Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.975
    Сакам да кажам...

    Знаете нели, јас не сум голем патриот. Не се мавам во гради, не ги пцујам Грците, дури и на одмор им одам. Не се замарам многу околу патриотските чувства во мене, попрво ќе си се изнервирам оти ме пуштил штркот тука во Македонија. Арно ама, колку и да сум дрво-патриот, морам да признаам дека видеово ме наежи. :clap:

    http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... zZC8AOcGrI

    Не знам дали веќе сте го гледале, хит е на фејсбук, 10 пријатели го постирале. Да ви го покажам, чисто рекреативно. :D

    п.с. Не знам зошто ми го дава само линкот. |(
     
    На la-chicka, Monna.Monna, Smilly и 5 други им се допаѓа ова.
  2. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Одбивам да давам рапорт на личности кои ми се исто толку неважни колку денешната влажност во воздухот.
    Ах мори комшике, к** ми е, двор ми е. Пружирај си таму и не му ја мисли многу.
    Клише секојдневие со постојан интензитет и тонус, утринско кафе на маса без кое денот неможе да почне. Јас истата од вчера, незадоволна и сонлива, немам човек околу мене со кој можам да го споделам. Ден однапред испланиран. Обврски залепени како пијавици. Има ли крај на трагичниов вртлог. Презаситена сум од мисли и чувства, од летово. Секавично ми поминуваат низ глава нејзините зборови од вчера, но нема да ги анализирам и задржам подолго. Ако нешто е менливо и минливо, тоа се луѓето. Од денес за утре. Некој останува во нашиот живот, некој заминува засекогаш, некој не сака да биде дел од него.
    Неможам да сум лута на него, сега кога сме поблиску од било кога пред нашиот почеток. Совршено алиби за да ги оставиме некои работи зад нас. Ова е кризен период, кој ќе го пребродиме.
     
    На la-chicka и Breezy им се допаѓа ова.
  3. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Различни луѓе, различни карактери, различни стилови, сите ние луѓе од крв и месо сме само еден мал дел во мозаикот кој го сочинуваат други луѓе од крв и месо по нешто слични, по многу работи различни или прилични на нас, ама сите ние делови од мозаикот имаме РАЗУМ(единствено по кој се разликуваме од другите суштества и се карактеризираме како човечки разумни суштества) и пред се имаме срце и душа, имаме чувства кои лесно можат да бидат повредени.
    Со тек на време сфатив дека никој не може да ме повреди толку лесно ако јас не му дозволам, како незначаен, а сепак многу важен дел од светов чекорам надевајќи се за подобро утре, а кој не се надева. Секоја им чест на оние кои имаат илјада и една причина да жалат за утрото и да не се надеваат на ништо, а сепак живеат и го очекуваат тоа нивно подобро утре. [​IMG]
    Им се восхитувам на оние кои не седат со скрстени раце и го чекаат подоброто утро туку самите прават да им биде добро.
    Силна сум, иако делувам кревко и можеби на прв поглед наивно, тешко дека може некој толку лесно да ми го скрши оклопот кој силно го штитам и носам.
    Лисица, така ме викаше кога бев мала еден чичко што сега е странство илјадници километри одовде.
    Сега би му рекла дека таа лисица можеше многу лесно да се направи во јагне т.е беше јагне претворено во лилсица, ама сега е лисица која навидум делува како верверичка, со душа мека и кревка како памук, а цврст карактер како орев, поцврст од кога и да е.
    Лукс, те сакам иако многу ти се спие. :* :fubar: нека знае цела фемина дека те сакам :o :inlove:
     
    На karak и Breezy им се допаѓа ова.
  4. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не знам дали имам преголема среќа или сум невиден баксуз. Или само сум претерано смотана. Да, да, тоа ќе да е. Да беше некој друг на мое место ќе скокаше од радост, ова ќе му беше шанса да се покаже, да се протне, да биде онака.. пред сите. Ама мене многу полесно ми е да кажам не. Штета (или не) сега немам некаков избор. Што е тука е. Ќе си го чекам моментот. Па и не е некоја голема работа да се напнувам толку со тоа и навечер да не можам да спијам. Нешто како трема пред настап (?)..

