Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Сакам да кажам...

    СДК, се потресов, колку сурови нешта се случуваат... :worried: Зошто нечија судбина да ја одредува некаков си закон кој не повредува никој, само одредени личности може да бидат среќни...

    Доколку не ве мрзи, читнете го ова, многу е тажно и поучно, колку може животот да биде суров, додека ние се нервираме за банални работи, зошто ни е нетот слаб, зошто ни се скршил нокт, или зошто дечкото ни раскинал. Многу големи маченици сме, што дури од пенкало потешко немаме кренато.

    Приказната почнува далечната 1999 година кога во моето семејство го добивме “четвртиот член“, малата Гордана Глигоровска. Се сеќавам како да беше вчера кога социјалниот работник и го “тутна“ в раце на мајка ми 10 месечното бебе чии шанси да преживее беа многу мали. Гордана е родена како здраво дете кое поради (не)грижата во Мајчин дом во Битола се има стекнато со низа комбинирани пречки во психомоторниот развој, меѓу кои и нејзиниот аутизам.
    - “Анкица, ти и Господ!“ беа зборовите на социјалниот работник откако сите центри за рехабилитација го одбија нејзиното сместување и на крај заврши кај нас, како згрижувачко семејство при Меѓуопштинскиот центар за социјална работа на град Скопје.
    Јас, мајка ми и татко ми, вложивме долгогодишна грижа, труд и работа со Гордана за да ја подобриме нејзината здравствена состојба. Од дете чии изгледи да преживее беа еднакви на нула, таа почна да се развива во дете со реални шанси за нормален живот. Ја оспособивме да оди, да зборува, да ја чувствува надворешната средина и луѓето околу неа...
    Во одреден период од нејзиното сместување кај нас, поднесовме барање за нејзино посвојување. Непосредно по смртта на мојот татко, стигна и известувањето од Министерството за труд и социјална политика со кое не информираат дека нашето барање е одбиено поради законска пречка. Имено, старосната разлика помеѓу посвоителите и посвоеникот не смее да биде поголема од 45 години, а возраста на мојата мајка беше 2 години повеќе од онаа која можеше “да помине“. Но, и покрај се, Гордана остана во нашето семејство.
    Откако на мојата мајка и се влоши видот, во договор со Центарот згрижувачката дејност ја превзеде мојата тетка, со тоа што ја промени нејзината адреса на живеење, како би можела малата Гордана да остане на истото место како и досега, во интерес на нејзиниот напредок. На 11 октомври оваа година, мојата тетка полни 65 години и со тоа го губи правото на извршување на функцијата згрижувачко семејство бидејќи според правилникот за згрижувачко семејство, “Згрижувач може да биде лице на возраст од 18 до 65 години, како горна граница за вршење на функцијата на згрижување на лице.“.
    Иако беше во план јас да ја превземам грижата за Гордана, на неодамнешниот состанок во Центарот ме информираа дека направиле превид и дека постои друга законска пречка во врска со ова. Имено, “Во случај кога се сместува дете во згрижувачко семејство, старосната граница помеѓу згрижувачот и згриженото дете треба да е помала и приближна на природен однос родител дете, а најмногу до 50 години.“. Разликата помеѓу мене и Гордана во моментот изнесува 14 години, со што не го исполнувам горенаведениот предуслов да бидам нејзин згрижувач.
    Нејзините биолошки родители не сакаат да се грижат за неа и грижата му ја препуштаат на Центарот за социјална работа на град Скопје. Центарот не може да ја смести Гордана во друго згрижувачко семејство бидејќи ретки се таквите семејства кои се нафаќаат да згрижат дете со тешки пречки во развојот, а воедно и преполните капацитети поради последната акција со децата питачи, па затоа решаваат Гордана да биде хоспитализирана во Заводот за рехабилитација на деца и млади во Топанско Поле.
    Во Заводот, пак, санитарните услови и (не)стручноста на кадрите, како и честите случаи на сексуална злоупотреба на децата со посебни потреби, го доведуваат во прашање животот и понатамошниот развој на малата Гордана. Дали треба да го споменам случајот каде пред некоја година беше дефлорирано девојче кое беше пациент во дневниот центар за деца за посебни потреби од страна на друг штитеник на Заводот? И тоа девојче кое не било трајно сместено таму, туку носено по потреба од страна на нејзините родители. И ајде сега бидете со мирна совест дека се ќе биде во ред со детето кога всушност, истите тие институции, поради неадекватната грижа, од здрави деца прават инвалиди!
    Јас ги искористив сите инструменти за да им предочам на Центарот и Министерството дека психомоторниот развојот на Гордана е условен токму од љубовта и емоционалната поврзаност со членовите на моето потесно семејство кое за нејзе претставува единствена врата со реалниот свет која овие институции свесно сакаат да и ја затворат и со тоа да ги фрлат во вода 13-годишниот труд и успеси кои беа постигнати. И тоа само поради некојси параграф во нивниот правилник!
    - “Тоа е. Постапуваме според законот! Не можеме ништо надвор од законските рамки.“ беа зборовите на “стручниот тим“ од Центарот. Дали посебните потреби на овие деца можат и смеат да се генерализираат со една или две реченици во некој закон или правилник? Дали некои луѓе во пратенички фотељи кои носат закони за лица кои никогаш не ги виделе ниту ја познаваат нивната проблематика, можат и смеат да се ставаат во улога на Господ кога се во прашање животите на овие деца? До кога ќе дозволиме да има жртви на системот кои самите го дизајнираме?
    Приказната завршува во понеделник, 3 октомври, кога ќе треба да ја однесам мојата мала сестричка назад во Центарот од каде потоа ќе биде сместена во Заводот во Скопје Север. Нејзината судбина е во рацете на Законот - мртви букви на парче хартија. Оставена на милост и немилост на системот.
     
