Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И покрај тоа што спиев само 4 саати, пријатно ми беше утрово.
    Додека одев на автобуска сонцето беше вакво:
    [​IMG]
    штета мп3-то не беше во мене да си послушав Placebo.

    Не може денот да продолжи да ти биде како што треба кога си опкружен со вампирчиња, абе грам енергија не ми оставија.
    Барем на пауза си бев на женскатрачкафе партија, па ете тоа помина добро.

    Многу други работи сакав да кажам, ама уморни ми се и рацеве и очиве и грбов, ќе оставам за друг пат. И онака тоа што сакав да кажам беше преполно со негативна енергија, па јас ке бев во улога на вампир. Ај затоа, не.
     
  2. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Имам некоја посебна одбивност спрема сите асистенти на факулетет.
    Тој ставот мрчаторски, гледањето со презир и солење памет, не можам да ги поднесам! Какво знаење треба да добијам јас од некој што на секој 3 минути погледнува на својот скап часовник и превртува очи на секое искажано мислење? :swear:
    Бедно државно образование! Бедни дипломи на професорите! Битно живеат како богови.
    И додека јас тука се нервирам, што парите за нова чанта ги давам за скапан учебник од милион страни,тие си возат нови коли и немаат време да стигнат на предавање.
    Што повеќе пишувам, толку повеќе се нервирам.
    Затоа одам сега да си ја гледам новата епизода од GG и да си се удавам во овошниот јогурт.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.945
    Допаѓања:
    164.103
    Сакам да кажам...

    Ташкен не е во Русија,туку у Узбекистан и дека после граѓанската војна многу македонци од Егејска Македонија се пребегани таму,а потоа се вратени тука у родната им грутка,а тоа у превод не ги прави руси! Све о свему,добиваш кец по темата со самото тоа што пробуваш да се декларираш,а впрочем не ја ни си ја знаеш историјата што не е својствено за чоек од таму. Точка,крај,чао.Добиена кладба!
    Побогу,кои бледи и глупи дискусии! |(
     
    На Mistery и LivingGlam им се допаѓа ова.
  4. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Сакам да кажам...

    Ех starfish такво ни е образованието за жал.А што е со тоа кога на еден дипломиран студент ќе му го отворат досието и ќе му фалат пријави?Поради не ажурност на професорите студентот е должен повторно да купува пријава и таксена марка и да го бара неговото височество низ факултетот за повторно да добие потпис.Плус ако не е од Ск,а таму студира,ќе даде пари и за патни трошкови.Сума сумарум,иљадарче и цел пропаднат ден заради некој професор кој не си ги извршува обврските а не по вина на студентот.
     
    На crazylady му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Scar.Tissue

    Scar.Tissue Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    371
    Допаѓања:
    1.045
    Сакам да кажам...

    Мириса на есен. Конечно мириса на романтика!
    И на печени пиперки.
    Па и ова сонцево срамежливко, мх, мх :inlove:
    Штета, не можам да уживам во него, покрај олкав куп бројки, системи, интервали, лимеси, логаритми.
    Многу n, многу x и y на едно место.
    Па затоа,
    [​IMG]

    Please move on! :D

    Туку, што ми беше муабетов? :^)
    А, да. За сонцето и есента.
    Сега вака на заоѓање е најромантично, најубаво е. Па уште кога ќе помине авион и остави трага на небото, онака зацрвенета од зраците на сонцето, со некој златен отсјај...
    [​IMG]
    Ах, љубов, да си тука сега, да ме држиш за рака....

    ...ах.
     
    На sweetyears, BeYourself и blueeparadise им се допаѓа ова.
  6. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.653
    Сакам да кажам...

    Секогаш кога си ги лакирам ноктите, морам да се ишљкам. Си правам разни текстури на нив, благодарејќи на мојата немарливост и неспретност. |(

    Ма какви китки, какви машни... ништо не бива кај мене!
     
    На IndieGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  7. la.chocolada

    la.chocolada Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јануари 2011
    Пораки:
    63
    Допаѓања:
    25
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам дека ме фатило некоја нервоза и неможам да ја извадам никако од мене. :envy: Моментално сум во исчекување на професорката по статистика на која и се заарнило кафето во канцеларија и нема абер дека ние мртви уморни ја чекаме да ни предаде уште една лекција полна со табели, броеви и проценти.. :doh: Како и да е, школово на психички план ме уништи.Денес качувајки се по скалите нагоре сфатив дека ова место, овие луѓе потполно ме сменија, па во најмала рака за 130 степени.Се навикнав да ќутам и кога бесот ме тера да да се дерам и да го кажам се она што врие во мене, се научив да плачам во себе, а физички да си ја задржам насмевката и се научив да бидам тоа што не сум.Едно време бев бурен прикажувач на емоции, борец за некоја си правдина во тоа време, центарот во кој очите беа вперени кога бев немирна ко ветрот кажувајќи го моето мислење (по долго размислување го напишав последново, мислејки да не ми ставите етикета на принцеза која била во центарот на вниманието, а сега само бедна ученичка скриена во последната клупа од училницата)..МИ НЕДОСТИГА! ми недостига едно време, едни случувања, едно девојче, ЕДНА ЈАС!
     
