Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.074
    Сакам да кажам...

    СДК ... од таква еуфорија и задоволство поради нашите кошаркари верувате или не ама јас сонував резултат од натпревар нов :^) ... не знам точно со кого и како беше ама паметам дека беше тесно извојувана победа на нашите со 88 поени ... додека противникот негде околу 4 поени мислам помалку имаше. :wasntme:

    Делириум или не!? :drunk: :D

    Дај Боже и така да биде! смајлиштосекрстиимолисорачињата
     
    На n.a.t.t.y, Smilly, enca.69 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.817
    Сакам да кажам...

    Пирамид из спичлес тудеј :D

    Денес сум сакам кажам не знам речам. Не знам ШТО би кажала денес. Денес уживам во чуството кое гори во мене сеуште, нешо као олимписки оган :P

    Толку сум збунета што на другарка ми која ми е дојдена на гости и велам.

    Таа искача од купатило и вели.

    Уф, станав човек.
    Нели? Туш е најјака ствар.
    Да бе.
    А си приметила колкава е моќта на вода? Овај која моќ на вода? Овај колкава е моќта на водата бе?

    Другарка ми почнува да се гази од смеење заради мојата збунетост и ми вели.
    Да бе во името на моќта на сивиот череп - хименот ми е моќен! :rofl:

    Вчера такоЃе.
    Во онаа стотинка кога за време на натпреварот водевме јас сосема сталожена седната со пивцето викам.

    Леле јас си подмочнав во гаќи. Море се навлажнив. Се возбудив. Ау!
    Другарка ми: Пирамидче,
    свршувај
    сега зошто не знам дали после ќе имаш шанса.
    Јас: аааа не, јас ќе си почекам. Ќе правам buffering.

    :D И богами се исплатеше еј!

    Бидете помалку збунети од мене ако можете и уживајте во денов! Јас денес безрезервно сите ве САКАМ :)
     
    На Gea, mims-89, Dafnee и 2 други им се допаѓа ова.
  3. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.256
    Пол:
    Женски
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.613
    Сакам да кажам...

    ... ја сонував Лилит.
    Владата имала некаков нов проект, не сфатив точно што беше, нешто многу слично на музејот на вода од Паско Кузман, ама овие колипки биле од бамбусови трски, околу нив алое вера и киви, мошне егзотична средина.
    Беше многу топло и работниците не сакааа да мрднат, сакаа да се излежаваат и се вадеа на победата, ама Лилит ги спотера на работа, на труд!

    Ивона Талевска во живо пренесуваше од кај бамбусовите колипки и пробуваше да се насмее со таа нејзина вилица. :^)
     
    На Lilit, caroline.costa, mims-89 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.194
    Допаѓања:
    124.743
  6. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    СДК дека утре има да бегам од школо за да стигнам на утакмица.
    Гадна втора смена, гадна! :devil: :devil: :devil:
     
    На IndieGirl, Breezy, Smilly и 3 други им се допаѓа ова.
  7. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    ^Јас имам 5 часа, последните 5 минути ќе ги гледам.
    Радости. |(
     
  8. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Сакам да кажам...

    Фино ми е кога ќе се потсетам на минатото, но се задржувам не повеќе од момент и една кратка блага насмевка...Како и да било, ништо не може да го надмине сегашниот момент и возбудата што ми ја носи исчекувањето на иднината...
    Сега и утре вистински ме радува и тоа ми дава енергија и живост...Се надевам дека никогаш нема во потполност да се 'удомам' на едно место, со исти мисли и надежи, со омилените предмети за кои грчевито ќе се држам, и со филозофија-поинаку и не може да биде...
     
    На zhap4e, Trendafilka и crazylady им се допаѓа ова.
  9. SaIvnjaann

    SaIvnjaann Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2011
    Пораки:
    505
    Допаѓања:
    458
    Сакам да кажам...

