Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Zoza

    Zoza Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    792
    Допаѓања:
    297
    Сакам да кажам...

    понекогаш се питам колку е тешко да си жена? Чистење перење готвење па работа ееее и на цело тоа кога ке слушнеш е добро де то ти је час посла ма да....феминки овие денови и да сакам неможам да ве дружам многу,на дечко ми братучед е кај нас,кој иако ти е гостин си зима за право како домакин и да има буквално би оставил и гаки на сред пат да му се дигнат,незнам до кога ке му молчам само знам дека веке ми е преку глава...
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Сакам да кажам...

    Онака баш à la française, со кафето во рака и un petit pain au chocolat се протнувам низ денов како излитен конец низ тенка игла, заострувам со очињата и voilà! j'y suis.

    Немам баретка, ниту шлем а не ми ни треба. Како земјоделец ги собирам плодовите од претходните денови, го измивам горчливиот вкус на уште еден чуден сон и си велам - за арно, за убо! Ова не може да е лош знак.
    Знам.

    И сфаќам дека ништо во животот не е изгубено ниту подарено. Еден ден може да сретнеш оџачар а подоцна да најдеш скап часовник на улица, и да не го подигнеш - затоа што туѓа (не)среќа не сакаш.
    И се замислив, можеби добиваме шанси во животот и можеби тоа го нарекуваме судбина, но се додека не посегнеме по нив исто како и да не постоеле.
    Сами си ја твориме сопствената среќа со можеби мала помош на севкупната констелација на планетите, ѕвездите и соѕвездијата.

    Кога ќе ви се наредат коцките - напаѓајте. Дотогаш сркајте си го утринското кафе и уживајте во денот.

    Којзнае, можеби токму денес некој ќе ви затропа на портите и ќе ви рече - сарпрајз!

    Чук, чук, Стојанче ;)
     
    На GeorGinnA, la-chicka, Sparks и 7 други им се допаѓа ова.
  3. nena2010

    nena2010 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    19.605
    Допаѓања:
    126.218
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека му благодарам мнооогу на времево што заврна. Нека ми ги измие лошите денови зад мене, нека ми донесе убавина и среќа во наредните. Не се жалете, радувајте се на дождот. За убаво, за арно да е, за берикет.

    http://www.youtube.com/watch?v=-SFVeBUPo94
     
  4. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    честит празнак Мала богородица и нека е за многу години :)
     
    На Phyramide и Shana им се допаѓа ова.
  5. Marilyn-Monroe

    Marilyn-Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2010
    Пораки:
    1.805
    Допаѓања:
    5.895
    Сакам да кажам...

    Кога нема вода, нема вода и толку. И навистина нема, исто како засекогаш да ја снема. :^)
    Нема во кујна, нема во тоалет, нема во бунар, навистина нема, како земјата да ја зема.
    Нема миено лице, нема кафе, нема туширање, нема вода нема, како да има трема.
    Нема чиста коса, нема несмрдени нозе, нема пријатен здив бе, водава душата ми ја зема. |(
    Нема ни дожд веќе, нема ни вирче, нема капка роса, водиште едно ќе те ловам со клема. :devil:

    Водо, ај жити се, да би те снемало. :fubar:

    Мерлин од Монровци не е дома. Отиде на друг да му смрди. ]:)
     
    На beached му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Понекогаш, е многу подобро да се оди на опцијата.. [​IMG]
    Поготово во период на пмс..
     
    На GeorGinnA и HoneyBun им се допаѓа ова.
  7. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.202
    Допаѓања:
    124.832
    Сакам да кажам...

