Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. angel4e121

    angel4e121 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2010
    Пораки:
    687
    Допаѓања:
    291
    Сакам да кажам...

    Одвај чекам да дојде вечер и да излезам,ама финтата е во тоа што моите се насвадба па јас можам да останам до подолго :lol:
     
  2. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    Немало глупави луѓе на светот? Кој ве излажал секоја чест! Има и те како и во ОГРОМНИ количини :@
    се и сешто да се пишувало на фб, па и на починат човек роденден му честитаат, едноставно не ми е јасно што ке постигнат со тоа? Демек се сетиле на неа овој ден, или пак она ќе им стави LIKE na toa! Боже врати ми ја неа :( :( , земи ги токмациве !! Стварно се нервирам :@ :@
     
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Сакам да кажам...

    СДК таман ќе видиш малку светло во тунелот и тоа се гасне. Ќе се отселам на марс, и ќе живеам!
     
    На kika13 и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  4. ljubicicaa

    ljubicicaa Популарен член

    Се зачлени на:
    14 декември 2010
    Пораки:
    1.540
    Допаѓања:
    560
    Сакам да кажам...

    сакам да кажам шо се нема да им текне на овие така наречени газди :^)
    во една фирма во бт се бара кафекуварка ама со познавање на англиски јазик и компјутери.....
    ццц е баш ме интересира со е врската меѓу варењето кафе и имањето на овие знаења???? :?:
     
  5. esperanca

    esperanca Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    3.166
    Сакам да кажам...

    Бај бај Каменица.
    Штип Аем каминг.
     
    На TheCandy880 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК лелееее уште 2 испити ми останаа само 2 и Тинкербел ке биде дипломиран педагог...Зашто мораше сега да ме фати толкава мрза за учење.... :yawn:
     
    На esperanca, Peperutka90 и MacaLove им се допаѓа ова.
  7. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    Сакам да кажам...

    Септември месец ... големата преселба на народите :lol:
     
    На Peperutka90 и LivingGlam им се допаѓа ова.
  8. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Еве сум јас!

    Кој ме знае-ме знае! Кој ме чита-ме чита, кој не ме чита-нека ме прочита! За останатите, добар ден :)

    Немам пишувано неколку дена, и се разочарав што единствено место на кое можам да си кажам апсолутно до точка што ми лежи на душа е единствено Femina.mk, а не некоја личност, добро можеби дечко ми, но баш и се до детал можеби и не можам. Денес се чувствувам измешано. Среќно затоа што се видов, седнав на кафе и прошетав со девојчето со кое во моментов сум најблиска од класот во средно. Ми годи нејзиното друштво и присуство. Потоа ужасно се изнервирав во автобус, каде што ме пречекаа група стари лица, нормално петак им е дан за метак, мора до крај да се искористи бесплатниот превоз. И океј, немам ништо против тоа да мирисам туѓа пот во автобус, ракија, научена сум на сето тоа, но на таква некултура на тие луѓе НЕ МОЖАМ И НЕМА! Имам толеранција према постари луѓе, и жал до одредена мера, но ова денес..
    Зборувам со дечко ми на мобилен, залепена до вратата, фалеше уште да ја пољубам, му се објаснувам нешто, ми привикува на телефон, јас нервозна, човек постар до мене ми се обраќа: „Aбе ајде таму спушти, кажи чао, ќе се караш тука, или сакаш да се покажеш дека имаш телефон ?!"
    Кажете ми како вие би изреагирале на ова? Значи ме извади од колосек! Седи си мадро бре човеку, и онака стварате нервоза, уште си дозволувате да се мешате во туѓи животи! Срамота бре!

    Толку од мене. Морав нервозата да ја изнесам овде. Поздрав, убав ден!
     
  9. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    сд ти к ти гајле немаш а што да кажеме ние што сега упишуваме 3 семестер, а имаме е*ени 8 семестри??

    е тоа ти е :yawn: :yawn: па дури и во сабота на предавања е тоа е онака баш :devil: оваа фацка веќе :D
     
  10. mysterious

    mysterious Популарен член

    Се зачлени на:
    25 јануари 2010
    Пораки:
    1.491
    Допаѓања:
    2.661
    Сакам да кажам...

    In case you didn`t noticed ladies and gentlmens (па мислам дека ништо не утнав од англискиов :D )




    ... I`m back. :) Ух,се прејадов. УХ. Ете,една стока како мене,после две недели никакви знаци на живот на форумов,првата работа што ќе ја кажам е се прејадов. |( :D Али добро е,се мерев,чим сум уште со 5 напред кога се во прашање килограмите,добро е.

    Имам толку многу работи за кажување што ниту знам кај е почетокот,ни крајот,ни што е влада ни локална самоуправа,ни кој си ти,ни зашто сум ја... Се осеќам не две недели,ами две години постара. Али мање битно.


    Почнувам од СДК,не знам кај ќе завршам.

    И сите,ама баш сите ве поздравувам. Ми недостигавте екипо.
    Ваша Мистериозна. :) :hug:
     
    На kika13, Magnolija, MandyLane и 7 други им се допаѓа ова.
  11. La.Reina.Del.Sur

    La.Reina.Del.Sur Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 мај 2011
    Пораки:
    1.508
    Допаѓања:
    3.880
    Сакам да кажам...

