Форумџика на годината

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. enca.69

    enca.69 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    1.709
    Допаѓања:
    3.456
    Сакам да кажам...

    СДК - Се обидувам да се приберам, да се соберам, да ги составам делчињата од мене, оставени вчера по болничките ходници. Траеше долго, беше мачно. Не излезе по најдоброто сценарио, затоа наредните 6 месеци ќе биде борба, борба во која јас ќе треба да покажам сила, која ама немам појма кај да ја најдам.
    Ќе се обидам да ја најдам, во оние сини очички кои синоќа не се двоеа од мене, како и секогаш, но овој пат многу повеќе од секогаш.
    Ми рекоа не му зборувај, нема ништо да те чуе сега. Се запрепастија кога на мојот прв збор изреагира и почна да плаче. Бдеев над него цела ноќ, не ме пушти ни секунда.
    Знам го сакам повеќе од се на светов, во ваквите моменти многу работи стануваат кристално јасни. Му требам како воздух, го сакам повеќе од животот.
    Борбата е тешка, ама нема да жалам ни еден атом собрана сила за очите на кои се им значам.
    п.с. Од срце, ама стварно од срце ви благодарам за поддршката. Човек не може да верува, додека не осети, како топол збор и од човек кој не го знаеш, може да ти го направи моментот, подобар, поднослив, да даде кураж. Ви благодарам и ви посакувам само здравје и љубов, и мноооооогу среќа. Се друго е небитно.
    Ве гушкам прекрасни девојки. :hug:
     
    На rossonerka, JuLleE, Dafnee и 29 други им се допаѓа ова.
  2. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    623
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Морам по дифолт јас да промрчам за времево,ама што да правам разберете ме,посилно од мене е! Метеопат сум и целиот свет ми се срушува кога ќе дојде до вакви промени на времето..ај се трудам да не мислам на тоа,можеби и не ми смета тоа што врне колку тоа што е мрачно,облачно и свежо! :( а пак коа ќе ми текне дека треба од утре на вакво време да се влечам пешки на факултет по тие грдите мостови каде највише дува и е ладно ми се темни пред очи! Ама ај и во тоа ќе се обидам да пронајдам убавина..велам,ќе се обидам не ветувам ништо! :lol: :yawn: :yawn:
     
  3. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.264
    Допаѓања:
    44.103
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=TLHvP1dC5nE&NR=1


    Секси е да се будиш со врискање од дождот и чоколадно млеко на маса :inlove:

    Нека врне, истури, глава веќе ми пукна од се’ и сешто, вака оладено, со чадор и чевличиња, пеш до работа, сонце во срце и веќе ми е подобро. Се зачудив како еден мој познаник пишувал колумна, во која ме опишал, од збор до збор, онака како што ме познава, и го споделил тоа со куп луѓе. Поласкана сум, и баш се радувам ако сето тоа е искрено. Вчера, се препотив од љубов, енергија, еуфорија, среќа. Реткости ни се случуваат, затоа ги прегрнуваме како да нема да се повторат пак. Убавини. Сега, чисто небо, и есента може слободно да влезе во Скопје.
     
  4. Dafnee

    Dafnee Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2010
    Пораки:
    340
    Допаѓања:
    1.929
    Сакам да кажам...

    Чујте и почујте, денов е шит во паковање со светлуцавка лентичка и шушкав целофан! Како на лексилиум сум. Телефонот ѕвони, колешкава ми збори шесто на саат, работава ми се трупа, трудот ми дремуцка до мене кутриот нефиниширан седи и чека подобри денови.
    Не дека сум некој опасен метеопат, дури негде по ќошињата на мојата емотивна состојба си наоѓам парченца суво задоволство од временцево надвор...
    Ама ...ех што е што да биде кога ги мразам сите нијанси на сиво..а оваа денес...
    е Дип Греј. Непто као Дип Парпл без душа и фанатизам. Непто као суво старо парче сирење што смрди на влага. Да бев Французинка ќе го лапнев со сласт. Ама ете не сум соу фак ју аспарагус нации!