    Не можам да верувам каква еуфорија со кошаркава се случува денес. Мислам дека и за прв пат Македонија да биде вака заедно и сложно за една работа, убаво што не штедат на бензин и поминуваат со коли и свират како луди, што не си ги штедат гласовите и викаат -пеаат најгласно што можат, што не беа себични и излегоа да ја гледаат кошарката во живо на центарите и плоштадите низ цела Македонија....па дури видов вчера едни девојчиња плачеа од среќа. А пак денеска нештото што најмногу ме зачуди поминував низ ГТЦ и деца се враќаат од школо со ранци на грбот и знамиња во ракатаа пеат ли ли пеат...поминува еден од тие двокатните автобуси, внатре полно деца, го закачиле македонското знаме на прозорот и пеат, викаат , ракоплескаат :clap: !!!
    Се врати сестра ми од школо и ми покажува снимка што снимале со телефон учениците па дури и професорите и директорот како се веселат, пеат , се радуваат за Македонија!!! Ептен сум среќна , ма како ептен најсреќна!!!!!! :clap:
    Mакедонија :party: :party: :party: :party: :party:
     
  10. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И јас сум утре сум втора смена. Иако имам 5 часа, ми завршува во 5:45. ]:) Ама среќа татко ми ќе ме земе за да гледам. :wasntme: Иначе во 7 ќе бев дома. |(
    Сепак се радувам! :rofl: :rofl: :rofl:
    МАКЕДОНИЈА, ШТО НАПРАИВМЕ? :rofl:
     
  11. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.454
    Сакам да кажам...

    :rofl: :rofl: :rofl:
    Луѓе мои, вака мерак на душата одамна не ми се направил. :dance: :party:
    Погледнете како Литванците сигурни во победата нивна, собрани, ја дочекуваат нашата победа :dance: :party: :dance: :party:
    http://www.lrytas.lt/videonews/?sk=36
     
    На Monna.Monna, Gordana10, Buttterfly и 9 други им се допаѓа ова.
  12. martinuska

    martinuska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    3.095
    Допаѓања:
    3.748
    Сакам да кажам...

    Си го земав индексот :rock: и од утре на факултет.
    Додека чекав да ме прозиваат срцето ми чукаше ко лудо, а кога ме прозваа таква окезена од 6ка до 6ка станав да си го земам.
    Оној деканон гледа во сликата, па ме гледа мене и јас му викам: Да, да, таа сум :D . И тогаш се насмеа и ми го подаде индексот.
    Не почастија со бомбони, ни одржаа два-три говори и ајт со здравје.
    Се запознав со едно девојче од друг град, многу фина ми се виде и ја поканив кај мене на кафе. Осеќам дека ќе се зближиме :lol:
    Фина екипа сме и тоа најмногу ми се свиѓа.
    Што убав ден... :inlove:
     
    На Izaabella, Jojoba, enca.69 и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Breezy

    Breezy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    476
    Допаѓања:
    767
    Сакам да кажам...

    Нас ни кажаа дека втора смена треба во 12 да почне. :)
     
  14. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.634
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК дека утрово станав на лева нога, но за среќа добро продолжи. Само што се вратив од факултет, полумртва секако ! Колку ми беше убаво во средно, школото тука па си одев пешки, а сега со автобусиве, посебно новите, ни ѕирка ни проѕирка некое прозорче :@ Се направив лом! Умрев !!... Па и тие не можеле во најтоплото да делат индекси !!... Инаку сдк дека за прв ден добро беше, сите по малце изгубени :D не е битно, битно е да се дружиме нели ?! :wasntme: Очекувам многу од моето образование, со оглед на успехот кој го имам достигнато до сега... Им посакувам среќна и лесна година на сите ! :*
     
  15. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Сакам да кажам...

