Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Морам да се исповедам..

    Сфатив дека сум многу себична. Себе највеќе се сакам и почитувам.
    Сфатив дека секогаш морам да бидам во право и да си ја докажам поентата.
    Често губам луѓе заради тоа.
    Сфатив дека не секогаш ми е мило за туѓата среќа. Кога сум јас несреќна, ширам огромна негативност.
    Сфатив дека често реметам и манипулирам со луѓето. Ми се може, па што.
    Сфатив дека не сакам нови работи. Се држам до луѓе и работи што ги знам.
    Сфатив дека кога некој ми збори канти ми тропаат. Како јас мислам, така ќе биде.
    Сфатив дека најлесен начин да го решам проблемот е уште повеќе да го за*бам.
    Сфатив дека имам преголемо его и кога некој ќе ми пројаде тоаштонетреба, единствено ќе му се иснасмеам во фаца.
    Ама и покрај се.. сфатив дека имам чувства
    И не ми е жал за некои работи, бидејќи секогаш викаат дека треба да верувам во себе. И има луѓе кои што навистина ги сакам и почитувам и сакам тоа да го знаат.

    И сфатив дека светот не функционира така.

    А најтрагично е тоа што, не сакам да се сменам, затоа што не сакам да го изгубам тоа што ме прави посебна.
    И јас не би била јас, ако не го убацам Хаус у сето ова
     

    Прикачени фајлови:

    На De-lovely, eli25, MandyLane и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Sometimes, you just got to ... Let it burn .... cos' either way it hurts.
    Е тоа сакав да кажам ...
     
    На la-chicka, Springy и Strumfeta93 им се допаѓа ова.
  3. 1209

    1209 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    7.028
    Допаѓања:
    45.931
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Секогаш кога сфаќам дека не треба да плачам ја пуштам Супергрл и мислам тоа ќе ми помогне.Не ми помага, не ми помага ни реченицата што секој ден ја гледам во мојот потпис.
    Не сакам да сум тажна, стварно...ама не можам.Не знам што е со мене кога дозволувам така садистички да се однесуваат, а јас како да уживам во улогата на мазохист.А не е така.Некогаш посакувам да сум посилна, погруба, посакувам да сум и идиот и себична, како што некогаш е тој, ама не сум таква, да бев немаше да изгубам толку живци и немаше да исплачам толку солзи.Некогаш посакувам да сум инат како него, да можам да спијам кога имам проблем и да не се замарам за ништо.Едноставно, толку изгледа едноставно, а не е.
    Ме боли неговата несериозност, неговата желба да ме види што веќе не постои, колку сака нека збори дека не е така, јас знам дека е.Не знам само како не го болат моите солзи, искрено не знам како може да биде толку ладен со мене , некогаш и покрај тоа што знам дека ме сака.Го знам тоа.
    Еден ден колку и да не го сакам тоа, ќе ми се прелие чашата.Ќе речам доста...а не сакам тоа да се случи.Не сакам да почнам да го мразам.Може полесно е така да се правам дека и мене не ми е гајле...Што ако...Што ако бев таква каква што не сум, ќе бевме ли уште заедно или ќе се загубевме некаде попат, нетрудејќи се?
    Го љубам со сета душа,срце и со телото, неговото отсуство ми предизвикува и физичка болка, покрај душевна, неговото однесување ми паѓа тешко...не знам дали не го гледа тоа или му е сеедно, нели му е доволно...и знам дека ќе го прочита ова, може ќе прокоментира, а може ќе се прави дека не го видел...сеедно јас сакав ова да го кажам, да споделам, мислам така полесно ќе ми е.
     
  4. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сакам да кажам...

    Го сакам Скопје, ама го сакам и Лондон :wasntme:
    Ми се уврте во главава веќе некое време....сакам да го посетам, да го доживеам :$
    Можеби ќе биде, имав една шанса летово, ама не успеав да издејствувам :lol:
    Ах можно е на пример за нова година да му отидам, да ја дочекам новата година кога Биг Бен ќе отчука 00.00 8)

    Ајде шлап-шлап.....2 шамари и да се разбудам од сонов :rofl:
    Моментално ми се јаде еклери, сака некој со мене до слаткара м? :smirk:
    Да го заблажиме животов, ќе јадам чоколадна торта од палма за 2-3 дена.....онаа аеродромската :wasntme:

    Оф леле страшен ПМС ме дрма, се приметува нели :lol:
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Сакам да кажам...

