Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LadyNN

    LadyNN Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 август 2011
    Пораки:
    57
    Допаѓања:
    17
    Сакам да кажам...

    Не ти се чинииииии, и во Велес јакооо, се тресоа џамовите :worried:
     
  2. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да кажам...

    Абре од памет се извадив, рипнав од кревет и трчанка надвор по пижами, сите арни добри ??? :o :o :o Појак земјотрес во живот не сум осетила. :o :o
     
  3. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    Еве ме, видно расонета седам тука и размислувам. Дали некаде згрешив? Дали треба за нешто да се каам? Секако дека не. Нема причина. Нема ништо да постигнам така. Тоа време помина. Не се враќа. Ова е нов крај, со нов почеток. Не сакам да се замарам со личностите од моето минато. Станав рано сабајле, не можејќи да ги отворам очите. На момент си помислив: „Што ако вака остане?!“ Но веднаш ги тргнав мислите. Тоа што сум настината не значи дека ќе остане така. Се се менува. Се поминува. Слушам музика и се навракам на некои убави моменти. Не на луѓето, не на времето, не на околностите. На моментот! И среќна сум. Среќна затоа што знам дека сега можам да покажам која сум. Без да се срамам, без да се плашам. Таа сум која сум. Не мислам да се менувам. Кој ќе ме сфати арно, кој не уште поарно. И одам... Чекорам... Се движам... Напред, кон она што го сакам, помислувам да се свртам, но зошто? Не сакам да се враќам назад. Минатото е минато, иднината е иднина, а сегашноста е само сега. Летам. Летам затоа што сум слободна, не зависам од никого, никој не ми кажува што треба и како треба да правам. Посакувам да беше поубаво. Само посакувам. И за крај, наскоро татичко и мамичка прават 20-годишнина. Сакав да им подарам нешто што ќе ги потсетува на тие години, но што? Пари се разбира, немам. А дали нештото треба да се купи со пари? Мислам не. Само можеби би можела јас самата да направам нешто да ги потсетува на убавите моменти со мене и мојот брат. Не е важно. Ако веќе не можам нешто да направам, ќе се погрижам да не го направам. Мене ми е убаво.

    Имајте убав и расположен викенд.
    Прегратки... преграткии...
    Катка. :angel:
     
  4. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мене ме разбуди земојтресчево, ама не ми изгледаше многу силен, имало и бетер.
    На пример тој еден пат кога гледав хорор филм и мислев дека Jason ми влегува во соба. :sweat: хихи.

    Освен тоа, кое осеќам ќе биде споменато у секој пост :lol:, вчера излегов.
    Му се јавив, зборевме како што ни доликува, а не ко деца во градинка што се лутат зашто за доручек има чај. Епа има.
    Ми рече дека размислил, и дека сум била во право. Мислам... 8)

    Малку останувам овде, почнувам со учење. Патологија нема да се учи сама.

    И то.
     
  5. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.770
    Допаѓања:
    23.801
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Само да упатам еден апел до скопските продавници и останатите деловни објекти на метрополава: Летото и официјално заврши и крајно време е веќе да се исклучат клима уредите или барем да се заменат со вентилатори. Вчера бев на шопинг и си добив настинка не можев да спијам од носов.
     
  6. anneyy

    anneyy Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2010
    Пораки:
    1.280
    Допаѓања:
    1.422
    Сакам да кажам...

    Се изначудив: Марк Цукерберг, покрај информатиката изучувал и психологија на Харвард универзитетот.
     
    На Kristinna92 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Chocolate.me

    Chocolate.me Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    2.728
    Допаѓања:
    7.645
    Сакам да кажам...

    Не било земјотрес. Вчера читав некој сателит ќе паднел на Земјата. Паднал!

    Сега незнам што е :) Битно јас од кревет паднав :(
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    720
    Сакам да кажам...

    ????????????? Како е можно јас ниеден земјотрес да не го осетам?! Што чудо ќе бев??????? :headbang:
     
  9. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Исто и јас не осетив...Се чудам што зборат сите... :?: :?: :?: Сама по себе сум си земјотрес јас бе.
     
    На Jojoba му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мразам вакви земјотрес моменти! Одма ми се навраќаат некои мисли оние најлошите од 63 год. не знам зашто!? Среќа кратко беше..
    Иначе денес се слави 100 год.од улица Македонија во Скопје,мојата улица каде израснав!Мило ми е што сум сведок на толку многу промени кои ги доживеала мојава улица а денес гордо ги доживувам сите нејзини модерни трансформации..Сите зедно,Скопјани па и оние кои само поминуваат ќе можат заедно со оние старите жители да се присетат на минатите времиња,ќе има музика од поодминатите години,ќе се возат луѓето во пајтони а момите ќе се шетаат во стара облека! Да се расонам малце и одам да се спојам со моево Скопје и мојава улица!спомените почнуваат да навираат веќе од секое ќоше од секој агол на улицата...
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да кажам...

