Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Колку повеќе имаш, толку повеќе бараш.
    Факт е ова, докажан.
    Се разгалуваш, и секое дистанцирање те прави нервозна со се' поголема желба за доминирање.

    Правам список. Да, да, за едно убавко и дебелко шопингЧЕ. Ми треба ебаго! Неопходен е!
    Машала, доста зафаќа место од листот. Ќе се депримира мајка ми кога ќе го види.
    Друго, денеска не прочитавте дека сум мамурна? Е па тоа дека не можев да ви напишам затоа, а не дека не бев. :D Дур сега сум се освежила. :tmi:
    Лејдис најт, коктeлиии, текилкиии, мераци.... :d:
    Тоа е тоа, една убава и луда ноќ, ќе ја плаќаш цел ден и вечер. :D

    Разубавена сум, колку за информација. :rofl:
     
    На teddybear, Magnolija, Strumfeta93 и 6 други им се допаѓа ова.
  2. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Сакам да кажам...

    ете така
     

    Прикачени фајлови:

  3. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.210
    Допаѓања:
    124.901
    Сакам да кажам...

    Мирна релаксирачка вечер...Кригла пивце,пилешки крилца и прсти :mm: Убаво да,ама ај сега спиј :worried:Желудников не ме остава на мира.Човек не може нити да се најаде нити напие како што треба од него!
    Btw-не можев да дојдам до израз од бабата и зетот,абе ептен се погодени :wasntme: Од прв поглед кога го виде мама-ми рече- тој е тој! Ко јас да не знаев :^) Мераци,пу-пу да ги заплукам! Потоа прошетка низ ул.Македонија,бре што народ- и старо и младо,100 години се или што.Што убаво ни живнало Скопјето оваа саботна вечер ^_^
     
  4. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Тан тараааааааам! I'm back луѓе! :o

    Нема многу да го тупам, може здосадив денеска. СДК дека се чувствувам исполнета максимално, премногу заљубена, и најсреќна на целиот свет. Да даде Господ сите да почувствувате што значи кога уживате и живеете и нестрпливо чекате да легнете во прегратката на вашиот најсакан, да ги чувстувате неговите бакнежи, милувања, постојано да ви кажува колку неизмерно ве сака, или како што вика мојов дека сум била ангел симната од небото за да го направам среќен. Абре будалче мое единствено, те сакам до болка.
    Уживав кога лежевме така прегрнати, кога го чувствував неговото дишење, од што му беше арно, си заспа златото. Нејсе, прекрасна вечер исполнета со...ЧУДА! :) :l:

    Имајте убава вечер феминки, љубете искрено, и водете љубов страсно.
    Се читаме утре! :hug:
     
    На Dulceee и eli25 им се допаѓа ова.
  5. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Сакам да кажам...

    ;) ;) ;)
     

    Прикачени фајлови:

    На innablood, Monna.Monna, Adi888 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Never take someone for granted. Hold every person close to your heart, because you might wake up one day and realize that you've lost a diamond while you were too busy collecting stones :!:
    Понекогаш, она што ни е потребно стои точно пред нас, но зафатени од други небитни работи, го запоставуваме она што навистина ни значи...
     
  7. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Какво чувство, сите лупат пиперки за ајвар, а ти само посматраш и по неколку секунди се губиш од местото на злосторот за да негледаш како се мачат ]:) и по потреба носиш вода, вариш кафе, се моташ лево-десно, горе-долу по скали, цел ден не сум седната ко човек, нозеве ме болат е тоа сакав да кажам, а пак колку работи неопходни направив да знаете, само не седнав да учам, а ако тоа ми беше првата мисла од ко се разбудив-->Да седнам да учам -мисија неостварена(тоа останува за утре т.е веќе денес)
    Да ви се жалам што се сум сработила денеска па сеа ме болат ногиве(што би рекол еден со мене што учи)
    -Избришав прашина
    -Изметив и аналогно на тоа изџогирав (подобра вежба нема, 2 во 1, споено корисни работи, ем чисто-ем потрошени калории)
    -Им направив сендвичи на "работниците", јадење на сестра ми.
    -Наместив креветите(ама ова не се рачуна секојдневно е)
    -Бришев венецијанките и околу прозорците, плус терасата ја исчистив.
    -Собрав алиштата, го измив филтерот од смукалката и го пружив да се суши.
    -Тањири миев цело време со нараквици :D е вакви [​IMG], фрлив ѓубре и носев пиперки и кеси со некои работи до гаража и назад.
    -Зачистив во веце малку и ја избришав надворешнана врата.
    -И уште неколку ситници и др. пропратни работи...
    Ехее долг список, цел ден на ноги, а ништо врло занимљиво не правев, за тепање на досада добро е, се изнаработев ѓоа некоја стара бабетина и некоја домачица, ама гајле ми е, си го исполнив денот(ем што не помагав во лупењето, направив друга корисна работа- да се оддолжам де, да не се осеќам некорисно)
    И тоа би било тоа, ви го раскажав денешниов ден без посебна причина, онака од ќеф да ви се пофалам колку сум вредна :emo: се шалам, го напишав со првична намена да кажам дека ме болат нозеве ама си се рашири постов исто ко што се ширит јајцено во фаза на пржење.
    :call: ми ако ви треба куќна помошничка, цел испит сум го положила. :)
     
  8. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
  9. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.982
    Сакам да кажам...

