Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Леле вчера. Леле.
    Прво ме удри носталгија за средно па и жал гледајќи го школото префарбано во розево, ко градинка/лудница.
    Се вртев како хипнотизирана наоколу, ја гледав вратата на мојата училница без да трепнам и ми излегуваа слики од мене, од моите другари, па уште кога слеговме долу кај кабинетите за пракса. Е тогаш :( тогаш се ми се врати, се ми излезе пред очи..
    Како некој феномен, се осеќам ко да сум завршила вчера, а спомен од изминатите семестри на факултет НЕМАМ НИТУ ЕДЕН. Ко да не постоеле. Буквално, ко да ми се избришани од меморијава.

    После се собравме на куп сите да навиваме за Македонија. И можеби изгубија вчера да, но направија нешто што не направил никој до сега. А тоа е цел кафиќ преполн со луѓе што не ги познаваш, а сите сте ко едно во моментот, не познаваш никој, но сите сте тука од истата причина, сите ги сакаш, сите сакаш да ги гушнеш на секое давање кош..

    Тоа сакав да кажам...
     
    На JoxyTheFreak и Dulceee им се допаѓа ова.
  2. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК ги сменив аватарот, потписот, локацијата и професијата во чест на нашите кошарката. Сунѓерот си замина. ;( Кошаркариве да имаат уште поголема сила во недела и гордо да шеткаат со Бронза на гради.

    НАПРЕД НАШИ!!! :) После сите овие победи, успеси и борби, заслужувате барем бронза. Освоете ја, за вас, и за сите нас. Со вас сме и во недела, ќе ве поддржуваме. И да не победеме, во недела сакам пак да славиме, за тоа што стигнавме до тука.
    [​IMG]
    [​IMG]

    и СДК дека ова саботно утро е...прекрасно. :)
     
    На dancing.queen, Breezy, sweetyears и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
  4. Hiii

    Hiii Популарен член

    Се зачлени на:
    5 април 2011
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.563
    Сакам да кажам...

    Сдк срцето ме стегна кога прочитав дека Војдан е со Радица ;( ваква фаца сум моментално :(
     
    На macysh му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сакам да кажам...

    Сега морам да ви раскажам за што се смеам од вчера....
    Нели имаше кошаркарски натпревар, нели имаше иницијатива на Сител ТВ да се истакне македонското знаме......епа комшијата мој (женет) си го викнал другиот комшија (неженет) да гледаат заедно и на терасата го обесиле знамето ни наше убоо македонско. Во меѓувреме жената на овој каде што гледаа натпревар отишла до пазар (да си испазари нешто жената де) и се враќа цела среќна (сигурно доста пари сплескала :lol: ) па уште од улица се дере ЛЕЛЕЕЕЕ КОЈ МИ ГО ТУРИ знамето?! Аииии колку е убавооо, браво! КОЈ МИ ГО ТУРИ? :rofl: :rofl: :rofl:
    Кога го извикуваше ова со нејзиниот пискав глас поминуваше токму под мојот прозор (кој беше ширум отворен) и јас само се погледнав со луѓево што беа до мене во соба и почнавме да се тркаламе од смеа баш вака :rofl:
    Епа епа комшике убава поздрав со песнава....
    http://www.youtube.com/watch?v=0k4b--YREXY
    ...и другпат внимавај на твоите изјави (јазиков ни е двосмислен) или барем немој така јавно да врескаш зашто сега ќе си имаме зафрканција за најмалце 1 недела да си се смееме :lol:
     
    На la-chicka, LivingGlam, marama и 7 други им се допаѓа ова.
  6. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.718
    Допаѓања:
    5.494
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк срцето ме стегна кога прочитав дека Војдан е со Радица ;( ваква фаца сум моментално :([/quote]

    Хаха,и јас така знам од мои извори,дека се во врска,а и ке живеат заедно,така чув :) Пеџа е нескротлив заводник и вечно сам :D Исто и Симоновски е во врска..Горе доле има слободни,не е до толку :D
     
  7. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.642
    Сакам да кажам...

    Чувството кога некого ќе направиш среќен....е неописливо!!
    Денешното рано станување донесе невидена среќа кај една личност!
    Лепотанот мој мене секој ден ми носи среќа и радост, ама денес, таа среќа и возбуда кои и ги подари нејзе се неизмерливи!!
    И мило ми е за тоа!! :)
     
    На thelittle17 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Сакам да кажам...

    СКД дека ме избраа за статист во филмот „Трето Полувреме„ :)

    Се радувам на искуството што ќе го добијам и тоа што нема да одам на школо тој ден :D

    И СКД дека периодот ми е 5ка. Многу убави работи ми се случуваат. Мислам не дека нешто се случува ама се е некако опуштено и прекрасно.

    Само уште тој да е тука и да го давам во гушки :inlove:
     
    На Miss-Independent и MonnaSi им се допаѓа ова.
  10. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Ах ах, септември, што убав месец си, мф мф!
    Кошарка, љубов, успеси, положен испит, родендени, голи грбови, тетоважи, водење љубов, скокање со перници заедно во кревет, сонце во коса дур возам точак и слушам Голдфрап, ноќ посветена на бела Месечина, Дејвид Боуви и сладолед од чоколада со пикантно морско оревче, нови менѓушки како бродови, одмор и мали ситни грешки што ја убиваат мојата менаџерка, а сепак знае да ми каже каде да се насочам, луди соништа во кои чудакот со прстени ми ги покажува моите фотографии со нацртани и додадени насмевки, ладен чај измешан со прсти во Менада и денс на подиум како да нема утре, смеење со Ника околу нашиот божемен ривалитет кога имавме по 18 години, а еве, 6 години подоцна, јас и носам сонца за роденден, пиеме во чест на Љубовта и тангото со животот...