    И кафенцето ми згорчи. Сакам цигарче на доШ. Само тоа ќе ми го даде автентичниот вкус на „ ЗАЕ*И“.
    Нема подобар вкус на светот!

    Уф.
    Мразам Вторник.
    Вторник Шлорник. |(

    И мократа штикла го згмечи мокриот пикавец.
     
    На Mishela му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Is it me или беше вчера Антич малце пивнат?
     
  6. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.306
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк само на мене ли ми е така секогаш? :?: :?:

    Ако утрото ми е убаво остатокот од денот е катастрофа,а доколку утрото ми е мизерно тогаш остатокот ми е убав :|
    Ако некој ден убијам некој,тој ден мислам дека дојде....Денес ќе се случи тоа |(



    Пак мрчам а немав таква намера,најискрено :wasntme:

    Ај да го просветлам мислењево со добро песниче :*

    http://www.youtube.com/watch?v=PbL5BR8rb64
     
  7. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    На Extraordinary.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.620
    Сакам да кажам...

    ... изгледа и тоа глувчето што ми живееше во соба избега од мене... т.е. од собата :(
    Колку е грозна. |(
    Време е за есенска генералка.

    Не сум никаков метеопат, ама сум пресреќна што залади. ^_^
    Чувствувам како се трупа нова, подобра и поинаква енергија од онаа која наликуваше на растопен сладолед и растегнат кашкавал на асфалт...
     
    На caroline.costa, teddybear, Miss-Independent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Сме се направиле како Британцине, главна тема на разговор денес е времето. :)
    Не сакам дожд. Освен што се имам изјаснато дека депримира, исто така и депримира.
    И ќе пробам да не се жалам повеќе. Ќе пробам нешто убаво да извлечам од него, колку што се може.

    Туку, ми текна сега каков ми беше првиот впечаток за некои форумџики, и смешно ми е. :lol:
    Да не почнам сега да раскажувам, многу се. Ама изгледа за првиот впечаток, голема улога игра аватарот. :D
     
    На Phyramide му/ѝ се допаѓа ова.
  10. I.v.a.n.k.a

    I.v.a.n.k.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Сакам да кажам...

    Zdravo !!! Jas sum Ivanka i sum nova na forumot ! :)
    [mod-kirilica:2oxk0zdo][/mod-kirilica:2oxk0zdo]
     
  11. thinkerbell

    thinkerbell Популарен член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2010
    Пораки:
    2.609
    Допаѓања:
    14.353
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што е романтично временцево... :inlove:
    Така гушнати под еден чадор, одиме полека, светот стои за нас. Само колите пролетуваат. Ни дождот што не покисна затоа што чадорот беше мал не ни сметаше. А студот до коски што ми беше влезен, се изгуби кога ме зеде во прегратка.
    Го сакам
     
    На Nightwalker и Smilly им се допаѓа ова.
  12. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    Ми се јавува деканот пред 2 часа на телефон:

    „Најти, дали би сакале да одите на толкување на годишното генерално собрание на американската стопанска комора во Македонија? Потребен е толкувач кој од англиски на македонски консекутивно ќе ги преведува документите и извештаите на сите кои ќе говорат за еден наш претставник, па мислам дека Вие би биле идеален со Вашето знаење и успех.“

    *во меѓувреме, јас го слушам, и како што објаснува, си тонам од возбуда, а стомаков почнува да ми врие...

    „Собранието е во четврток во Александар Палас, од 14 до 17 часот. Ќе се нафатите ли за задачава?“

    *звучам скромно, а сепак ми се вреска „ДААА!!!

    „Нема проблем, но имајте на ум дека се’ уште се усовршувам како толкувач, ова и за мене ќе е ново искуство.“
    -„Нема да имате проблеми, го владеете јазикот, сигурни сме во тоа.“

    Ми кажа уште неколку детали, и потоа спушти...

    Пред една недела промоција на преводи на книги, а точно 7 дена потоа оваа шанса за мене, од сите можни толкувачи во земјава.
    И, знаете сега каков сум!?

    АААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААААА!!!!!!!!!!

