Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.076
    Сакам да кажам...

    СДК ... блокада! Градска ... ма и емотивна, виртуелна, физичка, психичка ... важно блокада на секоја страна.
     
  2. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сакам да кажам...

    Немој сречо - немој данас! :)
     
    На Magnolija му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.101
    Сакам да кажам...

    Ми фали еден краток депресивен период...Малку тага, меланхолија, носталгија за нешто, мрза...:tmi:
    Па да пијам едно кафе буквално еден час, со мислите залутана по нешто што немам а сакам, како заљубена разочарана душа која ужива во својот бол и го преточува во поезија и проза...
    Или да лутам по градот во ноќта, сама со своите мисли, чуствувајќи празнина и апсолутна слобода истовремено...Да можам да се затворам со денови во една соба, гледајќи ги моите омилени филмови и серии или читајќи книги, без интерес дали е ден или ноќ, дали имам обврски или не, дали имало земјотрес или се сменило годишното време...
    Само на кратко, не повеќе, оти заборавив како е...
     
    На green.eyes, teddybear, zhap4e и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. minne-mouse

    minne-mouse Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Колку и да ти е убава сегашноста,колку и да ги сакаш луѓето што ја сочинуваат сепак има моменти кога сакаш да се вратиш назад во минатото.
    Основно,период од мојот живот кој не беше нешто многу добро но денес едноставно не можев да не отидам во старото училиште на муабет кај старата класна,и не би можела да го опишам моментот кога влегов во таа стара зграда каде поминаа пола мое детство,каде ги научив буквите и бројките,каде научив како да се борам понатаму во животот,каде ги изградив моите први другарства и покрај тоа што многу се срушија не жалам бидејки тоа ми беше лекција за тоа што е тоа другарство и има неколку онака баш со добри темели кои ке траат цел живот.И како во некоја приказна се одеше по ред,прво наставничката од забавиште и нејзината приказна што секогаш ја кажува за мојата насмевка,потоа отидов во училницата од прво оделение,морници ми поминаа низ цело тело како ја здогледав клупата на која поминав 2 години а потоа мојата класна нејзиното претставување пред 3то одделенците како многу солидна ученичка нејзините совети и тежеења,нејзините навраќања на старите времина не ме оставија да не испуштам една солза. Но,фалеше нешто за да биде потполна приказната а тоа е наставничката од 1-4 која за жал замина под пензијаи секако оние мали палви деца.
    И пак ке кажам и колку да си го сакам мојот нов клас,мојата нова класна и професори,новото училиште се би дала да се вратам во оние старии клупи во онаа зграда со оние палави деца. :)
     
    На L0ve и GarpovaV им се допаѓа ова.
  5. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Сакам да кажам...

    Ме боли што веќе не го сакам така како пред 2 месеци, а него го боли тоа што знае дека можеби веќе никогаш нема да го сакам така како што го сакав, а сега е залудно се.
    Немам желба да се трудам, а и нерви за да се замарам.
    Злобна сум, ама поубаво ми е така.
    Ништо ништо неможе сеа да ми смета во животот затоа што ми е убаво и нема да дозволам некој да ми го расипе тоа.
    Нема да размислувам ќе ги оставам чувствата да ме носат сами па што биде нека биде.
    Сите ме сакаат и сите ги сакам.
    Се е до енергијата.
    Така денес со чај од јаболко и цимет лечам болно грло, колачиња, завиткана во ќебенце, лаптопот во скут на сончевата тараса мхххх, за што да се грижам кога птиците пеат :)
     
    На Strumfeta93, marama, Neytiri и 5 други им се допаѓа ова.
  6. ell

    ell Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    363
    Допаѓања:
    629
    Сакам да кажам...

    Сакаш да си ги смениме местата?
     
    На MSkorpionka му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Monroe

    Monroe Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    431
    Допаѓања:
    416
    Сакам да кажам...

    Ех, на се што е спремен човек да направи за личноста која силно ја љуби (или да ја врати и повторно да биде со неа, сеедно).
    Не зборувам за материјалното-тоа е веќе клише, овој пат ви зборувам за вистинска духовна љубов.
    За оној за кој сте подготвени да си ја ставите раката во оган, да се фрлите пред воз, и чии што чувства секогаш ги ставате пред своите чувства, оној којшто го сакате со целата своја душа и тело.

    Понекогаш дури сме подложени да ги затвориме очите со обете раце и да не го видиме тоа што не сакаме да го видиме. Да ги затвориме ушите не сакајќи да ја слушнеме вистината од луѓето кои се обидуваат да ни помогнат околу тоа и да ни ги разбистрат мислите. Сеедно, иако сме сведоци на самиот настанот, едноставно полесно ни е да си вообрзиме дека не е така како што го прима нашето сетило за вид, туку дека тоа го прима нашата потсвест и ние сме длабоко убедени дека тоа воопшто и не се случило.
    Па често пати замижуваме на лагата, потклекнуваме и премолчуваме, само да не останат повредени нашите чувства, знаејќи дека во спротива доколку се спротивставиме можно е да го извлечме подебелиот крај.

    Запрво сакав да кажам дека за жал се почесто простуваме и изневерување...
     