    Верувајте или не, само ќе кажам, има Господ и не чува. Ова доаѓа од една многу нерелигиозна личност, но се повеќе почнувам да верувам и да се надевам. :bow:

    Вечерва, вечер како вечер. Се шеткавме со другарка ми, клупички, едно друго. Таман тргнавме за надоле да си одиме, ја сретнав Офи. Муабет, едно друго и другарка ми примети дека еден костимосан чичко, не виде, се заврте и премина улица. Точно зад нас. Бидејќи ја знам дека е параноична, се изнасмеав и и реков дека си умислува.

    Доообро, одиме надоле, чичето си седна на една клупа и не гледаше. Ај, и на тоа не обрнав внимание, си продолживме, двете другарки станаа параноични, па леле не следи, а јас само вака ги гледав. |( Па дури, и и се пожали на една братучетка, како тоа не следел тој. |( И она и се изнасмеа и ни рече да не гледаме толку филмови и си отиде кај друштвото. Ја испративме другаркава, се качи во такси, тргнавме ние двете накај дома. Е, сега, од кај неа до кај мене, има добри 10 минути по празна улица. Таман ќе се разделувавме, слушам некој зад мене вика ДУЗИИИИИИИИИИИИИ!!!!

    :o

    Се вртам, и замислете. Чичево, уствари идел цело време по нас. :o Братучетка и на другарка ми, виделе дека тргнал по нас, тргнале и тие по него. Уствари, двете ние, големи скептици во врска со ова, не ни се веруваше дека стварно е можно. Не пресретнаа, а чичето остана закопан во место. Се сврте, премина и ауф на другата страна. Не ми се веруваш, еј, од памет се извадив. :x

    Не сакам да помислам што ќе беше, затоа што планирав да си одам сама, пешки накај дома. Понекогаш се чудни патиштата на дедо Боже, ама ако не беа чудни, сега немаше да го пишувам ова. Претпоставувам дека е нешто, некој знак, дека има нешто, било што. Барав знак за да почнам да верувам, чекав нешто, било што да се случи - ете го мојот знак.

    Ако бев сама, ако не ја сретнев третата другарка, ако не го приметиле дека не следи, ако тргнев пешки накај дома... Многу ако, за голем скептик да стане голем верник. :x

    п.с. Можда ви звучи малку банално и глупаво, но верувајте, дека уште немам душа. :tmi:
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.863
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Периодов, сите страдаат од недостаток на витамини кој рeзултира со рапави и распукани раце, а јас страдам од недостаток на инспирација!
    Да, бе, замислете.
    Не ви се случило некогаш, да ви текне некој ''статус'' моментално од немајкаде и си викате - еј, ова го стaвам на твитер - и баш кога висиш на твитер, за жива глава не ти текнува што си сакал да кажеш.
    Иронија е ова, и-ро-ни-ја!
    Ми се случи ова прееска, баш кога седнав на твајтерот, ама се убив од мислење, не ми текна.
    Ми осцилираат мисливе натаму-наваму, ко луди овчички распрснати, па сакам нејќам, морам да изигравам овчар и да ги приберам - школска година, шта чу, морам да се фокусирам на учењево, а тешко ми оди во последно време.
    И да, си најдов нова жртвичка, а и принудена бев, дека Лоалович страшно ме нервира во последно време, изгледа стварно му е до играње топло-ладно, ама искрено, не ми е до заледување моментално, и така доволни ми се дневните дози на булеварскиот ветер.
    Не се надевајте на строго зацртаните планови во вашите убави главички, Феминки мои.
    Бидете спонтани, очекувајте се' и сешто, од секого.
    Tогаш кога (не)намерно, или неочекувано ќе се отвори вашата Пандорина кутија, не брзајте да ја затворите - нека излезат сите ужасии од неа, а надежта која се крие во дното оставете ја за крај, и затворете ја, мајке ми! Па, не за џабе велат најубавото за крај !?
    Е тогаш, кога навистина ќе мислите дека пред вас стои mission impossible, отворете ја кутијата, (пред тоа задолжително прочитајте го упаството - shake well before use - за да избие на површината, де) па напаѓајте со (мали) грстови и млазови надеж, која барем ќе измами насмевка на вашето лице, ако не друго.
    Него, муабетот ми беше - ладно ми е, а и страшно ми се спие, добивам нагони (не дај Боже, брчки) за мрштење на очите и челото и со душа чекам да си се кутнам во креветот и да се покријам со чаршафите кои баш трујат на црешки, бидејќи ги отеков од прскање со спрејот за тело. :mm:
     
  11. Whatsername

    Whatsername Популарен член

    Се зачлени на:
    7 октомври 2010
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    344
    Сакам да кажам...

