Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    Сакам да кажам...

    Мириса на ајвар. :mm: :mm:
    Сосетката сама се подготвува за зимата. До пред 7 год. во паркот кој припаѓа на зградата, ова време излегуваше половина влез. Кој донел сирење, сок, леб, па се јадеше, пиеше, беа сите насмеани и помагаа во подготовка на ајварот. Како што поминува времето, секој оди по својот пат. Половина од нив останаа, а половина заминаа.
    Прееска разговарав со црвчето, мојата внука. Колку слатко го изговара ало, по нејзино "Аwo". Радосна е и ми вели дека ќе дојдела кај мене во населба. Радосна е и дека ќе сум и дадела касичка со кученце. И било жал дека вчера сум останала сама дома, па да не сум се грижела она ми го направила ајварот. Ако тоа мало, слатко, суштество не ти намами насмевка на лицето, незнам кој друг би можел.

    Сакав ДК мириса и на есен. Ги набљудувам околните дрвја. Почнале лисјата да пожолтуваат. Силните ветришта ќе ги однесат далеку од тука. Есен каратеристично годишно време по врнежите. Го обожувам дождот. Да врне по цели денови и цели ноќи, а јас да се шетам без чадор. Ете тоа е тоа што го сакам, што ме исполнува.
    Чекам да заврне, чекам да истури .. .. .. :music: :music: :music:
     
    На la-chicka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  2. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    Совршенство од жена сум-згодна,паметна,убава,па згора на се и ОДЛИЧНА :!: ДОМАЈЌИНКА. Каков ручек сум направила феминки,немате појма. Е тоа е кога си сама дома со помалата сестра. Ќе готвиш и тоа како. ЗА чиста 10ка. :D
    А тоа што денеска потешко ја фаќам книгата е посебна приказна :worried: Што да правам кога на фокс лајв си даваат толку многу интерсни серии,кои ми се каде каде поинтересни од Кулоновиот закон.
     
  3. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Сакам да кажам...

    СДК мразам кога на некој ќе позајмам нешто и не ми го враќаат. Па мора да измислувам да ми го вратат. |(
    Дадов едно ЦД кое многу ми значеше, ме има после натпревар- давам интервју и толку од Цд-то ни Ц нема. :@
     
  4. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Побарај си го! :)
     
    На dancing.queen му/ѝ се допаѓа ова.
  5. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк одморена сум од вчерашниот да не речам напорен ден.
    Спремна сум за нов почеток, нова недела.
    Недела која ќе ми донесе многу изненадувања, но и многу напор.
    Морам да си го стоплам столчето и да ги завршам обврските. Почетокот е битен.

    И недела ко недела морам да ја пофалам. Сепак it's not that bad.
    Ми замириса домот на машки парфем.

    Релаксирајте се.
    http://www.youtube.com/watch?v=9aBAMnIUi8Y
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Gargamel

    Gargamel Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2010
    Пораки:
    413
    Допаѓања:
    129
    Сакам да кажам...

    Ајварот е готов :D Идам да го исчистам големото тенџере од ајварот со леб и сиренце. Тоа е најубавиот дел од цел процес за добивање ајвар :D :D :D Кој е за, нека повели ( ама немојте се да ми изедете :tmi: ) :D
     
    На esperanca му/ѝ се допаѓа ова.
  7. dancing.queen

    dancing.queen Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2010
    Пораки:
    752
    Допаѓања:
    1.087
    Сакам да кажам...

    Си го побарав ќе видам утре дали ќе ми го вратат. А за ЦД-то ќе одам во таа телевизијата да ми направат ново ^_^
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    СДК 1-Изгледа после се сепак и денес ќе си останам дома. Работава кај мене е има има има, и наеднаш нема :( Ама ај, барем чичо ќе го испоштувам, заслужил... а што ќе правам цела вечер после тоа?! Лоша работа е досадава, лоша.
    СДК 2-Дојдов до некој денар за да се подновам, па сфатив дека не знам што попрво да купам. Дали козметика, дали нешто накит, дали облека за излегување или за школо... бескрајни ми се листиве.Ама ајде, ќе се среди.
    СДК 3- се убиииив чистејќи. Само по нешто ново ми излегува, една работа ќе завршам, друга ме чека. И не пуштив правосмукалка, ми е гајле, утре.
    СДК 4- реков "уште еднаш само да се видиме и после не се замарам, што биде нека биде". Е реков, ама еве ме денес пак го мислам, пак го чекам да се уклучи, да се јави...Некој дебил со исто име како неговото ми пиша на чат додека го пишував постов, се потресов. Џабе. Му пишав и порака дури вчера, убав помин, ни да врати ни бутур. Колку ми е нејасен, ништо не искажува, не знам што мисли, што му се случува...се што знам за неговото однесување сум дознала преку постапките, ништо јасно нема направено, кажано. Убаво си викам, не знам до кај ќе стигнам јас со овој човек, ако продолжам осеќам живците ќе си ги искорнам. А толку е проклето неодолив...
     