    На Theodora, GarpovaV, XMaN и 9 други им се допаѓа ова.
  2. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.191
    Допаѓања:
    23.257
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Офии кај го најде ова?? ..колку е потресно, па солзи ми протекоја :doh: ;(
     
  3. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Сакам да кажам...

    1.10.2011 12.10h! ХРИСТОС СЕ РОДИ Лаптопе мој најубав !!!!!!!!
     
  4. Shana

    Shana Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    794
    Допаѓања:
    1.506
    Сакам да кажам...

    Јадам вакво и тоа директно од послужавникот, кусам како што велеше тој.... Мама го правеше. Знам, се лепи директно за и онака големиот ми задник ама посилно е од мене.

    Да беше меѓу нас, денеска, 1 Октомври ке полнеше 61 година.
    Те сакам Тато, бескрајно .............
     

    Прикачени фајлови:

    • kasato.jpg
      kasato.jpg
      Големина на фајлот:
      38,6 KB
      Прегледи:
      203
    На Theodora, julie77, Bright и 13 други им се допаѓа ова.
  5. kamelija-zip

    kamelija-zip Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2011
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    1
    Сакам да кажам...

    Sakam kazam neznam recam :)
    [mod-kirilica:3st3u0yc][/mod-kirilica:3st3u0yc]
     
  6. katakomba24

    katakomba24 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 февруари 2010
    Пораки:
    615
    Допаѓања:
    533
    Сакам да кажам...

    СДК Последниве неколку дена ги гледам луѓево околу мене и не можам да им се изначудам. Едни глумат лудило, други со сила се прават паметни, трети покрај тоа што го уништвуваат нивниот сопствен живот, го уништвуваат и животот на другите...
    Да почнам од првите. Воопшто не им е грижа дали некој ги гледа. Се филмаат на велико. Ај тоа што зборуваат како што не треба, па уште ми прават и фаци и гестови кои ниту им доликуваат, ниту ги разубавуваат. Немаат намера да престанат. Се извинувам, тоа нивниот живот. Бесмислен, досаден и мизарен. Озборуваат, а не знаат да разликуваат вистина од лага. Слушни нешто и коментирај.
    Вторите. Без нив не се живее. Не е интересно ако нема такви. Мора да ги кажуваат нивните мисли на глас. Мора да е по нивно. Сите наопаку, тие терсене. И само тие знаат, и никој друг. Не можам да ги сварам.
    Третите. Стварно не можам да ги разберам. Нема да коментирам понатака.

