Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.343
    Сакам да кажам...

    Денес се уверив дека имало мои 5 мин. Да, навистина. Секогаш потајно си велев ќе дојде моето време кога со насмевка ќе дадам одговор и ќе се затвори таа приказна, ама никогаш не верував во тоа сто процентно. Да, навистина постои, верувајте.
    Како млад ластер на винова лоза се подготвувам за утрешниот ден - гроздобер. Тоа трчкарање низ лозите со малиот ми доаѓа како фитнес цел. Ми се допаѓа мирисот на ширата и незаборавните дружења додека е гроздобер забиберен со тазе месено лепче и мевце на скара. Тоа мора да се доживее.
     
    На Theodora и Shana им се допаѓа ова.
  2. kristii

    kristii Популарен член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    1.650
    Допаѓања:
    1.707
    Сакам да кажам...

    Сдк дека многу се изнервирав сега....Дека не е фер кога ке ти ги расипат планoвите и тоа 5 до 12 :@
     
  3. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.579
    Сакам да кажам...

    Во чест на утринското нескафе, тазе уште од 7.50 часот и првата утринска цигара која наполно ме отру, јас прогласувам ден на жалост.
    Ден на жалост за пребрзите одлуки, кажаните зборови и грешната перцепција.
    Милион чувства во една емоција и пак сум на исто.
    Си го зачинувам денот со System of a down, затоа што така заслужил..само што не сочувстувам со нивната мака, општеството и политиката.
    Мене ме мачи мојата дилема уште.
    Ти текнува понеделникот кога ти мрчев и на крај решив да ги разгледам опциите?
    Епа не ги разгледав, си гледав American pie со чипс и главоболка, ако толку те интересираше.
    Е,сега се мислам дали да ја одберам таа стрмината за која знам дека ќе ја искачам,ама газот ќе ми клекне на половина пат, или да си одам по она правото,ама пак да не ми се знае дали ќе стигнам до целта, пошо реално не ни го знам патот до целта,ама нешто ми вика дека е по таа стрмината.
    Значи имам една сигурност за стрмината и еден ризик.. таму е целта, но не знам дали ќе ја достигнам.
    Правиот пат ќе го изодам вака или онака, но можеби нема да ја најдам целта или можеби ќе имам ебана среќа и ќе ја најдам.
    Што би рекла една другарка, психолошки пресврт ти се дешава и згора на се не си одлучен.
    Ме мрзи да ти објаснувам шо и како, чекај прво да се истепам сама со себе, па ќе дознаеш дали се покајав или не.

    Уште малку и ќе ти станам ЕМО.
    Љубовта боли, не верувам во љубов, не постои љубов, сите ве мразам, сите ме мразите и такви ми ти ствари.
    ЕМО во душата ќе си бидам... ЕМОсофос.

    Овој ден на жалост ќе го зачинам со уште многу кафиња и цигари.. да им ги скратам и нив маките и мојте да си ги сркатам за некоја година.

    До наредно видување, бидете добри.
     
    На De-lovely му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Grunge

    Grunge Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 јуни 2011
    Пораки:
    369
    Допаѓања:
    625
    Сакам да кажам...

    Па што ако сум втора смена, што ако имам 7 часа и дома ќе се вратам во 7. Па што?

    Петок е луѓеее !

    Уживајте во денов, се надевам дека ќе ви донесе само убавини, а тие што планираат да одат некаде и да го поминат викендот со семејството/друштвото, да си поминат најубаво :*
     
  5. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    Сакам да кажам...

    е значи колку и да се обидувам да внесам позитивна енергија во зивотот, некако се оди надолу
    почнувајки од секојдневни проблеми, а уште ако се случи таа долго најавувана чистка кај мајка ми на работа(здравје бозе следната година, и што е најзалосно НИКОЈ не мозе да го спречи тоа, оти старите се отпуштаат, а нови се примаат) е тек тогаш ке сонувам до крајот на зивотот за продолзетокот на моите студии, знам дека и зивотот ке ми се смени од корен :wasntme:
    џабе си трошам и време, пари, нерви на пилатес како и на медитација(а наскоро треба да почнам и со танц и конверзејшн), очигледно спас ми е антидепресиви, или некоја гатачка-колку да ме излазе за да имам надез дека нешто ке трге на подобро(што не ми се верува, незнам ни во што да верувам :doh:)
    со други зборови-поминувам низ пекол како и јас така и моите најблиски, а поголем пекол не чека :puke: :x
     
  6. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Сакам да кажам...

    Верувам…
    дека луѓето за кои се грижиш најмногу во животот, прерано ти се одземени.
     
  7. CupCake

    CupCake Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 октомври 2010
    Пораки:
    211
    Допаѓања:
    165
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    Петок е :D
     
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.842
    Допаѓања:
    25.776
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денов ми почна прилично примитивно, секоја мрежа што постои беше падната од мобилниов до интеренетов, да не зборувам за домашниов телефон, тој веќе цела недела не работи. И вода едвај имаше и се замислив за момент која година е..

