Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.023
    Сакам да кажам...

    Сигурно и страв ти е утре дека ке идеш на забоМАЧИТЕЛ


    Еве еден ритуал што би ти помогнал во битката за (заб би било глупо да се каже па ке измислиме друго име) .... битката за ридот Добра надеж

    20 мин пред да тргнеш на забар

    ке идеш у соба , ке се заклучиш ... никој да не те вознемирува наредни 5 мин
    ке седнеш на средина на собата или ке стоиш
    ке ја пуштиш најомилената песна (ако е од комп онда стани па врати се) замижи и слушај ја песната
    полека осекај како снагата да го победиш стравот те обзема
    морници те лазат , почнуваш да се чуствуваш непобедлива ....
    непостои човек кој може да те сопре .... стануваш кралица на светот дури ни бубачката која се наога позади тебе неможе да те сопре

    полека стравот исчезнува , ги зимаш кључевите од колата и возиш кон забомачителот , седнуваш на столицата
    и замижуваш .... ја слушаш песната во тебе и успеваш да го победиш стравот
     
    На Pelikuna, sweetyears, crazylady и 2 други им се допаѓа ова.
  2. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.274
    Допаѓања:
    67.880
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ги обожавам доцниве ноќни часови. Кога се е мирно, нема никакви замарања, си уживаш сам со себе... Уф баш ми недостигаа. И сега нервозата што ме јадеше ја нема :)
     
    На Gordana10, Strumfeta93, teddybear и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Ann.94

    Ann.94 Популарен член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    727
    Допаѓања:
    1.818
    Сакам да кажам...

    Баш би сакала да видам како би изгледал форумов кога сите одеднаш би биле во ПМС :wasntme:
    Ај доста размислувања, мислам редно време е да си легнам.
    Ми се исуши рачето од препишување.
     
  4. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    126
    Сакам да кажам...

    СКД интересно станува кога сите ќе ги симнат маските и ќе ги покажат вистинските лица
     
  5. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    Сакам да кажам...

    Незнам која виша сила ме извади од милиот ми кревет во 7:12h. :|
    http://www.youtube.com/watch?v=4R5z57o6Row

    oтидов да јадам ајвар ! ]:)
     
    На Offspring и unique123 им се допаѓа ова.
  6. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.345
    Сакам да кажам...

    СДК дека сум само разочана и замислена, и се чувствам како кучето наше од минатото, што беше превесело, и претемпераметно, и потоа беше неколку дена на тренирање да научи да не каса, и кај да кака, и кога се врати повеќе не беше весело, како душата да му ја зеде тоа тренерот :worried: и само слушаше и се плашеше.
    Исто сдк дека мразам Недела навечер, кога 100 пати се превртувам и не можам да заспијам од нервоза дека знам дека за некој час треба да станам. И ми е мака од стресов периодов, мир сакам психички, а физички немам мака :worried: ако треба и дупло порано ке станувам.
     
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Сакам да кажам...

    Добар ден убав свету!

    И овака се можело бе. Убавини да ти се „дешавет“ последователно една после друга, да не знаеш од која страна ќе те стрефи по некоја нова и пооригинална од онаа претходната.
    Шо фино се исчешкав викендов и покрај тоа што ништо не ме чешаше. Направив тристо глупости. Сменив тристопеесетишеС превозни средства - некои од нив јас лично и персонално ги возев, се брцнав во езеро, се изгубив во шума, се пронајдов на една чистинка, ја ставив индијански раката над очите и си реков во стилот на Луј со малку модифицирана содржина - еј, абе светов бил убав бе! Навистина.

    Есента е навистина убавица на квадрат кога е сончево, кога боите се менуваат и прелеваат една во друга, кога пиеш квалитетно и вкусно винце на сред поле и ич не ти е гајле, кога ги шуткаш лисјата пред себе, кога собираш желади во шума надевајќи се да не ти наиде по некоја дива свиња, кога ти црцорат врапчињата над глава, кога ти е таман толку топло за да не ти биде претопло, и кога ти се зафрла главата наназад и ти се подзамижува под сонцето.
    Баш е фино. Баш.

    Кој не се чешкал нека тркне во наредна прилика да се чешка, пошто чешкањето не е само Прага и пиво, чешкањето нуди премногу убави места, гратчиња, природи и замоци.