    Ех јас кога го имав првоит час во основно (всушност веќе не се сеќавам многу), потоа првиот в средно (на тој мааалку се сеќавам), ама првиот академски Е на тој се сеќавам :rofl: всушност имав 2 први акаденски часови (но тоа е посебна приказна,ако запишам уште еден факс може и трет ќе имам :lol: ).
    А сега ја гледам генерацијава моја, секој ден на почетна на фејсбук ми се појавува по некој слика кај Кико и Мети во дворон со букет в раце :rofl: што да кажам освен БРАВО ГЕНЕРАЦИО :clap: излеговме и ние на прав пат :whew:
    Иако кога добро ќе подразмислам баш и не е некој прав пат, секаде кривини, дупки, блокади....но ќе се снајдеме.....млади сме, здрави, прави, силни, храбри и убави :wasntme:

    Животе доаѓаме, твоите патишта чудесни ќе бидат разгазени од нашите смели чекори :)
     
    На Bright, Smilly, Annie.mk1 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК сношти почувствував колку сум горда што сум Македонка. Имаше ненормално славење во нашиот град, со свирки и една копа млади кои пееја и гордо го вееја Македонското знаме. Но секако Македонците не се Македонци ако не се замеши политиката. На сред песни почнаа да викат ВМРО ВМРО ВМРО... и што им требаше таа глупост? Демек благодарение на ВМРО победивме? Глупости. Не славев до крај само поради тоа. |(
     
  17. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Сакам да кажам...

    Вајлд ти во Борис беше така? ;)
    Абе ич не му бери гајле, Небојша утре во 3 ќе ве пушти, ќе имате часови од по 20 минути и само еден голем одмор, така нас секогаш ни правеше баш сега пишав во СДП за ракометот а подоцна ми текна и дека и фудбал со Англија и со уште некои кога игравме секогаш не ослободуваше, исто и за протести за името кога имаше. Значи за помалку битни натпревари не ослободувале, а не за ваков кој е од историско значење.
    Јасно му е дека ќе останат 2 без 3 во школо, а згора на се па и професорите сакаат да гледаат, зато бидете си без гајле, нема потреба да бегате ;) .

    Туку сакам да кажам одамна вака возбудена не сум била, едвај чекам да се разбудам утре и во 4 ипол пред ТВ или во некој кафич да се нацртам, веќе и смислив што ќе носам, ќе бидам патриот на штикли, жолти штикли, црвени фармерки, и горе или дрес или маица со Александар Македонски 8) .
    Мора, значи ем што мора, ем што заслужиле нашиве репрезентативци цела Македонија да им изрази почит :bow:
    Утре сите срца да бијат во еден ритам, и повторно да докажеме дека иако сме мали, колку на моменти знаеме да бидеме големи...

    Кошаркарска еуфорија ја тресе Македонија, але, але, алееееееее :party:

    Колку сме, толку сме-најбитно најдобри сме! :!:


    И СДК Коце Трајановски ми должи оштета што вчера ми го украде статусот од ФБ и демек негова била изјавата, ахам ај држе Коцкица види ја кога го пишав статусот а кога ти даде изјава, ај молим те :!: !
     
    На Izaabella и mims-89 им се допаѓа ова.
  18. PeachGirl

    PeachGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    821
    Допаѓања:
    2.073
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека сум позитивно изненадена од форумџиките....Ваква сплотеност и жестоко навивање од женска страна навистина немам досега забележано...Б Р А В О :rofl:
     
    На Smilly и Elennaa им се допаѓа ова.
  19. Tanny

    Tanny Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2010
    Пораки:
    564
    Допаѓања:
    401
    Сакам да кажам...

    кај нас сеуште е втора смена од 10 до 12 :)

    Инаку сакаам да кажаам...
    а?

    [​IMG]
     
    На Buttterfly и Elennaa им се допаѓа ова.
  20. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    502
    Сакам да кажам...

    СДК отварам веб страни низ интернетов и ништо друго не ме интересира, освен спортските наслови за МАКЕДОНСКИТЕ СОНЦА... Восхит насекаде, зборови од убави поубави...кожата да ти се наежи..
    Еден од нив...
    http://www.mondo.rs/s217739/sport/EP-_M ... inalu.html

    п.с. Честитки и среќен почеток на сите бруцоши, само 10ки да се редат во индексите ;)
     
    На Elennaa, eli25 и Smilly им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.