Сакам да кажам [стара тема]

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Marley, 17 јануари 2010.

Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.
  1. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Сакам да кажам...

    СДК

    Еве зошто многумина биле вербално и вистински исплукани кога ме посоветувале дека не е се во парите и дека сум претеран материјалист. Ахааааммм, да да....
    Не велам дека парите купуваат СЕ. Но без нив, скоро СЕ ќе застане.

    Без пари немаш полупристоен стан, шопинг, минимална опуштеност и проводи во врската, спокојство во животот...
    Без пари и кафе покрај Кеј ти го пецка буџетот, секој ден само ќе ги одминуваш излозите, годините си течат, а зависноста од родителите останува...

    А свесен си бре, свесен си дека голем дел од фаците што заработуваат по илјадарка месечно можеш волчешки да ги растргнеш и на работно место и интелектуално, со знаење, во разговор, креативност, севкупен перформанс...
    И тоа те боде, те јаде, иако свесен си дека има и други луѓе кои претрпуваат уште поголеми неправди, тоа веќе не ти олеснува, не се чувствуваш веќе неблагодарен, бидејќи чашата прелеала и цензурата станува се потешка...

    Ќе заборавиш пред колку време си ги купил патиките, или колку промотивни летни, есенски, зимни колекции си пропуштил, друштвата со кои некогаш си се врткал продолжиле со активна социјализација, искачања... а колку повеќе ти фалат тие работи, толку повеќе добиваш впечаток дека токму по тие недостатоци те оценуваат/осудуваат луѓето.

    И најдобриот пријател, на некој начин, што го имаш во тој момент е интелектот.
    Одбрамбени системи против површноста и дебилноста на луѓето кои се доволно дрски да ти искоментираат/искритуваат за нешта кои се вон твоја контрола.

    Остар речник и нула суптилност за јавно да го размонтираш секој што се почувствувал, макар за момент, дека вреди нешто повеќе бидејќи вчера тркнал до Adidas, или жљокал коктелчиња во новоотворен кафич.

    А ти? Кај беше ти?
     
    На d.i.n.a, Buttterfly, Monna.Monna и 19 други им се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    За жал не си во право, иако ќе беше супер да си |( . Не секогаш испливува а некогаш испливува прекасно и веќе не ни вреди, времето а и шансите поминале...
     
    На crazylady, simoncelicius, Nightwalker и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ама вреди сепак да исплива ;) никогаш не е прекасно за промена...
     
    На girl.23 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.614
    Сакам да кажам...

    ... тој што ја измислил фразата - Не продавај се за ситно, очигледно не барал работа во Македонија.
    :|
    Ве оставам на некое време, не би сакала да емитувам негативна енергија и песимизам.
     
    На girl.23, crazylady, LilBaby и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Сакам да кажам...

    Секако вреди ама луѓето, приликите а и шансите често пати се непоправливо сменети. Замисли те остави женска од недоразбирање или нечива невистина и дознае после 10 години дека се зезнала. Можеш само да се сликаш што вистината испливала, касно ќе биде...

    И Дантес ја доби вистината ама му ја земаа младоста и женската :|.
     
    На Buttterfly, Strumfeta93, julie77 и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК, ништо нема да застане без нив :) човек треба да има пари за да може да опстои, но и не да ги има премногу, а да незнае што да прави со истите, а пред се да остане човечен, без разлика дали ги има или не.Инспирација за филозофирање :D толку ми треба мене :rofl: има уште ама доволно :D
     
  7. Divinebutterfly

    Divinebutterfly Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јули 2011
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    9.982
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Затоа не се верува на се,види со свои очи па да поверуваш,или барем докази и факти...Не треба веднаш да се откажуваме...Тешка е за докажување вистината,ама сепак испливува на површина,за некој во полза,за некој во штета. Секако,поубаво е кога ќе се дознае порано,може и да е прекасно за некого,за жал...
     
  8. Annie.mk1

    Annie.mk1 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    1.635
    Допаѓања:
    3.742
    Сакам да кажам...

    So true..
     