    На работа на труд. Последната недела од септември почнува а јас се прашувам - кога стигна?! Деновиве треба да сум во потрага по есенска гардероба, но доволно ќе ми биде да си седнам на клупа и да чекам да ме покријат есенските лисја кои паѓаат, додека не почнало да паѓа нешто друго.
    Росоњерке, на место ти е замислата да си знаеш ;)

    Carpe diem et carpe noctem! Со сите десет, по можност.
     
    На rossonerka, Monna.Monna, Buttterfly и 5 други им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Сакам да кажам...

    Ајвар, ајвар, ајвар, ајвар, ајвар !!!! Сите ајвар, па и јас да му удрам еден пост со не толку љубов. :D

    Јас мразам ајвар!!!
    Дали може да се деси еднаш во цела зима да каснам малку со три кила сирење ако стварно ама стварно дома нема ништо друго.

    Уствари не мразам ајвар, ми е гајле за ајварот, мразам пиперки.
    Печени, пржени, сечкани, толчени, лупени, нелупени, варени, полнети, замрзнати, живи, солени ... СЕКАКВИ.

    Се што го содржи поимот пиперка во себе ми е на црна листа. Алергенски реакции ми предизвикува и самата помисла.

    И стварно, ај на форумов поќутев, ај на фејсбук поќутев, ама па почнаа и во живо ... кој не јаде ајвар ваков таков онаков.
    Е каков??? Да не имам рогови на главата од ајвар нејадење. :rofl:
    И ги гледам, ги гледам, ги гледам ... и ништо. Си ги погледав, си се посмеав и слушав.

    А да знаеа дека не јадам ајвар немаше толку гом*а да изедат, ама намерно ќутев и на крај им кажав ... па после ааа ти си исклучок. Е како бе така? :rofl: Дека другарки па затоа :D Абе, смешки.

    Јас на пример не ги сметам за неарни тие што не сакаат домашно салце. А јас во него се давам. Истото и им го реков. Ама ајвар било ајвар. Ма како не. Мајка ми ајвар не ни прави веќе. Никој не е голем мерак. Ниту брат ми. Јаде само недела до две откако ќе се направи и после заборава па се фрла. Затоа си направив кечап и салце за цело село :D

    Ништо од ајварот. Ниту моите деца нема да јадат ајвар :rofl: Ќе ги учам дека тоа е лошо за здравјето. (се шалам се шалам, ако јадат нека јадат, само татко им ќе им го подготвува :D )

    Како и да е, со рчка или без, убаво почна денов. А допрва доаѓаат мучните саати. Ако ако. Убоо е.

    Не можам да дочекам да си ја досредам целава соба онака по мој мерак и да уживам.
    Ајдеее уште малку.

    Сега одам да не јадам ајвар. И да се подготвувам за да го зграпчам денов.
    :)
     
    На Monna.Monna, Doozy и MacenceEna им се допаѓа ова.
  9. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК што убаво е вака кога си покасно на факултет па имаш време и да јадеш и да си читнеш некој весник и фемина да си ја ѕирнеш! :) Дома сама мир во куќа..нема поубаво! Одам јас сега да го зграпчам денот(не онака како Вест што препорачува,ама да го зграпчам битно!!) :lol: :D
     
  10. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам еден по друг ден

    Немам ништо особено да кажам,ама си викам со самово пишување можеби ќе стигнам до правата одлука.
    Ми се збираат туѓи мислења,ама шо фајде од нив кога јас сум во конфликти со самата себе.

    Од едниот крај го имам него, не толку далеку..не знаам ништо веќе.
    Три годишната басна заврши.
    Cheers за тоа што се понашавме како животни во човечка кожа.
    И како можеш да се препуштиш на нешто да си тече праволиниски по одреден редослед,кога секогаш имаш сомнеж?
    Епа не можеш.
    Сомнежите денес ќе беа вистинити и потврдени, утре сосема спротивното.
    И така цело време.
    Услови, договори,како треба/како не треба да фрчат од сите страни после секоја караница.
    Се додека не замре и условот и договорот.
    Не постоеше ни караницата реално,а јас ќе да бев можеби и главниот негативец од басната тој ден.
    И незнам, незнам дали ми е мило што заврши, пошо чувстувам, навистина чувстувам некое олеснување..за да се оттргнам од сите работи што ги фрлив во вода за него и за момент го ставав него пред други,иако не требаше.
    И како што си тече времето, те напушта еден, те напушта друг, те напуштаат трети.
    Главата на сите страни,а имаш пред тебе уште една одлука прелиена со мала доза на ризик.
    Трета осаменост за две недели.
    И за сето тоа ја пцуеш блискоста и поврзаноста,затоа што е далеку од тебе.

