1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. LadyH

    LadyH Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    320
    Допаѓања:
    85
    Сакам да кажам...

    СДК дека се разочарав од моите капацитети, толку учење и на крај да зезнам вака :) сум почнала да се замарам со школо и едвај чекам да видам што имам на тестов и да си ја искубам косата :lol:
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Сакам да кажам...

    Каква зумба, какво пајдушко, каков ми ти црни аеробик. Јас си мешам поштено во купатило на Кирил Џајковски а вие - снајдете се или придружете ми се.

    Потпис.

    Жена у ПМС.
    Плус не баш со сите. А боље ќе беше да бев сама.

    Лека ноќ и со среќа. Велеше еден тип во еден филм со истоимениот наслов :)
     
    На innablood, crazyinlove19 и green.eyes им се допаѓа ова.
  3. manja666

    manja666 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 септември 2011
    Пораки:
    1.144
    Допаѓања:
    17.999
    Сакам да кажам...

    СДК дека ми фали онаа еуфорија од ЕП...сите тие моменти на неизвесност, гордост,сите тие победи (па и порази) од кои се чувствуваш како најгорд Македонец. Моментите кога сите спонтано излегувавме на плоштад,славевме, се гушкавме и си честитавме со луѓе кои не ги ни знаеме...во тие моменти целиот народ беше едно..моментално ги гледам клиповите од натпреварите и повторно се нежив целата..со душа го чекам следното ЕП во кошарка.
     
    На Monna.Monna, Squirrel, GarpovaV и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. barby

    barby Популарен член

    Се зачлени на:
    22 мај 2010
    Пораки:
    831
    Допаѓања:
    8.451
    Сакам да кажам...

    ПОсилана сум од многуте што сакаат да ме видат со наведната глава. Простете ама уште не знаете со кого имате работа, се врти колцето, еден ден ќе ме молите, ама тогаш јас ќе одлучувам. Засега малку обидете се да живеете во вашиот живот, мене оставетеме. И онака научив више како да постапувам со вас, ништо не може да ме навреди, да ме проколеба, а најмалку вашите зборови и реакции.. :devil:
     
    На I.v.a.n.k.a му/ѝ се допаѓа ова.
  5. k.i.m

    k.i.m Популарен член

    Се зачлени на:
    12 мај 2010
    Пораки:
    4.733
    Допаѓања:
    5.154
    Сакам да кажам...

    Секогаш си ги преувеличуваме работите во нашите мисли. Колку пати само ми се случило мене, а верувам и на вас, пример една обична летна вечер излегуваш на некое мирно место, пукаш и кукаш од досада, и таман се спремиш да си одиш, пуштаат некоја убава песна од блискиот кафич. Ја слушаш и си одиш. Ништо посебно.
    Доаѓа зима, оптеретен си со нешто, дали со учење, или со дивото време, и си мислиш: Ех летото... Ја слушаш пак истата песна што ја пуштиле досадната вечер која ја спомнав, и забораваш колку само ти било досадно, и си мислиш: Ех, колку беше прекрасно тогаш, а не сега со куп обврски/со никаквово време итн.
    Можеби и нема врска примеров, ама битно поентата да е сфатена. Колку луди можеме да бидеме со мислите, да создаваме сами светови коишто не постојат, да се мачиме без потреба, да ја насочуваме ситуацијата на начин кој ни одговара во моментот. Луда човечка глава.
     
    На sparklie, ines.h, crazylady и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кога си осамен,далеку од се што ти е мило,мечтаеш да си во прегратката на љубениот (како јас сега што летам со мислите) и се што сакаш е да не го трошиш времето на глупости,туку кога би можело да ги искористиш тие моменти да дариш љубов,а и да добиеш љубов.Како што би кажала и Љубам(која патем ја поздравувам) љубете се и искористете го цело време кое можете(за жал јас не можам,а кој може да не губи време :) Затоа си слушам Love songs на Antenna 5) а јас само ќе ви предложам неколку видови бакнежи,сега го читав текстот од www.fakulteti.mk
    Повелете:
    1 – Пеперутка: (хихи овој првиот на мој начин ;) )
    На само милиметар оддалеченост од партнерот отворајте ги и затворајте ги очите, допирајќи го партнерот со трепките. Доколку правилно го изведете, чувството на треперење ќе отиде право до срцето.

    2 – Бакнеж на лице:
    Пријателски бакнеж, со кој некому му велите дека ви се допаѓа. Се препорачува на првите средби. Со рацете опфатете ја главата на партнерот и нежно бакнете го во образ.

