Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.988
    Допаѓања:
    4.787
    Сакам да кажам...

    Доволен е и досегашниот успех што го постигнаа, бројче. Да ги победиш Литванија која 2 пати зела злато, значи стварно вредиме.


    http://hangtime.blogs.nba.com/2011/09/1 ... urobasket/

    На страната на НБА не пишува, и најбитно е што не сме под ФИРОМ ;)
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Сакам да кажам...

    Знаете што? Да седнеш и да џапаш Скопско во убаво друштво. Да се смееш и да си викаш, ако де добри сме, и да изгубиме со 3 поени, веќе сме шампиони.

    И на речиси помислениот крај од вечерта да си рипнеш до таван, другарка ти да ја најдеш во очај како ја бутнала главата во црвената перница и тресејќи се да ти вика - Пирамидо, ќе ме стрефи инфаркт, и потоа да се избезумиш од радост, среќа, гордост, и викајќи да изгубиш секаква претстава за време, место, планета, век...ма што и да е. И само се дереш и викаш едно име се додека гласните жици не се предадат.

    Еуфорија. Среќа. Радост. Гордост. Чуството е незаменливо и мислам дека во нитуеден речник нема да можам да го најдам зборот кој би можел да го опише она, што го чуствував пред 5 часа.

    Глас немам но прсти имам, и ви го пренесувам. А знам дека денес истото тоа чуство сите заедно го споделивме. Се наежив стотици пати.

    И ќе речам уште еднаш. Не! Не сум горда што сум Македонка. Јас сум „само“ е*ено почестена што сум се родила како таква.

    Да им се плукнам во рацете на момците кои се потеа на терените во Литванија, онака против уроци, нека им се позлатат, ама ми подарија чуство кое нема номенклатура во речникот на македонскиот јазик. А сепак истото е помакедонско од билошто на планетава.

    И тоа вреди повеќе од се. Благодарам, повторно се наежив и дури и по некоја солза си пуштив на лицево.

    И сонцето е ѕвезда, а таа вечерва и те како блесна! :nod: :sun:
     
    На MarchelineAmaru, mims-89, la-chicka и 16 други им се допаѓа ова.
  3. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.518
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам дека пивото вечерва изреагира на мене. 3 пивца и јас сум баш таман!
    Него го истуширав со топло-ладно. Овој пат јас победив. Like a boss! 8)
     
    На Hipica му/ѝ се допаѓа ова.
  4. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.339
    Допаѓања:
    48.019
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк видовме вчера како се јача држава.
    Никој не може да не сплоти повеќе од нас самите.
    Сабајлево кога ги однесов децата на училиште, сите понесени од вчерашната еуфорија пееја и викаа МАКЕДОНИЈААААА....
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк се соземавте од вчера? Јас сеуште не, уште сум под импресии.
    Ајде сега одиме кон нова победа :muscle: .

    И сакав да и кажам на Grunge дека ја сонував оваа вечер во многу интересна ситуација :lol: .
    Имајте убав ден, мојот започна рано се надевам дека на убаво ќе тргне.
     
    На Grunge му/ѝ се допаѓа ова.
  6. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.008
    Допаѓања:
    123.820
    Сакам да кажам...

    Уживам во секоја голтка кафе,исполнета со радост.Ми текнува на она-Good cofee is like friendship-rich and warm and strong.
    Се радувам за другарка ми и посакувам и таква среќа да ме снајде мене :P Ама што поскоро. :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На MarchelineAmaru, crazylady и enca.69 им се допаѓа ова.
  7. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Докажа Македончето по не знам кој пат дека е како пирејот. И една поинаква македонска фаланга е во освојувачки поход, не со копја и штитови, туку со топка. Топката и нејзината ротација не потсетуваат дека се споени во едно минатото, сегашноста и иднината и дека покрај цела обесправеност сме доаѓале до нови освојувања и победи. Победата е секогаш послатка кога победената страна ти ги девалвирала вистинските вредности, па нека се носи сега со горчината на поразот како што знае и (не)умее.

    Не сум само среќна и горда што се сплоти македонскиот дух во едно туку после долго време чувствувам дека припаѓам на нација чиј дух е неуништлив баш како плевелот во делото на Петре М. Андреевски. Мислам дека посуштински го разбрав значењето на зборовите како корени, потекло, припадност. Нешта кои сум ги земала помалку здраво-за готово за жал.