    Whatever. I can do it. 8)
     
  6. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Значи неможам да сватам како можи една девојка толку да си го запостави својот изглед,има едно девојче што учи со мене и навистина немам коментар :x недепилирана ни на нозе и под пазувите иту тоа не еднш да не се издепилираш оваа имаше премнгу косата мрсна првут паааааа незнам колку имаше,а ноктитее :o заби немиена 1000 години значи немам коментар а се гледа дека е од примерно семејство облечена од убаво поубаво ама стварно неможам да сватам како е можно една девојка тоада си го дозволи :x :x :x
     
    На Divinebutterfly и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  7. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кога би сакале да бидеме среќни ,лесно би ја постигнале таа цел.Ама ние сакаме да бидеме посреќни од другите ,а тоа е тешко,затоа што другите СЕКОГАШ ги гледаме ПОСРЕЌНИ од тоа што навистина се !
     
    На Hiii му/ѝ се допаѓа ова.
  8. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    486
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека денеска сум сама дома :clap:
     
  9. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.436
    Допаѓања:
    5.396
    Сакам да кажам...

    сдк дека си се договоривме за датум за свадба и сега ќе трчкараме матично и ред други работи. Во мај ќе бидам невеста :inlove: :inlove: :inlove: многу сум среќна :* :clap: :inlove: :inlove: :P
     
    На Marilyn-Monroe, Neytiri, mims-89 и 26 други им се допаѓа ова.
  10. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека немам што да кажам. Сериозно.
    Туку имам ама не можам да ги најдам вистинските зборови. Туку не знам како.
    А и ке кажам дека ми се јаде супа. И тоа крем супа со печурки. Но ме мрзи да си подготвам. Ништо чудно некој ден да умрам од глад зошто ме мрзело да си направам пристојно јадење.
    Ахх...
     
  11. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    [​IMG] :rofl:

    И.. Еве ме мене седната пред компјутер со чоколада околу мене. И празни хартии. :lol:
     
    На Diamond, baguf4e, Ann.94 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Marcey

    Marcey Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2011
    Пораки:
    288
    Допаѓања:
    944
    На crazylady, HoneyBun, BeYourself и 2 други им се допаѓа ова.
  13. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Пмс, О, Пмс, до кога ли ќе ме мачиш?
    Само ти можеш волку на глава да ми се качиш.
    И да ми квачиш.
    Со негативност да ме зрачиш.
    И на нерви да ми се фатиш.
    Мрш! Зошто ќе ми платиш!!!! :punch:
     
    На mims-89, teddybear, crazylady и 5 други им се допаѓа ова.
  14. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.878
    Сакам да кажам...

    СДК вистина е тоа дека шопингот не прави посреќни :)...
    После сите нервози целово сабајле, решив да погледам што има во новчаникот... Гледам има кеш, некоја картица за 70% попуст во Валфи Мол и Мели Мело....Хмм...Па ајде во шопинг... Си се изнапазарив, си се изнашетав. Сама, се радував како дете на цуцла на новата гардероба....
    Па девојки ако сте тажни, отворетего новчаникот и одделете 2/3 саати ;)
    :* :*
     
    На kristii му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.258
    Допаѓања:
    43.794
    Сакам да кажам...

    Станав рано тотално беспотребно и се ашкам низ соба, демек средувам, алишта никнуваат од секој ќош, а болерото што најмногу ми треба за во сабота, го нема никаде! :( Туго несречо е работава. А не знам ни каде може да биде. Може даде го здиплила за во Холандија, а не ми кажа.
    Агрххх, материјален свету.

    Тате ја нервира мама, па после тоа и прави помфит и ги полева цвеќињата. Мажите се многу провидни кога ќе уплескаат нешто, нели. Ми се оди на Дејвид Боуви вечерта во сабота, ама имам цееел куп дешавки. Ах. Тежок живот фраерски! 8)

    Со мачакот мој се фотографиравме, т.е он мене, јас само мирно позирав и како што стално бива, се занесував, но ако, важно се инспирираме. Вечер ќе одиме на плажата ни скопска да бидеме непристојни. ]:)

    Мене навистина ме мрзи да правам било што, на Сај ќе и се јавам да се дружиме маалски или да пиеме кафе со две коцки мраз и кило шеќер на балкон кај мене.
    Чудни ми чуда, сите сетила ми се будат. Септември, навистина носи промени. Смешки... Песна не сум напишала можеби цела недела. Немам инспирација? Не би рекла. Си ги чувам зборовите во џеб, да не ми затребаат... Не се расфрлам беспотребно со нив, така... Сакам да кажам, водете љубов колку и да се чини банална реченицава. Имунитетот се подобрува, кожата станува прочистена, умот освежен, а очите полни плусови! Водете, водете. :inlove: :inlove: :inlove: :inlove:
     
    На la-chicka, LivingGlam и caroline.costa им се допаѓа ова.
  16. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Сакам да кажам...