    Еве ми дојде идеја да кажам дека ми е мило што успеав да развеселам некои личности, поточно моите родители. Едноставно. Имаа годишнина, немав пари, но имав желба. Им напишав краток текст во кој ја искажав целата моја љубов кон нив, им заблагодарив што постојат за мене, а потоа во вид на писмо го ставив во добро завиткана кутија со најубава панделка. Седнаа еден до друг. Почнаа да отвараат. Го читаа текстот и солзи радосници им течеа. Потоа долго, долго ме прегрнуваа и се смеаа. Тоа е подарок кој можам да го дадам во секое време. Љубов. Само ако личноста ја сфати мојата искрена намера. Имам намера на една личност да и докажам дека светов не е црно бел, а тоа и ќе го направам, се надевам.

    Толку од мене.
    Катка.
     
    На Monna.Monna му/ѝ се допаѓа ова.
  7. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    Не ја обвинувајте судбината за патот кој сами си го бирате! Престанете зборот судбина да го употребувате за оправдување на вашите грешки !!!!!!!
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Jojoba

    Jojoba Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    868
    Допаѓања:
    720
    Сакам да кажам...

    Брррр значи изгледа јас си имам некој проблем, благо кажано ептен слаба цирукулација. Значи само мене ми е ТОЛКУ ладно! Морам да поработам на случајот нема смисла ова :D Плус почнав да си пуштам греење, а моите уште спијат со отворен прозор :worried: Ај и они претеруваат, ама па и моево не е на арно :?:
     
  9. ViktorijaMari

    ViktorijaMari Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јули 2011
    Пораки:
    463
    Допаѓања:
    159
    Сакам да кажам...

    ми идееее да вриснаам силноо, но незнам што би кажала...ја мразам сиуацијата во која се наоѓам...плачам, тешко ми е...........многууу ;(
     
    На Adi888 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.399
    Допаѓања:
    6.337
    Сакам да кажам...

    Многу би сакала,наместо Старбакс,Кинг Бургер и остали такви ’места’ , да се отворат некои пунктови,некои престојувалишта каде што бездомниците ќе можат да јадат бесплатно колку им душа сака.
    Ете,да не се мрзнат надвор,секој посебно,секој сам,да се соберат и барем 1 во животот да јадат на маса со многу луѓе, кои верувам во тие моменти ќе бидат весели и ќе заборават на се што претрпеле дотогаш...
    Има такви места,најчесто се црквите,но тоа е малку.Треба да има многу повеќе...

    Барем на 1 саат,да се сите весели,среќни,да разговараат со некој без тоа да е минувач на кого му бараат пари...
     
    На MSkorpionka, Theodora, GarpovaV и 10 други им се допаѓа ова.
  11. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    СДК си дојдов во мојата втора дома.. Епа добродојдов. По долгата прошетка ај ем бек ет хоум. Го видов него, повторно срцето ми затрепери како првиот пат.. Сакам да кажам дека се чувствувам добро иако сум цела смрзната и носето ми тече исто како Вардар што извира од Вруток. Ма не е битно нели ? :wasntme: 8) Денес сум подобра од вчера, а утре уште подобро се надевам. Ме фаќаат кризи признавам, некогаш се чувствувам како да сум на работ на пропаста, но морам да се заблагодарам на некои личности (од кои дел се надевам ќе се пронајдат) што успешно ме дигаат од дното. Такви работи не се забораваат!! :!: Засекогаш ќе ми бидат во :l: ... Љубовта е нешто најубаво што може да и се случи на една личност, па уште ако е возвратена, мх мх мх .. Но не секогаш животот ни го пружа тоа задоволство. Па животот не би бил тоа што е ако не не стави на некои тестови или не не мачи. Ајде доста жалење. Секој од нас има некои "црни" денови, као јас вчера, но најбитно е главата горе, да се бориме и да останеме она што сме !!

    Животот е еден, каков е таков е.. Вреди да се живее...

    Имајте добра ноќ, ве гушка & ве мисли Ани, далеку од дома :hug:
     
    На ines.h, XMaN, Adi888 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. L0ve

    L0ve Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2011
    Пораки:
    337
    Допаѓања:
    199
    Сакам да кажам...