    Да можев би се разбудила со подобра мисла.
    Утринското кафе ќе ми беше подаркот од утрото, бидејќи времето е прекрасно и нема причина зошто да си тужен.
    Ќе седнев и лезетно ќе си ги завршев обврските на време и со позитивна мисла ќе одев да го зграпчам денот.
    Денеска сум тотално спротивна.
    Ќе им зборувам на ѕидовите,бидејќи се најдобри слушатели според мене.

    Знаеш колку ми беше убаво кога ќе се разбудев и првата работа што ќе ја перцепирав беше "добро утро" и прекрасна насмевка?
    Кога ќе ја видам повторно насмевката,којзнае.

    Е,сега на другата страна од реката Сатеска се наоѓа мојата одлука.
    Не е моја, таа е колективна.
    Да, мразам лично мразам кога ми се мешаат во сопствени одлуки,а не можеш да издејствуваш поинаку и да бидеш хипстер со тапија.
    Ако јас одлучам така и зажалам, ќе ми биде криво.
    Ама, уште повеќе ќе ми биде криво ако таа одлука е донесена од туѓинец,а јас го послушав.

    И тука постои една и друга страна.
    Едната за едно,другата за друго.
    Едната е When you are right, you cannot be too radical, другата е Risk! Risk Anything! Care no more for the opinion of others, for those other voices. Do the hardest thing on earth for you. Act for yourself. Face the truth.

    Eте стигнав до конечното.
    Навистина помага кога пишуваш нешто,за да дојдеш сам до некоја одлука.
    Одлуката за денес е да ги разгледам можностите и живеењето со нив.
    Пред мене имам 4 големи книги, групирани по две.
    Овој пат ја освојувам мојата одлука.
    Ќе ме убие ограниченоста во животот и во државата.
    Отидов да потонам во подобар свет.
    Ѕидовите ќе ги заменам со книгите..утре нека ми се еби животот, денеска важно да го испланирам по мој редослед и да заборавам на се околу мене.
    Денес е мој ден.
    Cheers за осаменоста, животните одлуки и правењето ништо цел ден.
     
    На innablood, marama, Magnolija и 5 други им се допаѓа ова.
  11. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ова е најсоодветното нешто што имам да го кажам денеска ..
     

    Прикачени фајлови:

    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  12. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    15.211
    Допаѓања:
    124.908
    Сакам да кажам...

    На фејсбукот биднаа сликите од одмор.Убави беа за очи,оние непретераните ,да се разбереме.
    Потоа и сликите со воинот наш Александар и неговите војници и лавови т.е. нашата убава фонтана.Да не се разбереме погрешно-и мене ми се допадна фонтаната :clap:
    Но,зар сега да гледам слики од ритуалот правење зимница- од печење пиперки,лупење,мешање во шерпа - на крај-мацкање со леб во шерпата |( Го мразам ова смајли јас,ама за овој случај морав да го употребам зошто навистина неколку пати превртев така нејасно со очињата додека гледав вакви слики!WTF-никако не ми е јасно!
    На времето кога го имав фејсбукот далечната 2008,2009 ми беше мерак,вистински.Луѓето беа примерни и културни на него.Имаше прекрасни слики ,пристојни.Ги немаше оние дебилни групи-
    , слики во веце,профили на баби,дедовци,и штотуку родени бебиња бе :puke: Бабите коментираат на внуките-Уф,убава,мила на баба,со дечко таа сликана,ми пораснала,бабина галеница ,ц ц ц ... .Навистина ми стана одвратен фб то,а толку многу го сакав.Си ги имам само оние што ги знам за пријатели а оние што помалку ги знам ги избришав.Такви радознали фацички не ми требаат.Но криво ми е што стана место за никаде,иако се трудев да ми стане попријатен ко порано.Дури мислам и дека ќе го избришам,па не можам веќе овие фаци :^) |( да ги правам кога ќе го уклучам ,ха !
    Сабајлешната инспирација ми беше ФБ.Може ќе речете-што се оваа замара,ама оние што имале ФБ оддамна ќе ме сфатат,нели ;)
    Убав ден Ви посакувам,мене ми е убав,мирен,тивок ко за понеделник,баш чудно :^) До мене чаша Фервекс,мора да се оправам :muscle:
    И љубете и бидете љубени :hug: Ова ви го посакувам најсилно :)
     