    Нате денес полни 24, срцето ми се полни од дешавки и убавини. Ќе мезиме некаде, а потем јас и водолијана одиме на прослава од работа. Фустанот ми е кралевски, деколтето чека потписи :lol: :rofl: а јас сум среќна онака, од што сум! Срцето чука во ритам на кошаркарските успеси, а поразите се само доказ како стануваме дисциплинирани и самоуверени како тим. Мириса на пржени лепчиња, пее Здравко Чолиќ во дневна, мајски бумбари среде септември си играат со моите завевчиња, а јас... Јас постојам многу видливо деновиве! Кале ме среќава вчера ми вика - ти текнува какви бевме кога бевме тажни? Викам - не! Сега ми е добро и ништо не може да ја замени таа состојба.
    Мачакот мој вчера ме возљуби до лудило.
    Смеам само да молчам и да се смеам до истоштување.

    Никола Тесла и неговата мачорка! И еден куп храна и задоволства меѓу нас. Музика од уво до уво, насмевка од срце до срце. Точакот прави круг од чекори низ педалите, и завршува на заедничката ни перница.
    Се заљубувам можеби, не знам.
    Уште подобро што не знам! Нека тече мелодијата... :*
     
    На anastasija85, la-chicka, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    [/quote]

    И Дамјанчо не е за фрлање :?: :$

    реално гледано Радица е стварно убава.. па си одговараат.. зашто да не!
     
  12. SuperGirl2010

    SuperGirl2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    328
    Допаѓања:
    316
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    [/quote]

    А Војдан со Радица во Украина ќе живеат заедно?! :^)
    бидејќи како што разбрав таму ќе играл
    Туку чим е зафатен тој, немој сега сите на Дамјан да се нафрлите. Прва си го видов! :!:
    ...секако се зезам :D


    > Не само од многу алкохол, туку и од многу спиење боли глава. Одвај се разбудив и се трезнам сега од спиењето со џус од портокал, но тешко ми иде. Наредниве денови ќе ми бидат претерано напорни. Ќе немам време за секаде да стигнам и се да направам. Тешки одлуки се пред мене. Нека биде што треба да биде само нека помине побрзо..
     
  13. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Меланхонијава ме прави креативна, шкрткање по листови мисли, средување фотки, елан за наука..

    Отворив профил на Behance, палнирам таму да спуштам фотографии. И првиот проект објавен. http://www.behance.net/IrenaMila
     
    На L-enna, dancing.queen, Breezy и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    Сакам да кажам...

    Жешкоооооо :worried:
     
  15. Monna.Monna

    Monna.Monna Популарен член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2010
    Пораки:
    3.562
    Допаѓања:
    7.992
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Оваа сестра ми е one crazy kid.
    Надвор си играат три другарки и една падна и почна да плаче и мајкава на оваа другава искочи и вака зашто плаче?
    И сестра ми памет:
    Па она секој ден паѓа намерно и плаче со сила па не можам веќе да ја трпам бе тее.Станувај ма, треба торти да правиме и да ги продаваме ќе ни дојдат муштерии :rofl: .
    Па ме вика по име и искачам на прозор и викам што е она:
    Кој те вика тебе ма?Ај седи си таму на компјутер.
    Лудо дете :D .
     
    На dancing.queen и N.A.T.A.S.A им се допаѓа ова.
  16. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Сакам да кажам...

    ..се паковам. Заминувам утре. Ич не ми се одит. Не кога сега знам дека тој е со мене. Не кога сношти имавме прекрасна вечер покрај езерото и од радост се рефлектиравме во ѕвездите. Не..

    ааааа депресии ме фаќаат, а од друга страна сум пресреќна.

    And I had a feeling that I belonged... :music: :l:
     
    На Noemi, Magnolija и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека вечерва ќе си приуштам мали задоволства.
    Ќе водиме љубов, ќе се брцкаме низ креветот твој, ќе се љубиме и галиме како порано, ќе си кажуваме убави зборови, а моето срце ќе расте како тесто :) Потоа сакам мирна прошетка без никој да ни додева, да уживаме во тишината (и миризбата) на Вардар, да седиме и негде таму да гледаме, а сепак да се разбираме, да се љубиме, да се оптегнеме ко тогаш на таа клупата, да не ни биде гајле кој не гледа и дали воопшто некој не гледа. Безгрижни како некогаш! Да зборуваме за проблемите како да се минлива работа, да заборавиме дека воопшто постојат. Но да не заборавиме дека јас и ти сеуште постоиме. Тоа е доволно за се.
     
  18. Special.Someone

    Special.Someone Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 август 2011
    Пораки:
    943
    Допаѓања:
    637
    Сакам да кажам...

    дека сега ѓи читав мислењата на елена во последната глупост што сте ја направиле и се згазив од смеење :D целата сум ваква :rofl:
     
  19. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Сакам да кажам...

    СДК дека стварно мразам текст напишан на македонски јазик, но со латинично писмо.
    Не дека не знам да читам латиница, туку мразам.
     
  20. Sweety-Tweety

    Sweety-Tweety Популарен член

    Се зачлени на:
    17 декември 2009
    Пораки:
    994
    Допаѓања:
    502
    Сакам да кажам...

    По не знам кој пат "Малиот принц" е во моите раце. Прекрасно четиво за деца, а особено за возрасни.
    И секогаш ја доживувам на различен начин,
    и секогаш наоѓам нешто поинакво во неа,
    и секогаш нови прашања си поставувам
    и нови одговори добивам...
    А да, "Сите возрасни некогаш биле деца, но малку од нив се сеќаваат на тоа" :?:
     
    На Bright, Theodora, LivingGlam и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.