    ПМС кој веќе предолго трае :@ Плус,разочарување ново.Сеуште ме стега срцето од него.Ха,убаво велат-Секој ден е со ново очекување ,а завршува со ново искуство ;) Аха,да. Ама мене ако ми е.Јас никако да научам.Помагај на сите.И потоа јас сум лошата :bow:
    И отсабајлечки со притисок 110 со 90,браво за мене.Ништо не ми помага.Да не го спомнувам пак времето,зошто доволна тема беше вчера.А појдов и за него да кажам ред ,два-но не.
    Ми доаѓа да ја излечам душава со еден јак хамбургер,пица или бурек со јогурт...сите околу мене со сласт јадат,а мене пмс ме тера исто.Но мозокот вели стоп.Ах до кога бе.Жими се овој ден се што ќе ми дојде на ум,ќе јадам.Цел живот на диета ми пукна филм.Пази ова,пази она. :talk:
    Одам да порачам нешто јако за доручек,ма не брига ме :rock: .......но само денес ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На Miss-Independent и Magnolija им се допаѓа ова.
  8. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК...како е ова можно?Цела недела сум втора смена, а пак сум ненаспана...Ај уште два дена, па ќе дојде викенд 8)
     
  9. HoneyBun

    HoneyBun Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2010
    Пораки:
    503
    Допаѓања:
    973
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Конечно видов што ми брмчи така на фемина. :rofl:
    СДК испиено утринско кафе, музика, чоколада и фемина. :angel:
    Просто ги обожавам овие дожделиви денови...
    Имајте убав ден, каде и да сте.
    http://www.youtube.com/watch?v=Q310iXkAxxg
     
  10. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    СДК на човек полесно му е да треска зелени и да наоѓа бесмислени причини од колку да си го признае незнаењето.
    Едно време ги пцуев тие од владата за законот за специјализација од 20 години интерна медицина, сега викам нека биде после 50, мада и тоа е малку. Да им се искакам на дипломите, срамота! Па уште на плата ќе се жалеле?!Не биле обучени? Па тогаш што бараш ти во болница воопшто? Не е само книгата, џабе факултетот, џабе специјализацијата, да ви ги вратат парите и да ве испратат негде надвор да видите што значи поимот доктор. А не да се замислувате богови и да ги потценувате ГЛУПАВИТЕ смртници, а немате две чисти.
     
    На Shana, Offspring, Miss-Independent и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Loritaa

    Loritaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2011
    Пораки:
    395
    Допаѓања:
    661
    Сакам да кажам...

    офф колку убаво си врне надвор...ако ако нека врне..сакавме дожд - го добивме :D
    за неколку минути треба да излезам и да се киснам по дождот,но ако ;) убаво ми е...само нека врне
    а со мерак би останала дома пред компјутер да се дружам со музиката и какаото :P
     
  12. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    Зошто сум бе толку мрзлива. Аман. Немам никаква мотивација и желба за учење уште од стартот на оваа учебна година. Не може ова вака, мора да го загреам столчето ако сакам резултати. Ама, тешко ми иде :@
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК го сменав аватарот. Е сега плакнете очи :P
    [​IMG]
    СДК 2, Мразам кога некој откако ќе направиш грешка ти вели: "Сакав да ти речам да не го правиш тоа ама ајде си реков......".. |( Па кога сакаше што не рече???!!! :devil:
    Сите се херои после војна! Аха, да. :|
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Нема ништо понеобично од изгубената блискост. Кога со личности со кои си делел добар дел од своето секојдневие доаѓаш до степен да бидете ко две планети чии орбити се движат паралелно привлечени од ист центар Сонцето, меѓутоа иако орбитите не се судираат меѓусебно, не се ни привлекуваат. И очајната ротација продолжува, ама како во случајов со планетиве не доаѓа до револуција.

    И иако и натаму ќе опстојува заблудата дека се знаеме меѓусебно, тоа е одраз на грст заеднички доживувања, букет предвидувања на одразот на карактерот во смисол колку е потребно за палење на фитилот или колкав е прагот на толеранција кон ова или она или овој или оној... во секој случај знаењето и познавањето е нешто повеќе од овој збир тривијални податоци и сувопарни факти.

    Колку всушност секој би да ја разголи својата душа во име на блискоста, ама разочарувањето или рамнодушноста на ваквите одминувања во иднина е сигурносната рачна кочница. И затоа скоро никој никого суштински не познава, само меѓу блиските илузијата е посилно одржувана, а нашиот внатрешен свет до болка пати да биде споделен, меѓутоа често останува во внатрешноста и не успева да најде надворешен одраз.

    За крај имам едно големо - штета што е така :| ...
     