  8. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.263
    Допаѓања:
    43.991
    Сакам да кажам...

    Едно огромно фала на сите богови! :)

    Дојде пак радоста во срцето, пред очи, во смислата.
    Два дена одмор и игри на семинар, љубовни пораки, чекања, смешки, хип хоп и лоша текила, зезање во соба со интерни фори и смешки, јадење чоко флипс и мекнеење на балкон, термална бања и правење гласно : фуууј од лошите чинии и плочки по ходници, нагласоци од секаде и секому, грчење во автобус од климата, оргазмично изедено Милка со обланда и после колективно кенкање, Адел на звучници и живи смешки накај дома!
    Понекогаш, се чудам од каде таа радост и енергија кога ќе се спојат будали ем паметни луѓе. Никој никаде не може да не попречи!
    Даде се врати од Низоземска, ме израдува ко никој. Да се има сестра значи да се има друго Јас!

    Со мачорот си се шетаме. Тој пие пиво, јас чоколадно млеко. Роденден му беше вчера, се испољубивме за сто години.
    Му благодарам што ме најде, што го најдов. :inlove:
    Ах.

    Сега во бањарка, џвакам роденденски колачиња донесени од тетка Сузе, се смешкам ко пијана и се радувам! Добив покана од Никола за читање на 100 Poets for change, ќе уживам во својата првична улога - родителка, мајка на зборовите. Се смирив во себе. Пишувам внатрешно, поривот ми е замаглен од љубов. Ако. Така нека остане.
    Фотографии полни смеа и радост.
    Биси ме прави уште поголема. Фиши утре ќе ја гушкам со раце, нозе, уши, очи.
    Живеам!

    Ве гушкам.
    Се надевам дека сите се барем грам среќни како јас. Ако не - верувам дека можат да бидат. Љубов, е во градов, распослана ко лисје есенско...
     
    На anastasija85, Phyramide, la-chicka и 6 други им се допаѓа ова.
  9. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.152
    Допаѓања:
    5.710
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Како станав денеска за факултет во 7 часот, и јас уште не знам и се чудам. Толку ми беше убаво, топличко, во креветот, облечена со тие преудобни пижамки... мф мф мф убавини. Кога го слушнав алармот ми дојде да го фрлам низ прозор ама дека ми е многу убав телефонот и прилично нов, го прежалив.
    Колку сум подникната, цело тело ми е џунгла. Нозе, раце, веги, мустачиња а ла Гоце Делчев. Се чувствувам ваква :( [​IMG]
     
  10. Dulceee

    Dulceee Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2011
    Пораки:
    928
    Допаѓања:
    2.264
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Зошто, ооо зошто Господе секогаш ми го правиш ова?! Таман за нешто ќе речам: Ау супер ми е, конечно сум среќна, конечно се чувствувам задоволно и оп, пак ќе ми се јават стари чувства. Не дека ова е нешто премногу трагично, ама па сега цел ден ми е таму паметот и ми фалат. Четири години поминав со нив и не викам дека беше се розово, ама имаше многу убави моменти, многу смеење, зезање, екскурзии, глупирања на часовите, симпатии.. бла бла.
    Не дека го заборавив факултетот, далеку од тоа, супер ми е, ама после сонов го имам чувството од порано. И кога знам дека веќе никогаш нема да се вратам во тие клупи, нема да ги слушам професорите, да се преслушувам пред секој тест или испрашување, да се смеам и глупирам на последна клупа, да одам во зима на -3953433 степени по јадење и да се враќаме со полни најлони... Ахх I miss that. :|

    И да, најубаво ми беше во зима, втора смена, последните часови во петок, кога ќе не фати нервоза и кога сите сакаме да одиме дома. Е тогаш најголеми глупости паѓаа.
    Ама.. ајде, ништо нема да постигнам со жалење. Life goes on.
     
    На LilBaby му/ѝ се допаѓа ова.
  11. I.v.a.n.k.a

    I.v.a.n.k.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 септември 2011
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    7
    Сакам да кажам...

    Убаво е кога не мора да одиш на секое предавање на факс,кога рано наутро во автобус ќе видиш така убаво момче (кое личи на Ламбе), кога ќе најдеш време да се видиш со другарка со која се немаш видено 6,7 месеци...кога знаеш дека вечер има Лига на Шампиони и ќе си гледаш фудбал, па Како ја запознав мајка ти, па после ќе си легнеш во топлото креветче знаејќи дека нема да те напаѓаат комарци и ќе имаш време да се наспиеш знаејќи дека утре до 12 немаш обврски, и ќе си го сонуваш дечкото со убавата насмевка :D :inlove: :inlove: :inlove: :$ ммм...ќе беше поубаво да имаш и нешто вакво до себе...Сакам палачинкииии...аааааа...ааааааааа...ајде сега чао !!! :hai: До утре мои феминки !
     