    Епицентарот бил во близина на Башино Село, затоа ние тука сме пораздрмани отколку вие. :D Всушност, не беше дека тресеше 3-4 секунди, туку имаше како гласна експлозија, БУУУУУУМ!!!! :o Прво што помислив е дека нешто, фабрика, зграда, се сруши, експлодира и слично...

    И Дузи, со сиот памет, рипна од кревет и трчанката на улица. :D Таму сите испаднале, деца плачат, ауу. Бре бре, не ми се верува, еј, вака одамна не сум се исплашила. :x После сетив уште два помали, трчкаат пенкалца по масава, од едниот, до другиот крај. :D

    Подобро што не сте го осетиле, јас морав веднаш после да трчам до вц, да не се упишким во гачице од страв. :rofl:
     
    На SilverGirl и MandyLane им се допаѓа ова.
  12. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.841
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека во последно време се чувствувам многу несигурно :sweat: под стрес сум под притисок и мислам дека за ништо немам време... АААААААААА :@ :@ :@ :@ ПРИБЕРИ СЕ ПУПИ АМАН :@ :@
     
  13. Izaabella

    Izaabella Популарен член

    Се зачлени на:
    13 декември 2010
    Пораки:
    1.321
    Допаѓања:
    7.437
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мразам влакна! Не можам повеќе, ќе умрам. Ме боли, куби, тегни, со восок, со депилатор, пусти прај ЏАБЕ! Колку ме боли не можам да издржам, крв ми тече од сите страни, што влакна ќе беа овие моиве!!

    Фобија имам веќе, фобија!! ;(

    А, пусто морам, не ќе одам како мајмун. НЕМАМ ЖИВЦИ ВЕЌЕ, НЕМАМ!! ;( ;( ;(

    И среќен ми пат, убаво да си поминам. Имам лошо претчувство, но ако.. не би било интересно без. А, и таков човек сум, без компликација не можам ниедна работа да ја завршам.
    Алал ми вера.

    Жми курцу, со среќа.
     
  14. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сакам да кажам...

    Сдк дека за земјотресот појма си немам научив овде од вас,толку цврсто сум спиела што не сетив ништо.А морам да признам дека и сонував многу убав сон :) така да мило ми е што не ме разбуди сонот.
    Денот си го започнувам со утринско кафенце... а потоа мора да се фрлам на работа,ќе правиме ајварче..мммммм...Па која сака нека повели на помош :)
     
    На eli25 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Сакам да кажам...


    Да да Дузи кај нас беше појак...леле како се стресов а еве додека пишувам сетив уште еденннн...воа е 4 мислам :worried: :worried:
     
  16. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    Сакам да кажам...

    Да, да, затоа денес сите сме under his spell со неговото фејсбучесто монструозно изумче . . .
    Ни рошка по неврони.
    ;)
     
    На anneyy, Strumfeta93, Go-Girl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.326
    Сакам да кажам...

    Веќе не се радувам ни на викендите, знам дека ке ги поминам над книга |(
     
    На Gioia му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    2.008
    Сакам да кажам...

    Кукурук! :)

    После непроспиенава ноќ, моето бдеење над форумов јас сум накрцана со енергија, во канцеларијава ги уништив со песни од репертоарот на Гоце Арнаудов :D

    Не сум со сите, сега е барем официјално :!:
    Па ни тие не се со мене бре :P

    Планирав саботава да ја трошам ко банкнота од 500 Евра, ама веројатноста да клапнам во кревет пред да зајде сонцето е голема.
    Нема шетање, нема булење низ излози во Џамбо, нема ладно макијато во Бисер...ама затоа има утрешен божји ден недела.

    Ај уживајте. ;)
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сакам да кажам...

    Морам да го прокоментирам феноменот на позирање на денешната младина, освен нели што прават најразлични егзибиции за да направат поинтересна и по штосна слика (за тоа другпат).
    Има една интересна појава (кај девојките е изразена)....ќе пробам да ја објаснам: застануваат со едната нога напред, на страна подискривени (значи не се право кон објективот на камерата застанати) и испрчени градите напред, а косата зафрлена на страна.....сето тоа пропратено со некој чуден (остар) поглед и без насмевка. Особено е впечатливо ваквото позирање кај девојчиња од основно и средно школо, гарант сте забележале и по сајтовиве кои сликаат по дискотеки и клубови.

    Драги девојки немојте да глумите лудило - многу поубави сте природни и спонтани слики наместо вакви каде глумите некое лудило, не сте привлечни и НЕМА ДА СОБЕРЕТЕ многу ЛАЈКОВИ ниту со ногата напред, ниту со ц*цките во вис ниту со искривената кичма ниту со "заносниот" поглед :rofl: ....мене ми е одвратно сето ова, незнам за вас?!
     
    На LilBaby, Monna.Monna и MandyLane им се допаѓа ова.
  20. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк...
     

    Прикачени фајлови:

    • svojatasrekja.jpg
      svojatasrekja.jpg
      Големина на фајлот:
      71,7 KB
      Прегледи:
      287
    На la-chicka, Strumfeta93, LittleDevil и 11 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.