    На Strumfeta93, marama, TeddyGrey и 5 други им се допаѓа ова.
  15. Mimi123

    Mimi123 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    1.015
    Допаѓања:
    1.186
    Сакам да кажам...

    Честит да им е именденот на сите што слават :)
     
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    по депресивно у живот не сум се чуствувала :(
     
  17. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Париз :l:
    Девојки конечно и јас да најдам време и да ве почиткам после патувањето во Париз.
    10 незаборавни денови поминати со прекрасни личности,4 дена поминати во минибус мачно и тешко но кога е убаво дружтвото се се издржва и не се осеќа ненаспаноста и вкочанетоста на телото.
    Врвот на Ајфејловата,мирисот и звукот на метрото,магијата на шан зелизе,огромните музеи Лувр и Орсеј,француските кроасани,италјанските лазањи балкунот на Јулија,старите градби на Верона,Богородичната црква во Париз,ноќното крстарење по Сена и незаменливиот ДИЗНИЛЕНД и сите останати мали и поголеми градови поминати ке останат во сеќавање во нашите мали главички.
    Секако и нашите детски глупости,заедничките капења и пеање една иста песна :D ,навивање за нашите кожаркари во Паризкиот хотел,глупирањето по Паризките улици,нашите огромнии фотосесии со кретенски фаци и секако чекањето да изгрее сонцето над Париз. :)

    Pariz je t'aime :inlove:
     
    На Monna.Monna, Strumfeta93, GarpovaV и 5 други им се допаѓа ова.
  18. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Сакам да кажам...

    СДК .... не гледам јас добра иднина на меѓучовечките односи. Ако и има по некој човек денес?? :?:

    Ахх Диоген ... колку си бил во право! :|

    [​IMG]

    Се надевам дека грешам и дека ќе има некоја надеж, зашто дефинитивно се повеќе релацијата човек со човек е невозможна мисија. Па животните барем се уште го зачувале тој пријателски и хуман инстинкт.
    Кај се изгубија вредностите на животот?? А добрината и прилагодувањето, разумот и прифаќањето??

    Ако некој знае точна локација нека каже. :hai:
     
    На Strumfeta93, marama, Shana и 2 други им се допаѓа ова.
  19. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Дореми фасола, соблечи се гола, ти си живоот моој, аје! 8)

    Се церекам ко неточна. Вчера паднав на топка на работа, се струполив ко тригодишно дете, со колаче башка во раце. Се собраа колеги, дали сум добра, да не ме боли нешто, а ја само си го изедов колачето така легната долу и сите се прснаа од смеење. А не е за смеа, ме боли грбот сеа, не можам да седнам на газот и само ми се кенка!
    Каков малер сум, значи. Имам еден слободен ден само, а и тој ми е со набиена агенда, ко да сум протоколар на држава. Треба да средам некои песни, да пратам куп мејлови, да се спремам за на семинар, да отидам на роденден, да купам чај од Ла Ча, да врзам едно два три шамара на дотични патетичарки... Пуст живот, немаш време за ништо, а правиш се’!

    Надвор вчера се уби од врнење, сите ги болеше глава, им се правеше нешто друго, освен стандардните обврски, кафе со литри се точеше и на крајот, ете, дома, со утепан грб и смеа низ ходници. Ко во средно. Мене ми збоктиса втора смена, а не можам ни да си се љубнам со мачакот. Ми направил фотографија од мене, ко расплакан млечен пат сум. За негов мерак и атер. Ако. Сега си го најдов џемперот ко на Фреди Кругер и со него ќе одам на работа. Ми е гајле. Ќе треба со торба и пижами да излезам во петок, да преспијам кај љубовот и во сабота во 7 на пат.
    Што се жалам, се’ е во ред. Само мирно. И со двете очи отворени. ;)
     
    На anastasija85, Strumfeta93 и la-chicka им се допаѓа ова.
  20. mime87

    mime87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    3.956
    Допаѓања:
    6.951
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    леле времетоооооооооооо :@
    абе глата ќе ми испука од кревет неможам да станам
    депресивно тажно одвратно е :worried:
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.