    Во ниедно време сум на вежби денеска, без врска, ни таму-ни ваму, ама ајде бе, Петок е. Вечер со мачорот и ништо повеќе не е важно.
    Кога сме кај него, уште не сум му го чула гласот за добро утро, поради погоре наведените причини. Да, уште нема мрежа на мојот примитивен мобилен.

    Од утре Октомври. Мојот месец. Не, не сум тогаш родена, ама.. Ама.
    Се е како што треба. Да не речам, магично..
    Ама ајде за тоа утре.
     
  9. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    Сакам да кажам...

    СДК дека денеска е Св. маченички Софија, Вера, Надеж и Љубов.

    Срекен именден на сите кои носат некое од овие убави имиња.

    Срекен именден на мојата Вера :*
     
    На Buttterfly, snake, MSkorpionka и 3 други им се допаѓа ова.
  10. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.368
    Сакам да кажам...

    СДК колку и да звучи забегано сепак денес сакам да им се заблагодарам на сите кои што ми честитале роденден пред 2 и пол месеци :$ тој период баш не ми беше најсјаен и не сум ни отварала фемина и денес ги видов сите честитки :lol:

    ве молам извинете што сум неонка. немојте да мислите дека сум неблагодарна


    ве бакнувам
     
    На Shana му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.130
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кафето во петок има поубав шмек од кафето во било кој друг ден од неделата.
    Мириса на опуштеност и релаксација. Уште па бејлиз да му ставите, ќе ви тргне на арно цел викенд. :D
    Убав е денов, а овие 22 степени не се за фрлање. Можеби овој е еден од последните сончеви и потопли денови годинава. Решив дека ќе направам мала обиколка низ центарот, ќе купам колачи со вишна и ќе ги однесам на баба и дедо. А, подоцна може и обиколка низ продавниците, чисто рекреативно.
    Решив ќе заштедувам малку по малку, нема да купувам чевли до Ноември :D
    Шала на страна, не знам како успевав како помала да заштедувам толку многу. Сега е сосема друга приказна :tmi:

    Да не должам многу, туку да фатам да се спремам! Имајте убав ден, петок е!

    [​IMG]
     
    На Strumfeta93, rossonerka, Monna.Monna и 3 други им се допаѓа ова.
  12. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК

    ајде крцкајте прстињата, пукајте тенките вратчиња и спремете се да ми лепнете по некоја жешка шлаканица чумки копучево тука има нешто за признавање :$ , некои гревчиња, abe nothing major :tmi:

    Имаше период пред пред да се зафеминам, така добра половина година пред тој life changing акт кога јас го блокирав или во подобар случај, кликав hide на секој Фејс френд што лајкнал статија од сајтов.
    Еј кога ќе видев лајкната статија со некој наслов Машките се виновни за караниците во врската, или Зошто жените се подобри шофери, абе пиздев едноставно :@ :fubar:

    "Ти ли мори фуфо една ќе ми објавуваш такви феминистички текстови па и со тие no brain другарки ќе се клештите и ќе коментирате, свирко свиркосана, амм? ам?"

    Во тој период, без да ве опулам форумски, да ве читнам, веднаш осудив. Тогаш ми бевте еден куп непоркопцани женишта чиј памет не отишол подалеку од лакирање нокти и размонтирање на машките во нивно отсуство.

    Маму му је.ем, невиден хејтер бев :tmi: :lol:

    Но :!: boy, oh boy am I eating my own words now :bow:

    Be gentle with me :$
     
    На sesilija, Neytiri, green.eyes и 4 други им се допаѓа ова.
  13. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.826
    Сакам да кажам...

    СДК дека колку и да го кудам фејсбук, често знам да прочитам некоја корисна информацја таму.
    Еве, денес прочитав дека е нашиот христијански ден на љубовта, верата и надежта.

    Пред една година, оваа информација ќе ја прочитав исто како да не ја читам. Ќе ми беше потполно неважна, можеби малку досадна, глупава... ќе ја занемарев и заборавев и немаше да ми биде тема за разговор но, но :shake:
    Ама тоа пред една година. А сега...

    ...сега не е пред една година. Сега се наоѓам во еден чуден вртлог на помешани пријатни чувства (за кои тука нема да пишувам; може оф-топик да бидам, па да ме бришат :D ) и ќе се осудам да кажам збор два за предметот на денешниот празник:
    Иако трите составни делови на празникот се смета дека претставуваат женски имиња, никој од нас не пие нафта и е свесен дека се работи за три величествени чувства на ВЕРБА, НАДЕЖ и ЉУБОВ.
    Љубов и тоа со дебело Љ.
    Љубов, за која се‘ уште немам да кажам многу, но за која (за разлика од периодот кој ме следеше долго време) САКАМ да научам, па да имам да кажувам многу.
    Љубов, која знае да не доведе до момент на неверојатна екстаза и да заборавиме на се‘ живо околу нас....