  9. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да пробам пастрмајлија! :(
     
  10. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    Пак ја започнав учебната година на мој начин. Типично..
    http://www.youtube.com/watch?v=T6ya7ZRlrEo
    Веќе цел месец измина, а јас сеуште пишувам во едно црвено тетратче наречено сештологија.
    Конечно се решив да седнам и да препишам се во тетратки.. и еве почнав.
    Ама се нешто ми го одзима вниманието. Фемина, фејзбук, свежозготвеното ајварче, итн..
    А тоа што немам почнато со учење, друга работа. Нашава генерација си го продолживме распустот.
    Ајде, 'оправдано' ни е :lol:
    Сепак за точно седум дена одиме на големата екскурзија која долго ја чекавме.
    Концентрацијата e на најниско ниво. Да не камшикуваат нема да ни дојде памет сега. Еуфорија!
    Тешко нас кога ќе се вратиме, право на тромесечје. Ете вака се расипуваат оцени.
    Не сме ние криви, не сакавме сега да ни ја тутнат екскурзијата. Ама во мај биле екстерни, нели :geek:

    Едит: како што спомнав, ајварот е готов. Ајде бујрум :lol:
     
  11. Wild-GirL

    Wild-GirL Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    1.266
    Допаѓања:
    1.259
    Сакам да кажам...

    Who do you think you are?!
    Running 'round leaving scars...
    :l: :u:
     
    На De-lovely и Grunge им се допаѓа ова.
  12. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.524
    Сакам да кажам...

    Животни проблеми. Секој ги има. Потешки, полесни... сепак тежат. Постојат за да направиме разлика - најверојатно. Или за себепреиспитување.
    Од неодамна сме заедно, а неговата болка и јас ја осеќам. Ме опфаќа и мене неговиот меланхоличен, тивок глас... само здравје Господе, тоа е најважно. Се‘ друго произлегува од незадоволство, споредба, преувеличени соништа...

    И сега јадам бисквити со млеко и се чувствувам како детенце, но само моментално...
     
    На la-chicka, Magnolija и Shana им се допаѓа ова.
  13. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    Сакам да кажам...

    Има еден кинески вебсајт од кој имам нарачувано некои работи за ајфонот, може го нема истово но има некои други, исто така интересни.

     
  14. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Има муабети дека вечер Старфиш ја прави најдобрата журка 8)
    Оу јес! И поканети се само жени! Жени , женулиња и женишта. Мои и најсакани.
    Поканети сте и вие, ако ја знаете адресата. Дрес кодот е розев момент во аутфитот.
    Идам да доспремам што останува.
    Останете ми поздравени и паметно користете ја оваа неделна вечер. Којзнае што може да се случи! ;)

    [​IMG]
     
    На Miss-Independent, Neytiri, Monna.Monna и 9 други им се допаѓа ова.
  15. Nightwalker

    Nightwalker Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.124
    Допаѓања:
    4.447
    Пол:
    Машки
    Сакам да кажам...

    СДК уживам во Штип како град и секогаш ме исполнува позитивната атмосфера и раздвиженост. Дефинитивно почесто ќе го посетувам ова мало чудо од град. :)))
     
    На GarpovaV му/ѝ се допаѓа ова.
  16. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Бев во село денеска, и воздухот ми мирисаше на минато.
    Седев под дебела сенка од оревот и зјапав во еден исушен лист, а лево од мене татко ми во гаража работеше околу виното.
    Се чувствував како у приказна.
    Ми замириса на влажна земја, изгниени лисја и вино. И почувствувам дека е есен, само .. 15 години порано.
    Пораснав таму, колку често одев и како летна времево. Мирисот ме потсети на се.
    Кожава ми беше наежена од свежото ветерче и од тоа што ми надојдоа слики и спомени пред очи..

    Цел ден ми помина во знакот на минатото, кога не знаев што значи зборот обврска.
    Можда и затоа патологијата едвај ја отворив.
     
    На la-chicka, BeYourself, Shana и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Сакам да кажам...

    СДК ќе гнетам пита ]:) Ааааааааааааа ја премислив 3 дена пекам како мало дете за играчка дека ми се јаде пита :wasntme:
    И сдк песниве од Пилоти ужасно ме потсеќаат на некое време кога сум била мала, ме враќаат во некое време, кога сум имала 3-4 години... И кога имав семејство...

    http://www.youtube.com/watch?v=7E5Ln4YN-r0

    :worried:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    [​IMG]
    Но, соновите кога-тогаш се остваруваат...
     
  19. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    Немам јадено цел ден.Од денес штрајк со глад па да видиме дали пак ке ме оставите :fubar:
     
  20. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Не ја сваќам финтата, со ставање ротирана слика на фб. :^)
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.