  8. Miss.Ricci

    Miss.Ricci Популарен член

    Се зачлени на:
    29 август 2011
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    5.744
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК добро, знаеме дека е петок! |(
    Сите ја осудуваа Ребека Блек за нејзината катастрофична песна Friday, но изгледа ни оставила некој аманет :lol:
     
  9. Gioia

    Gioia Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    646
    Допаѓања:
    612
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денес е светски ден на преведувачите и толкувачите во светот,па им посакувам на сите со оваа професија повеќе да бидат ценети и ангажирани и да зимаат добри пари! :lol: јазикот е богатсво да не заборавиме! што повеќе јазици познаваш побогат си! ;)
     
    На green.eyes му/ѝ се допаѓа ова.
  10. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.559
    Сакам да кажам...

    СДК Цел ден ми се пие нес-кафе и ми се јаде нешто благо.
    Не сум некој голем благар но не знам што ми бидна.Изгледа крива е темата за Старбакс кафињата,толку ме настрви што ми течат лиги од сабајле.
    [​IMG]
    ммммм едно вакво
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  11. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Jас конзумирав денеска едно вакво место тебе, и јас ги трпев мачнините во стомакот и серката. Мал чекор за тебе, но голем за човештвото. :rofl:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  12. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.722
    Допаѓања:
    24.310
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Денешниов петок сакам да ги завршам обврските кои упорно ги одбегував веќе подолго време. А листата е голема, верувајте ми. За почеток, сабајлево кога станав веднаш отидов на очен лекар, со надеж дека конечно ќе ми даде да носам очила, но уште ми бил мал диоптерот. Плати ваму- таму, и очен лекар - checked :) Си дојдов дома, и како што ветив на мајка ми, помогнав во чистењето. Плочки во кујна - checked, купатило - checked :) Усисав и избришав прашина исто така. Ми остана да си го средам уште шкафот со облека, ама уште се мислам да не е рано да ги менувам зимно-летните алишта? Битно, денес по некое чудо, сум многу вредна :D И тоа, со мерак чистам и работам по дома :D А тоа верувајте, еднаш во годината се случува :D
     
  13. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Сакам да кажам...

    СДК....ајде на сите по едно кафенце...бирајте - нескафе, макијато, капучино, со шлаг, без шлаг, благо, горко... :) :hai:

    [​IMG] [​IMG] [​IMG]
    [​IMG]
    [​IMG]
     
    На MacenceEna и Hipica им се допаѓа ова.
  14. annii

    annii Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2010
    Пораки:
    3.344
    Допаѓања:
    5.893
    Сакам да кажам...

    СДК Петок - се радуваш побрзо ќе стигнеш дома, се додека не пристигне автобусот и ти текне дека е пензионерски ден!
    Дајте една петиција за цела недела да им ја дадат слободна, ќе се намали гужвата барем.
    Две бабички се закарале од кога е мостот Гоце Делчев. Ги гледам дотерани, со карминче црвено на усните, се фатиле под рака и ајт на шеткање.
    Гледајќи ги бабичките ми прелета низ глава како една стара бабичка настрада наместо мене. Вината ја чувствувавме двете - јас и мајка ми. Зошто ме прати и зошто прифатив да одам?
    Го поминавме и местото од кое почнуваат морници да ме лазат. Беше тоа кратка успорена снимка од претходната вечер.
    Малку години, а толку незгоди. Годишно по неколку. Џоа во Авганистан сме.
    Да би имала моќ, би ги сместила сите во Аушвиц!
    Како што ми се сега они, јас на нив да им бидам кошмар кој секоја вечер ќе ги посетува!
     
  15. tinkerbelll

    tinkerbelll Популарен член

    Се зачлени на:
    15 мај 2010
    Пораки:
    2.096
    Допаѓања:
    5.018
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК е многу ми е убаво кога ќе му го слушнам гласот уште од сабајле ,цела нервоза ми ја снемува и имам насмевка на лицето.Па уште кога ќе почне да ми пее некои песни безвезе а текстов нема врска со оргиналот хехехе е стварно ми е најсрцкаст :rofl: Ми го разубавува секој поминат ден најмил мој :)
     
  16. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.689
    Допаѓања:
    18.857
    Сакам да кажам...

    Скопје полека ни сигурно ми ја толи душичкава онаака со сите негови тракатланции дали се маани или убавини ич не битно
     
  17. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сакам да кажам на овој ден сите треба да имаме верба, надеж и љубов.
    Да, денес е 30ти септември :)
    ЗА МНОГУ ГОДИНИ ПРАЗНИКОТ!

    http://www.youtube.com/watch?v=IO3fUjUDPjE
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  18. wild.cat

    wild.cat Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    131
    Допаѓања:
    28
    Сакам да кажам...

    СДК дека ја сонвав N.A.T.A.S.A. како некое малечко девојче и извикав ејј па таа е од форумот види колку е малечкаа :rofl: :rofl:
     
  19. Responsible

    Responsible Популарен член

    Се зачлени на:
    20 април 2011
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    434
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ова важи за колоквиумите и испитите ;) редно е веќе да фатиме книга навреме :)
     

    Прикачени фајлови:

    • netrcaj.jpg
      netrcaj.jpg
      Големина на фајлот:
      83 KB
      Прегледи:
      290
    На Gioia, Annie.mk1, Shana и 3 други им се допаѓа ова.
  20. MacenceEna

    MacenceEna Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    3.140
    Допаѓања:
    43.704
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    И конеЧно кај љубвовЧето!!!!
    Не сум била тоолку срекна подолгоо време :P
    Ете сега ке поЧнеме и да си бараме стан и да си поЧнеме заедно да си живееме :lol: :lol:

    :D
    Исто така и Срекен празник :* :*
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.