    Повторувам: иако немам материјал за темава од лично искуство, во чест на денешниов празник јавно објавувам дека сум подготвена за стекнување на истото, а на кој ќе билдам искуство, Господ нека му е на помош :D

    Љубете се, луѓе. Убаво е.
    Еве денес ја љубам мојата Мачка (која не е мачка :D , да се разбереме), која е далеку од овде и ми недостига и се надевам, а искрено и верувам дека за неполн месец ќе го пиеме истово кафе што денес го пијам сама и ќе се потсетуваме на деновите кога бевме 7-годишни прцлиња и се каравме во школските клупи.

    [​IMG][​IMG]
     
    На crazylady, Go-Girl и Bozica1980 им се допаѓа ова.
  14. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.421
    Сакам да кажам...

    Ми се сакаа.

    Ми се сака се. Од горко кафе до сок од портокал со цимет, од компот од праски до цигари. Ми се сака двокатен автобус, турбан, Египет, мирис на кожа, се бе се.

    Си сонувам за иднината, за живот некогаш и никаде, за минатото и типот што свиреше гитара вчера. Јас патем воопшто не сакам гитара. Саксофон, контрабас тоа се моите инструменти.
    Батенце е во далечната Прага, па вечер ќе спијам во неговата соба. Онака да сменам затоа што нема ништо полошо од навика.

    А, ам. Нешто ме гуши. Ми бега инспирација, ми бегаат идеи, ми се клизнуваат низ прсти како лигави школки. Бар да има под мене море, да пливнат малку и да ми се вратат подмладени. Со еден бисер по можност розев.
     
    На crazylady, la-chicka, Hipica и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Eте го, фати го. А а а а аааа. Ми отиде. |(
    [​IMG]
     
    На Hipica и Rozich им се допаѓа ова.
  16. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК

    Мојот свет се вика музика, цел ден ми кркорат цревата... :rofl: Ама затоа сега ќе одам да си направам јадење, и тоаа....САМА! Обожавам кога си правам јадење сама, послатко е. :nod:

    и...

    I feel good, nananannanana

    затоа што...

    ...it's Friday, Fridaaay... :rofl:

    Имајте добар weekEND! :rock:
     
    На Hipica и Monna.Monna им се допаѓа ова.
  17. Elennaa

    Elennaa Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2011
    Пораки:
    4.161
    Допаѓања:
    14.173
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Мојот свет се вика музика, секој ден ми свират цревата. Мојот свет се осум деца, една мајка стечајка. :rofl:
     
    На GarpovaV и LilBaby им се допаѓа ова.
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    На тоа мислев, мислам на тој првиот дел, ама сум го исппревртила. :rofl:
     
    На Elennaa му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Сакам да кажам...

    ...дека денес си се прошетав до факс и назад дома |( Нема предавање, ама го има моето име и презиме на списокот за редовност :lol:
     
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Дојди бејбе, е*и ме бејбе, е*и ме бејбе оу оу оу!
    Дојди бејбе стави ги рацете на моето тело, рацете на моето тело.
    БАШ ТАМУ! ОСТАНИ БАШ ТАМУ!
    Сакам кога го оставаш баш таму-у-у-у јеа јеа оу оу оу.

    |(
    Ама ај да беше само овој текст, и милион други се вакви. А Rude boy (тако знави грубо момче) ?! |(
    Најтрагичното е што нашава младина си ги пее песниве, ги знае од А до Ш, а химната наша не си ја знаат.
    Еј младино, еј туѓино!

    Остај ти песните, кој пее демек зло не мисли, а она дивјаштвоно ? Демек нови автобуси, сите среќни весели со десна влагаме во нив, тие ќе се бесат ко мајмуни на гранка, де ќе те потбутнат, ќе се смеат на луѓе со пречки во развојот, ќе ти украде нешто, абе да тресеш маица од такви луѓе! Каде ви е домашното воспитување бре, каде ви е? Сте се научиле на готово, не сакате ништо да попримите, тоа што случајно сте го научиле ќе ви остане за цел живот, ни да се надоградите ни ништо!
    Пу за квантитетот од младината! Да живеат амбициозните млади, желни да успеат во животот!

    Туку да си кажам за денов. Прекрасен.
    Одејќи по улиците на мојот град, се сеќавам на детството, деновите во основно, брканици, игри, смеења, наивни погледи. Милина бре. И сега ти само се сеќаваш на тоа. Ете го „сакам да пораснам". Дојде. И горда сум што дочекав. Уживам во животот. И уживам во денот. Да ми потрае ваквото расположение!
    А оној мојон, шпиунира на фемина. Му се допаѓало овде, му било занимливо. Ми вика, сега гледам зошто киснеш таму. Епа ете мили, чудесна фемина.

    Ве поздравувам! :*
     
    На MacenceEna, Hipica, Divinebutterfly и 1 друга личност им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.