Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. TeddyGrey

    TeddyGrey Форумски идол

    Се зачлени на:
    13 октомври 2010
    Пораки:
    8.072
    Допаѓања:
    72.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    На крајот од денот... Малце ама сигурно се расположив! Не дека се подобри мојата ситуација, ама се навикнав, се помирив... шта је ту је! Имам другарки, имам родители, имам каков - таков дечко колку и да ме нервира! Па уште да се жалам.. Како да не бе!
    Тегет чарапа на се иде! ;)
    Седнувам да си учам. И утре полуспремна идам на полагање. Па што биде биде!
    Que sera, sera... Whatever will be, will be.... :?:

    Ќе си се дотерам пенкалцето и индексот во ташна и 2ка за до факултет... Башка убав ден утре... ќе го шетам цел ден... Не можам да седам дома и да ПиеМСувам... :D

    Се` ќе биде добро, нели? НЕЛИИИИИ???????? :geek:
     
    На Jojoba и LilBaby им се допаѓа ова.
  2. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.665
    Сакам да кажам...

    СДК ја добив првата петка :rock: Всушност сеуште не сум ја добила, но 100% сум сигурна дека сите прашања на тестот по македонски ми се точни. Го совладав материјалот од околу 80 страни и сум горда на тоа. Оф, што е убаво чувството кога трудот ќе ми се исплати. Сигурна сум дека оценките ќе ни ги внесе во дневникот, па добро е што учебната година ми почна со 5. Нека ми се множат. :D
     
    На Monna.Monna, manja666, GarpovaV и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. TheCandy880

    TheCandy880 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 август 2010
    Пораки:
    3.992
    Допаѓања:
    6.303
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Сдк како сум тргнала со јадењево моиве дома ќе банкротираат, па здравје за некој месец ќе имаат мевце во фрижидер,слободно ќе можат да ме колат ко свинче :rofl: :rofl: :tmi:
    Или пак ќе играм на некоја свадба со кумот :rofl: :rofl:


    [​IMG]
     
    На Rozich му/ѝ се допаѓа ова.
  4. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.703
    Допаѓања:
    1.924
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК јас не сум нарцис, јас сум некое поубаво цвеќе ;)
     
  5. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    2.206
    Допаѓања:
    5.525
    Сакам да кажам...

    Го положив испитот кој пола семестар се трудев да го исчистам!!!!!!!!!!! :)
    Конечно ...


    п.с. Жалосно е што многу од форумџиите си одат :/
     
    На Divinebutterfly и Nightwalker им се допаѓа ова.
  6. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК

    Денеска подучував дечиња, мали дечиња..И открив, или еве уште еднаш потврдив нешто за себе.

    Ок можеби не толку мали, 7 одделение, но искрено, бев шокиран. Се спремаат за испитување физика за утре, али кој од кој по тапа, боси, изгубени Германци..
    Им го гледам материјалот и се фаќам за глава...се нешто во стил

    -колку метри има во 0,17 киломентри
    - колку милиметри има во 286 дециметри
    - колку метри има во 844 сантиметри
    итн итн

    Не знаев дали тие задачи би требало да им се лесни, но децата беа телиња. Ама професорот ништо од ова не ни објаснил, не ни покажал, само не испитува и си пишува спортска на час, не вади на табла па ни се дере пред цел клас ако не ја скапираме новата лекција веднаш...

    Им објаснив што им требаше, ми велат за 20 минути научивме повеќе од цел месец со тој идиотот. Па ќе ме частеле сладолед, па не знам што..
    Си викам само момци, не требаше да дојде до ова, да бидете 7 одд а да не знаете да претворите дециметри во сантиметри :fubar:
    Не знам дали тие се спори, или професорот е тежок партал, или вината може да се најде на ниво на целосната организација на образ. систем, но изненадувањето беше непријатно.

    Ова ми беше уште една потврда колку уживам во процесот на едукација. Пренесување на знаење и погледот што го има другата страна кога е конечно просветлена :D.
    Да не се дувам, ама секогаш бил добар поглед 8)
    Ќе биде некое професорче од мене, ам...

    СДК 2

    По препорака на highly reliable and influential форумски извори и кратко пребарување онлајн, ги наредив торентите за Декстер 1,2,3 сезона и Mistresses 1 и 2 сезона. По моите пресметки, со финиширањето, нетот ќе ми падне на колена. 21 век а велам фала на 30 гб месечно (смајлиштосекрстисолеварака).