    3 – Ескимски бакнеж:
    Нежно протријте го носот од неговиот нос.

    4 – Бакнеж под веѓи:
    Додека партнерот спие или мижи, бакнете му го надворешниот дел на окото, веднаш под веѓите... Особено интимен бакнеж.

    5 – Бакнеж на прсти:
    Јаготките на прстите се особено осетлив дел од телото, речиси колку и усните. Бакнете ги.

    6 – Бакнеж на стапало:
    Особено романтичен и еротичен гест. Можеби малку скокотка, но отпушта особено и дава големо задоволство.

    7 – Бакнеж на чело:
    Мајчински бакнеж. Со бакнеж на чело можете да поздравите речиси секого, посебно го користиме ако сакаме некого да утешиме.

    8 – Француски бакнеж:
    Овој бакнеж, вклучува љубење со јазик. Имено, преку јазикот, разменувате воздух, извор на живот. Особено е личен и интимен.

    9 - Штипкање:
    Полека и нежно со досредниот и со средниот прст штипнете го партнерот за образ.

    10 – Бакнеж на рака:
    Традиционално се користел за поздрав со дами. Партнерот нежно со устите ја допира раката на партнерката.

    11 – Врел бакнеж:
    Љубете ги усните на партнерот додека не станат топли, а потоа дувнете им ладен воздух. Особено возбудлив и непредвидлив.

    12 – Бакнеж под имела:
    Божиќен бакнеж, добра метода за „крадење“ бакнеж, бидејќи бакнежот под имела не смее да се одбие.

    13 – Писмо бакнеж:
    На крајот на писмото напишете kiss или цмок.

    14 – Бакнеж со вдишување:
    Додека се љубите вдишете од устата на партнерот. Особено интимен бакнеж, а се вели дека партнерите кои ќе разменат здив ќе останат заедно за секогаш.

    15 – Цицање на усните:
    Додека го љубите партнерот цицајте му ја устата. Многу возбудлив бакнеж.

    16 – Бакнеж во врат:
    Нежно со усните минувајте и бакнувајте го вратот на партнерот, особено делот од зад ушите кон рамениците.

    17 – Грицкање на усните:
    Овој бакнеж може да биде особено еротичен. Додека го љубите партнерот, грицкајте му ги усните, но внимавајте да не загризете пресилно и наместо уживање да му зададете болка.

    18 – Наведнат бакнеж:
    За да вака го бакнете партнерот потребно е да се наоѓате зад него и со главата да бидете над неговата.

    19 – Бакнеж во рамо:
    Едноставно дојдете од зад грб, гушнете го партнерот и бакнете го врвот на неговото рамо. Овој бакнеж е израз на искрена љубов.

    20 – Разговорен бакнеж:
    Додека го љубите партнерот говорете му нешто. Ако некој ва фати, може да кажете дека не сте се љубеле, туку шепотеле.

    21 – Брз бакнеж
    Кога сте во брзање.

    22 – Бакнеж за добро утро
    Дефинитивно најубав начин на будење.

    23 - Бакнеж во око:
    Држете ја главата на партнерот со две раце и полека движете се во насока на местото каде што сакате го бакнете... Тогаш нежно бакнете го партнерот во затворените очни капаци.

    24 – Виртуелен бакнеж
    За смс-бакнеж, на крајот на пораката ставете ги знакови :*, кои означуваат бакнеж.

    Покрај тоа што на вашето лице се движат повеќе од 30 мускули додека се бакнувате, во истиот момент се ослободуваат хормони на чувство на емотивна поврзаност, добро расположение, задоволство, среќа. . . А како што веќе добро знаете ја забрзува и работата на срцето.
    Значи бакнувањето е здраво, пријатно и ве прави среќни. Воопшто нема калории, може да се употребива било кога и било каде. И доколку веќе сте ја нашле вистинската личност – се ова ви е веќе на дофат на рака.
     
  7. beached

    beached Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2010
    Пораки:
    624
    Допаѓања:
    1.697
    Сакам да кажам...

    Едни си одат, други доаѓаат..а јас пак се враќам тука. Во оваа апсолутно бескорисна тема, да споделам радост, тага..да се пофалам,а неретко и да опцујам.

    Вечерва се вратив за да кажам..
    дека цел ден сум горд носител на оваа фаца :@
    Се вратив да глумам поетична, пошто убаво ми е..иако изгубив.

    Имам инспирација од толку прекрасни луѓе.
    Нема да скријам дека ми годи што токму тој рандом човек, кој само си ја вршеше работата ми стана пријател кој секој ден умее да ме насмее.