    Повторно се потврди и фактот дека зад секој успех не мора да стои огромна територија полна со секакви земски богатства. Ова е може незначителен чекор за светската историја, но огромен чекор за Македонецот кој се избори за своето место под сонцето. Повторно верувам во фер-плеј во вселената и во дигнитетот на малиот човек способен за големи дела.

    Македонска кошаркарска репрезентацијо, ти упатувам најискрено и најсрдечно ТИ БЛАГОДАРАМ.
     
    На MarchelineAmaru, esperanca, mims-89 и 8 други им се допаѓа ова.
  8. MaxyMax

    MaxyMax Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 мај 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    99
    Сакам да кажам...

    Ја мислам дека денешниов ден треба да се прогласи за неработен!!!! Пола од колегите мои не се појавиле уште, а другите носат наочари пошто се гроги....ни ја самата незнам кај сум, еуфорија ме држи сеуште....И на ваков празник ја да земам да ти читам извештаи....ма јок!!! -Освен ако не е некој извештај за хероите наши- Денес славам бре!!! :party: :party: :party:
     
  9. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Браво за Македонија, но да беше еуфоријава за Југославија, искрено повеќе ќе ме трогнеше. :wasntme:
    Се тешиме со она што го имаме: кога ја немаме обединетоста на Југославија, ќе ја грееме жестокоста на наследникот.

    Како и да е, во деловите на моето тело, мислењата околу истото се поделени. Очите ми се зелени за домаќинот. Задникот ми е со педерски мозолки за јужниот сосед. Косата ми е жолта за Шпанија. Коленото ми е сино за Финска.
    Еден дел од телово пак, не ја симнува црвената руба. Оној кој го управува светот. ;)
     
    На MarchelineAmaru, esperanca и blond им се допаѓа ова.
  10. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.408
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сонувам, со отворени очи. Убаво ми е многу ми е убаво.

    Вчера нашите кошаркари ми го исполнија срцето.

    Денес побарани неколку фотосесии. Ах ќе печалам во туѓина со тоа што го сакам. Фотографија!

    Мила ме гали од далеку, јас ја гушкам силно. Ја сакам..ох колку многу.

    Малото мое, ме разнежни. Толку е се моќно не ми се верува дека мене ми се случува. Благодарна сум му..за зборовите ..(da si ti zaista ono sto je najlepse u mom zivotu.....). Постојам луѓе и те како постојам.

    Само сестра ми ми фали, и се ќе направам да биде среќна во животов пак.. Ја сакам..

    Имајте убав ден.. љубете!
     
    На MarchelineAmaru, la-chicka, LivingGlam и 6 други им се допаѓа ова.
  11. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк на кратко само да ве ѕирнам и одам накај факултет :)

    Синоќе од возбуда не око не заклопив и затоа од сабајле сум како зомби :bandit: :D
    Синоќе среќата беше неизбежна,најголема а гордоста голема голема...
    Славевме што славевме низ град па кога си дојдов дома си се начекав и на тв.
    Ако случајно налетате на вестите на единствено девојче на мотор со знаме во раците и гордно се смее и радува знајте јас сум :tmi: :rofl: ..


    Ај сега останете ми со здравје и насмевка ...убав е животот ...
    А јас отидов :*
     
    На MarchelineAmaru, teddybear, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Срипав во сон ноќва и се раздрав НЕЕЕЕЕЕЕЕЕ, сонувам? Гледам шалчето на стол, знамето на врата закачено. Си вдишав силно онака со насмевка од 6ка до 6ка и пак си легнав.
    Убаво е чуството да се разбудиш како полуфиналист, со несебична гордост, чуство неописливо со зборови!