    Не дека јас не знам да вреѓам, или да ти најдам маана. Тоа што го кажувате мене не ме боли. Таков ми е карактерот. Никој не е совршен, па колку и да сака да го постигне тоа, и да глуми.

    Само не ми е јасна поентата на вреѓањето(?!) Мене комплекси неможете да ми набиете, во тоа треба да бидете сигурни. А уште повеќе треба да бидете сигурни во тоа дека не ми е гајле. Да зборам можам и јас, ама не сум малоумна, како некои зашто знам дека и јас не сум совршена.


    Ајде сега, продолжи, и така мозокот ти е развиен само за тоа. :)

    само едно нешто,

    I don't give a fuck.
     
    На la-chicka му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Сакам да кажам...

    No place for beginners or sensitive hearts! :^)
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.195
    Сакам да кажам...

    Hello :hai:

    Ви пишувам одморена, нашетана и насмеана. Денес беше прекрасен ден, ден кога Неделата не е досадна, туку е исполнета со прошетка на место кое што ми ги одмори очите како ништо досега. Се изнадишив чист воздух, се изнатрчав како да имам 5 години, јадев шеќерна волна ( 8) ) и се лулав на лулашки.

    Викендов се одморив како никогаш досега, заслужив заради тоа што цело лето се трудев, учев, за да можам сега конечно да го пуштам мозокот на пасење.

    Friday - Awesome.
    Saturday - Even better.
    Sunday - Relax.

    Од утре стартува новата седмица со полна сила.
    Само се двоумам како ќе одам, мускулите ги воспалив небаре сум вежбала 24 часа без прекин.

    Пријатна вечер феминки и УЖИВАЈТЕ. Секогаш кога имате време. Вреди.
     
    На BoaVista, LivingGlam, sesilija и 6 други им се допаѓа ова.
  8. firequeenn

    firequeenn Популарен член

    Се зачлени на:
    15 декември 2010
    Пораки:
    2.294
    Допаѓања:
    6.825
    Сакам да кажам...

    немав храброст сликава од аватар да ја ставам на друго место , а неможам да издржам никој да не ја види :D
     
    На sweetyears, Strumfeta93, Sparks и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Neytiri

    Neytiri Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2010
    Пораки:
    1.289
    Допаѓања:
    2.457
    Сакам да кажам...

    СДК срцето ми замина некаде по ѓаволите :@ УПМ нека фати и тоа. Зошто не можи само да си ја игра улогата која му е доделена ? Онаа негова улога која би требало да ме одржува во живот и толку |(
    Ми пиша и ме здрма толку многу јако што не можам да се смирам :^) Како можи по толку долго време јас да сум сеуште слаба на тоа суштество ? КАКО ??
    И зошто не можам да го контролирам ова срциштето ? |(
    Аман :x |(
     
  10. De-lovely

    De-lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    9 септември 2010
    Пораки:
    724
    Допаѓања:
    932
    Сакам да кажам...

    СДК се сеќавам на една тема што ја имаше, демек, тактики за освојување машко, така нешто. И знам Лилит имаше пишано дека пиштол има.

    Ете тоа драги мои ми ја начна инспирацијата за мојата навидум, безизлезна ситуација. Земам пиштолот, му одам пред врата сакаш-неќеш сега одма, а не по тавани ќе ме шеташ, ѓубре едно светско. И Де ловли со одговор утре. Појака тактика амин.... 8)

    СД му К на тие што се жалаат дека времето не чинело, времето си чини ние не чиниме, нас ништо не ни се погаѓа.

    СДК 3 ме застрвивте со тоа ајварот... :(
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.699
    Сакам да кажам...

    ... не ми се верува дека моиве се напнаа за постерот од Џон Ленон. Да сум го залепела на внатрешната, па на внатрешната страна од вратата. Да, врз другите постери, ќе го залепам.
    Не било студентски дом. Васка Илиева смееле ли да ја залепат ?
    Џабе е, се` е џабе. Идиотизам. Тито на вратата од WC ќе им го залепам. Не знам што имаат толку против Ленон, искрено.
    Уште подобро, Лепа Брена нека ја залепат на надворешната врата од тоалет, а јас ќе ги терам да ја залепат од внатре - да ја личи. :puke:
     
    На zhap4e, Magnolija, Cynthia и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.211
    Допаѓања:
    124.908
    Сакам да кажам...