    СДК се вратив. Преубаво си поминав и ич не ми фалеше Скопје. 8)

    Толку сум засипната што не можам да зборувам нормално, така да би требало се да ви е јасно. :D

    Едит: Што е ова бе, секој земјотрес го имам преспиено. :x
     
  12. Cynthia

    Cynthia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    622
    Допаѓања:
    2.368
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека сабајле со мајка ми ја исчистивме цела куќа, ги поставивме теписите.. И сега цела куќичка ми мириса на ново! :$
    Нешто во мојата соба се преуреди, плакарот отиде на друг ѕид, полиците исто. Абе мераци!
    Исто така, сакам да кажам дека добро ми дојде промената на друштвото за оваа вечер. Море кого лажам, одлично ми дојде! Долго време чувствував дека нешто не ми штима во моето сегашно друштво и дури вечерва увидов што било работата..
    Пријателчињата мои постојано се трескаат од земја за нешто, трачарат, ти кенкаат од 9 саат до 2 и кусур, преувеличуваат работи и по цела вечер се жалат и фактички главата тапан ти станува. А од друга страна пак, со луѓенцава со кои бевме искочени вечерва јас и дечко ми се баш нормални ЛУЃЕ. Се водеа дискусии(оу ем џи, што добога беше тоа |( ) за секакви теми- од нај банални до најнормални, се шегувавме на сечија сметка.. Ама буквално на сечија.

    Сепак мала промена нема да му наштети на човек. :D
    Се на се, една од најдобрите вечери. Барем за мене :?:
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Сакам да кажам...

    дека многу мразам кога ќе се изнадотерам и нема да го видам оној што треба |(
     
    На Cynthia, De-lovely, x.Daisy.x и 7 други им се допаѓа ова.
  14. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум лута сама на себе :@ :@ :@ :@
     
  15. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк. деновиве ми се преубави, незнам зашто но не барам некоја голема причина за да ми бидат, секој момент ми е прекрасен и сакам ова да потрае ^_^ ^_^ :angel:
     
  16. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    Сакам да кажам...

    СДК дека

    Тhis world is full of shit!
     
    На Cynthia му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.083
    Сакам да кажам...

    сдк ПАК НАСТИНАТА
    ПАК НОСЕТО МИ ТЕЧЕ
    ПАК КИВАМ КО ЛУДА
    ПАК ЌЕ ПИЈАМ АНТИБИОТИК
    Епа АМАН :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@ :@
     
  18. Extraordinary.girl

    Extraordinary.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 ноември 2010
    Пораки:
    293
    Допаѓања:
    421
    Сакам да кажам...

    Благо еуфорична од свадбава, пафемов сеуште корне, плускавици на ножниве прсти, од играње бре, ми беше убаво! Диплам импресии со воздишка, во благосостојба и рамнотежа со себе. Си ја сакам фамилијата и она ме сака мене. Од измешани генерации да добиеш поддршка и совет е непреценливо и охрабрувачки, уште сега можам да си уетнам од вамо, да видам цивилизација, Европа да видам. Да видам дали луѓето и тамо, ко расипана плоча мрчат како и вамо. Ако нека си клацкаат ноџиња и нека си коментираат, а јас ќе си го играм орото, со топла препорака да ми останат замрзнати во Титовата доба, верни пионери, патриоти, полтрони и све остало, леб за сите тука нема.
     
    На julie77 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Сакам да кажам...

    СДиК на ЕкстраОрдинери дека комшијата уште и краде интернет. Денес го известив дека коваме завера за кражба на неговиот мачор и ми рече, кажи и дека уште и крадам интернет, нека не кажува во минато време :D :D

    СДК, ја најдов прекрасната црвенокоса што долго ја носев на аватар и си спуштив еден куп слики со неа. :) Мислам дека целиот мој Фемина-престој ќе ја носам на аватар. Совршенство. :bow:
     
    На Extraordinary.girl, Strumfeta93, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  20. srcka55

    srcka55 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 март 2011
    Пораки:
    91
    Допаѓања:
    18
    Сакам да кажам...

    сдк ...дека требаше порано да си легнам пошо сеа ми е страв до в соба да одам да си ја земам перницата...башка што собата ми труе на цигари пошо се препушив али тоа е јбг,ќе си спијам сеа во зачадено и ќе се тресам од страв додека одам до в соба :( :( :( :( :(
     
    На ViktorijaMari му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.