    СДК 3

    Ми недостига таа. Не знам што друго да пишам тука, или да и пишам на неа, како да го искажам тоа што пуца во мене...
    Навистина се надевам дека ќе успееме и далечината нема да не нагризе, нема да не оддалечи. Ова е како постојан тест, постојани притисоци чие издржување се наградува со кратко викендче заедно. А ќе биде ли тоа барем секое викендче? Или и таму ќе не растегнат околностите?

    А тогаш што попрво да се каже, што попрво да се направи, ам? Колку и да се шетаме, колку и да се мазиме, јас да ја бакнувам, гушкам и цел нејзин парфем на мене да се пренесе, да ги измислувам најслатките прекарчиња и цело време да ја гледам насмеана..
    Пак нема да е доволно. Зошто никогаш не е доволно, дали јас сум ненаситен, или вака се чувствува едноставно човек кој искрено сака?...
    И зошто секогаш мора да е на далечина, ам?
    Па не мора...но јас не бирам. Срцето одбра и тоа се бори сега, тоа не се предава...

    http://www.youtube.com/watch?v=mNBKM5so8tQ
     
    На sesilija, Buttterfly, Neytiri и 5 други им се допаѓа ова.
  7. DeepBlue

    DeepBlue Популарен член

    Се зачлени на:
    21 мај 2011
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    1.098
    Сакам да кажам...

    сдк денес направив нешто
    педерско
    тука на форумов, ама како во војната е се дозволено така и во игрите е, ке се гине за да се победи :devil:
     
  8. Beauchamp

    Beauchamp Популарен член

    Се зачлени на:
    4 септември 2011
    Пораки:
    1.930
    Допаѓања:
    5.609
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    само што завршија со пописов кај мене :$ хихи.
     
  9. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    Е убаво, пофали се сите да те дознаеме какви мучки праиш ти тука. :D
    Од 460 на 355 си рипнала. Немој такви геј игри, и онака ние пак ќе победиме. ;)
     
    На starbucks му/ѝ се допаѓа ова.
  10. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк сега само малку среќичка ми треба. Ништо повеќе..
     
    На zhap4e, Doozy и blond им се допаѓа ова.
  11. CharmedGirl

    CharmedGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    6 мај 2011
    Пораки:
    1.420
    Допаѓања:
    1.662
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК...еј, денес сум на emotional roller coaster :o И најмали глупости можат да ме расплачат, а во следниот момент се смеам како луда.Не е фер... :(
    И, сакав да ве прашам, го имал ли некој она чувство кога едноставно не сакаш да си дома?Иако нема никој да ме нервира, никој да ми буши над глава или да ја коси тревата пред зграда, пак некако не се осеќам добро, само сакам да излезам...Итно ми треба долг разговор со некој паметен :geek:
     
  12. ljubam

    ljubam Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    2.412
    Допаѓања:
    18.409
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Со љубово два месеца, нова изложба на повидок, мама закрепнува, Мила ме љуби.. раните зараснуваат, убостите доаѓаат. Еден е животот!
     
    На Buttterfly, ines.h, Neytiri и 16 други им се допаѓа ова.
  13. veri

    veri Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2010
    Пораки:
    3.061
    Допаѓања:
    1.480
    Сакам да кажам...

    4 луѓе сме во семејство и не попишуваа 2 саати!
    Дали е до прашањата или пак девојките беа многу бавни, ама во секој случај мене многу бавна ми се виде целата процедура :worried: ако се толку бавни, како ќе завршат се за 15 дена? |(

    Цело лето сум изгубила навика за учење и денес едвај се натерав самата себе да почнам да учам за овие последните испити.
    Точно било тоа што викаат дека кога стигнеш на крај од факултетот, највеќе те мрзи да учиш :$

    СДК дека време е веќе луѓето да почнат да си гледаат секој за себе, а не да ги озборуваат постапките на другите.
    Ми се чини дека само кај нас балканците луѓето се замараат со туѓите животи и кој што направил . Како да чекаат некој да згреши нешто или да направи нешто што не е вообичено, па да има што да оговараат во следните три дена. |(
    Во модерните општества на Запад, никој не го интересира комшијата кај оди, што прави и со кој прави, од работа луѓето немаат време да се интересираат за туѓите животи, ама кај нас мора секој за секого се да знае, не те бива ако не си информиран со новите настани во градот :^)

    Никогаш ни ме интересирало кој што прави, ниту пак ме исполнува да седнам на кафе и да ги озборувам сите по ред.
    Ама баш за никој не ме интересира како си го живее животот, секој сам за себе си знае најдобро.
    Лесно е да ги судиш постапките на друг, без да ги погледнеш своите.