    Прикачени фајлови:

  12. anab

    anab Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 септември 2010
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    55
    Сакам да кажам...

    сношти си правев палачинки њм њм :mm: а сега кога ја видов сликава пак ми се пријаде. ај отидов да си намачкам 2-3 со тазе правен мармалад :D
     
  13. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.214
    Допаѓања:
    5.535
    Сакам да кажам...

    СДК дека се гордеам на себе и дека со само 19 години знам како да готвам, што е ретко во денешнинава. Обожавам да правам десерти, ме исполнува. Вечерва направив како пита со јаболка.. Бујрумте :)

    [​IMG]

    [​IMG]

    Ево едно парче :))

    [​IMG]
     
    На Monna.Monna, Magnolija, Asterion и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    Сакам да кажам...

    Зошто ми го избришавте мислењето? Немам право да кажам што имам да кажам?

    Јас не кажав ниту една пцовка, ниту емоционално повредив некого. Јас само ја кажав живата вистина. А Старфиш ако прочита што напишав, знај дека го мислам тоа, бидејќи тоа е 100%тната вистина.
     
  15. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.838
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Едно е почит, друго е страв.
    Постои разлика.
    Првото те прави подобра личност, но второто.... второто ти ја намалува самодовербата, те прави несигурен....
    И немој, немој да е тоа. Немој да се лажеш себеси.
    Се надевам не сум во право. :x
     
  16. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.304
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Што друго да кажам освен дека имав добро попладне ;)
    Ја сакам В. го сакам и А. подобри другари во овие моменти Господ не можел да ми подари.
    Си поседовме,се изнамуабетивме таа е како и секогаш мудра и насмеана и ме потсетува да бидам оптимистична и ме потсетува на малите нешта што се околу мене кои ме прават среќна.А тој таков e каков што беше додека седевме во иста клупа до 4 година.
    Се шегува,хиперактивен и ведар ми вродува насмевка и смиреност.



    Значи не е до кафето туку до личностите со кои го пиеш :!:

    Затоа викнете ги оние кои ги сакате,сакате да ги видете или ги немате подолго време видено а ви се мили личности и ве прават среќни и седнете некаде било низ чаршија или на тераса испијте си го кафето и истовремено уживајте во последните топли есенски денови.
    Има нешто убаво и во боите на лисјатa и во миризбата на пиперки.
    [​IMG]
     
    На Neytiri, MandyLane, crazylady и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Значи туф туф, оваа Фикрет мука ми е да ја гледам. Као скромна, фина, прибрана, драпај си меот! |(
    Ту ќе застане, ќе се загледа во муж и, и плаче душа да се смири со него, као божем „Јас сум горда, имам свое јас", ама неее, пустото его не и дава да попушти.
    Абе јас разбирам, ако ништо друго, жената да има карактер, да не се подава и се врти ко џоинт у парк, ама што ќе беше ова дигање на нос, џоа во небо летна! Општо, не само Фики, сите ко нејзе ми се out of space. Држат држат, ама кога ќе попуштат, оди избркај ги. Теее, што чудо ќе беше човечкиов род. Нејсе.

    Епа и нема нешто посебно ДК, лисјата нека си паднат, јас решив да си го гледам Сексот и градот на Фокс, бар ако ништо друго, ќе се поднасмеам, ќе се поднаучиш нешто, а не ови цел живот се жалат, цел живот ништо не им иде од рака, тееее депресии до небо.

    Епа толку. Ајт поздрав. :*
     
    На Libera му/ѝ се допаѓа ова.
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк толку никако ми почна денот, што влијаеше на целото мое расположение.
    И незнам дали само кај мене се погоди или и вие имате некој исфрустрирам и искомплексирам професор.
    Значи ''се знае'', и не дава да прашаш нешто. Не дај Боже. Одма те навредува и секакви зборови ти изнакажува. Дали тоа е знак дека од изливот на знаење што ги има, неможе да ти го одговори прашањето.
    Ова повеќе би личело на ''Испукајте се'', али ајде нека оди овде.
     
  19. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.673
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Толку ли на луѓево не им е интересна некоја друга професија, па секој втор стана озборувач, и секој си дава за право да збори за секого, небитно дали го познавал или не.. битно да се најдеме во муабет :swear:
    Жално ..
     
  20. blueeparadise

    blueeparadise Популарен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2010
    Пораки:
    3.742
    Допаѓања:
    6.739
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.