    Нема да скријам дека ми се враќа филмот од лудите шеснаесетти кога сакав се да пробам и да видам, а баш дечкото кој ги издржа сите мои каприци..и ден денес има сјај во очите кога ќе се сретнеме.
    Мило ми е! Уживам во цел хаос кој ми го создаде задниве неколку дена..

    Чудно, за колку краток период..коцките се редат, стануваш друга сериозна личност. Но, не се каам баш за ниту една глупост..не се каам за ништо. Или за нешто, но..небитно. Чудно..важни луѓе исфрлив од мојов живот и ете ги назад, тие споредните. Што секогаш биле на чекање..чудно. Ќе морам да ја издржам лошата карма..

    А,јас сум ветена. Ветена му сум него. И го љубам до ~ .
    Ги љубам тие навики..прошетки, муабети пред спиење на сите можни теми.
    Глупави разговори кога би биле на некоја плажа..или кажување вицови.
    Сепак, фалат делови од сложувалката..и мене не ми се брза. Убаво ми е.. чисто е. Премногу.

    На крај, поетната е дека јас сум среќна личност. Денес доживеав личен неуспех, но и понатаму јас сум победник.
    Јас имам мили луѓе, чиста мисла, голема душа.. и ќе заспијам со насмевка на лицето.
    Не само вечерва, туку и наредниот пат кога ќе паднам, ќе ми е мака, ќе изгубам желба..ќе се сетам дека ги имам нив, малку на број..но премногу вистински.
    Ќе се смеам.
     
    На CupCake му/ѝ се допаѓа ова.
  8. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.226
    Допаѓања:
    41.469
    Сакам да кажам...

    сдк дека некогаш знам да бидам навистина неодговорна и тешка мрза...
    толку се улежав што еден факинг пин ме мрзи да одам до центар да го земам, до продавница ме мрзи..... |(
    морам да се сменам знам, знам, улежано говедце сум сега... Hа што личи тоа |(
    признавам во право се моите кога ќе ми кажат ти цел живот дома ли ќе го поминеш
    оди малце надвор :rofl: и дечко ми исто ми вика, цел ден дома седиш оди на кафе ваму таму, луѓево се жалат не им идам на кафе, не излагам на кафе
    абре луѓе ме мрзииииииии :lol: :tmi: се ме мрзи се се се !
    едит- Divinebutterfly дај ти ваму предложи ни некои секс пози, па за бакнежите тих, лесна работа е тоа :rofl: :rofl: се шалам наравно :D
     
  9. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    Сакам да кажам...

    ... сакам да не ги замразам луѓето, да не станам емоционален вампир, да не сум огорчена и туѓа, да се радувам од срце, да не морам да глумам насмевки и среќа, прибраност и сила;
    сакам да не си ја изгубам вербата во животот, надежта и храброста, а најмногу здравиот разум и здравјето.

    Сакам да си најдам работа и да почнам да заработувам за себе, сакам да го изнесам јас дечко ми на вечера за промена, сакам јас да им купувам работи на моите родители, чисто од ќејф, наместо да ми се стега желудникот додека им земам пари за што коде и мои потреби...

    сакам животот конечно да ми започне.

    Ќе се случи ли?
    :|
     
    На Rozich, green.eyes, MissAnn и 23 други им се допаѓа ова.
  10. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.285
    Сакам да кажам...

    Трендафилка, можеби е малку мојата среќа, можеби сум далеку, ама ја пуштам за да стигне до тебе и конечно да ти се отвари твојата желба- да бидеш финансиски независна.
    Верувам дека ти е тешко, затоа [​IMG]
     
    На EleMental, Sparks, Bozica1980 и 7 други им се допаѓа ова.
  11. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.889
    Допаѓања:
    13.460
    На Asterion, Magnolija, EleMental и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. zizela111

    zizela111 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2011
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    68
    Сакам да кажам...

    Конечно помина еуфоријата со кошаркарите и попалените цури

    урааа 8)



    пс:

    редно беше
     
  13. anuskaNESTLE

    anuskaNESTLE Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    7.105
    Сакам да кажам...

    Чудо сме ние жените, и тоа едно големо пријатно демонско чудо.
     
  14. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК

    Young men know the rules, old men know the exceptions.
     
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    824
    Сакам да кажам...

    СДК дека се она што денес ни изгледа страшно и болно со време ќе ни помине. Секогаш поминува...затоа денес повеќе од кога и да е верувам во судбина..и во нешто многу поголемо од НАС...Среќна сум..
     