    Плазма бе-не те пушта да пораснеш, :nod: Сакав само да кажам дека без плазма никаде не одам.Малку ми е незгодно кога на работа за доручек правам плазма со млеко :$ .Верувале или не признавам дека и на 26 години си јадам попара за доручек.И мислам дека никогаш нема да престанам :)
    Ете прееска си набавив дупла доза,и седнувам да куцам извештаи...ќе ми прават друштво вечерва,а толку ми се спие :yawn: Станувам хронично ненаспана,ОМГ!


    [​IMG] :l:
     
    На Strumfeta93 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. sleepingbeauty

    sleepingbeauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 април 2011
    Пораки:
    311
    Допаѓања:
    640
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ама јас многууу најмноогу го сакам Ацко :$ :inlove: :inlove:
     
  14. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Сакам да кажам...

    Парадоксот на нашето време низ историјата е да имаме поголеми згради,а пократки живци, широки патишта, а краток поглед.Трошиме повеќе,а имаме помалку,купуваме повеќе,но уживаме помалку.Имаме поголеми куќи,а помали семејства,повеќе погодности,но помалку време.

    Имаме повеќе дипломи,но помалку разум.Повеќе знаење,а помалку расудување,повеќе стручни лица,а повеќе проблеми,напредна медицина,но помалку здравје.Трошиме премногу пари,но се помалку се смееме.

    Го зголемивме нашето богатство,но ни се намалија човечките вредности.Зборуваме премногу,сакаме премалку и мразиме пречесто.Научивме како да преживуваме,но не и како да живееме.Додадовме години во животот.но не и живот во годините.Стигнавме се до месечината и назад,но имаме потешкотија да поминеме преку улица и да го запознаеме новиот сосед.

    Направивме многу големи работи, но не и подобри.Го исчистивме воздухот,но ја загадивме душата.Пишуваме повеќе,но учиме помалку.Планираме повеќе,а постигнуваме помалку.Научивме да брзаме,но не и да чекаме.Правиме повеќе компјутери кои содржат повеќе информации, а ние комуницираме се помалку.

    Ова се времиња на брза исхрана и споро варење,големи луѓе,а ситни карактери,брзо заработување,но плиток однос.Ова се денови на луксузни куќи,но уништени домови.

    Запаметете,поминувајте повеќе време со луѓето кои ги сакате,затоа што тие нема да бидат засекогаш тука.Кажете некој убав збор на онаа особа која ве гледа со стравопочит,затоа што таа мала особа наскоро ќе порасне и ќе замине.

    Сетете се да дадете топла прегратка на оние околу вас,затоа што тоа е единствено богатсво кое можете да го дадете со своето срце,а не чини ни денар.Бакнежот и прегратката ќе ја намалат болката која доаѓа длабоко од вас.Сетете се да кажете:ТЕ САКАМ,на вашиот партнер и луѓето кои ви значат,но доколку тоа искрено го мислите.
     
    На snake, BoaVista, julie77 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Pelikuna

    Pelikuna Популарен член

    Се зачлени на:
    15 април 2011
    Пораки:
    1.961
    Допаѓања:
    2.022
    Сакам да кажам...

    СДК дека никој нема да успее да ме расположи моментално.Забот ми е партали.
     
  16. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сакам да кажам...

    Сдк дека се прснав од смеење во темата Демотивации.
    Исто така сдк дека денеска баталив и диета и се.Кога има топло ајварче ај биди на диета,да те видам :D Не стварно денеска ајварчето го чекав како празник,лиги ми течеа додека се правеше..А после...е после само тие што пробале знаат какво е чуството....кога ке касниш топло ајварче,тазе мммммммм.....
    Ајде доста отекував викендов со ајварот,и самата си станав досадна... :D
     
  17. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    ’’Слободна сум и нема ништо за сладење во тоа ’’ - вака,мои дами, заврши една од епизодите на незаменливиот филм Сексот и градот.

    И се восхитувам на Кери,односно Сара. Мојот идол дефинитивно. Секој збор детално го анализира. Секогаш има време за се. А за љубовта со Ѕверката... :x Ете таа е она што сакам да сум јас за 10 години. Секоја епизода ме остава без здив. Секогаш успева да ме расплаче. Толку е исклучитенла,посебна. Жена што би ја посакал секој маж,во вистинска смисла. Знае кога треба да каже,кога треба да замолчи. Чуствителна е,а изгледа толку цврсто.