    [​IMG]
     
    На MarchelineAmaru, Smilly, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Chupe

    Chupe Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2011
    Пораки:
    656
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    СД ви кажам дека веќе од работава ми е преку глава!!!
    Вчера сите на плоштад или по дома си ја гледаат Македонската репрезентација, а ЈАС на работа, ми тече 13 от саат во денот. Е не можам повеќе, па не сме магариња бре луѓе и ние имаме куќи и ние имаме приватен живот, ама кој те сслуша, ќе си ќутиш и ќе си трпиш
     
  14. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Сдк ме мрзи да идам на факултет да упишам 4та год... ми се спие ми се лае, а и жешко ми е :@
     
  15. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК нов почеток, ново искуство!
    Нека ни иде со лесно и оваа година на сите студенти :)
    ии нормално со повеќе шанси за препишување :!: :P :D
    Отидов да се спремам :* :*
     
  16. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    918
    Допаѓања:
    2.189
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Уште еден дееен. Почнува да се јавува тремата. Ах.. :)
    Нека ни е среќен почетокот на сите студенти, на време и лесно да ја завршиме годинава. :*
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    сдк ич не сум наспиена,ама осмех од 6-6 хихиххи да отидов на работа знаејки дека сум од 8-12 и ете ги бе во 10ч ми велат дека ке треба да одам од 17-19ч пак тогаш ке стигне другата роба офф....ајде барем ке си поспијам сат два ке си направам ручек ако не друго :)

    многу сум горда што денес по словенски весници ударна вест-МАКЕДОНЦИТЕ хиххиих ,уште посмешен ми е коментарот на еден дека ако Македонија ја победила Литванија и они ке ја победиле бе (како не) одам да читнам што друго се пише денес за нас....

    имајте убав ден феминки....јас највероватно за викенд ке сум ви отсутна ама од понеделник со нови сили....
     
    На MarchelineAmaru му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ме разбуди соптсвената смеа.
    Да, навистина ги ококорив очите како вампирче од што си се изнасмеав во сонот. А зошто се смеев? :$
    Сум била некаде во некоја спортска сала, носејќи завиткана карта/мапа на рамо и сум си викала - Јас сум Томче, оу не Трајче дрварчетоо :rofl: Многу сум шегаџика и на сон, изгледа.
    А потоа... а потоа што сонував? Не ми се стануваше, си го продолжив уште 7 пати сонот на будно. Ах :inlove: Вреди да се спие, богами вреди.

    И ете, го започнувам денот со зелен чај, возбуда во колена и неизвесност на грб.
    И си чекам.
    И ќе си дочекам.

    Убаво рекол некој мудар, а мене ми се падна како fortune cookie додека го впивав мирисот на утринското кафе, еднаш оддамна. - Барај и ќе најдеш. Тогаш, се сеќавам најдов.

    Убав почеток на еден нов ден, како претходник на прекрасна завршена црвено-жолта победничка вечер.
    И токму вчера, кога пробував да фатам некоја искра на небото, да си ја ставам в џеб, сфатив дека имам потреба од нешто возбудливо, нешто поразлично, нешто променливо, како на пример огномет во разновидни бои, блесоци и искри. Но за да биде совршено, единствен предуслов е ведро небо.
     
    На MarchelineAmaru, la-chicka и Izaabella им се допаѓа ова.
  19. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ајде и јас да не сум покусо, да си се искажам.

    http://www.youtube.com/watch?v=wQbbP9aw ... r_embedded
    Тука некаде бев и јас. :angel:

    Поубава атмосфера и поубаво чувство од она синоќе, НЕМА!!!

    На крајот, кога се договараа судиите, земав една икона и се молев. Се молевда победиме, да не биде како со глупавите Руси...и ПОБЕДА!!!!!! :party: :party:
    Викав, скокав, им честитав на сите дома... А потоа, слушаш од надвор, коли, мотори знамиња... И ајде, одма правец плоштад. :rock: Се чувствував многу исполнето, и сакав да ја дотрошам капката грло коешто остана. Па викав, ракоплескав, и сабајле одвај зборував. 8)

    Ауу кое чувство да ги гледаш Литванците како рикаат, како пцујат и како СИ ЗАМИНУВААТ. Бесценето. :rock:

    Инаку, еуфоријата што беше во градот, најубава. Се надевам (сигурна сум) вака и за Шпанците ќе се собираме. :rock:

    Прекрасно чувство, прекрасна вечер.
    НАЈДОБРИ, СО ВАС СМЕ!!! :rock:

    http://www.youtube.com/watch?v=UDqB4ikg ... r_embedded
     
    На MarchelineAmaru, Hiii и BeYourself им се допаѓа ова.
  20. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    Што да кажам кога веќе се’ е кажано, м?

    Среќни сме, радосни, возбудени од сношти... Веќе почнуваме да стискаме палци и за утре и то је то.

    Баш ми годи победава...
    Ќе ми годи и онаа утре... :wasntme:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.