    :tmi: :tmi: :wasntme:
     
    На Monna.Monna, firequeenn, easyyyyy и 42 други им се допаѓа ова.
  13. Miss-Independent

    Miss-Independent Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2010
    Пораки:
    2.292
    Допаѓања:
    5.649
    Сакам да кажам...

    Вторник,20 Септември.Факултетот уште непочнат.
    Понезаинтересиран факултет за учење ,не сум видела мајке ми...а мене баш ми се иде.

    Надвор врне,а во мене сунце сија па и пржи.
    И што е со муабетиве што ги слушам?Не бегате од школо а?Па кај ни отиде младиaнва :D
    Ја у средно бев у фаза да не идам по недела дена,и после као не сум била зошто ме болел ноктот на малото прсте на левата нога,и се ми беше опростено и оправдано..И така се на 15 души кои сме избегале заедно.
    Take a break and enjoy it girls ;) , дур можете нели..поштооо и да сакам сеа-неможам,не му се работи на факултетов уште ,па човек губи желба и за бегање. :talk:
    Иии да ви направам лиги,се запознав лично и персонално со нашите кошаркари,и морам признати..Самарџиски е најшармантниот и најхаризматичниот :P

    Све у свему,се чувствувам врло ВЕЛЕЛЕПНО! :D
    Тенк ју вери мач,енд гудбај ;)
     
    На Neytiri, Strumfeta93 и mims-89 им се допаѓа ова.
  14. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.100
    Допаѓања:
    6.361
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мириса на есен, дождот се чувствува и гледа.
    Имам интересна бројка на добиени и дадени лајкови(сега ја приметив барајќи си го последното лајкнато мислење) :D од 1 до 3, други бројки нема, кец и три двојки и тројка и три кеца ах шта лепе бројке :rofl:
    Една феминка има во потписот дека Цел живот учиме за на крај да сфатиме колку многу малку знаеме, епа тоа е само потврдување на изреката Се учи додека си жив (и пак ќе остане нешто што не си научил).
    Чадорите се узминуваат, допирајќи се еден со друг, а ја се труда моето чадорче никој да не допре или испрска, е само ради тоа го мразам дождот, ради вирчињата, водените улички и чадорите.
    Чадориве и капкиве дожд се ко небо и ѕвезди, едно без друго не одат, освен ако не ги користите за да се заштитите од сонце.
     
    На crazylady, esperanca и Nightwalker им се допаѓа ова.
  15. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.525
    Сакам да кажам...

    ... досадно е. Од досада морав и коментаров да го напишам.. одам да мијам пајнци. :geek:
     
  16. Vitorija

    Vitorija Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2011
    Пораки:
    912
    Допаѓања:
    599
    Сакам да кажам...

    Ах таа моја глупа навика да се оптеретувам психички за на крај се да е за џабе. И тоа маратонското трчање синоќа не ми помогна да избегам од проблемите (ама барем на неколку минути не мислев баш на ништо), а секогаш е така, и секогаш сакам да се надминам себе си, да постигнам повеќе... Нозе ме болат но го надминав својот рекорд :lol: А, сакав да кажам дека секоја претстава има крај, кога тогаш завесите ќе бидат спуштени но ме нервира што се плаќа голема цена за мал трик, ме нервираат професионалните глумци пред наивната публика но ќе го чекам крајот. И сакам да верувам во среќен крај.
     
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    ........
    [​IMG]
    ........
    [​IMG]
    ........

    Се надевам сфативте што сакам да кажам. :)
     
    На teddybear и Nightwalker им се допаѓа ова.
  18. ladymilion

    ladymilion Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 април 2011
    Пораки:
    90
    Допаѓања:
    27
    Сакам да кажам...

    дечко ми ми раскина поради 50 годишна жена :devil:
    постара и од мајка ми и мајка му
    ;(
     
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    1.709
    Сакам да кажам...

    Сдк дека ова временцево надвор некако ми ги расипа сите планови за денеска.И изгледа ке си останам цела ден дома.Добро да не бидам себична,не беше само времето али тое е.Ми останува денеска да си останам дома,така да денот ке си поминам посветувајќи го на мене.
     
  20. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    Сакам да кажам...

    Мислам дека станувам пијаница :?: дури понеделнички успеав да се направам дрво!!
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.