    СДК ужасно ја оплескав работата... :worried: :x
     
  12. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.140
    Допаѓања:
    43.699
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк дека Стварно нема смисла ова шо се праи

    Да се дишеле гумите на некој шо е паркиран а не живее овде Извини Молим те Кој си пак ти !!!!
    Јас искрено сум против тоа , ама срамота е ова веќе ... Ми иде еден камен да им фрлам на колите на тие што се осмелуваат на тој Чин.
    Стока народ значи цц цц
     
  13. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    СДК. Тра ла ла тра ла ла :D епа време беше да се радувам и јас.Јухуууууууууууууу :D Пресрекна сум :$
     
  14. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Македонското девојче не е само китка шарена, туку права мравка. И тоа од атомските, кој се сеќава на цртаниот во ред, кој не - пак во ред. Ама трудољубивоста на мравата е општопозната.
    Септември слика на жени кои на точак влечат 50 кг. вреќа пиперки, сами цепат дрва и печат и лупат пиперки за ајвар, пинџур или малиџано или па спремаат вкусни мармалади, салца, руска или медицинска туршија, полнат пластични буриња и тегли со корнишони или нижат пиперки за сушење. Труд од кој потоа со денови имаш болки во цело тело, ама кога ноздрвите ќе ти ги чешне оној опоен мирис на готовото и подголтнуваш ритмично на секоја втора секунда, мислам нема потреба да дообјаснувам :lol: ...Па уште кога внимателно се редат тегличките на своето место во оставите или подрумите со гордост, не дека во текот на зимата ќе дојде до некаква катаклизма, ама да се знае и обележи домаќинска куќа...И си велам кога ќе ја споредам македонската мравја ангажираност околу претстојната зима, со странците во чии огромни фрижидери има картонска кутија со полу мувлосани остатоци од храна по нарачка од кинескиот ресторан од пред неколу дена, кој е сега побогат, а :D ? Домаќинлукот нема ништо очајно во себе, нека не шират лажни шпекулации :D ...
    Нека ни бидат нивите македонски плодни и овоштарниците и лозјата родни, во работата да се сложиме и како народ во здравје и благосостојба да се множиме. Со здравје да се јаде и пие сработеното, домаќини, :) ! Со пријатели!
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, MSkorpionka и 9 други им се допаѓа ова.
  15. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Еден ќе каже А, и одма сите по него |(

    Сакав да кажам дека една од работите кои најмногу ги мразам е гласно распуштен телевизор. Каква нервоза може да ми створи, тоа е нешто неверојатно. Па и ако во моментот ме чеша нешто - уфф тоа е неопислива нервоза :devil: Тешко тој што ќе ми прозбори тогаш :!:

    А една од работите кои најмногу ги сакам? Кога ќе облечам нешто одмана што не го имам облечено, како на пример сега есенските алишта (пљачки :D ) и кога ќе најдам пари по џебовите ^_^ Ммм радост бистра, убост чиста :rofl:
     
    На KrystalTears, Hopeful и Srekicka им се допаѓа ова.
  16. Gea

    Gea Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    1.056
    Допаѓања:
    11.608
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Фатила се царица за гузицу
    Геа ќе прави баницу :lol:

    И то ни мање ни више, него со мељано месо,џоа бурек.Ах, Хајрие нека ми е напомош!
    Само да не излезе баница-глетаница. А ако ја утнам, ќе го пратам лепотанов што ме сопнува по дневна и што го чувам исклучиво за приплод, до бурекџилница, па ваљда ќе замаскирам пред гостите.
    За секој случај се наоружав со Ранитидин и прашав кој е дежурен вечерва на инфективно!

    А ако ме бидне, одма има да си направам емисија „Кај Геа“, а за сателитот “Геине куќне чаролије“ - па мора и „иселенички џубокс“ да гледа како се готви!
     
    На Strumfeta93, la-chicka, GarpovaV и 5 други им се допаѓа ова.
  17. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.753
    Допаѓања:
    3.732
    Сакам да кажам...

    Колку грдо чувство...да слушнеш нешто ужасно, од некој кој не ти бил ни на крај памет, дека баш тој тоа ќе го каже. :(

    Инаку денов ми беше подпросечен. Ама баш ништо интересно или впечатливо.
    Незнам дали да се смеам или да плачам. :tmi:
    Ајде, барем да се надевам на убава вечер.
     
  18. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сакам да кажам...

    СДК дека моментално сум под закрила на нашата ни метропола.

    Штракам со флуоросцентни нокти, шорцеви со висок струк и радио :music: :dance: all day long 8)

    Скопје, знаеш... сепак те сакам :$ :wasntme:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  19. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сакам да кажам...

    Сдк1 т.е да ве поканам на парче торта,која јас лично ја подготвив. :D
    сдк2.Дека ми е ептен досадно,цел ден дремам на форумот и ништо немам направено денеска освен тортата
     

    Прикачени фајлови:

    • sdc13486.jpg
      sdc13486.jpg
      Големина на фајлот:
      85,3 KB
      Прегледи:
      160
    На kika13, TheCandy880, eli25 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.451
    Сакам да кажам...

    СДК денес денов ми е под нула. Се чувствувам како да сум на 100 страни,а никаде ме нема. Мисливе не можам да ги приберам, а се плашам да не кажам нешто не сакам и што не смеам да кажам. Вака никогаш не ми било, депресивна сум скрос. А најтрагично е што нема некоја јака причина за ова што денес ми се случува. Ми треба да бидам сама, ама баш сама на некоја планина, да размислам за се. Вака не бива
     
    На teddybear му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.