    сакам да сум дете.
    искрено, тивко, чисто дете..
    дете со доволно апетит за да ја вкуси среќата на животот..
    невино, недопрено од суровата рака на судбината.
    дете, кое не е повредено од тешките зборови на возрасните.
    во прегратка на безгрижните игри, со топлиот здив на надеж. надеж и верување дека светот е совршен.

    ми недостигаат тие денови. деновите кога бев дете. би дала се за да се вратам назад. да не брзам да пораснам. едноставно, да бидам дете :)
     
    На Adi888 и smiley-94 им се допаѓа ова.
  13. EnnieFabulous

    EnnieFabulous Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2010
    Пораки:
    717
    Допаѓања:
    401
    Сакам да кажам...

    Пресреќна сум денес! Од 2 први колоквиуми оваа недела-и двата ги положив, од кои едниот со максимум (и единствена бев) ^_^
    Си дојдов дома после 3 недели. Малку ме депримира градов без либето и друштвото, ама либето утре ми доаѓа и ќе си шеткаме по осамените есенски улици, кај што си ја оставивме младоста :lol:
     
    На Lepaaa му/ѝ се допаѓа ова.
  14. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Сакам да кажам...

    Тони Зен е бренд брат!!! ;)
    Како што бев тажна дома пред да излезам, испадна дека многу убаво си поминав на излегување со моето друштво.
    Нормално, кога ќе се земе предвид дека пееше Тони Зен хмм :inlove:

    И сега кога се вратив дома сама, пак ме обзема тажно чувство и безброј спомени.. затоа ќе си легнам сега за да не размислувам на ништо.

    СДК :
    Learn to let go the people that are not meant for you to hold,
    because if they are meant to be with you,
    they'll always find their way back home to you and hopefully, will stay with you
    ... :(

    Добра ноќ феминки.
     
  15. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Сакам да кажам...

    Добро утро!Сабота, 7 и 20, ја се спремам за у школо. Болест бе болест еј!
    Како некои ментални ќе им идеме во сабота, а они после ќе шетаат во Париз. Логика?
    Сабајлево открив дека тушот во 6 и 45 бил прекрасен. Јас цела смрзната, водата топла...нејќев да излезам од под туш. :D
    После шопинг со мама и другарки. Барем една светла точка во денов. А како би ми се расветлил ако ме праша дали сакам да излеземе вечер, тамн ќе имам нови алишта и се ќе помине без нервози :D

    Ајт, имајте убав саботен ден, прочитајте го постов после 12, не се будалете порано да станувате. :)
     
  16. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    Ме боли показалецот на левата рака а тоа значи втор ден без тренинг за прсти :devil:. И се нервирам ко женска што ќе си утне боја на лак баш пред искачање или ќе види дека и се хулахопките скинати а веќе нема време да ги смени :devil:.

    Знам дека не ми е интелигентен постот ама бар си кажав што ми лежи на душа :D.
     
    На mims-89 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. BeYourself

    BeYourself Популарен член

    Се зачлени на:
    12 септември 2010
    Пораки:
    1.493
    Допаѓања:
    2.949
    Сакам да кажам...

    Добро утро.
    Држете среќа и мене да ми е добро, оти ништо работа од мене...
    Уште сега срцето забрзано ми чука, 100% не требаше да се нафаќам на такви работи...Ах, колку сум си глупава.
    И, што сега од мојот пост? Добро утро, ништо работи од мене..... абе, пост ли е тоа бре? :^) Хм.
    Само глупави работи ми текнуваат. Па и на тие што им текна вчера, поглупо неможеше да биде. |(

    Леле девојки, стискајте ми палци, ве мооолаааам. Ќе биде тежок денов... :(
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.012
    Сакам да кажам...

    СДК, станав и чекам да ми се јават да одам на разговор, и чекам ... чекам ... чекам... И така до недоглед, чекам ... :|
     
  19. Sweety81

    Sweety81 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 септември 2011
    Пораки:
    11
    Допаѓања:
    2
    Сакам да кажам...

    СДК дека никако не можам без другарка ми... :( :( :(
     
  20. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    Сакам да кажам...

    [​IMG]

    Добро утро на сите!
     
    На creshicka, Monna.Monna, Black.Beauty и 5 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.