    Среда ли сме што ли сме, појма немам. Премногу вино во мене вчера премалку вода денес.
    Излегов од дома на 15 минути, надвор пече нешто демек сонце се викало. Аман дедо Боже, намали струјата ќе не отепа времево. Плус лифтот не ми работи, стандард работа за зграда од шеесетите а до осми патот е тежок.

    Заклучок сите работи денес се случуваат за да ме испотат. Најозбилно се лијам, Врутоци и Нијагари течат од мене. Дополнително родителиве, да не ги речам децава ми дигаат притисок. Финанции, финансии. Татенце се глупира по стандард, маменце се нервира по стандард, јас сакам само да пакувам куфери и фа бегам.

    Дан је тмуран, ја мамуран немој сречо немој данас.....една реченица ја цела.
    Имам глупава семинарска што ја влечкам недела дена, немам ни книга прочитано ни филм видено...драги луѓе отупавувам.

    безвезе ден, безвезе. А везилка да бев ќе навезев нешто....
     
    На mims-89, Miss-Independent, la-chicka и 2 други им се допаѓа ова.
  17. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.452
    Сакам да кажам...

    СДК, дека најверојатно двете колешки од работа ми се на форумов, едната мислам активна, за другата не сум сигурна :@
    Сега поминував и едната се одлогира :worried:
    Се надевам не се многу активни, во спротивно ќе морам да внимавам уште повеќе.
    Се изнервирав :@
     
  18. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека форумов не е тоа што беше! Иако дури пред некоја недела се зачленив, активно го читав претходно! И некои драги, интелигентни и интересни ликови не се веќе присутни. Не коментираат често, а беа сите на купче како едно семејство, и иако не бев зачленета, се чувствував како дел од тоа семејство :!:

    Сега, све некој лажни профили, дупликати, тресење глупости. Иии недај Боже да си каже некој свое мислење, одма почнува препукување, навреди.. Па луѓе сме, да требаше сите исто да размислуваме светов немаше да биде она што е! Еве може и на овој пост ќе следуваат негативни реакции од типот "Ако не ти се свиѓа не читај, бла бла"... Се извинувам ама така е ! :!:
    Повеќе ми се допаѓаше форумот кога беше потаен.
    Ете тоа сакав да го кажам :wasntme:
     
    На Monna.Monna, Diamond, Divinebutterfly и 3 други им се допаѓа ова.
  19. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    2.861
    Допаѓања:
    40.330
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес решив да излезам со мојот мил брат арно ама ме нанервира му треснав врата и излегов сама .. ке идам да шетам ја будала по ова топлото иако ми препорачаа да не искачам и повеќе одмор.
    Стигнувам до Верото , си шеткам така фино си купувам нешо си стигнувам на каса да платам , се погоди една смотана цели 10 минути една шифра ја бара :devil:
    Мене ствано почна да ми се темни ги треснав работите на каса и едвај седнав на една клупа
    Цела се препотив ....Капки пагаа од мене .... Гревче сама ја :( .....е сеа прашање како сама до дома да стасам
    Лелеее
    едвај се симнав да купам сок и нешо благо .
    Малце подобро ми дојде и набрзинка да трнам накај дома
    Срека здрава жива стасав
    Е веке нема пак да ми текне да идам и да шетам и сама па Ич :worried:
     
  20. L-enna

    L-enna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2010
    Пораки:
    1.107
    Допаѓања:
    1.793
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=ZFf1ZGxd70o
    Мојот фаворит, од сите сезони. Кореографијата, музиката, танчерите .. перфектно. :inlove:
    Ааахх, колку само ме растреперуваат вакви перформанси. Поготово оние кои со кореографии од Миа Мајклс, значи таа е чудо од жена! Нема ниту една нејзина кореографија, изведба или што и да е на шоуво која ме има оставено рамнодушна. Знае да смисли прекрасна кореографија која ќе допре до срцата на гледачите, без сомнение. А и со вакви танчери кои даваат енормен придонес, неможе да биде лоша изведбата, не. :shake:
    И да, СДК дека едвај чекам да почнат да ја емитуваат шестата сезона на телевизија. Се надевам дека ќе биде добра колку и предходните, и секако, на мое изненадување, дури и подобра. :D
     
    На Diamond и Divinebutterfly им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.