  16. lunicka

    lunicka Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 јануари 2010
    Пораки:
    3.859
    Допаѓања:
    101.686
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Кликнав ми се допаѓа,не затоа што ми се допаѓа ситуацијата во која се наоѓаш,туку дека јас потполно исто се чувствувам...
     
  17. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Сакам да кажам...

    Колку само може да се промени животот на човекот и самиот човек кога траумите една по една излегуваат на површина...
     
  18. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сакам да кажам...

    Сдк сакам кога станувам рано сабајле. Ги сакам утрата.
    Тешко е додека станеш, но кога си станат го фаќаш денот.
    Седам со фулџан кафе во раце на прозорецот, свртена кон главната улица и уживам во бучавата.
    Додека не дојдов овде бев привикната на најмала тишина. Но се навикнав на ова. И ми годи.

    Јас го допивам кафето, и одам да ја отворам книгата. Дали ме фати ПМС или не, мене денес многу ми се учи. Ах да е така и сите други денови..

    А вие останете ми поздравени :) .
     
    На TeddyGrey и Lux им се допаѓа ова.
  19. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.818
    Сакам да кажам...

    Некаде, некој човек рекол - сакаш да ја предизвикаш туѓата среќа? Пофали се за сопствената несреќа.

    Види мајката, бил во право. Шо педигре ќе имавме?! Ако сме ние несреќни и нашите најблиски ја делат истата несреќа, тогаш се е во ред. Задоволни сме, не сме сами, имало некој како нас. Во моментот кога некој ќе ни јави дека нешто убаво се случило ми се чини дека многу повеќе не мачи што не не снашла и нас истата судбина отколку што не радува тоа дека оној другиот го снашла ненадејна среќа.
    Ако не ми е добро на мене, не може ни тебе да ти е. Немам јас - нема да имаш ни ти, а ако случајно имаш, не си ми повеќе пријател. Тажно и смешно.

    Само не сфаќаме дека можеби тревникот на комшијата е поубав, ама барем не мора да го косиме и средуваме!
    А ќе беше фино од време на време да си го средевме плевелот во нашите шупи пред да почневме да го посакуваме базенот на комшијата.

    Јас тревник немам, ниту посакувам нечиј базен. Имам нов балкон - минијатурен ама многу сладок. И едвај чекам да си засадам некое декоративно тревиште кое издржува и студови, затоа што и на ладното сакам да си ставам плетено фотељче на балкон, и да се шмугнам како маче под топлото ќебенце, запалам свеќа, направам жешко кафе и чадејќи со моето малборо да трепкам под светлината на месечината.
    И така се дише. И вака се може. И додека се качувам по скалилата на животот нагоре, погледнувам околу себе и под себе, чисто да не заборавам кај сум, која сум и што имам во животот. А пред мене ме чека тазе чоколадно кремасто колаче од колешката. И утринското кафе.

    И денот може да започне. Денес посебно убав затоа што вчера радоста од нечиј успех ја доживеав небаре е мој личен. И сеуште пијано се насмевнувам :) Мене туѓата несреќа не ми е потребна за да ја почуствувам сопствената среќа. Мене ми е потребна и искрено ја посакувам туѓата среќа за да ја почуствувам силата на енергијата околу мене.

    Затоа потрудете се да бидете среќни макар и со мали успеси. Сакам да видам насмеани лица околу себе :)

    Чесен титов пионерски збор! :)
     
    На Miss-Independent, green.eyes, Sparks и 16 други им се допаѓа ова.
  20. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.349
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Златни стихови:
    Размисли пред да почнеш, за да не направиш глупост.
    на човекот му е својствено да работи и зборува лудо.
    Не прави го она што подоцна ќе те мачи!
    Телесното здравје не го запоставувај...
    во јадењето, пиењето и вежбањето биди умерен..
    Мера го нарекувам се она што нема да ти создаде мака!
    Научи се да живееш чист, кроток и доблесен живот.
    Не го прави она што кај човекот алчноста ја буди
    Немој премногу да трошиш
    ниту скржав биди-мерата во се' е најдобра.
    Не дозволувај сонот врз твоие нежни да се спушти очи
    пред да направиш резиме на денот што изминал
    Каде згрешив? Што направив? Што пропуштив?
    Почни од почеток и по ред тргни
    ако си направил зло-прекори се, ако си направил добро-радувај се.
    Е со овие златни стихови мислам дека се кажав.
    Платон да е жив и здрав што ги напишал, напамет ги знам од толку што ми се свиѓа како се напишани.
     
    На girl.23, innablood, CupCake и 4 други им се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.