналинот. Знам дека се’ ќе биде во ред, и знам дека достојно ќе го претставам и писателот на ова дело, но и себеси, како иден исклучителен преведувач и толкувач.

    Среќно! =)
     
    На easyyyyy, crazylady, MonnaSi и 23 други им се допаѓа ова.
  17. kankus

    kankus Популарен член

    Се зачлени на:
    31 декември 2010
    Пораки:
    1.472
    Допаѓања:
    871
    Сакам да кажам...

    сдк дека си го најдов индексот :inlove: :inlove: :inlove: :inlove: :rock:
     
  18. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вчера си ја освежив фризурава и добив многу комплименти за косава, е ја би да ја поносиш ама да можеше да се заменуваат косиве на неколку дена, онака ко на заем ти давам од оваа салфетка(ако памтите тие од вас порано што збирале салфетки) ти дај ми ја твојата(колку да ни помине меракот де) и после пак назад. :P
    А зошто она што го имаме(без разлика дали секогаш е по наша волја) мора другите толку да го посакуваат иако ние порадо не би да го имаме.
    Си ја сакам косава најмногу и за секој скратен мм ми е жал, ама не е во должина многу скратена, пустата што ми е жешко ко ќе ми е пуштена како на пример сега, седам, ме гуши во врат и се потам и и терам инает не ја собирам па нека пукне ! т.е па нека се направам жива-вода.
    Доста е за кажување жими косава . :emo:
     
  19. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    :lol:
    пред малку сретнав еден тип што до пред некоја година ми беше колега од факс
    било здраво и толку
    но ете по толку време повторно го сретнав,убав, висок, згоден, а усните му се :inlove:
    да не мозеш да се изнагледаш, туку да посакаш да ги вкусиш :lol: :rofl: и дознав дека каде работи :D
    зивоте сладок си, иако понекогаш знаеш да бидеш горчлив :P
     
  20. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.605
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Вчера срцето ми биеше толку силно... од возбуда, среќа, измешани чувства на радост...
    Ќеркичката ја запишав на модерен балет и отидовме на првата проба. Вежбаа на сцена, а јас и уште неколку мајки седевме на седиштата во првиот ред.
    Мојата е најмалечка и по возраст и по висина, не знаев дека треба да и купам балетанки и вежбаше во чорапчиња.Мислев дека ќе и биде срам. Колку само паметно гледаше со црните очиња и максимално се трудеше да ги направи вежбите, а учителката ја крена во раце и и делеше пофални зборови, ја гушкаше и охрабруваше.
    А јас, јас се стуткав во еден агол од седиштето и се трудев да ги контролирам солзите додека ја гледав.Како срничка исправена го креваше ноџето и откако ќе ја направеше вежбата правилно, со поглед ме бараше да ми мафне со рачето.Не можам да ви го опишам чувството на гордост, не постојат зборови...
    Моја најмила, една и единствена, моја малечка...животот не можам да си го замислам без неа!
     
    На crazylady, innablood, BoaVista и 17 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.