    Прикачени фајлови:

    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Libera

    Libera Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    1.278
    Допаѓања:
    5.908
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Верувам дека Elemental не зборуваше за претерано трошење на пари, туку за задоволување на основните потреби, облека, излегувања. Да речеме немаш други извори на приходи, освен да бараш од твоите и финансиски си зависен од нив. Ако имаш барем малку осет, ќе гледаш да ги сведеш барањата на минимум. Кога во твоето семејство ќе доживееш финансиска криза, тогаш сфаќаш дали можеш без пари да опстанеш. Додека се сите дотерани, ти ќе почнеш да си набиваш комплекси, додека сите излегуваат, ти седиш меѓу четири зида... тоа мава на психа и тоа како. Точно дека парите го расипуваат човекот ако се работи за поголеми суми, но без нив не се преживува. Убаво рече една жена на ТВ - "Парите се чудна работа. Кога ги имаш, не ти значат ништо, кога ги немаш, ти значат се."
     
    На Neytiri, Trendafilka и EleMental им се допаѓа ова.
  10. Mini-Mouse

    Mini-Mouse Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2011
    Пораки:
    530
    Допаѓања:
    1.439
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    СДК дека на Телма телевизија ударната вест беше за пожарот што избувна денес во скопскиот театар но не пропуштија да кажат дека и премиерот притигнал на самото место како и останатите 'битни' фаци во нашата државичка. Тоа што во центарот на Тетово е убиено 17 годишно момче со истрел во главата не е толку битно изгледа...Срамота!
     
    На Divinebutterfly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Morning.Sunshine

    Morning.Sunshine Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 септември 2011
    Пораки:
    44
    Допаѓања:
    18
    Сакам да кажам...

    Сдк...
    Пренаивно овој пат дури и за мене! Сегаа....сега ќе дувам и на јогурт!
    Зошто неможам да одземам од едната страна на терезијата а да додадам на друга и да постигнам баланс? Или за почеток да впијам малку од британската ладнокрвност која очигледно станла многу популарна меѓу луѓево! Погрешно е? Гајле мие! Колку на сите што им е гајле па толку и мене.
    И да би плачела! Би плачела како мало дете само да го исфрлам сето ова од себе .И извинете што не сум совршена.Чуствувам дека си го одложувам животот за некоја подбра иднина таму.Но ова не е празниот лист хартија на кој можам да шлакам со темпера,да додавам светли бои за да сликата ми изгледа онака како што јас сакам.За промена нема да зборувам веќе напразно.Ќе молачм ќе одговарам само кога ќе бидам прашана.Имам малку сила и претежок кофер полн со љубов која немам со кого да ја споделам.Затоа ќе го сместам во најневидното место во собава и ќе го отворам тогаш кога ќе почуствувам дека навистина треба...
     
  12. vendiii

    vendiii Популарен член

    Се зачлени на:
    13 февруари 2011
    Пораки:
    1.368
    Допаѓања:
    2.465
    Сакам да кажам...

    Менструалниов циклус ми работи како кинески часовник ... |( :tmi:
     
  13. Plavusa.17

    Plavusa.17 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    4.133
    Допаѓања:
    6.033
    Сакам да кажам...

    Што се не се случи денес. Најинтересното е... кога не очекуваш дека по Спорт ќе правите нешто зошто претходниот час имало оценување за фрлање ѓуле и зошто имаш 5ка си облакаш корсет со вграден градник и џемперче за во школо, доаѓа часот, го соблакаш џемперчето и врз корсетот си облакаш маица за вежбање очекувајќи да не правите ништо и......

    Иииииииииииииииииииииии професорката одеднаш не носи надвор, кажува дека денес ќе се трчаат 100 метри и ми ги дава списоците за секој ученик да водам евиденција за колку секунди истрчал и ми вика: ти ќе трчаш на крај. И ај добро, бидна тоа се, дојдов и јас на ред да си ги одработам своите 22,нешто секунди на кои не успеав да им се израдувам затоа што ќе истрчав многу побрзо да не ми паѓаше постепено корсетот така што на враќање 50те метри скроз ми падна иииииииии среќа само другарка една примети, а друга мислела ме болат градите па затоа последните метри сум ги држела. Прекрасно, зар не?
     
  14. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Сакам да кажам...

    СДК настинкава ко демек проба да ме кутне во кревет, со паломите и тоалетната хартија разделена на 500 парчиња, но јас, храбра мома, не се дадов, си шетнав на убавото време, уживав во галењата на љубениот и покрај тоа што носето течеше и течеше, едвај зборев, ама нема врска, се за провод.

    СДК2 нејќум да учам! Дали ради „расположениево“ ама мене книга не ми се фаќа. Така лефтерно течат неделиве, но течат. Ќе дојде ред за колоквиумска, ќе свирам на виолина.
    Ако во наредниов период малку изостанам од мојата фунција дежурен информатор овде, не лутете се, ќе се обидам што е можно повеќе да бидам овде, и да си поседам во Сакам да прашам...