    Човекот е многу добар адвокат за своите грешки, ама за жал изгледа е уште подобар судија за туѓите. :x
     
    На eli25 и Squirrel им се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Сакам да кажам...

    Сакам кажам, ал не знам речам.
    Е у таква состојба сум.
    Сама у соба, гледам у една точка, ме мрзи да се помрднам, а и мускуливе ме болат од што чистенката викендов, од штикли не е, а и да е нема да признам :!:
    Дај да читнам некоја литература утре сум на факултет да знам што да му дрндам на професорот, конечно да ја дефинирам темата и најконечно да почнам да го пишувам трудот. И одвааааај чекам!
    Како и да е креветот не го напуштам, ќе си пуштам после ова очајни домаќинки. Кога ќе подразмислам сакам јас така очајна да сум. Да живеам во убаво средено предградие, со убава куќичка, да работам по малце а муж ми згоден бизнисмен да не издржува, да имам згоден градинар кој ќе ме улепшава у кревет и да си играм покер со комшиките додека едната прави колачиња, другата мезе а третата меша коктели. Сакам и јас таков очај!
    Ај сега малку ќе станам за да си свиткам две палачинки со нутела и банана, да ми се дигне шеќерот и да не се жалам многу. фала на внимание и приетно
    [​IMG]
     
    На MSkorpionka, crazylady, ludoto19 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. Rozich

    Rozich Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јуни 2010
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    1.092
    Сакам да кажам...

    http://www.youtube.com/watch?v=wyx6JDQCslE

    Човеков леле! 8)

    Убав ден,после толку време :)
    И не знам зошто,во последно време воошто немам инспирација.Воопшто,ја снемало..

    Ајде,поздрави од Роуз,да знаете дека не сум ја заборавила темава.Кога ќе ми се врати инспирацијата,редовна ќе бидам.
    Ајде,вака понеделнички,имајте убава недела! :*
     
  16. snake

    snake Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    877
    Допаѓања:
    126
    Сакам да кажам...

    СКД го мразам овој глуп факултет ги мразам сите професори асистенти студенски прашања и тако даље.Толкава неуслужливост ароганција и препотентност на едно место неам сретнато :@ :@ :@
     
    На EleMental и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  17. N.A.T.A.S.A

    N.A.T.A.S.A Нов член

    Се зачлени на:
    21 октомври 2010
    Пораки:
    650
    Допаѓања:
    487
    Сакам да кажам...

    Како очекувате децата да ги слушаат родителите ... Тарзан живее полугол, Пепелашка се враќа дома на полноќ, Пинокио лаже цело време, Аладин е царот на крадците, Бетмен вози со 320 км / ч, Заспаната убавица е мрзелива, а Снежана живее со 7 момци. Ние не треба да сме изненадени кога децата се однесуваат лошо! Тие го учат тоа од книгите ... :bow: :bow:
     
    На snake, Shana и Miss.Ricci им се допаѓа ова.
  18. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ама стварно се нервирам кога ќе си купам едно пакување воздух, и наидам на 5-6 кругчиња чипс. |(
     
    На MSkorpionka и Annie.mk1 им се допаѓа ова.
  19. Anja98

    Anja98 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2011
    Пораки:
    362
    Допаѓања:
    553
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Лелееее,мразам комарци и други такви идиотски бубачки!!! :devil: Кај успеа да влезе и за три минути партал да ме напраи :@ Ем зуи , ем каса!!Не можам веќе како мераклиски би го залепила за ѕид вие не знаете! Само се чешам ко блесава :yawn:
     
  20. Squirrel

    Squirrel Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2011
    Пораки:
    370
    Допаѓања:
    437
    Сакам да кажам...

    Ме убива есенва и времево. Топло - ладно. Секој ден се поуморно се чувствувам. Не ме уморува само времево,пардон и неписменоста на луѓето околу мене многу ме уморува. Да не знаеш една проста реченица да сврзеш бре бре бреее :shake: :shake:

    Пишувајќи ја колумната за радиото заклучив нешто. Од една страна се стремиме да станеме дел од Европа и Америка,постојано трчаме по нивниот менталитет(како тоа за ништо не се замараат,само за сопствениот живот гледаат,ниското ниво на морал), А од друга страна пак постојано плукаме по луѓето кое според нас немаат морал,односно изневеруваат,крадат мажи-жени, менуваат партнери-ки секоја недела....
    Посебни сме си ние балканците. Што би рекле ние младиве
    сакаме да се еби*ме нејчиме да ни влези :D
     
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.