    На Monna.Monna, Go-Girl, Speechless и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    19.288
    Допаѓања:
    81.863
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Vetar misli vetar zna sve sto znamo ti i ja,
    on me voli on me nosi on me razbija, aha .
    http://www.youtube.com/watch?v=oDNxM2ZW ... re=related

    Круг.
    Кружница.
    Центрипетално движење.
    Цикличен процес.
    Живот.
    Се' е математика и геометрија во животов.
    Просто како паштета.
     
    На mims-89, marama, Magnolija и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Сакам да кажам...

    СДК ... би настапила трета светска војна! :| :D
     
    На mims-89, marama, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Сакам да кажам...

    Од утре почнувам со здрав живот, и денеска ќе се давам во чоколадо, зашто следните 3 месеци, нема ништо благо да пробам, а тоа е една од моите најискрени љубови во животот.

    Прекрасно е чувството кога, пред себе го имаш едно од најслатките задоволства на светот, кое во секој миг ќе се топи во твојата уста......
     
  16. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК (мрч алерт)

    Не е важно од каде тргнал, каде застанал и каде бил упатен автобусот...само сакам да си издувам некои живцирања кои ме цепкаат откако знам за себе и јавниот транспорт. Живцирања кои признавам, се косат со основното човечко право на слободен избор...на храна.

    Но како и обично, тоа до мене не допира.

    Пештерци невидени сте...
    Надвор сонцето чекани мава на нас, 52 степени на отворено, ние како мишеви се угушивме во тоа автобусот, блиндиран, мислиш под вакуум, без прозорци што се отвараат, кој ли гениј го осмислил пред 40 години :fubar:..

    И ај правиме пауза 5 минути, толпата нурна кон излезот и ги гледам половина од кромањонциве се залетаа да јадат. Епа вака...

    Надвор преку 50 степена на отворено, во автобусот се дехидрира за неполн саат, а вие мавате спринт кон една непроверена пластична кофа на која пишува СЕНДВИЧАРА да ви сервираат зоврено парче умрена крава со домашен розов кечап и целите умрсени и извалкани со муцки како свинчиња на сонце пред кое и Сахара би набила комплекси...

    РАЈА СТЕ БЕ!! РАЈА!! ТОЛПА! Кога ќе видам такви животни, спуштени на основни нагони и со скоро непостоечки сенс за лична благостостојба. :fubar:

    Во такви моменти само си помислувам, абе еве ја сликата. Точно дека политичарите ни се ЕПСКИ НЕПИСМЕНИ, ама како бе да сватиш сериозно ваков неисклесан народ, изгубени души...

    Имаме и ние искри, на спортски и понекогаш на интелектуален план, ама ова општата слика е хистерична.

    И ДА, целиот впечаток е добиен од посматрање еден спринт до сендвичара.
     
    На Neytiri, julie77 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.801
    Сакам да кажам...

    СДК која сака нешто бара начини, кој не сака си бара оправданија! :P
     
  18. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Сакам да кажам...

    Секоја чест на машките како Елементал. :bow:

    Инспириана од постот во "Што би му кажале"
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  19. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК пак чувствувам притисок од сите страни, пак се гушам и пак сакам да побегнам од овде. А нема кај да одам. Не знам зошто повторно ми се случуваат некои работи. А таман помислив дека нештата се средуваат конечно, и дека има надеж. Сум се излажала.. Фак :@
     
  20. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк... ;)
     

    Прикачени фајлови:

    • dobridela.jpg
      dobridela.jpg
      Големина на фајлот:
      42,1 KB
      Прегледи:
      177
    На Lux и Gordana10 им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.