    Ајде сега поздрав, имајте убав остаток од денот!

    И и и уживајте што сте девојки/жени, на секој чекор сме опкружени со искушеија од шминки, облека, накит и сл. Јака душа на таа што издржува на предизвикот !!! :*
     
  15. GarpovaV

    GarpovaV Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2011
    Пораки:
    999
    Допаѓања:
    1.962
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Ајде малку пооптимистички, ајде, ајде... ^_^
    [​IMG] ;)
     
    На Monna.Monna, Divinebutterfly, Hiii и 3 други им се допаѓа ова.
  16. blond

    blond Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    2.251
    Допаѓања:
    4.720
    На Buttterfly и EleMental им се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.193
    Пол:
    Женски
    Сакам да кажам...

    Се зависи од тоа колку му значат на човекот парите, а според тоа колку му значат, толкава ќе биде и неговата потреба за истите ;)
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Сакам да кажам...

    Јас ја разбирам совршено разочараноста на Трендафилка, скоро една декада се обидувам да и пркосам на стварноста која не опкружува, најпрво на тој начин што одбрав факултет за кој рачунав дека ќе ме специјализира за поширок круг професионални ангажмани, значи не бирав со срце, туку со разум. Како вонреден студент паралелно работејќи ја согледав сликата и приликата на македонските фирми и „вредностите„ кои се на цена и борбата за опстанок во полоши услови отколку во саваните и џунглите дури и таму постојат правила на територијален принцип, кај луѓето е во игра само едно правило - нема фер плеј.

    Голем дел од нас ги закопуваат своите соништа и ќе останат вечно нереализирани писатели, сликари, спортисти и др. бидејќи од тоа ОВДЕ и не се живее, значи од старт тоа му доаѓа како да немаш право на избор и уште полошо како воопшто да немаш право на слободна волја :| .

    И ако постои реинкарнација и некои хинду или не знам какви верувања за трансформации во некој од наредните обиди за подобар живот бирам да се родам како гасеница, така барем имам шанси да станам еден ден пеперутка.

    И најголема лага на модерната цивилизација е дека човекот е круна на еволуцијата, да ти се плукнам на совршеноста покрај толку ограничувања и толку минималистички изгледи за самоостварување!
    Тогаш животот добива некоја нова категорија на подживот или субживот и се чувствуваш ко статистички податок само за попис да речеме употреблив - случајно одбрано име и неколку датуми, а проклето добро знаеш колку можеш да дадеш ама џабе кога не ти се дава ни шанса. Како што се одмотува клопчето на животот оставаш зад себе неостварени соништа, срушени идеали, визии и цели и сопствениот оптимизам ти се рони секој ден како бајат леб и секојдневно кога се погледнуваш во огледало те фаќа дури страв колкав дел од себе си изгубил во меѓувреме?! Луѓето во развиените земји стравуваат од тоа дека стануваат странци покрај толку непознати други луѓе околу себе ние сме сведоци за нов феномен - станување странец за и пред себеси...И секој ден усилбата на тазе подгреаната надеж како јадење наменето за повеќедневна конзумација ти шепоти гневно - До кога?!
     
    На snake, Buttterfly, LilBaby и 20 други им се допаѓа ова.
  19. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Сакам да кажам...

    Незнам што ли да направам со себе ?
    Некогаш сум си досадна и сама на себе ! Околината , дури и луѓето што треба да сакам да се до мене . И на нив не им е лесно .
    Постојано сакам да сум сама . Не излегувам од дома ни на кафе ни дискотека. Ме мрзи . Мислам заболев од некои бапски болести на седење дома , плетење , и гледање турски серии .
    Емоциите си ги сокрив , не сакам никој , не ми треба никој освен моите дома . Со сила одам да се видам со некои ..
    Што и да е , мора да помине . Ми фали онаа желба да излезам , да се облечам во нешто кратко , убаво . Да слушнам како потпетиците ми чукаат додека чекорам .
    Што ми е??
     
  20. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.989
    Сакам да кажам...

    I'm HOT and you are NOT! :rofl:

    Навистина сум жешка :nod:
    имам температура :doh:

    Ми светнале очиве....камо од љубов да светкаа, а не од настинка :lol:
     
    На EleMental му/ѝ се допаѓа ова.
Статус на темата:
Не е отворена за нови одговори.