    Многу ли бараме од животот ако сакаме да сме сакани безусловно!??!
    Има ли некој што воопшто знае да сака така?! Или сите повеќе се сакаме себе си отколку другите?!
    Зошто се изгубива вистинските вредности на животот?! Сите трчаат по славата и парите,ги газат луѓето околу себе,ги газат,ги пречекоруваат и продолжуваат...се загубија вистинските морални вредности...ВЕЌЕ НИКОЈ НЕ ВЕРУВА ВО ЉУБОВТА?!

    Многу ли е,ако посакаме мир за нас и најблиските ?! Ако посакаме да живееме еден пристоен живот во кој нема да ни се мешаат комшиите?
    Колку сме само малограѓански народ се чудам!? :x :x
    За сите не интересира само за себе не?! Се чудам како заспиваат ако знаат дека уништиле нечија врска,нечие приијателство зборувајќи со нивните злобни усти?!
    Имаат ли совест воопшто!?

    Сакам да летнам и да заминам некаде каде што никој не ме познава,каде што никој не го интересира со кого сум се шетала денес низ град,со кого сум седнала да пијам кафе,со кого сум си одела од училиште...

    ...Искрено еден дел од мене е горд на себе си што направил толку многу луѓе да зборуваат за мене,а другиот пак ми вика: ’’НЕ теши се самата себе си,кога добро знаеш дека не зборуваат за џабе,туку поради твоите грешки од минатото’’
    И пак онај другиот дел возвраќа: ’’ Да грешев,но никој не е безгрешен па ни јас. И Магдалена згреши,но Исус не дозволи да ја каменуваат! Се покајав за секоја една грешка и истите скапо ги платив ’’
    И така секој ден секој час моите 2 јас водат меѓу себни конфликти....а јас единствено сакам да најдам некој кој ќе го сакам,ќе го сакам најмногу на целиот овој свет....Некој кој ќе е секогаш тука,на кого ќе можам да се потпрам во секој миг....
     
    На enca.69 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.654
    Сакам да кажам...

    Епа, епаа јас јадев ајварррр :P :rock: :wasntme:

    Отидов кај мамичка на кафе, кога таа ми дава топол тазе ајвар, му се израдував ко кола да ми купила...
    Се умачкав по целото ми инфицирано и исфрлано лице, рацете скоро до лакти ајваросани, ама... уживав...

    Чудно е колку една тегла печено/пржени пиперки, неколку парченца сирење и леб можат да усреќат некој.

    Со преполн жечудник, претпоставувам и со многу калории одам да спијам, гајле ми е за салото на стомакот и целулитот на газот, јас уживам во храната :!: :wasntme: ;) .
     
  19. lylaby

    lylaby Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    631
    Допаѓања:
    334
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Многу сум нервозна овие денови а ни сама незнам зошто,моќта на потсвеста да...од минута на минута час на час ми се менува расположение како на камелеон, седам цеел божји ден бескорисна и висам на нет,зар почна летаргијата се прашувам?!само да не ми стане сеедно си велам кога е сеедно тогас е страшно,да се има страст и желба макар за оној пар панталони во бутикон што го видов неодамна....ми е тешко и тажно на душичката за некој близок...и упорно се прашувам дали да се доближам ,дали е моментот да пружам рака,дали можеби ќе бидам окарактеризирана како недоволно присутна и невнимателна...тој настан што се случи на мој близок ме натера да се плашам..Се плашам за сите околу нас и за мене...секогаш слушаме за другите и како роботи ги кажуваме нештата што тогаш вообичаено се кажуваат но кога е тоа близу....се плашиме,повеќето,ете јас сум една од тие што се плашат...тече ли тече се напред ,не застанува не не чека..обични смртници...Па ме тера да се запрашам за што се сите тие комплекси непријателства глупости ѓубриња од зборови постапки кога на крај сите одиме на исто место,а нема да не боли да бидеме едни покрај други...ама различни сме сите па..Утре нов ден нови моменти нови доживувања...решив да живеам како да ми е псоледен секој ден...барем сакам..колку ќе остварам незнам..лека ноќ
     
  20. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    Ухх... Незнам како постоел живот пред кафетин менструал..
     
    На De-lovely и Offspring им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.